Израел уби три сина на лидерот на Хамас во ракетен напад во Газа


  Во израелски воздушен напад во Појасот Газа во средата загинаа тројца синови на лидерот на Хамас, Исмаил Ханије, соопштија роднините и официјалните медиуми на Хамас, а Ханије го обвини Израел дека дејствува во „духот на одмазда и убиство“. Синовите на Ханије се меѓу најпознатите личности кои биле убиени во војната досега. Не беше веднаш […]

Хамас смета дека израелскиот предлог не ги задоволува барањата на палестинската страна


Официјалниот претставник на Хамас, Али Барака, во изјава за британските медиуми вчера истакна дека движењето го отфрла израелскиот предлог за прекин на огнот претставен на разговорите во Каиро. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, вчера, исто така, соопшти дека е утврден датумот за почеток на офанзивата на израелските сили (ИДФ) на Рафа, град на самиот југ на […]

Хамас имал големо складиште за оружје на југот на Бугарија, планирал напади во Германија


За време на истрагата за членовите на Хамас, уапсени во декември во Германија и Холандија, истражителите открија складиште со оружје што требало да се користи во нападите врз еврејските објекти во Германија, објавија германските медиуми. „На југот на Бугарија, во подземен магацин беше пронајдено оружје и муниција што требаше да се користи за напади на […]

Хамас за прв пат им се извини на жителите на Газа за страдањата предизвикани од војната


Во долгата изјава објавена на својот канал Телеграм, палестинското движење Хамас „се извинува“ за маките и страдањата предизвикани од речиси шестмесечната војна против израелската армија. Хамас, исто така, ја повторува својата желба да ја продолжи оваа војна, која, според него, мора да постигне „победа и слобода“ за Палестинците. Тие испратија „порака за благодарност до луѓето“ […]

Нетанјаху не го прифаќа предлогот на Хамас за ослободување заложници во замена за палестински затвореници


Палестинската милитантна група Хамас соопшти дека пред посредниците во потенцијалниот договор со Израел ја претставила својата „визија за мировен договор, што се темели на запирање на израелската агресија врз Палестинците во Појасот Газа“, јавија британските медиуми . Предлогот вклучува во првата фаза ослободување на израелски жени, деца, постари и болни заложници во замена за ослободување […]

Индиректни разговори меѓу Израел и Хезболах за време на Рамазан


  Наскоро се очекува да започнат индиректните преговори за прекин на борбите меѓу Израел и вооружената група Хезболах во јужен Либан, јави ДПА, повикувајќи се на либански медиуми. Привремениот либански премиер Наџиб Микати денеска најави дека разговорите ќе започнат за време на светиот муслимански месец Рамазан, кој ќе започне на почетокот на следната недела, соопшти […]

Хамас најави можност за примирје во следните 24 до 48 часа


Висок функционер на Хамас денеска изјавил дека прекин на огнот во Појасот Газа е можен во следните 24 до 48 часа, доколку Израел ги прифати барањата на палестинската исламистичка организација, пренесе Бета. – Ако Израел се согласи со барањата на Хамас, кои вклучуваат враќање на раселените Палестинци во северниот дел на Газа и зголемување на […]

Нов Зеланд го прогласи Хамас за терористичка организација


 Нов Зеланд денеска го прогласи палестинското исламистичко движење „Хамас“ за терористичка организација. Премиерот на Нов Зеланд Кристофер Луксон рече дека нападот на Хамас врз Израел минатиот октомври бил брутален и оти Нов Зеланд го осудува. Досега Нов Зеланд го сметаше само военото крило на Хамас за терористичка организација. Министерот за надворешни работи Винстон Петерс рече […]

Хамас го добил нацрт-предлогот за прекин на огнот во Газа


Палестинската милитантна група Хамас го доби нацрт-предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, што вклучува 40-дневна пауза во сите воени операции и размена на палестински затвореници во сооднос 10 спрема еден за израелските заложници, изјави денеска неименуван функционер запознаен со преговорите, пренесуваат британските медиуми. -Според предлогот, што произлезе од преговорите во Париз, болниците и […]

(Видео) Израел тврди дека има снимка од лидерот на Хамас кој бега низ тунел со сопругата, децата и братот


Војската на Израел објави видео во кое наводно се гледа лидерот на Хамас Јахја Синвар во тунел под градот Кан Јунис во јужна Газа. На видеото се и неговата сопруга, децата и братот Ибрахим. Израел јавно го обвини Синвар дека е главниот организатор на терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври. Објавувајќи го […]

„Победата е на дофат, нема примирје“: Нетанјаху го отфрли предлогот на Хамас


  Бенјамин Нетанјаху ги отфрли условите за прекин на огнот во Газа предложени од Хамас и го отфрли американскиот притисок да се придвижи побрзо кон посредувано решавање на војната, велејќи дека не може да има решение за безбедносните прашања на Израел освен „апсолутна победа“ над милитантната група. Израелскиот премиер, исто така, потврди дека израелските одбранбени […]

Висок функционер на Хамас во Либан: Прерано е за примирје со Израел


Висок функционер на палестинското движење Хамас во Либан синоќа изјави дека неговото движење е отворено за какви било разговори за да се стави крај на „израелската агресија во Газа“, но рече дека е „прерано во моментов се зборува за постигнување договор за примирје“. Нацрт-договорот за примирје меѓу Израел и Хамас, подготвен од катарските, американските и […]

Волстрит џурнал: Хамас е отворен за преговори за двомесечно примирје во замена за ослободување на заложниците


Палестинската милитантна група Хамас покажа отвореност за преговори за ослободување на некои од израелските заложници во Газа, пишува Волстрит џурнал. Хамас им порачал на посредниците дека е подготвен да разговара за ослободување на жени цивили и деца во замена за „значаен“ прекин на огнот, објави синоќа Волстрит џурнал, цитирајќи египетски официјални претставници. Хамас ослободи 105 […]

Си-Ен-Ен: Израел им понуди на лидерите на Хамас да ја напуштат Газа како дел од договорот за прекин на огнот


Израел им понуди на лидерите на радикалното палестинско движење Хамас да го напуштат Појасот Газа како дел од новиот предлог за договор за прекин на огнот, објави синоќа Си-Ен-Ен, повикувајќи се на двајца американски претставници. Иако предлогот ќе обезбеди безбеден излез за лидерите на движењето, одземањето на водачите од појасот Газа може да ја ослаби […]

Нетанјаху ги отфрли условите на Хамас за ослободување на заложниците


 Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во денешното видео обраќање рече дека „категорично“ ги отфрла условите на палестинскиот Хамас за ослободување на заложниците, откако тие објавија извештај за нападот на 7 октомври. „Категорично ги отфрлам условите на Хамас“ кои бараат „крај на војната, повлекување на нашите сили од Газа“ и „ослободување на сите убијци и силувачи“, рече […]

Девет години Хамас го планирал нападот врз Израел, само пет лица знаеле за тоа


 Нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври го остави целиот свет во шок бидејќи се сметаше дека вакво нешто едноставно не е можно, со оглед на огромната воена моќ што ја имаат Израелците, особено во однос на одбраната, откривањето и превенцијата. Исто така, се сметаше дека терористите во Газа ја немаат потребната логистика, ресурси […]

Израел влегува во нова фаза на војната. Дали сè уште се обидува да го „уништи“ Хамас?


  Пред три месеци, зборувајќи пред граѓаните потресени од ужасниот ден на напади на Хамас, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху даде ветување. „ИДФ веднаш ќе ја употреби сета своја сила за да ги уништи капацитетите на Хамас“, рече Нетанјаху. „Ќе ги уништиме“. Сега, израелските одбранбени сили (ИДФ) се префрлаат во нова фаза од својата војна против […]

Израелската армија уништила воени структури на Хамас во северниот дел на Појасот Газа


Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари изјави дека во северниот дел на Појасот Газа е уништена воената структура на исламистичкото движење „Хамас“, јави ДПА. Хагари рече дека Хамас имал две бригади со 12 полкови во северниот дел на Газа пред почетокот на војната пред три месеци. -Таму имаше вкупно околу 14 илјади терористи, рече портпаролот, […]

Американските разузнавачки служби уверени дека Хамас ја користел болницата Ал-Шифа како команден центар


Американските разузнавачки служби се убедени дека палестинските милитантни групи ја користеле најголемата болница во Газа, Ал-Шифа, за сместување на командната инфраструктура и држење на неколку заложници заробени за време на нападот од 7 октомври, изјави денеска неименуван американски претставник.  Американските медиуми пренесуваат дека ваквата американска безбедносна проценка дава дополнителна поддршка на израелските тврдења за болничкиот […]

Израелската армија го пронашла и го уништила станот во кој се криел лидерот на Хамас


 Израелските одбранбени сили (ИДФ) вечерва објавија дека пронашле и уништиле стан-скривница, која му припаѓала на лидерот на Хамас во Газа, Јахја Синвар, на северот од палестинската територија и под него голема мрежа од тунели. Станот, кој се наоѓа на периферијата на главниот град на Газа, го пронашла 14-та оклопна резервна бригада, а подоцна е претресена […]