„И коњите ги убиваат зарем не?“, 3Д Мапинг шоу во Македонската филхармонија


Во копродукција на Македонската филхармонија и 3Д Проект Студио вечерва во 20 часот за првпат во Македонија, ќе биде изведено спектакуларно 3Д Мапинг шоу, односно мултимедијален перформанс под наслов „И коњите ги убиваат зарем не?“. Покрај аудио и видео сензацијата, ќе биде вклучена и актерска игра, а во главната улога ќе настапи актерот Дејан Лилиќ. […]

Концертна промоција на новиот „Стенвеј“ со настап на пијанистот Евгениј Судбин


Македонската филхармонија вечер од 20 часот ќе одржи симфониски концерт „Север и југ“, на кој како солист ќе настапи руско-германскиот пијанистЕвгениј Судбин. На концертот ќе биде промовирано и новото концертно пијано од марката„Стенвеј“, кое на Филхармонијата и го донираше компанијата „Страбаг“. Славниот пијанист Судбин за македонската публика ќе го изведе популарниот Концерт за пијано и […]

Овации за концертот на Филхармонија за Денот на вљубените: Вечер на култни балади


Баладите на кои растевме, созревавме, се вљубувавме, синоќа беа на репертоарот на традиционалниот концерт на Македонска филхармонија, со симфониски призвук. Урбаната публика уживаше два часа во евергрините , во кои љубовта и темнината се испреплетуваат – на Леонард Коен, Ник Кејв, Том Вејтс, Џони Кеш и Ненси Синатра, во маестрална изведба на Тања Царовска, незаборавниот […]

Вљубените ќе дегустираат врвно вино на свечениот концерт на Македонска филхармонија


14 февруари-Денот на вљубените и на лозарите ќе се прославува на врвна романтична музика со врвно вино. Со свечениот традиционален концерт на Македонската филхармонија, насловен „Murder Ballads“  почнува соработката на оваа културна институција со винаријата „Тиквеш“, соопшти денес на прес-конференцијата во Скопје, директорот Виктор Илиески. „Сите знаеме дека кај нас е навистина тешко да се […]

Македонската филхармонија со Новогодишен гала- концерт


Македонската филхармонија во четврток (28 декември) во 20 часот, во големата сала, ќе одржи Новогодишен гала-концерт насловен „Полноќни огномети“, под диригентство на славниот маестро Јерухам Шаровски од Израел. Како солисти на концертот ќе настапат македонските истакнати вокални уметници кои кариерата ја градат надвор од земјата – Милена Арсовска, сопран и Иван Наумовски, бас-баритон. Од Македонската […]

„Магичен глас“ – концерт за деца на Македонската филхармонија


Македонската филхармонија денеска напладне ќе одржи симфониски концерт за деца насловен „Магичен глас“, на кој како солист ќе настапи сопранот Билјана Јосифов. Аниматор на концертот ќе биде актерот Мартин Јордановски, а диригент Дијана Илкоска-Имери. „Приказната се однесува за едно момче кое сака да стане оперски пејач и сонува сон во кој тој навистина пее оперски […]