Имињата на сите холандски полицајци се украдени во хакерски напад


  Имињата на сите холандски полицајци се украдени во сајбер напад, изјави денеска министерот за правда на земјата. Дејвид ван Вел, министерот за правда и безбедност во Холандија, попладнево во писмо до Претставничкиот дом на Холандија рече дека вчера бил информиран од началникот на полицијата дека „податоци поврзани со работата“ на сите полицајци во Холандија […]

Холандија има план да прогласи вонредна состојба поради барателите на азил: Дали ќе го користат кралскиот декрет?


Планот на холандската влада е да прогласи вонредна состојба за да се ограничи бројот на баратели на азил кои сакаат да влезат во земјата. Министерката Маржолејн Фабер рече дека овој потег ќе и овозможи брзо да суспендира делови од постоечките закони за азил. Околу 40.000 баратели на азил пристигнуваат во Холандија секоја година, што според […]

Промашување? Законот создаде дефицит на имотите за изнајмување во Холандија


Новиот холандски закон дизајниран да го направи домувањето подостапно заврши со зголемување на дефицитот на понудениот недвижен имот. Со цел да ги заштити станарите со ниски приходи, владата во јули воведе контрола на киријата на илјадници домови, воведувајќи систем за оценување на имотите врз основа на фактори како што се состојбата, големината и енергетската ефикасност. […]

Зголемен број инциденти во Холандија во кои учествуваат лажни полицајци


Во Холандија е зголемен бројот на инциденти во кои измамниците се претставуваат како полицајци, јавуваат локалните медиуми, наведувајќи дека минатата година имало околу 400 такви случаи, додека годинава биле евидентирани над 2.400. „Бројот на инциденти со лажни полицајци е значително зголемен. Измамниците се претставуваат како полицајци. Во 2023 година имало околу 400 случаи, но годинава […]

Холандија купува најмногу кинески соларни панели во Европа


Во првата половина од годината, Кина извезе соларни панели со рекорден капацитет од 120.427 мегавати (MW), со што речиси половина испорачуваше во Европа, пред се во Холандија, покажаа податоците од истражувачкиот институт „Ембер“. Во првите шест месеци, кинеските производители испорачале 6,3 отсто повеќе соларни панели, мерено според капацитетот во мегавати, или околу 7.150 мегавати повеќе […]

ЕВРО2024: Холандија со пресврт до победа против храбрата Полска


Фудбалерите на Холандија ја совладаа Полска попладнево во Хамбург со 2-1 (1-1) во воведниот натпревар од групата Д на Европското фудбалско првенство. Холандија до победата дојде со пресврт откако Букса ја донесе Полска во водство во 16 минута. Резултатот го израмни Гакпо во 29 минута, а победата на Холандија ѝ ја донесе резервистот Вегхорст во […]

Коалицијата на зелените и лабуристите со најголем број европратеници на изборите во Холандија


Коалицијата на Зелената левица (ГЛ) и Лабуристичката партија (ПВДА) освои најголем број гласови и осум од 31-то холандско место во Европскиот парламент на вчерашните Европски избори во Холандија, покажуваат резултатите од излезната анкета на агенцијата ИПСОС спроведени за потребата на холандскиот јавен радиодифузен сервис НОС.  Како што јави дописникот на МИА од Брисел, според излезната […]

Холандија се подготвува да ја преземе нуклеарката


Владата на Холандија е подготвена да започне разговори за купување на уделот на локалната власт во преостанатата нуклеарна централа, заклучувајќи дека таа треба да продолжи да работи. Техничката влада објави дека локалните власти во провинцијата Зеланд сакаат да ги продадат своите акции на државата. Останатите 30 отсто се во сопственост на германската RWE, а владата […]

Холандија и дозволи на Украина да ги користи нејзините авиони за напади врз Русија


Холандската министерка за одбрана, Кајса Олонгрен денеска, по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Сингапур, изјави дека Киев може да користи холандски Ф-16 за цел на руска територија. Олонгерн разговарала со Зеленски на маргините на безбедносната конференција „Дијалог Шангри-Ла“ во Сингапур, пишуваат украинските медиуми. Во интервју за порталот Политико, таа рече дека Холандија нема […]

Зошто Холандија е една од најсреќните држави во светот?


Холандија важи за една од најсреќните држави во светот – со најсреќни деца во светот. Родителите во оваа западноевропска земја очигледно имаат јасно утврдени начела и правила на воспитание, пишува „Тајмс оф Индија“ (The Times of India). Следат неколку совети. Поттикнување на независноста и самостојноста Холанѓаните, уште од мали нозе, ги поттикнуваат децата да бидат […]

Станбена криза во Холандија, паркинг простор во Амстердам достигна 495.000 евра


Паркинг простор во близина на Вонделпарк, најголемата зелена површина во Амстердам, се продава за речиси половина милион евра, што е шокантна цена дури и за Холандија, каде што цените експлодираа поради тешката станбена криза. На огласите за недвижности на Фондот е огласен за 495.000 евра и е најскап во земјата, пишува холандскиот медиум RTL. Има […]

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина


Холандската техничка влада ќе и даде дополнителни 400 милиони евра финансиска помош за Украина, со што таа ќе достигне повеќе од 2,4 милијарди евра во 2024 година, објави РТЛ, цитирајќи владини извори. Владата планира следната година да додели најмалку 1,5 милијарди евра помош за Украина, пренесува холандската агенција АНП. Овие средства се дел од обидот […]

„Блиц“: Холандија повлекла од пазарот вишни од Србија поради пестицид


Поради надминување на дозволеното количество пестициди, Холандија ги повлече од пазарот замрзнатите вишни со потекло од Србија, објави РАСФФ – европскиот систем за брзо предупредување и информирање за храната, а како што дознава „Блиц Бизнис“, контролата е во тек. Поради надминување на дозволената количина на пестициди, Холандија ги повлече од пазарот замрзнатите вишни со потекло […]

Електричните автомобили стануваат огромен проблем во Холандија


Електричните автомобили стануваат огромен проблем во земја која беше меѓу пионерите на европско тло кога станува збор за ЕВ. Во прашање е Холандија, која веќе страда од значителни проблеми во високонапонската и нисконапонската мрежа со постојани исклучувања. Европската унија децидно им рече „не“ на автомобилите што испуштаат CO2 од 2035 година, инвестирајќи се во електромобилноста. […]

Холандија е жариште на меѓународните судски спорови: војната во Украина, рудникот за сол во Бразил…


Од конфликтите во Украина и на Блискиот Исток до рудници за сол во Бразил – судовите во Холандија станаа „нулта земја“ на глобалното правно бојно поле со далекусежни импликации, пишува France Presse. Силна правна традиција, седишта на многу мултинационални компании и меѓународни организации и глобално достапна: Холандија има неколку предности што ја прават избрана за […]

Холандија се вклучува во одбрана на Црвеното Море


Холандија ќе испрати фрегата во Црвеното Море за да учествува во меѓународните напори за заштита на бродовите од воздушни напади на милитантите Хути во Јемен. Холандската влада најави распоредување на бродот во петок во Хаг. Бродот треба да пристигне и да биде подготвен за должност на крајот на март. Заштитата на слободниот премин во Црвеното […]

Холандија ќе гради четири нуклеарни централи


Парламентот на Холандија денеска гласаше за предлогот за изградба на четири нови нуклеарни централи наместо две. Во предлогот се наведува дека две дополнителни нуклеарни централи треба да бидат подготвени за употреба од 2040 година. Владата во заминување веќе одлучи во 2022 година да изгради две нови нуклеарни централи до 2035 година, а сега доби задача […]

Во Холандија рекорден број тинејџери имаат проблеми со законот


Рекорден број тинејџери во Холандија имаат проблеми со законот, покажуваат податоците на Статистичкиот завод на Холандија. Како што е наведено, во 2022 година, повеќе од 17.000 малолетници на возраст меѓу 12 и 18 години биле осомничени за кривично дело, од кои 11.000 за првпат. Во 2022 година, 83 отсто од повеќе од 4.000 осомничени девојки […]

Евтаназиран поранешен премиер на Холандија и неговата сопруга


Дрис ван Агт, демохристијанскиот премиер на Холандија од 1977 до 1982 година, почина со помош на евтаназија, објави организацијата за човекови права што тој ја основа. Истата процедура била направена и на неговата сопруга. И двајцата имаа 93 години, пишува Асошиетед прес. Форумот за права објави дека парот починал во понеделникот и ќе биде погребан […]

Пожар во дом за стари лица во Холандија – еден загина


Едно лице загина, а четворица се повредени во пожар во дом за стари лица во Гелдерланд, Холандија. Пожарот избувнал во четвртокот вечерта, а на местото се испратени пожарникари и итната помош. Со хеликоптер е испратена екипа за траума, а на повредените им била укажана помош поради вдишување чад, пишува NL Times. Како мерка на претпазливост, […]