Османи најавува транспарентна општина Чаир, ќе му помага вештачка интелигенција


Чаир да стане транспарентна општина, а вештачка интелигенција да проверува и да алармира доколку нешто е сомнително најави вчера кандидатот за градоначалник на оваа скопска општина од редовите на ДУИ, Бујар Османи. Според него, Чаир денес е една од најнетранспарентните општини во Македонија. „Корупцијата и непотизмот го задушуваат развојот, а општината е узурпирана од оние […]

Данела Арсовска му поднесе кривична пријава на Ганиу


Напаѓачот на градоначалничката Арсовска, таканаречениот командант Барути е зад решетки во притворското одделение во Шутка. Кривичниот суд по жалбата на јавното обвинителство ја корегија својата првична одлука, па домашниот му го замени со ефективен притвор.  „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство од чл. 386 ст.3 вв ст.1 од КЗ, а поврзано со нападот на […]

Општина Чаир го осудува нападот врз Арсовска – никој од институцијата не е поврзан со настанот


Општина Чаир најостро го осудува инцидентот што се случи помеѓу градоначалничката на Град Скопје,  Данела Арсовска, и неколку лица на територија на Општина Чаир. Ваквите дејствија се неприфатливи и претставуваат сериозно нарушување на нормите на однесување во едно демократско и цивилизирано општество, велат од Општината. Оттаму нагласуваат дека е важно јавноста да биде точно информирана, […]

Двајца тинејџери и 64-годишник крваво се пресметале вечерва во Чаир


Вечерва нешто пред 20 часот, во Чаир избувнала физичка пресметка по претходно недоразбирање, при што три лица завршиле во болница. Биле употребени и ножеви. За инцидентот се огласија и од МВР. „Вечерва во 19:48 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“ избувнала физичка пресметка по претходно […]

Арсовска прати до ОЈО докази за нелегалното легализирање во Чаир


Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска за денес најави продолжување на објавување на фељтонот поврзан за градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, а тоа и го исполни. „Висар Ганиу не може да уништи толку документи, колку што јас имам докази.Неговата организирана банда ќе ја види и оној што не сака да ја гледа! На потег е Основното […]

ОЈО испрашало повеќе лица за дивоградбите во Чаир, собрана и документација


Обвинителство отворило предмет и постапува во врска со деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир, за која постои сомнеж дека е фалсификувана.  Од ЈОРМС, посочуваат дека предметот е оформен по допрен глас врз основа на медиумски написи.  – Предметот се постапува и се преземаат дејствија на проверки, обезбедена е обемна […]

ОЈО почна постапка за една дивоградба во Чаир


Постапувајќи по кривична пријава од група граѓани, Основното јавно обвинителство Скопје почна истражна постапка против едно лице за кривично дело – бесправно градење. „Објектот почнал да се гради во 2024 година, без одобрение и на државно земјиште на улицата „Кемал Сејфула“ во Чаир. Осомничениот, како управител на правно лице, се јавува како инвеститор на градбата […]

Данела со „ловот“ по дивоградби го почна вториот чин за локалните избори, по првиот со унгарските пари


  Градоначалничката на Скопје, кoja изминативе денови е во „лов на дивоградби“ во Општина Чаир, веројатно ќе заработи и кривична пријава, а судирот меѓу градоначалниците на Скопје и на Чаир, ноќеска кулминираше со истурање ѓубре пред портите на Град Скопје.  Арсовска со денови ги повикува сите надлежни институции да преземат мерки да се спречи градењето […]

Дело од украинскиот скулптор Дроздовски во паркот во Чаир


Во паркот „Украина“ во Општина Чаир денеска ќе биде поставена скулптурата „Горчливо сеќавање од детството“, дело на украинскиот скулптор Петро Дроздовски, која е посветена на сеќавањето на децата убиени од глад за време на геноцидот врз украинскиот народ во 1932–1933 година. На церемонијата на поставување на скулптурата ќе присуствуваат украинската амбасадорка Лариса Дир и градоначалникот […]

Компанијата „Мармарис“ донираше 10 столици за вадење крв на Гинекологија – Чаир


Денес, во просториите на Гинеколошката болница „Мајка Тереза“ во Чаир беше реализирана вредна донација од страна на компанијата „Мармарис“, преку  со цел подобрување на условите за пациентките и поддршка на работата на медицинскиот персонал. Донацијата вклучува 10 лабораториски столици за вадење крв, кои ќе придонесат за олеснување и зголемување на ефикасноста на секојдневните медицински процедури. […]

Општина Чаир добива 8,7 милиони евра за инфраструктурни проекти


 Општина Чаир ja презентира[e програмата на инфраструктурни проекти планирани за 2025 година, кои се дел од финансиската поддршка распределена од Владата за единиците на локалната самоуправа. Беше истакнато дека вкупната вредност на инфраструктурните проекти за 2025 година изнесува околу 8.7 милиони евра, додека проектите кои веќе се во реализација во населбите Дижон, Саат Кула и […]

Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во Чаир


 МВР соопшти дека е лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во Чаир. А.Д.(23) пукал од гасен пиштол „Зораки”, кој се наоѓал во неговиот дом на подрачјето на Чаир.  -На 30.03.2025 околу 08.00 во  часот во СВР Скопје било пријавено дека било забележано дека на ул.„Цветан Димов” во населба Чаир,  од возило „ауди а3″ во […]

Од девет училишта во Чаир, седум биле изградени на диво, немаат имотни листови


Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу вчера во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека од девет училишта на територија на општината, дури седум немале имотен лист. Како што вели, тие биле изградени на диво. „Ние поправаме една историја можеби 50 години што некој го наметнал така, и после легализираме се што е таму. […]

МЖСПП од Чаир ја почна кампањата за подигање на јавната свест за постапување со отпад


Општина Чаир денеска беше домаќин на првата јавна презентација на мултимедијалната национална кампања „Позитивна промена“ на Министерството за животна средина и просторно планирање за подигање на јавната свест и едукација на граѓаните и субјектите за правилно постапување со отпад. Од Министерството информираат дека дека кампањата ќе трае 6 месеци и вклучува 2 едукативни видеа со […]

Пукање во скопски Чаир, ранети се повеќемина


Попладнево се случил инцидент со пукање во близина на стадионот во скопската населба Чаир, објави ТВ21. Според информациите на ТВ21, повеќе луѓе се ранети во инцидентот. Еден од повредените е итно пренесен во Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, објави телевизијата.

Жена почина во сообраќајна несреќа во Чаир


Женско лице денеска почина во скопски Чаир откако во неа удрило патничко возило „Сеат алтеа“ управувано од 19-годишна девојка од Скопје. Како што соопшти МВР, денеска во 18:43часот во СВР Скопје пријавено е дека на булеварот Х.Т.Карпош во Скопје патничко возило „Сеат алтеа” со скопски регистерски таблички, управувано од А.Џ. (19) од Скопје удрило во […]

Престрелка во Чаир, едно лице повредено од огнено оружје


Едно лице вечерва било повредено од огнено оружје вечерва во Чаир во престрелка што се случила на крстосницата на улиците Цветан Димов и Џон Кенеди. Полицијата набрзо пристигнала со цел да го расчисти случајот. МВР потврди дека има пукање вечерва во скопски Чаир, јави ТВ21. Едно лице е потешко повредено, и веднаш е пренесено во […]

Конечно изгасен пожарот во зградата во Чаир


Пожарот во зградата во Чаир, што избувна ноќта на 1 октомври, конечно е изгасен утрово во 9.30 часот, соопшти ЦУК.  Претходно, од таму јавија дека сѐ уште бил активен пожарот во зградата во скопската населба Чаир, кој избувна вчера. На терен биле три противпожарни возила од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, информира денеска Центарот […]

Пожарот во Чаир никако да се изгаси – имало многу запалливи материи


Гаснењето на пожарот во скопски Чаир се одвива отежнато поради големата количина на чад и високата температура во подрумите во кои била складирана поголема количина на запаливи материјали, информираа попладнево од ЦУК.  Дополнително како помош на скопските пожарникари ќе пристигне специјално противпожарно возило на Армијата, додаваат од таму. Инаку, 0д  МВР информира дека во 01:55 […]

Стабилна состојбата на сите 43 пациенти хоспитализирани по пожарот во Чаир


Вкупно 43 лица се хоспитализирани по пожарот во зграда во Чаир што избувна утрово. На Клиниката за токсикологија биле примени 31 пациент, од кои пет се задржани на болничко лекување. На Детската клиника биле примени 12 деца, од кои две се задржани на лекување. Сите пациенти се во стабилна состојба. Како што информира за МИА […]