Општина Чаир распиша Јавен повик за финансиска поддршка за поставување нови лифтови


  Општина Чаир распиша Јавен повик за доделување финансиска поддршка за поставување нови лифтови во колективни станбени објекти на територијата на општината, со цел подобрување на пристапноста, безбедноста и квалитетот на животот на граѓаните. Право на учество имаат заедниците на сопственици, овластените претставници избрани од сопствениците, како и другите правни форми на организирање, согласно Законот […]

Чаир стана сопственик на земјиштето на плоштадот „Скендербег“, Меџити најави трета фаза


Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека Владата ја донесе одлуката за пренос на сопственоста на земјиштето на плоштадот „Скендербег“ на Општина Чаир, со што, како што рече, се отстранува последната административна пречка за реализација на третата фаза од проектот за изградба на овој плоштад. Според Меџити, со оваа одлука се создадени сите предуслови […]

Чаир ќе го одбележи ликот и делото на маестро Владо Јаневски


Општина Чаир изразува најдлабоко сочувство до семејството, најблиските и до целата нација по повод смртта на маестро Владо Јаневски, еден од најголемите имиња на македонската музика, чие творештво остави неизбришлива трага во музичката култура и во сеќавањата на многу генерации. Во знак на почит кон неговиот уметнички придонес и неговата посебна поврзаност со Чаир, Советот […]

Општина Чаир се поднови со 100 контејнери


Општина Чаир соопшти дека продолжува со инвестициите во подобрување на јавната хигиена и комуналната инфраструктура. Од денес започна поставувањето на 100 нови контејнери на територијата на општината, на локации каде што потребата е најголема, со цел поефикасно собирање на отпадот и подобрување на чистотата во различни населби на Чаир. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, […]

Со манифестацијата „Денови на децата“ започнува „Културно лето на Чаир 2026“


Општина Чаир официјално ќе го отвори новото издание на традиционалната манифестација „Културно лето на Чаир 2026“, едномесечна програма посветена на културата, уметноста, традицијата и промоцијата на општествените вредности. Отворањето на манифестацијата ќе биде одбележано со тридневната програма „Денови на децата“, која ќе се реализира од 1 до 3 јуни во Старата чаршија, на Плоштадот Скендербег и […]

Се отвори спортскиот базен во Чаир


Денеска беше официјално отворен спортскиот базен во близина на ООУ „Исмаил Ќемали“ во Топанско Поле, инвестиција во вредност од околу милион евра, која веќе им е ставена на располагање на граѓаните на Општина Чаир. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека овој проект долги години бил едно од најголемите барања на граѓаните и дека […]

Меџити: Дрвјата од кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“ ќе бидат повторно засадени во новиот парк „Рилиндја“ во Чаир


Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, вели дека покрај инфраструктурните инвестиции и проекти во општината, посебно внимание се посветува и на зачувувањето на природата и зголемувањето на зелените површини. Дрвјата кои се наоѓаат на просторот каде што ќе се гради новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ нема да бидат изгубени, туку ќе бидат преместени и […]

Времен сообраќаен режим во Чаир поради градежни работи


 Поради изведување градежни активности за изградба на улицата „Лазар Трпевски“ (улица „Ферид Мурат“), од денеска ќе биде воведен времен изменет режим на сообраќај во Општина Чаир. Како што информираат од ГД „Гранит“ АД Скопје, измената се спроведува согласно издаденото Одобрение за времена измена на режим на сообраќај од Град Скопје со број 15-13418/4, од 2 […]

Близначки се родија први во Новата година во Чаир


Во првите минути од 2026 година, во Чаир се родија две девојчиња. Почеток што донесе живот и радост. Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, денеска ја посети мајката и бебињата. „За ова посебно пристигнување, на мајката и ќерките им беа подарени злато и цвеќиња. Злато, како желба за вредност и среќа на секој чекор од животот. […]

Со тврд предмет нападнат човек во Чаир


Два инциденти се регистрирани вчера на подрачјето на Чаир.  – На 08.12.2025 во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа С.К.(43) од сelo Драчевица, општина Студеничани, постапувајќи по претходна пријава дека со тврд предмет го нападнал М.Ч.(46) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен […]

Две визии за чаирскиот булевар: подземна сообраќајница или проширување со сечење на јаворите


  Дека булеварот „Цветан Димов“ во Скопје треба да претрпи реконструкција, воопшто не е спорно, а тоа одамна го знаат и градските и општински власти. По овој булевар што го поврзува центарот на Скопје со Чаир, Бутел и Шуто Оризари, дневно поминуваат и 100.000 возила, а негово проширување или евентуално друго решение како подземна сообраќајница, […]

Суспендиран стадионот во Чаир, ФК Шкупи пред дисциплинска комисија


Натпреварувачката комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука за суспензија на стадионот во Чаир на неодредено време, сè до носење на конечна одлука на Дисциплинската комисија. Истовремено, против ФК Шкупи 1927 е покрената дисциплинска постапка и предметот е предаден на Дисциплинската комисија на ФФМ. Причина за одлуката се сериозните инциденти на натпреварот од […]

Државата оди брзо назад, власта ќе нема цел мандат: Интервју со Бујар Османи


  Кандидатот за градоначалник  на Чаир и поранешен шеф на дипломатијата, Бујар Османи, во интервју за „Независен“ ги гледа изборите на 19 октомври како референдум  на кој граѓаните ќе кажат – дали ќе продолжат по европскиот пат или кон српскиот свет. Тој смета дека уназадувањата во државата се толку големи што не смее да се […]

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“


Мексиканскиот архитект со глобална слава, Мишел Ројкинд, го стави Чаир во редот на своите урбани визии, заедно со Мексико сити и низа други градови низ светот. Во партнерство со кандидатот за градоначалник Бујар Османи, денес ја претстави „Визија Чаир 2040“, стратешки план за целосна урбанистичка преродба, стои во соопштението од ДУИ. Османи откри дека идејата […]

Три малолетнички натепале врсничка во Чаир, една го снимала нападот


СВР Скопје го расчисти случајот со нападот врз девојче од Чаир, извршен од страна на малолетнички, кои го снимале настанот и го објавиле на социјалните мрежи. По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, утврдено е дека на 20.06.2025 околу 14:00 часот на ул. „Павле Илиќ“ во […]

ВРЕДИ и ДУИ во трка за гласовите на младите во Чаир


ВРЕДИ и ДУИ денеска во јавноста презентираа проекти за младите во Чаир. Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВРЕДИ, Изет Меџити, го претстави проектот за Младинскиот центар, се вели во соопштението од ВРЕДИ. Според Меџити, Младинскиот центар ќе биде организиран на четири функционални нивоа:  Први кат: библиотека и сала за предавања, отворена за […]

Шкупи „се снајде“ со стадион за да го пречека Вардар


И по четири одиграни кола во новата сезона од Првата македонска фудбалска лига, тимот на Шкупи и натаму нема да настапува на својот стадион во Чаир. Но, за разлика од ситуацијата со Силекс, овојпат чаирчани нема да претрпат службен пораз, бидејќи најдоа алтернатива, натпреварот против Вардар ќе се одигра во Струмица, потврди клубот преку социјалните […]

Училиштата во Чаир подготвени да ги примат учениците на 1 септември


Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, г. Изет Меџити, денес го посети Основното училиште „Васил Главинов“ во Чаир, при што информираше дека кампањата за чистење и подготовка на основните училишта за почетокот на наставниот процес на 1 септември е завршена, стои во соопштението на Министерството за животна средина и просторно планирање, […]

Османи ветува бесплатен оброк за учениците во Чаир, курсеви и настава без мобилни телефони


Бујар Османи, кандидат за градоначалник на Општина Чаир, денес пред наставниците го претстави својот визионерски пристап за целосно нова насока во образованието, со осум системски мерки што треба да ја вратат мотивацијата кај наставниците, да им дадат поддршка на родителите и да обезбедат достоинствено образование за секое дете, се наведува во соопштението од ДУИ што […]

Изет Меџити го носи архитектот на Ердоган да прави мастер план за Чаир


  На неговиот Фејсбук профил, вицепремиерот Изет Меџити, кој е кандидат на „Вреди“ за градоначалник на Чаир, го објави името на познатиот урбанист од Турција, Бајрам Вардар, кој ќе биде дел од тесниот круг на соработници кој веќе работи на новиот концепт за урбан развој на оваа скопска општина. Во видеото од разговот помеѓу познатиот […]