Свештеникот на СПЦ не прифати да биде кандидат за претседател на Црна Гора


Свештеникот на Српската православна црква, Жељко Ројевиќ, соопшти дека не може да го прифати предлогот на Српската коалиција, како непартиска личност, да биде кандидат за претседател на Црна Гора. Тој и се заблагодари на Коалицијата на укажаната доверба да биде претседателски кандидат. – Иако гледам голем број проблеми во нашето општество и држава и потреба […]

Повторно одложена седница на косовскиот Парламент


Косовскиот Парламент и по денешниот трет обид не успеа да го ратификува Договорот за демаркација на границата со Црна Гора. Само што почна, со задоцнување од неколку часови, дадена беше пауза по што беше соопштено дека координаторите на пратеничките групи, се договориле седницата да се одложи за следната недела, за да им се даде простор […]

(Видео) Снегот ги претвори црногорските плажи во скијачки терени


Снегот кој ја прекри речиси цела Црна Гора ги израдува граѓаните и на приморските градови, а на социјалните мрежи се појавија видеоснимки од граѓани кои скијаат по снегот на Велика плажа во најјужниот црногорски град Улцињ. Снимката е објавена на Фејсбук, а на неа се гледа како автомобил влече двајца скијачи по снегот кој ги […]

Јункер: Не дојдов во Црна Гора да давам празни верувања


Црна Гора има силна волја да влезе во Европската унија и нејзината судбина е во ЕУ, изјави денeска претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер во црногорскиот парламент. – За помалку од 12 години успеавте да поминете неверојатен пат, нагласи Јункер. Тој потсети дека државата е членка на ОН, ММФ, СТО, а од лани и на […]

(Фото/Видео) Замрзна морето во Хрватска, во Горски Котар три метри снег


Сибирскиот студ, снегот и силниот ветар денеска го замрзнаа морето во заливот Ивињ во Тисно, Хрватска. Најниската температура утрово во Хрватска е измерена во Завиждан, минус 21 степен Целзиусов, додека во Горски Котар паднале три метри снег така што од некои приземни куќи не се гледа низ прозорец, јавија хрватските медиуми. Лекарите ги советуваат Хрватите […]

Црногорскиот министер за европски прашања поднесе оставка


Црногорскиот министер за европски прашања Александар Андрија Пејовиќ денеска поднесе оставка на функцијата, откако беше обвинет за судир на интереси. Црногорската Агенција за борба против корупција оцени дека Пејовиќ има судир на интереси, бидејќи од мај минатата година покрај министерската, ја извршувал и функцијата амбасадор во Мисијата на Црна Гора во ЕУ. Пејовиќ соопшти дека […]

Илир Мета: Црна Гора е одличен партнер на Албанците


Албанскиот државен врв и опозицијата ја поздравија заедничката изјава на претседателите на Црна Гора и на Косово, Филип Вујановиќ и Хашим Тачи, со која го повикаа косовскиот парламент да го ратификува договорот за демаркација на границата меѓу двете земји. – Црна Гора е одличен партнер на Албанците. Усвојувањето на демаркацијата ќе донесе европска пролет за […]

Србија и Црна Гора се пред епидемија од мали сипаници


Во Србија се создадени услуви да се прогласи епидемија од моррбили (мали сипаници) откако за три месеци, од вирусот заболеа околу 1.900 лица и имаше три смртни случаи. Тамошните лекари изјавуваат дека причина за прогласување на епидемијата е тоа што бројката надминала 1.500 заболени лица. Велат дека мерката засега се избегнува поради материјални причини, бидејќи […]

Влада на Косово: Демаркацијата со Црна Гора главна тема на разговорите со Марковиќ


Премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ на 6 февруари ќе престојува во Приштина и една од главните теми, според косовската Влада, ќе биде демаркацијата, иако Подгорица го ратификува тој договор летото 2015 година. Во соопштение од косовската Влада се наведува дека Марковиќ ќе има состанок со премиерот Рамуш Харадинај, претседателот Хашим Тачи и претседателот на […]

(Видео) Повредени работници при експлозија во фабрика за оружје во Црна Гора


Експлозија се случи во фабриката за оружје „Тара“ во Мојковац, Црна Гора. Во експлозијата со сериозно повреди се здобиле две лица. Според неофицијални информации што ги објави порталот ЦДМ, експлозијата се случила во момент кога се запалила мешавина која се употребува за производство на експлозив. Повредените се префрлени од Здравствен дом Мојковац, а оттаму со […]

(ВИДЕО) Чудо на природата: Во црногорско село вода извира од стебло на дрво


Во црногорското село Диноша, кое се наоѓа на околу пет километри од Подгорица, постои невообичаено дрво од кое извира вода. Иако за овој необичен природен феномен не е врзана никаква легенда, локалното население ова чудо на природата го нарекува дар од Бога. Сепак, стручњаците велат дека станува збор за природен феномен, кој е мошне редок. […]

Раул: Сите бевме супер


Селекторот на Македонија, Раул Гонзалес беше среќен по победата над Црна Гора и обезбедениот пласман во втората фаза од Европското првенство. – Многу сум задоволен што на двата натпревара остваривме две победи и имаме максимални четири бода. Почнавме добро, па малку застанавме. Во второто полувреме бевме подобри. Сите бевме супер, а посебно Кузмановски кој одигра […]

Македонија ја победи Црна Гора и се избори за втора фаза на ЕП


Репрезентацијата на Македонија ја запиша втората победа на ракометното Европско првенство во Хрватска и си обезбеди пласман во втората фаза. Вечерва во Загреб, македонските ракометари беа подобри од Црна Гора со 29:28 за максимални четири бода и прво место на табелата во Ц-групата по две одиграни рунди. Избраниците на селекторот Раул Гонзалес покрај тоа што […]

Црна Гора: Петиција за укинување на сопственоста на СПЦ над црногорските манастири


Група граѓани во Црна Гора покренаа петиција на интернет (peticija24.com.) за укинување на сопственостна на СПЦ над црногорските манастири и цркви, пренесуваат медиумите во Србија. Како што се наведува во петицијата -„независната и меѓународно призната Кралевина Црна Гора во 1918 год. е окупирана и анектирана од страна на Србија. Со тоа, спротивно на меѓународното право, […]

Македонските ракометари со полесен тренинг пред утрешниот дуел со Црна Гора


Македонската ракометна репрезентација вечерва одржува полесен тренинг во „Домот на спортовите“ во Загреб, пред утрешниот дуел на ЕП против Црна Гора. Повредата на Филип Миркуловски не е сериозна, тој вели дека ќе биде подготвен за утрешниот меч, иако денешниот тренинг го почна одвоено од останатите. Македонија вчера во 1.коло на шампионатот ја победи Словенија со […]

Ракомет: Хрватска ја победи Црна Гора, Червар со критики за играта


Хрватската ракометна репрезентација ја победи во „генералка“ за претстојното Европско првенство во Сплит селекцијата на Црна Гора со 25-22 (13-10). Хрватскиот селектор Лино Червар по натпреварот изјави дека е задоволен од победата, но не и од деталите во играта. – Концентрацијата ни беше многу лоша. Имавме добри, но и лоши моменти и многу работа не […]

(ВИДЕО/ФОТО) Силниот земјотрес што се почувствува во Скопје предизвика поголеми материјални штети во Црна Гора


Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди Црна Гора. Утрово земјотресот во 10:46 часот се почувствува и во Скопје и северозападна Македонија. Епицентарот на земјотресот е лоциран на длабочина од 14 километри на седум километри од црногорскиот град Плав. „Овој земјотрес би можел да предизвика и извесни материјални штети во епицентралното […]

Земјотрес од 5,3 степени почувствуван и во Македонија


Земјотрес со магнитуда од 5,3 степени според Рихтеровата скала со епицентар 30 километри западно од Пеќ, Косово, е почуствуван претпладнево во 10:46 часот во Скопје и северозападна Македонија. Епицентарот на земјотресот, според Европскиот-медитерански сеизмолошки центар, бил на длабочина од 10 километри, а освен во Косово и Македонија, е почувствува и во Црна Гора.

Тачи вети армија и побара ратификација на договорот за границата со Црна Гора


Косовскиот претседател Хашим Тачи во традиционалното новогодишно обраќање пред пратениците во косовскиот Парламент посочи дека заеднички приоритет останува постојаното ангажирање за подобрување на животот на граѓаните, за што тој секогаш се залагал. Тој меѓу другото, во обраќањето изрази убедување дека во 2018 година Косово ќе добие своја армија. – Јас денеска ви гарантирам дека Косово […]

Ракометар на Вардар излета од патот со својот автомобил


Ден откако беше прогласен за најдобар спортист на Црна Гора, Вуко Борозан доживеа пех – имаше сообраќајна несреќа и доведено е во прашање неговиот настап на престојното Европско првенство во Хрватска. Како што пренесуваат медиумите во Подгорица, до несреќата дошло кога 23-годишниот ракометар на Вардар во близина на родното Цетиње изгубил контрола врз својот автомобил […]