Секој втор тестиран возач во Црна Гора бил позитивен на дрога


Во Црна Гора, секој втор тестиран возач бил позитивен на некаков вид дрога, според податоците на Полициската управа. Началникот Илија Јањушевиќ вели дека тестовите за психоактивни супстанции не се чести и дека многу повеќе проверуваат дали возачите имаат алкохол во телото. Причината, вели Јањушевиќ, е затоа што алкотестовите се многу поедноставни и поевтини, јави РТЦГ. […]

Централната банка на Црна Гора поднесе барање за приклучување кон шемата за плаќање СЕПА


Централната банка на Црна Гора денеска официјално поднесе барање до Европскиот платен совет за приклучување кон платните шеми на Единствениот платен простор во евра – СЕПА. „Овој потег е еден од клучните оперативни и технички чекори во процесот на миграција кон СЕПА платните системи и овозможување побрзи, поевтини и посигурни меѓународни плаќања од Црна Гора […]

Утре е ден на жалост во Црна Гора поради трагедијата во Кочани


 По повод трагедијата во Северна Македонија, во која загинаа 59 лица, а над 150 се повредени, понеделник, 17 март, во Црна Гора е прогласен за Ден на жалост. „Со голема тага ја примивме веста за трагичниот настан во Кочани, Северна Македонија. Владата на Црна Гора е подготвена да застане покрај пријателскиот народ на Северна Македонија […]

Владата на Црна Гора подготви обврзници за задолжување до 900 милиони евра


Владата на Црна Гора, на предлог на Министерството за финансии, одлучи да се задолжува со издавање државни обврзници во вкупен износ до 900 милиони евра, дознава „Вијести“. Извор од извршната власт соопшти дека ова било одлучено вчера на седница, врз основа на Законот за буџет за годинава. Од оваа сума, до 800 милиони евра ќе […]

ЕУ ќе ја поддржи Војската на Црна Гора со шест милиони евра


Советот на ЕУ денеска донесе одлука преку Европскиот мировен механизам да и додели помош на Црна Гора во износ од шест милиони евра, наменети за потребите на црногорските Вооружени сили.  Овие средства ќе бидат искористени за подобрување на националната безбедност, стабилност и отпорност во одбранбениот сектор и за зајакнување на капацитетите на Војската на Црна […]

Фондовите на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија и на Црна Гора ќе разменуваат податоци по електронски пат


Директорите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Црна Гора, Никола Мемов и Владимир Дробњак потпишаа Договор за размена на податоци во областа на пензиското и инвалидското осигурување, информираат од Фондот на ПИОСМ.  Со овој договор, како што било речено, ќе се […]

Почна дводневниот бојкот на супермаркетите во Црна Гора


 Граѓанската група Алтернатива, организатор на бојкотот за купување во Црна Гора, ги повика граѓаните денеска и утре да не одат во големите супермаркети, за да ги принудат нивните сопственици да ги намалат цените. -Ги повикуваме сите граѓани на Црна Гора да не купуваат ништо во мегамаркетите на 7 и 8 февруари. Ако мора да набавите […]

Просечна плата во Црна Гора во декември лани достигна 1.012 евра


Просечната плата без даноци и придонеси во Црна Гора во декември изнесувала 1.012 евра и е за 1,9 отсто повисока од ноември 2024 година, објави денеска Монстат. Просечната нето плата во декември во однос на истиот месец во 2023 година бележи пораст од 24,3 отсто. Заводот за статистика на Црна Гора објави дека лани просечната […]

Еве како бојкотираа во Црна Гора, маркетите речиси празни


Граѓанската иницијатива „Алтернатива Црна Гора“ денеска повика на бојкот на супермаркетите и продавниците низ целата држава. Организаторите порачаа дека бојкотот не е поврзан со политика, туку е протест против високите цени, кои ги погодуваат сите граѓани. Според извештаите на РТЦГ, бојкотот започна успешно. Новинарите во Подгорица, Бијело Поле и Рожаје утринава забележале дека продавниците биле […]

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ


Црна Гора ќе биде 28. членка на Европската унија (ЕУ), изјави Јаков Милатовиќ, претседател на Црна Гора. „Стратешкото партнерство меѓу ЕУ и Западен Балкан е поважно од кога било. Затоа Црна Гора мора да ја искористи можноста да стане 28-ма членка на Европската унија до 2028 година“, рече Милатовиќ за време на предавањето пред студентите […]

Во Црна Гора спасени 14 лица заглавени во снег – дел се од Бангладеш и од Русија


 Во успешна операција координирана преку Оперативно-комуникацискиот центар 112, во соработка со службите за заштита и спасување во Никшиќ и Жабљак, во неделата во три операции беа спасени 14 лица кои беа заглавени во снегот, соопшти Министерството за внатрешни работи на Црна Гора. „На територијата на општина Жабљак се спасени седум државјани на Бангладеш и двајца […]

Убиецот од Цетиње си пукал во глава кога го опколила полицијата


Според обвинителката Андријана Настиќ, која ја спроведува истрагата за овој случај, во Цетиње се убиени 12 лица, а осомничениот се самоубил. Истрагата е спроведена на шест локации, од кои на пет се случиле убиствата, а една на местото каде осомничениот се застрелал. Ацо Мартиновиќ, сторителот на повеќекраткото убиство кое вчера попладне се случи во ресторан […]

Црна Гора: Јужнокорејскиот државјанин До Квон е екстрадиран во САД


Јужнокорејскиот државјанин До Квон, попознат како „Кралот на криптовалутите“, денеска е екстрадиран во Соединетите Американски Држави. До Квон е екстрадиран од аеродромот во Подгорица од службеници на НЦБ Интерпол Подгорица, со поддршка на Специјалната полициска единица, соопшти Полициската управа на Црна Гора. Екстрадиција на До Квон бараа Јужна Кореја и САД поради измама на инвеститори […]

Црна Гора ќе го екстрадира во Америка До Квон, јужнокорејскиот „крал на криптовалутите“


Јужнокорејскиот државјанин До Квон, кој беше уапсен во Црна Гора, ќе биде екстрадиран во САД, одлучи црногорскиот министер за правда Бојан Божовиќ. Од Министерството за правда на Црна Гора е потврдено дека Божовиќ ја потпишал одлуката за екстрадиција на До Квон, попознат како крал на крипто валутите. Екстрадицијата на До Квон ја побарале Јужна Кореја […]

Еве колку странци ќе може да работат идната година во Црна Гора


Црногорската влада ја одобри предлог одлуката за утврдување годишен број на дозволи за привремен престој и работа на странци за наредната година во износ од 28.990 дозволи. Годишната квота за наредната година е утврдена во вкупен број од 28,99 илјади дозволи – се наведува во информацијата на владата, објавена по одржаната телефонска седница. Од годишната […]

Димна бомба фрлена во црногорскиот парламент, опозицијата обвинува за „уставен пуч“


 На денешната седница на Уставната комисија во црногорскиот Парламент, за време на расправата за избор на судии за Уставниот суд, беше фрлена димна бомба На инцидентот му претходеше жестока дебата, за време на која опозицијата предводена од Демократската партија на социјалистите тврдеше дека станува збор за обид за уставен пуч и државен удар во Црна […]

Црна Гора полна со ентузијазам по денешното затворање на три поглавја во преговорите со ЕУ


  Црногорскиот премиер Милојко Спаиќ изјави дека очекува неговата држава наскоро да го затвори четвртото поглавје – 31 (надворешна, безбедносна и одбранбена политика), кое беше блокирано од Хрватска. Ова го изјави на Меѓувладината конференција со ЕУ одржана доцна попладнево во Брисел. „Годината ја завршуваме со затворање на овие три поглавја – полни со ентузијазам да […]

Црна Гора затвора три кластери, Албанија отвора нов, Македонија и натаму бара гаранции од ЕУ


  Во некакво чувство дека не сме осамени од регионот како држава на која ѝ се случуваат блокади на патот кон ЕУ, вчерашната вест дека Хрватска ставила блокада на Црна Гора при затворањето на поглавјето за надворешна, безбедносна и одбранбена политика изгледаше како мелем за повредената македонска гордост. Заедно со неуспешноста по втор пат на […]

Хрватска ја блокираше Црна Гора да затвори едно поглавје


Амбасадори на земјите-членки на ЕУ вечерва одобрија затворање на три поглавја од преговорите со Црна Гора, според дипломатски извори, а четвртото, за кое земјата беше подготвена, нема да биде затворено поради противењето на Хрватска. Меѓувладината конференција за пристапување, на која Црна Гора ќе ги затвори трите поглавја – право за интелектуална сопственост, информатичко општество и […]

ЕК бара Црна Гора да им го одземе државјанството на лицата под санкции


Европската комисија бара од Црна Гора да им ги одземе црногорските државјанства на лицата кои се предмет на меѓународни рестриктивни мерки, дадени врз основа на неодамна откажаната шема за доделување државјанства на инвеститори, јавија црногорските медиуми. Во Извештајот во рамките на механизмот за суспензија на визниот режим, кој Европската комисија го објави кон крајот на […]