Хамас бара писмени гаранции од САД за спроведување на договорот за примирје


Хамас сака писмени гаранции од САД за спроведување на договорот за траен прекин на огнот и повлекување на израелските сили од Појасот Газа, изјавија два египетски безбедносни извори. Посредниците Катар и Египет соопштија дека Хамас вчера одговорил на трифазен план за примирје, без да откријат повеќе, пренесе Индекс.хр. Планот беше претставен од американскиот претседател Џо […]

Хамас ја прифаќа резолуцијата на СБ на ОН за прекин на огнот во Појасот Газа


 Хамас ја прифаќа резолуцијата за прекин на огнот на Советот за безбедност на Обединетите нации и е подготвен да преговара за деталите, изјави денеска функционерот на групата Сами Абу Зухри, нагласувајќи дека на Вашингтон е да го принуди Израел да го почитува неговото спроведување. -Хамас ја прифаќа резолуцијата за прекин на огнот, повлекувањето на израелските […]

СБ на ОН ја усвои американската резолуција за примирје и ослободување на заложниците во Газа


Советот за безбедност на ОН усвои американска резолуција што го поддржува последниот предлог на Израел за прекин на огнот и ослободување на заложниците, и го повикува палестинскиот Хамас да ја прифати понудата. Вкупно 14 членки на Советот за безбедност на ОН гласаа за резолуцијата, ниту една против, додека Русија беше воздржана. Израел минатата недела го […]

Хамас се прегрупира во целосен режим на бунтовничка борба


  Половина од силите на Хамас се збришани за осум месеци војна и групата сега се потпира на тактики на бунтовниците „удри и бегај“ за да ги фрустрираат обидите на Израел да ја преземе контролата врз Газа, изјавија американски и израелски официјални лица за Ројтерс. Владејачката група во енклавата е намалена на меѓу 9.000 и […]

Хамас: Нема договор со Израел доколку не се обврзе на траен прекин на огнот и целосно повлекување од Газа


Хамас не може да се согласи на никаков договор, освен ако Израел јасно не се обврзе на траен прекин на огнот и целосно повлекување од Појасот Газа, изјави влијателниот функционер на палестинската милитантна група Осама Хамдан. Катар, кој заедно со САД и Египет посредува во преговорите меѓу Хамас и Израел, го повика Израел да соопшти […]

Саливен: Сè уште чекаме одговор од Хамас на предлогот за прекин на огнот


Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, изјави дека САД сè уште чекаат одговор од милитантната група Хамас на израелскиот предлог за прекин на огнот, што во петокот го претстави американскиот претседател Џо Бајден, јавуваат британските медиуми. -Очекуваме одговор од Хамас преку катарските посредници, рече Саливан и најави дека директорот на Централната разузнавачка […]

САД се уште го чекаат одговорот од Хамас за прекин на огнот во Газа


САД сè уште не добиле одговор од Хамас за предлогот за прекин на огнот доставен до движењето во четвртокот, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер. Милер кажа дека е целосно убеден дека Израел се согласува со прекинот на огнот. Главниот советник на премиерот Бенјамин Нетанјаху во неделата потврди дека Израел привремено го прифатил договорот […]

Израел подготвува алтернатива за власта на Хамас во Појасот Газа


Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, синоќа изјави дека Израел, во моментов додека ја изведува воената операција во Појасот Газа „подготвува алтернативна власт“ за оваа област, на местото на палестинското движење Хамас прортив кого војува веќе осум месеци, пренесе Бета. Уште кон средината на мај Галант изрази противење за воената и политичка контрола на Израел […]

Хамас тврди дека го заробила израелскиот полковник, кого Израел го прогласи за загинат на 7 октомври


Радикалната палестинска групација Хамас денеска соопшти дека го заробила израелскиот полковник, кого Израел го прогласи за загинат при терорисичкиот напад на исламистичкото движење на 7 октомври минатата година. Бригадите „Изедин ал Касам“, военото крило на Хамас, соопштија дека полковникот Асаф Хамами бил ранет за време на неговото заробување. Доказ за тоа дека Хамами е кај […]

Објавена снимка како милитантите на Хамас мачат заробени израелски женски војници


Израелскиот Форум на семејства на затвореници и исчезнати објави видео од киднапирањето и мачењето на израелски војници за време на нападот на Хамас на 7 јули. Израелскиот форум на семејства на затвореници и исчезнати објави видео од киднапирањето и тортурата на израелски жени – војници на 7 декември 2023 година во базата Нахал Оз, која […]

Египет ги повика Хамас и Израел да покажат флексибилност и што поскоро да постигнат примирје во Газа


Египет апелираше до Хамас и Израел да покажат флексибилност со цел што поскоро да се постигне прекин на огнот во борбите во Газа, соопшти утрово египетското Министерство за надворешни работи. Египет смета дека преговорите во Каиро, кои не доведоа до договор за прекин на огнот оваа недела, во моментов се во „деликатна фаза“, додека делегациите […]

Нетанјаху: Немаме избор освен да го уништиме Хамас


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека се надева дека ќе бидат надминати несогласувањата со американскиот претседател Џозеф Бајден кога е во прашање војната во Газа и дека Израел „нема друг избор освен да го уништи Хамас“, вклучувајќи ги и припадниците на таа група во Рафа. ]„Ние често се согласувавме, но имавме и несогласувања. Бевме […]

Нетанјаху знае дека опстанокот на Хамас значи негов пораз


Тешки одлуки го чекаат израелскиот премиер по изненадувачкиот договор на Хамас за претставениот нацрт на договорот за прекин на огнот. По неколку месеци наизменично тешки преговори меѓу завојуваните страни и посредниците, дојде време за тешки одлуки. Хамас се согласи на нацрт-договор за прекин на огнот, кој е „далеку од исполнување на барањата на Израел“, според […]

Што пишува во предлогот за прекин на огнот со кој се согласи Хамас? Не е истото дадено од Израел и САД


Предлогот за размена на заложници и затвореници и прекин на огнот, прифатен од Хамас во понеделникот, има помалку промени во формулацијата од онаа што Израел и САД неодамна ја претставија на групата, според двајца официјални лица запознаени со ревидираниот предлог. Официјалните лица рекоа дека промените биле направени од арапски посредници во консултација со Вилијам Џ. […]

Граѓаните ги блокираа улиците на Тел Авив, повикувајќи го Нетанјаху: Прифатете го прекинот на огнот или улиците ќе горат


Семејствата на израелските заложници, заробени во Газа, ја блокираа главната улица во Тел Авив за да бараат Бенјамин Нетанјаху да прифати договор за прекин на огнот. На Цеста Бегин се собраа неколку семејства. Еинав Зангаукер, мајката на заложникот Матан Зангаукер, преку Канал 12 испрати директна порака до израелскиот премиер. Тајмс оф Израел ги пренесува нејзините […]

Хамас објави дека го прифатил предлогот за прекин на огнот, за Израел прифаќањето „помека“ верзија на договорот е неприфатливо


 Палестинското милитантно движење Хамас објави соопштение дека го прифатило египетско-катарскиот предлог за прекин на огнот. Во соопштение движењето наведува дека нивниот врховен лидер Исмаил Ханија ја пренел веста во телефонски разговор со катарскиот премиер и шефот на египетската разузнавачка служба. Катар и Египет посредуваат во повеќемесечните разговори меѓу Израел и Хамас. Сè уште нема коментари […]

Хамас тврди дека САД му вршат притисок да го прифати договорот со Израел


Високиот функционер на милитантната група Хамас, Сами Абу Зухри, денеска изјави дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен врши притисок врз Хамас да ги прифати барањата на Израел во преговорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците. – Коментарите на Блинкен се спротивни на реалноста. Тоа не е чудно за Блинкен, кој е познат како […]

Хамас предлага едногодишен прекин на огнот во Газа


Египетските власти му доставија на Израел предлог изготвен од Хамас, со кој се бара едногодишен прекин на огнот во Појасот Газа во замена радикалните Палестинци да ги запрат нападите врз израелските сили, објави ТВ каналот Ал Хадат со седиште во Дубаи. Според извештаите, Египет го доставил предлогот на Хамас до израелската делегација. Изворите наведоа дека […]

Мосад соопшти дека Хамас ја одбил понудата за примирје


 Израелската разузнавачка агенција Мосад соопшти дека палестинското движење Хамас го отфрлил најновиот предлог за примирје претставен пред една недела во Каиро од посредници. „Одбивањето на понудата претставена од САД, Египет и Катар покажува дека лидерот на Хамас во Појасот Газа Јахја Синвар не сака хуманитарен договор или враќање на заложниците“, се вели во соопштението на […]

Убиен еден од финансиерите на Хамас, објави ИДФ


Израелските безбедносно сили (ИДФ) денеска соопштија дека при воздушен напад врз Појасот Газа убиен е клучниот финансиер на Хамас. ИДФ тврди дека е елиминиран Насер Јакоб Џабер Насер, одговорен за финансирање на голем дел од воените активности на исламистичката организација во јужниот град Рафа. Тој во декември на Хамас му префрлил стотици илјади долари. Во […]