Белгија изненадува со нов селектор: Тимот ќе го води големо холандско име


Марк ван Бомел е новиот селектор на белгиската фудбалска репрезентација, официјално потврди Белгиската фудбалска асоцијација. Поранешниот холандски репрезентативец потпиша договор до крајот на Европското првенство во 2028 година, а ќе ја преземе новата функција на 15 август. „Голема чест е за мене да станам селектор на Белгија“, изјави 49-годишниот Ван Бомел по неговото назначување. Холандскиот […]

Куман веќе не е селектор на Холандија


Селекторот на Холандија, Роналд Куман, поднесе оставка преземајќи одговорност за елиминацијата од Мароко во шеснаесетфиналето на Светското фудбалско првенство. Куман ја извршуваше должноста од 2023 година, а претходно беше холандски селектор и во периодот од 2018 до 2020 година. „Донесов одлука да го завршам мојот мандат како селектор на Холандија“, напиша Куман на Инстаграм. „Сите […]

На југот на Холандија 200.000 жители предупредени да ја зовриваат водата поради ешерихија коли


Властите во јужна Холандија издадоа тридневно предупредување до околу 200.000 жители на кои им е наложено да ја зовриваат водата откако бактеријата ешерихија коли е откриена во нивната вода за пиење, објавија денеска локалните медиуми. Предупредување е издадено до жителите на Дордрехт, Цвајндрехт и Хендрик-Идо-Амбахт, што предизвика недостиг на флаширана вода во супермаркетите, објави денес […]

Три деца и еден возрасен загинаа во сообраќајка во Холандија, возило удрило во група ученици на велосипеди


Три деца и едно возрасно лице загинаа откако автомобил удри во група велосипедисти во југозападниот дел на Холандија, соопшти полицијата. Несреќата се случила во близина на местото Фогелварде, во покраината Зеланд, кога автомобил излетал од коловозот и удрил во група од 14 ученици и двајца возрасни велосипедисти кои биле на училишна екскурзија. Три лица починале […]

Холандија има јасна цел на Мундијалот – титулата светски првак


 Репрезентацијата на Холандија без некои големи ѕвезди во составот, но со фудбалери кои постојано се борат за највисок пласман на Светските првенства. Популарните „лалиња“ последен пат загубија во финалето на СП 2010 од Шпанија, а на претходниот Мундијал загубија во четвртфиналето од Аргентина на пенали. Селекторот на Холандија, Роналд Куман во март годинава ја истакна […]

Холандија воведува голема рестрикција за бензинските и дизел автомобили: Работодавците ќе плаќаат стотици евра месечно


  Холандија воведува значително построги правила за службените автомобили кои не се целосно електрични од 2027 година. Новата такса ќе се применува на новопотпишаните договори за лизинг за возила со мотори со внатрешно согорување, како и хибриди, а целта на владата е дополнително да го забрза преминот кон мобилност на батерии. Од 1 јануари 2027 […]

Холандија побара европска помош за справување со шумските пожари


Пожарникари од Германија, Белгија и Франција денеска беа распоредени во Холандија за да помогнат во напорите за справување со голем број пожари кои избувнаа на воени полигони. Како што пренесе ДПА, ова е првпат Холандија да побара странска помош за борба против шумски пожари, според локалните власти. Околу 30 противпожарни возила од Франција и Германија […]

Во понеделник, Холандија ја активира првата фаза од планот за енергетска криза


Холандската влада ќе ја активира првата фаза од планот за енергетската криза во понеделник, објави новинската агенција ANP, повикувајќи се на неименувани извори во владата. Ова е прв пат Владата на Холандија да го активира планот, кој беше дизајниран за време на енергетската криза предизвикана од војната на Русија во Украина. Активирањето на првата фаза […]

Бизарна приказна на ЗОИ: Холандија сруши рекорд, но не освои медал


  Зимските олимписки игри донесоа една од најбизарните приказни на програмата досега. Холанѓанките поставија нов олимписки рекорд во брзо лизгање на кратки патеки, но ги завршија Игрите без медал. Тоа беше штафетата на 500 метри мешано, дисциплина во која Холанѓанките се сметаа за едни од главните фаворити. Сепак, исходот беше сè друго освен очекуван. Одлучувачкиот […]

Во Холандија на повидок малцинска Влада на десниот центар


Социјал-либералната партија Демократи 66 (Д66), конзервативно-либералната Народна партија за слобода и демократија (ВВД) и демохристијанската Христијански демократски повик (ЦДА) доцна синоќа постигнаа договор за главните точки од програмата на нивната идна малцинска коалициска Влада. Според холандскиот јавен радиодифузен сервис НОС, договорот е постигнат по интензивните преговори во последните неколку дена на лидерите на трите партии, […]

Холандската амбасадорка повика да не им го трошиме времето и парите со неправењето реформи


  Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на дебатата денес на Националната конвенција за ЕУ порача дека дека ниту едно билатерално  прашање не треба да остане пречка на нашиот пат до Унијата, додавајќи дека примерите на Албанија и Црна Гора покажуваат дека процесот е реален и достижен. „За нас евроинтеграцијата не се гради во Брисел туку […]

Холандија се откажува од контролата врз кинескиот производител на чипови „Некспериа“


Холандија се откажува од контролата врз кинескиот производител на полупроводници „Некспериа“ (Nexperia), објави министерот за економија, Винсент Кареманс, пренесува ДПА. – Со оглед на последните случувања, сметам дека ова е соодветен момент да преземеме конструктивен чекор, изјави Кареманс во Хаг. Во септември, Владата ја презеде контролата врз „Некспериа“, која е со седиште во Најмеген, но […]

Рекорден број жени во холандскиот Парламент – 43 проценти од пратениците


Новиот состав на холандскиот парламент (Твиде Камер) сега се состои од 43 отсто жени – највисок процент откако во 1918 година е избрана првата пратеничка, објави НЛ Тајмс. Според податоците на фондацијата „Stem op een Vrouw“ („Гласај за жена“), во парламентот со 150 места се избрани 65 жени. Фондацијата наведува дека околу шест проценти од […]

Прогресивната Д66 вистински победник на изборите во Холандија


  Центристичката партија Д66 оствари огромен напредок на холандските избори, што веројатно ѝ даде водство во формирањето влада, бидејќи партијата на лидерот на крајната десница Герт Вилдерс ја изгуби поддршката. Со пребројани 97% од гласовите рано во четвртокот, се очекува Д66 и Партијата на слободата (ПВВ) на Вилдерс да освојат 26 места во Долниот дом […]

Холандија гласа на избори кои се екстремно тесни


  Во Холандија е во тек гласање на неизвесните парламентарни избори, на кои анкетите покажуваат дека повторно би можела да победи крајно десничарската Партија на слободата (ПВВ) на Герт Вилдерс, иако има мали шанси да биде дел од следната влада. ПВВ, која на последните избори заврши шокантно прва и формираше краткотрајна десничарска коалиција од четири […]

Холандија ќе убие 71.000 кокошки поради птичји грип


Холандија ќе убие околу 71.000 кокошки на фарма на северот од земјата откако таму беше откриен птичји грип, соопшти владата. Ова е прва епидемија на болеста во Холандија од март оваа година, објави Ројтерс. Владата сè уште не вовела мерка за чување кокошки во затворен простор низ целата земја, нагласувајќи дека случајот на северот од […]

Холандија ќе испорача оружје во вредност од 500 милиони евра на Киев, вклучувајќи и ракети „Патриот“


 Холандија вчера изјави дека ќе стане првата земја-членка на НАТО што ќе купи системи за воздушна одбрана од Соединетите Американски Држави за да ги испорача на Украина. -На Украина сега ѝ се потребни повеќе воздушна одбрана и муниција, изјави холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс во објава на „X“. „Како прв сојузник на НАТО, Холандија […]

Се подготвуваат за војна; Претвораат железнички вагони во болници за ранети војници?


Холандското Министерство за одбрана разгледува планови за претворање на стари железнички вагони во мобилни болници за транспорт на ранети војници во случај на војна, објави весникот „Алгемин Дагблад“, повикувајќи се на официјални извори. Според тоа министерство, успешното спроведување на поголеми воени операции не е можно без поддршка од цивилниот сектор, а иницијативата е дел од […]

Забраните за паметни телефони во холандските училишта го подобрија учењето


Забраните за паметни телефони во холандските училишта ја подобрија средината за учење и покрај почетните протести, покажа студија нарачана од владата на Холандија. Националните упатства, воведени во јануари 2024 година, препорачуваат забрана за паметни телефони во училниците и речиси сите училишта се придржуваат. Близу две третини од средните училишта бараат од учениците да ги остават […]

Холанѓаните го тужат „Букинг“: „Со години ги надувува цените на сместувањето“


Холандските групи за заштита на потрошувачите објавија дека имаат намера да поднесат тужба против дигиталната платформа за резервации на сместување „Букинг“ (Booking.com), тврдејќи дека ги „надувува“ цените на хотелите од 2013 година. Фондацијата за барања на потрошувачите (CCC) и Здружението на потрошувачи во среда ги повикаа граѓаните кои претрпеле штета поради практиките на „Букинг“ да […]