Маскиран разбојник ограбил поштар


Непознат маскиран сторител извршил разбојништво над 47-годишен поштар од Скопје, А.Ф., вработен во а.д. Македонска пошта. МВР соопшти дека разбојништвото се случило вчера околу 10 часот на улицата „Македонско-косовска бригада“ во општина Чаир. Заканувајќи се со пиштол, сторителот од А.Ф. одзел чанта во која имало меѓу 15.000 и 20.000 денари и побегнал во непознат правец. […]

Автобус на ЈСП усмрти жена


Денеска околу 12.10 часот на булеварот „Крсте Мисирков“ во правец од Чаир кон Центар автобус на ЈСП (линија број 47) удрил во жена- пешак Е.А. на возраст од 89 години од Скопје. Како што информира полицијата, од здобиените повреди жената починала на местото на настанот. Констатирана била смрт од страна на лекар од итна медицинска […]

Тројца приведени за убиството во Чаир, пронајдено е и возилото од кое било пукано


Приведени се три лица осомничени за вчерашното убиство на момче во Чаир, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. – Работиме интензивно со групата на СВР Скопје и Обвинителството. Најдено е возилото „застава југо“ од кое е извршено убиството, како и 20 чаури и четири зрна, два мобилни телефона. Се разговара и со роднините, […]

Триесет и четиригодишен маж падна од трети кат


Маж на возраст од 34 години вечерва на улицата „Џон Кенеди“ во општина Чаир паднал од третиот кат од зграда. Според неофицијални информации станува збор на лицето Ф.Ш., кој по падот веднаш бил пренесен на Ургентен центар. Полицијата врши увид на местото на настанот.

Детали за инцидентот во Чаир: Убиеното момче имало 24 години


Дваесет и четиригодишно момче почина откако во него попладнево беше пукано од возило во движење на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје. Полицијата потврди дека инцидентот се случил околу 17:40 часот. Момчето со иницијали Б.И. (1993) е пренесено во Ургентиот центар без знаци на живот, потврдија од Клиниката за трауматологија, ортопетски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување […]

Убиено едно лице попладнево во Чаир


Попладнево околу 18:00 на улицата „Џон Кенеди“ во Чаир се случил вооружен инцидент во кој, неофицијално, едно лице го загубило животот. Полицијата го потврди инцидентот и врши увид на местото на настанот. Според неофицијални информации, непознати лица пукале кон Б.И. Инцидентот се случил на автобуската станица во близина на средното училиште „Цветан Димов“.

Цивил: Прегласувањето во Чаир мирно и навремено


Набљудувачите на Цивил констатирале мирен и навремен почеток на прегласувањето на вториот круг од Локалните избори на избирачкото место 2901 во СОУ „Иднина“ во Чаир. Како што соопштуваат од Цивил, до 9 часот гласале 24 гласачи. Во вториот круг локални избори на ова избирачко место гласале 278 од вкупно 719 гласачи. Разликата меѓу кандидатите за […]