„Младите доаѓаат“ – настап на талентирани ученици со Филхармонија


 „Младите доаѓаат“ е насловот на концертот на Филхармонија што ќе се одржи вечерва. Со Филхармонија ќе настапат млади, талентирани музички уметници, ученици од државните музички училишта во земјава, кои се избрани по пат на аудиција, информираат од Филхармонија. Под диригентство на маестро Сашо Татарчевски, ќе бидат изведени дела од Крајслер, Виењавски, Дворжак, Бетовен, Монти, Маскањи, […]

Славниот контратенор Јуриј Мињенко ѝ гостува на Филхармонија


„По патот на Фаринели“ е насловот на симфонискиот концерт на Филхармонијата кој ќе се одржи вечерва во 20 часот. Под диригентство на маестро Борјан Цанев, како солист ќе настапи славниот контратенор од Украина, Јуриј Мињенко, кој заедно со оркестарот на Филхармонијата ќе изведе дела од Вивалди, Корели, Броски, Глук, Порпора, Хендл. Инаку, македонскиот диригент Борјан […]

Бени Шаќири : Кај и да е, ќе си купам „ферари“


Заколнатиот рокенрол музичар Арбен-Бени Шаќири, направи преседан во музичката кариера и по 20 години рок-музика, со композиторот Златко Ориѓански сними етно албум со звук кој го обединува регионот „Добро утро госпоѓо“. -Сѐ уште не сум навикнат на оваа етно приказна, кај и да е, за две-три години ќе си купам „ферари“ се шегуваше Бени на […]

Македонска филхармонија ќе издава носачи на звук


Од првиот концерт во новиот објект во октомври 2017 година, Филхармонијата редовно прави звучни снимки од сите концертни настани. Со новата зграда и опремата што ја има од пред една и пол година, проработи и аудиопродукција за која порано беше задолжена Македонската радио-телевизија. Од наредната година Филхармонијата планира да издава и цедиња од неколку концерти […]

Кинескиот пијанист Хају Жанг ќе настапи со Филхармонијата 


Пијанистот Хају Жанг кој настапи како солист на големата турнеја на Филхармонијата во Кина во декември, вечер ќе настапи на нејзиниот концерт со рецитал на кој ќе изведе дела од Бетовен, Шопен, Дебиси и Равел. -Хају Жанг, заедно со оркестарот на Македонската филхармонија и израелскиот диригент Јерухам Шаровски од Израел, гостуваше како солист на големата […]

„Да танцуваме!“ – симфониски концерт на Филхармонијата


 „Да танцуваме!“ е насловен вечерашниот симфониски концерт на Филхармонијата, на кој под водство на романскиот диригент Габриел Бебешелеа оркестарот ќе ги изведе „Словенски танци“ оп. 46 од Антонин Дворжак и „Симфониски танци“ оп. 45 од Сергеј Рахмањинов. Најголемата популарност чешкиот композитор Дворжак  ја стекнал токму со своите прочуени серии од осум „Словенски танци“ кои најпрвин […]

Интимен амбиент и уважени гости: Хит е да имаш поп-концерт во Филхармонија


По Македонија и регионот, домашната поп-естрада ја освојува јавноста со концерти во Македонската филхармонија. Сака убав, полн звук, песните да звучат како симфонија, со оркестар, интимно и отмено, дотерана, со дотерани и уважени гости. Класичен амбиент место стадиони со неудобни столчиња, турканица за влез, турканица за излез, скриени пушачи кои ги открива чадот од цигари. […]

Рок-симфонија со Дани за 20 години музичка кариера


По повод 20 години на македонската музичка сцена, поп-пејачката Дани Димитровска ќе одржи јубилеен концерт на 7 март, во 20,30 часот, во Македонската филхармонија. Нејзините хитови ќе прозвучат поинаку, симфониски,заедно со филхармонискиот оркестар и под диригентската палка на Бисера Чадловска. Влезниците по цена од 600 денари, се пуштени онлајн и во продажните места на Литература.мк, […]

„Слободен и среќен“ – прв концерт на Македонската филхармонија во 2019


Македонската филхармонија вечер со симфонискиот концерт „Слободен и среќен“ ќе го почне вториот дел од концертната сезона 2018/2019. За првпат на македонската музичка сцена како солист ќе настапи француската трубачка Лусјен Ренодин-Вари и ќе го изведе атрактивниот Концерт за труба и оркестар во Ас-дур од ерменскиот композитор Александар Арутунијан. Лусјен Ренодин-Вари (1999) е победничка во категоријата […]

Четири концерти на Каролина во Македонска филхармонија


Поп-ѕвездата Каролина Гочева-Корубин, за прв пат во својата кариера ќе се претстави во живо на концерт, заедно со комплетниот состав на Македонската филхармонија. Концертите се закажани во деновите на љубовта, на 15-ти и 16-ти февруари , а поради големиот интерес закажани се уште два, на 20 и на 22 февруари. На репертоарот се песните од […]

Новогодишен концерт на Филхармонијата со кларинетистите Гурфинкел од Израел


 „Точно на полноќ“ е насловен вечерашниот гала новогодишен концерт на Македонската филхармонија, на кој ќе бидат изведени популарни дела од класичната музика. -Тие ќе нè поведат низ пределите на студената Русија до топлиот Бразил, ќе ни ја покажат виенската галантност, но и унгарскиот уникатен фолклор, или израелската звучна специфичност и волшебна музичка синтеза, па американската џез-култура, […]

Новогодишен концерт на Македонската филхармонија со Дуо Гурфинел


„Точно на полноќ“ е насловот на гала-новогодишниот концерт на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи во понеделник, на 24 декември во 20 часот. „На програмата се популарни дела од класичната музика, кои ќе не поведат низ пределите на студената Русија до топлиот Бразил, ќе ни ја покажат виенската галантност, но и унгарскиот уникатен фолклор, или […]

Концерт на Филхармонија со славниот Вадим Репин


Македонската филхармонија, вечерва во 20 часот, ќе одржи симфониски концерт под наслов “Магична виолина“, на кој како солист ќе се претстави еден од најголемите виолинисти на денешницата, Вадим Репин од Русија. Виолинистот со огнена страст, со беспрекорна техника, уметникот од чии раце извира поезија и сентименталност, како што го опишува критиката, Вадим Репин, за македонските […]

Концерт на Македонската филхармонија со славниот виолончелист Даниел Милер-Шот


„Морски бранови“ е насловот на претстојниот симфониски концерт на Македонската филхармонија што ќе се одржи вечерва во 20 часот, а на кој како солист ќе настапи Даниел Милер-Шот, еден од најславните виолончелисти на новата генерација. Овој амбасадор на музиката на 21 век за македонската публика ќе го изведе Концертот за виолончело и оркестар бр. 1 […]

Каролина со Македонска филхармонија на 15 и 16 февруари


Поп-ѕвездата Каролина Гочева-Корубин, за прв пат во својата кариера ќе се претстави во живо на концерт, заедно со комплетниот состав на Македонската филхармонија. Концертите се закажани во деновите на љубовта, на 15-ти и 16-ти февруари , а на репертоарот се песните од проектот „Македонско девојче“, „Извор“ и некои од најубавите песни од претходните албуми на […]

Рускиот пијанист Денис Кожухин вечерва во Филхармонија


Познатиот руски пијанист Денис Кожухин вечерва од 20 часот ќе одржи рецитал во Камерната сала на Македонската филхармонија и ќе изведе дела од Менделсон (избор од „Песни без зборови“), Григ (избор од „Лирски пиеси“) и Прокофјев (Соната бр. 8). -За критиката и публиката Денис Кожухин е „волшебник на пијаното“, затоа што неговата техника е беспрекорна […]

Деветтата симфонија на Бетовен на концертот на Филхармонија


„Борба, надеж, победа“ е насловот на вечерашниот симфониски концерт на Македонската филхармонија, на кој првпат во Македонија ќе гостува врвниот австриски диригент Густав Кун. Под палката на Кун, кој е основач и сценски директор на Тиролскиот фестивал во Ерл, ќе биде изведена Деветтата симфонија на Бетовен позната како „Химната на Европа“. Покрај оркестарот на Филхармонијата, ќе учествуваат […]

„Хармонија мунди“ со контрабасистот Ѓорѓи Цинциевски


Македонската филхармонија во 20 часот ќе го одржи симфонискиот концерт „Хармонија мунди“, кој ќе претстави атрактивен, уникатен видео-аудиоперформанс. Под диригентската палка на маестро Емил Табаков, ќе бидат изведени фантастичните „Планети“ од Густав Холст, кои ќе доживеат и видеоанимација, дело на Милчо Узунов од студиото „3Д“. Грандиозното дело на англискиот композитор ќе биде изведено на сцената […]

Македонската филхармонија ја почнува новата сезона со концертот „Ново утро“


Со концертот „Ново утро“, на кој ќе настапи врвниот пијанист од Франција, Лука Дебарг, денеска ќе биде отворена новата концертна сезона на Македонската филхармонија. Дебарг, кој е лауреат на престижниот натпревар „Чајковски“, ќе го изведе најкомплексното дело за пијано, Концертот за пијано и оркестар број два од рускиот композитор Сергеј Прокофјев. На концертот „Ново утро“ […]

Камерниот оркестар на Македонската филхармонија гостува во Казахстан


Камерниот оркестар на Македонската филхармонија од 3 до 9 септември ќе гостува во Казахстан, каде што ќе одржи два концерта во Алмати (5 септември) и Астана (7 септември). Камерниот оркестар на Македонската филхармонија ќе го предводи македонскиот диригент, маестро Борјан Цанев, а како солист ќе настапи концерт-мајсторот на Македонската филхармонија, истакнатата виолинистка Анна Кондратенко. На […]