Изралските сили убиле повеќе од 2.000 оперативци на Хамас


Портпаролот на израелската армија (ИДФ) Даниел Хагари денеска изјави дека од крајот на привременото примирје на 1 декември, повеќе од 2.000 оперативци на палестинската милитантна група Хамас се убиени во Појасот Газа. „Го зголемивме бројот на војници кои се борат во источниот дел на Кан Јунис и таму се бориме решително, со акцент на подземните […]

Израел му предложи на Хамас седумдневен прекин на огнот во замена за заложници


 Израел му понуди на Хамас седумдневна пауза во борбите во Појасот Газа во замена за ослободување на околу четириесет заложници кои ги држеше палестинската милитантна група, изјави Барак Равид, аналитичар за политички и надворешни работи на Си-ен-рн, цитирајќи два израелски извори. Во израелскиот предлог, кој прв го објави порталот Аксиос, се наведува барањето за ослободување […]

Израел ја открил машината за пари на Хамас уште во 2018. Никој не презел ништо, открива „Њујорк тајмс“


  Израелските разузнавачи добија сеопфатни детали за огромните финансиски операции на Хамас во 2018 година, но не направија ништо за да ги затворат и да го запрат протокот на средства за милитантната група, се вели во извештајот од саботата. Овие исти средства веројатно биле клучни за подготовките на Хамас за смртоносните напади на 7 октомври, […]

Хамас испрати порака до Израел: Во ковчег или живи, изборот е ваш


Палестинското движење Хамас се огласи откако израелските војници убија тројца заложници во Газа, велејќи дека тоа е показател за тоа колку владата во Тел Авив се грижи за своите граѓани. Портпаролот на Хамас Абу Обеид изјави дека Израел не се грижи за чувствата на семејствата на затворениците. „Ционистичкиот непријател се коцка со животите на своите […]

Анкета: Расте поддршката за Хамас меѓу Палестинците


  Анкетата на јавното мислење за време на војната меѓу Палестинците објавена во средата покажува пораст на поддршката за терористичката група Хамас – при што се чини дека поддршката се зголемила дури и во разурнатиот Појас Газа – и огромното отфрлање на претседателот на Палестинската управа Махмуд Абас, при што речиси 90 проценти рекле дека […]

„Дамата во црвено“ за прв пат ја раскажува својата приказна за пеколот кога нападна Хамас


  Таа стана позната како дамата во црвено и беше една од најпознатите иконски слики од масакрот на 7 октомври во Израел. Една млада жена, која трча да го спаси својот живот, со страв врежан на нејзиното лице додека безмилосните милитанти на Хамас го нападнаа фестивалот „Нова рејв“ во раните утрински часови, убивајќи најмалку 340 […]

ЕУ би можела да ги заостри санкциите кон Хамас и да ги воведе за израелските доселеници


 Европската унија треба да размисли за заострување на санкциите кон Хамас и воведување санкции за израелските доселеници одговорни за насилството на Западниот Брег, соопшти дипломатската служба на Европската унија во документот подготвен за состанокот на шефовите на дипломатиите на блокот. Документот им дава на министрите опции што треба да ги разгледаат на состанокот во Брисел […]

(Видео) Израелската армија ја разнесе Палатата на правдата во Газа


Израелската армија вчера ја разнесе главната зграда на судот во Појасот Газа, позната како Палата на правдата, која се наоѓа во јужниот дел на градот Газа. Израелската армија објави видео на Платформа X на кое се гледа моментот кога војниците ја разнесоа целата седумкатна зграда, која беше свечено отворена во 2018 година. Footage posted to […]

Израел знаел за планот за напад на Хамас една година порано, објави „Њујорк тајмс“


  Една година пред нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, меѓу израелските официјални лица се ширеше документ со детали за плановите за извршување на нападот, пишува „Њујорк тајмс“. Иако документот од приближно 40 страници прегледан од „Тајмс“ не означува конкретен датум на напад, во него се наведени методите на напад со цел да […]

Меѓу последните ослободени заложници од Хамас има француски, германски и аргентински државјани


Меѓу 11-те израелски заложници кои Хамас ги ослободи вечерва од Газа има и неколку лица со двојни државјанства, соопшти на Х портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Маџед Ал Ансари. – Израелците ослободени од Газа вклучуваат 3 француски државјани, 2 германски државјани и 6 аргентински државјани, рече тој, додавајќи дека тие „се предадени на […]

Израелската армија тврди дека запленила повеќе од милион долари од Хамас


Израелската армија заплени средства во вредност од околу 1,3 милиони долари за време на војната со исламистичкиот Хамас во Појасот Газа, објави денеска портпаролката на израелското Министерство за одбрана. Поголемиот дел од парите биле во израелски шекели и биле пронајдени „во упоришта на Хамас и во домовите на бараните лица каде што бил активен Хамас“, […]

Хамас ја потврди смртта на командантот Гандура


 Хамас денеска соопшти дека во израелските напади врз Појасот Газа загинал командантот Ахмед ал-Гандура. Но, не е прецизирано кога загинал Гандура. Тој беше член на военото крили на Хамас и командант во северниот дел на Појасот Газа. Хамас исто така ја потврди и смртта на Ајман Саим, кој ја предводеше ракетната единица, како и на […]

Почна примирјето меѓу Израел и Хамас, се чека ослободување на заробеници од Газа


  Четиридневното примирје во војната меѓу Израел и Хамас стапи на сила рано во петокот, поставувајќи го теренот за размена на десетици заложници држени од милитантите во Газа во замена за Палестинци затворени од Израел. Прекинот на борбите вети одредено олеснување за 2,3 милиони луѓе во Газа, кои издржаа неколку недели израелско бомбардирање, како и […]

Рации во Германија поради поврзаност со Хамас


Германските безбедносни сили претресоа неколку имоти во Берлин, Долна Саксонија, Северна Рајна-Вестфалија и Шлезвиг-Холштајн во врска со забраната за терористичката организација Хамас и меѓународната мрежа Самидун во Германија. Како што јави ДПА, сојузното Министерство за внатрешни работи соопшти за рациите рано утрово. Германското МВР на почетокот на месецов ги забрани активностите на двете организации.

Што содржи договорот за примирје меѓу Израел и Хамас и колку заложници ќе бидат ослободени


  Израел и Хамас постигнаа договор за ослободување на 50 жени и деца заложници во Газа во замена за ослободување на 150 палестински жени и деца од израелските затвори за време на четиридневниот прекин на огнот, објавија двете страни во средата наутро. Договорот беше потврден од висок американски функционер, кој за новинарите изјави дека меѓу […]

Хамас за договорот со Израел: Ќе бидат ослободени 150 палестински затвореници


Движењето Хамас утрово соопшти дека постигнало договор со Израел за четиридневен хуманитарен прекин на огнот „по концентрираните напори за посредување на Катар и Египет“. Соопштението на Хамас го објави Палестинскиот информативен центар, кој ги пренесува официјалните изјави на движењето. „Врз основа на нашата одговорност кон нашиот долго-страдачки и непоколеблив палестински народ и нашиот неуморен напор […]

Постигнат договор за ослободување на најмалку 50 заложници од Газа, пауза во борбите


Израелскиот кабинет го одобри договорот за заложници со Хамас по повеќе од шест недели интензивни борби во Газа. Во продолжение целосната изјава од кабинетот на израелскиот премиер: „Владата на Израел е должна да ги врати дома сите заложници. Вечерва Владата го одобри нацртот на првата фаза од постигнувањето на оваа цел, според која најмалку 50 […]

Израелските војници стигнаа до домовите на лидерите на Хамас


Израелската армија денеска соопшти дека се судрила со оперативците на Хамас во населбата Римал во Појасот Газа и открила 35 влезови кои водат до подземната мрежа на тунели и командни центри на Хамас и дека е пронајдено големо количество оружје. Како што е наведено, во населбата Римал има „резиденции на високи функционери на Хамас кои […]

Лидерите на Хамас вредни 11 милијарди долари: Тие уживаат во луксуз додека цивилите во Газа страдаат


Додека нивниот народ пропаѓа во сиромаштија и го третираат како жив штит, лидерите на Хамас живеат милијардерски начин на живот. Само тројцата главни водачи на терористичката група вредат неверојатни 11 милијарди долари и уживаат во луксузниот живот во Катар. Хамас има канцеларија во главниот град на Катар, Доха, а неговите лидери Исмаил Ханије, Муса Абу […]

Девојка со потекло од Македонија е заложник на Хамас


  Наама Леви, 19-годишна девојка со потекло од Македонија, била киднапирана на 7 октомври при упадот на припадниците на Хамас во Израел. Информацијата за Гласот на Америка на македонски јазик ја потврдила Рашел Леви Друмер, професорка во Израел, која има македонско потекло и која е вклучена во напорите за ослободување на девојката. На социјалните мрежи […]