Холандија не се откажува од израелски ракети за нови воени бродови


Холандското Министерство за одбрана избра израелски систем за оружје за два нови повеќенаменски помошни бродови. Одлуката е донесена поради растечките повици во Претставничкиот дом за бојкот на израелското оружје поради војната во Појасот Газа, објавија холандските медиуми. Вршителот на должноста државен секретар за одбрана, Гејс Тојнман, му пишал на Претставничкиот дом дека израелскиот производител на […]

Холандија: Граѓаните почнаа сами да вршат гранични контроли, министерот ги моли да не го прават тоа


Холандскиот министер за правда и миграција, Дејвид ван Вил, ги повика граѓаните сами да не вршат гранични контроли откако беше објавено дека автомобили биле запрени на преминот помеѓу Тер Апел и Ритенброк во Германија во саботата навечер. „Ја разбирам фрустрацијата, но навистина ја повикувам оваа група да не го прави ова и да престане. Дозволете […]

Предвремените избори во Холандија ќе се одржат на 29 октомври


Парламентарните избори во Холандија ќе се одржат на 29 октомври, соопшти денеска министерката за внатрешни работи во техничката влада, Јудит Ојтермарк, по состанокот на Министерскиот совет. Овој датум претходно беше предложена од Државната изборна комисија како најран можен термин по падот на Владата. Според Ојтермарк, одлуката е „комбинација на темелност и брзина“, со оглед дека […]

Холандската централна банка препорачува резерва во готовина за најмалку три дена


Централната банка на Холандија издаде предупредување до граѓаните: секое домаќинство треба да има резерва во готовина за најмалку три дена, во случај на вонредна состојба. Се препорачува да се чуваат најмалку 70 евра по возрасен и 30 евра по дете како – кеш, за покривање на основните трошоци доколку електронските системи за плаќање престанат да […]

Неколку лица избодени во напад во Холандија


Повеќе лица се повредени во напад што се случи утрово во Холандија, јавија локалните медиуми. Итните служби интервенирале кусо пред 6 часот наутро на улицата „Фани Бланкерс-Коенлан“ во градот Хофдорп, откако бил пријавен напад. Еден полицаец е пренесен во болница, а на полициското возило била забележана крв. Полицијата во соопштение на X информира дека околу […]

Оваа европска земја се распаѓа: Луѓето бегаат – се доселуваат Сиријци


Бројот на жители во Холандија се зголеми за речиси 21.000 луѓе, достигнувајќи 18 милиони жители во првиот квартал од оваа година, објави денес Државниот завод за статистика на Холандија (CBS). Растот на населението е речиси ист како и во првиот квартал од минатата година, и сепак е целосно резултат на миграцијата, објави „NL Times“. Имиграцијата […]

Холандија од новиот буџет ќе одвои дополнителни 1,1 милијарда евра за одбраната


Холандската влада ќе ги зголеми издвојувањата за одбраната за уште 1,1 милијарда евра, напиша лидерот на Народната партија за слобода и демократија (НПСД) Дилан Јешилгоз на „Икс“. НПСД е дел од владејачката коалиција во земјата. Одлуката за дополнителното трошење е донесена по преговорите меѓу лидерите на четирите партии од владејачката коалиција, на кои се разговарало […]

Холандија воведува безбедносни проверки на научници и студенти поради страв од шпионажа


 Холандската Влада планира да воведе нови безбедносни проверки на научници и студенти кои работат со чувствителна технологија за да ги спречи странските сили да дојдат до научни сознанија од витално значење за безбедноста на земјата, пренесуваат денеска холандските медиуми. Според предложениот закон, околу 8.000 холандски и странски државјани годишно ќе подлежат на задолжителни безбедносни проверки […]

Холандија планира да го зголеми бројот на војници во своите вооружени сили


Холандското Министерство за одбрана планира да регрутира повеќе луѓе за да ги зголеми своите вооружени сили поради зголемените тензии во светот, објавија денеска холандските медиуми. Иако првичниот план на холандското Министерство за одбрана беше да го зголеми бројот на воени лица на 100.000, извори на кои се повикува порталот Nos.nl наведуваат дека желбата во Хаг […]

Холандија подржува поголеми трошоци за одбраната, но инсистира на одржлив долг


Холандија ги поддржува предлозите на Европската комисија за зголемување на трошоците за одбраната на Европа, но инсистира на важноста на обезбедување „одржлив долг“, изјави холандскиот премиер Дик Схоуф при пристигнувањето на денешниот Самит на ЕУ во Брисел.  Изјавата на Схоуф беше коментар на предлогот на ЕУ за олеснување на фискалните правила со што на земјите […]

Холандија усвои закон за борба против дигиталната шпионажа и дијаспората


 Холандскиот парламент денеска усвои закон со кој се криминализира дигиталната шпионажа и дијаспората, што го користат странските сили за да влијаат врз заедниците на нивните граѓани во Холандија. Новиот закон го проширува постојното законодавство и ги криминализира дејствијата како што се „протекување информации или работа за странски влади кои им штетат на интересите на Холандија“. […]

Холандски центри за изгореници нудат помош за жртвите од пожарот во Кочани


Центрите за третман на изгореници во холандските градови Гронинген, Бевервајк и Ротердам се подготвуваат да примат и да лекуваат жртви од пожарот во ноќен клуб во Северна Македонија,  изјави портпарол на Холандската фондација за третман на изгореници за јавниот сервис NOS.  – Сè уште не е познато дали некои од повредените ќе бидат пренесени во […]

Пред 400 години Холанѓаните ги продавале куќите за да купат лалиња


Лалињата пристигнаа во Холандија од Централна Азија кон крајот на 16 век и набрзо станаа исклучително популарни. Нивната привлечност дополнително се зголеми благодарение на вирусната болест која предизвика појава на многубојни шари на ливчињата, што ги направи уште попосакувани. Тулипоманија: Лудило за луковици Додека одгледувачите се обидуваа да ги добијат најубавите примероци, трговијата со ликовици […]

Повеќе од 4.000 осудени лица во Холандија се на слобода бидејќи нема места во затворите


Повеќе од 4.000 осудени лица во Холандија, сторителите во 1.158 кривични предмети со жртви, се уште не се испратени на издржување на затворската казна, бидејќи нема доволно места во затворите, објави денеска холандскиот портал „EenVandaag“. Државната секретарка за правда и безбедност, Ингрит Кунради, изјави дека сегашната ситуација е со „црн статус“, што значи дека во […]

Холандија и Австрија ни го подотворија патот кон понатамошен пласман – одиграа нерешено


Ракометните репрезентации на Холандија и Австрија, попладнево одиграа нерешено (37:37), со што на црвено-жолтите им го подарија најдобриот исход, осносно остануваат во игра за место во четврт-финалето. Истовремено пласманот на четвртото место во групата веќе ни е загарантирано ако на преостанатите два меча се остварат реалните резултати. Холанѓаните играа брз стил, како и до сега, […]

Околу 425.000 граѓани на Холандија осомничени дека соработувале со нацистите


Холандските власти во рамки на проектот нарачен „Војната на суд“, објавија листа на околу 425.000 граѓани на Холандија осомничени дека соработувале со нацистите за време на окупацијата на земјата во Втората светска војна. Станува збор за базата на податоци со имињата на лица кои по Војната биле под истрага за соработка со германските окупатори и […]

Холандија предвремено ќе ослободува затвореници поради пренатрупаност на затворите


Холандската Влада соопшти дека затворите во земјата се толку полни што нема место за нови затвореници. Поради ова, од следната недела, прекршителите на законот ќе бидат предвремено ослободувани, изјави државната секретарка во Министерството за правда и безбедност, Ингрид Кунради, пред парламентот во Хаг, пренесува ДПА. Кунради наведе дека води разговори со Естонија за можноста да […]

Холандија: Околу 18 милијарди евра годишно чини лекувањето на болестите предизвикани од загадениот воздух


Здравствениот систем на Холандија годишно издвојува околу 18 милијарди евра за лекување на болестите предизвикани од загадениот воздух, покажуваат резултатите од истражувањето на емисиите на 15 штетни материи. Како најголеми загадувачи во Холандија се посочува земјоделскиот сектор, особено сточарството. Сточарството во Холандија го загадува воздухот главно поради големата емисија на амонијак, до тој степен што […]

Холандија стигна до своето прво финале на Дејвис купот


Репрезентацијата на Холандија, која направи подвиг и го исфрли домаќинот Шпанија, продолжи со добрата серија на тенискиот турнир во Дејвис купот, откако ја елиминира Германија по 2-0 во победи. Така, Холанѓаните се пласираа во своето прво финале, каде ќе го чекаат победникот од мечот помеѓу Италија, шампионот од минатата сезона и финалистот од последните две […]

Холандија од 9 декември воведува контрола на копнените граници


Холандија ќе воведе контрола на копнените граници од 9 декември, изјави денеска портпаролот на Министерството за миграција на Кралството, цитиран од британските медиуми, со што ја потврдија претходната најава на холандската агенција АНП. Граничните контроли, од кои сите се со земјите кои се членки на Шенген зоната, ќе траат шест месеци – дел од пошироките […]