Црна Гора: Уапсен подофицер поради 50 кг кокаин на брод за обука


Црна Гора– Воената полиција на Црна Гора го уапси подофицерот Душко Раденовиќ поради сомнение дека бил вмешан во трговијата на 50 кг кокаин, запленети на бродот за обука „Јадран“ во Тиват. Дрогата била откриена врз основа на оперативни сознанија на Министерството за одбрана. Во вчерашната акција е приведен Раденовиќ поради сомнение дека знаел за намерата […]

Изложба за модата на црногорскиот двор во Скопје: Кој дојде од политичката и културната елита?   


Модата ги спои политиката и културата синоќа на отворањето на ексклузивната гостувачка изложба од пријателска Црна Гора во Музејот на македонската борба, насловена „Европската мода на црногорскиот двор-рефлексии“. Претставници од државниот врв, предводени од премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието Талат Џафери, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски , министрите за култура на Македонија […]

Изложба во Скопје: Европската мода на црногорскиот двор


Вечерва, во 18 часот, во Музејот на македонската борба за самостојност ќе биде отворена изложбата на свечена облека од фондот на Народниот музеј на Црна Гора „Европската мода на црногорскиот двор-рефлексии“. На отварањето ќе присуствуваат и министерот за култура Асаф Адеми и неговиот колега од Црна Гора Александар Богдановиќ. Двајцата министри денес во Скопје ќе […]

Ѓукановиќ ќе ги тужи „Вијести“


Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ најави тужба против подгоричкиот весник „Вијести“, кој во вчерашното издание пренел интервју со сопственикот на „Атлас груп“ Душко Кнежевиќ по кого е распишана меѓународна потерница. Од кабинетот на Ѓукановиќ е соопштено дека весникот пренел „неосновани и непроверени обвинувања“ на сметка на шефот на државата. – Преку разговор со избеганиот тајкун Душко […]

Црна Гора забрани работа во недела и на празници


Владата на Црна Гора ги усвои измените на Законот за внатрешна трговија со кои се забранува работа на продавниците на големо и на мало во недела и за празник. Позитивна вест е што околу 37.000 вработени во секторот на трговијата ќе имаат слободни денови, наведува Владата на Твитер. Неопходните објекти за непречено функционирање на општеството […]

Коцијанчич: Не постои „балканска пролет“


Портпаролката на ЕУ, Маја Коцијанчич денеска го изнесе ставот на Унијата дека бојкотот на Парламентот не е прифатлив, како и дека не постои „балканска пролет“, по повод настаните во Албанија, Црна Гора и Србија. Таа оцени дека нема потреба да се споредуваат протестите што се одвиваат истовремено во трите земји во регионот. Коцијанчич ја прифати […]

Црногорската опозиција бара формирање техничка влада


Лидерите на црногорските опозициски партии денеска на средба со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во Подгорица се заложија за формирање техничка влада, како единствен начин за изнаоѓање системско решение за проблемите во земјата. – Формирањето на техничка влада е нејдобро решение за Црна Гора, додека протестите се главна демократска институција, изјави лидерот на опозициската Социјалдемократска партија […]

Црногорски средношколец се обидел да отруе свои соученици


Петнаесетгодишен средношколец од црногорскиот град Рожаје се обидел да отруе свои соученици со солна киселина, објави подгоричкиот весник „Побједа“. Според весникот, тинејџерот ставил солна киселина во шишиња со сок и им ги понудил на двајца ученици од неговиот клас. Кога тие се напиле од сокот почувствувале „непријатен вкус“ и ја исплукале течноста. По ова ушта […]

Македонец крвнички претепал Македонец во Будва


Судот во Котор му одреди едномесечен притвор на македонскиот државјанин З.Д. (50) поради сомневање дека вчеравечер крвнички претепал свој сонародник во Будва. Според црногорските весници, инцидентот се случил околу 19 часот во населбата Велји Виногради, каде З.Д. со метална шипка го нападнал својот цимер – исто така, македонски државјанин. „Од силината на ударот, претепаниот маж […]

Дармановиќ: Црна Гора немаше правна основа да го задржи Груевски


Црна Гора немаше никаква правна основа да го задржи поранешниот премиер Никола Груевски при преминувањето низ територијата на државата. За транзитот на Груевски црногорските слжби ги информирале македонските, рече министерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ  на заедничката прес-конференција во Скопје со неговиот домнаќин, шефот на македонската дипломатија Нкола Димитров. -Одговорот е едноставен […]

Црна Гора подготвена да прими бегалци во знак на солидарност со ЕУ


Франција-Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, во Европскиот парламент во Стразбур денеска најави дека неговата земја е подготвена да прими бегалци доколку тоа е потребно во знак на солидарност со ЕУ. -Без разлика на тоа што Црна Гора не е на рутата на бегалците сакам да информирам дека сме подготвени за тоа, со потполна спремност […]

Муди`с го зголеми кредитниот рејтинг на Црна Гора


Црна Гора– Кредитната рејтинг агенција Муди`с го зголеми кредитниот рејтинг на Црна Гора, и во новиот извештај е потврдена оценката на рејтингот Б1, со значителна промена во перспективата, од „стабилна” во „позитивна”, пренесува Анадолија. „Според проценките на аналитичарите од рејтинг агенцијата, клучен двигател за промената на црногорскиот профил на позитивен го карактеризира поволна среднорочна перспектива […]

Црногорците должат 1,2 милијарди евра


Според податоци на Централната банка на Црна Гора, долгот на граѓаните на таа држава по основ на кредити е 1,2 милијарди евра. Експерти наведуваат дека во просек секој жител на Црна Гора е задолжен со околу 2.000 евра. Во Црна Гора најчесто се земаат потрошувачки и станбени кредити, потврдуваат од Централната банка. Бројот на кредити […]

Влада на Црна Гора: Имаме мировна политика; Амбасада на САД: Црна Гора е сојузник


 Владата на Црна Гора денеска соопшти дека земјата е горда на својата историја и традиција и мирна политика, „ која ја доведе до позицијата стабилизирачка земја во регионот и единствена држава во која не се војуваше при распадот на поранешна Југославија” . – Земја која прими и заштити 120.000 несреќни луѓе и семејства. Државата, која прва […]

Трамп: Црногорците може да станат агресивни и ќе бидеме во Трета светска војна


Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека е „многу нефер САД да ги штити членките од НАТО кои не плаќаат“, повторувајќи дека државите треба да ги плаќаат трошоците за нивната заштита. – Членството во НАТО ги обврзува членките да бранат која било друга членка во случај на напад. Да претпоставиме некој да ја нападне Црна Гора. […]

Црногорски криминалци планирале ликвидација на специјалниот обвинител


Црногорската полиција уапси припадници на криминална група, кои се осомничени за планирање на убиства на повеќе лица, вклучително и на специјалниот обвинител за организран криминал на Црна Гора, Миливој Катниќ. Како што објави подгоричкиот весник „Побједа“ повикувајќи се на извори од истрагата, припадниците на групата извесен период го следеле Катниќ и имале сознанија за неговите […]

Внимавајте ако одите на одмор во Црна Гора, во 2018 собрани 4 милиони евра од сообраќајни казни


Црна Гора е една од поатрактвините туристички дестинации за македонските туристи, но доколку сакате летниот одмор да не ви се претвори во пекол, ќе мора да ги почитувате сообраќајните прописи зашто казните се огромни. Црногорската полиција од почетокот на оваа година од казни наплатила четири милиони евра, објави порталот Cdm.me. Најчести прекршоци што ги регистрирала […]

Македонија до Црна Гора на мапата на НАТО


Фотографија со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пред мапата на НАТО објави премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил. На сликата се гледа слободното место што треба да го пополни нашата земја. „Го видовме нашето место на мапата членки на НАТО. Триесетото место е за Македонија. Триесетиот јарбол е за македонското знаме“, напиша Заев […]

Замена на две бебиња во Котор случајно откриена по 20 години


При лекарски преглед, едно семејство од црногорското крајбрежје случајно открило дека пред 20 години нивното бебе било заменето во породилното одделение во болницата во Котор. По шокантно откритие, било утврдено дека нивното дете израснало во семејство кое исто така живее на црногорското крајбрежје. Овој случај добива и судски епилог, што беше и потврдено од болницата […]

Од јуни НАТО ќе го чува црногорското небо


Од петти јуни воздушниот простор над Црна Гора ќе го чува НАТО, односно Италија и Грција кои почнуваат од тогаш со воздушни патроли над таа држава. – Бидејќи Црна Гора нема борбени авиони, сојузниците ќе и помогнат да го обезбеди воздушниот простор, соопштија од НАТО. Според Алијансата, италијански и грчки авиони ќе бидат и понатаму […]