Спектакл на отворено: „Кармина Бурана“ ќе испрати моќна порака за соработка и заедништво


Оркестарот на Филхармонија на 20 јуни, со почеток во 21 часот во Градскиот парк ќе ја изведе музичко-сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, која ќе биде моќна завршница на концертната сезона „Без Филтер“. Во реализација на овој проект, покрај оркестарот на Филхармонија на РСМ, учествуваат музичари од Софиската филхармонија, Државниот симфониски оркестар од Солун, […]

Билети од 300 евра за концерт: Кој ги диктира цените во Филхармонијата?


Прашањето за ценовната политика на културните настани во земјава и достапноста на врвната уметност за пошироката јавност се најде во фокусот на дебатите, откако информациите за билети кои достигнуваат сума од триста евра за одредени концерти во националната Филхармонија предизвикаа бројни реакции. На ваквите бранувања во јавноста со конкретно појаснување излезе министерот за култура и […]

Италијанска вечер во Филхармонија: Врвниот Марко Пиеробон на труба, како солист со ИД Камерниот оркестар


Во Камерната сала на Филхармонија вечер ќе се одржи долгоочекуваната музичко-поетска италијанска вечер под наслов: „Поетиката на музиката и музикалноста на поезијата: големата италијанска традиција“, која ќе ја обедини магијата на филмската музика, поезијата и врвната изведувачка уметност. -Во Скопје пристигнува еден од најреномираните италијански трубачи, Марко Пиеробон, кој ќе настапи како солист заедно со […]

„Виенска фантазија“ – концерт на Филхармонијата со виолинистот Шкељзен Доли од Албанија


Оркестарот на Филхармонијата вечер од 20 часот ќе одржи концерт насловен „Виенска фантазија“ на кој како солист ќе настапи виолинистот Шкељзен Доли од Албанија, а диригент е Михаил Мачиашчек од Полска. На програмата се „Четири годишни времиња“ од Антонио Вивалди и Симфонија бр. 40 во ге-мол од Вофганг Амадеус Моцарт. Концертот се реализира во соработка […]

Македонската филхармонија со концерт „Хармонија“ со виолинистот Нинг Фенг


Оркестарот на Македонската филхармонија вечерва ќе го одржи концертот „Хармонија“, на кој како солист ќе настапи реномираниот кинески виолинист Нинг Фенг, а диригент ќе биде маестро Емил Табаков од Бугарија. Нинг Фенг важи за еден од водечките виолинисти на меѓународната сцена. Иако често настапува со најзначајните оркестри во Кина, тој има и успешна европска и […]

Велигденски концерт на Македонската филхармонија


Оркестарот на Македонската филхармонија вечер во 20 часот ќе одржи Велигденски концерт на кој ќе биде изведено монументалното вокално-инструментално дело „Ѕвона“ од Сергеј Рахмањинов. Диригент е маестро Најден Тодоров (Бугарија), а како солисти ќе настапат Катерина Стојановска, сопран, Исмет Вејсели, тенор, Иван Наумовски, баритон/бас и хорот „ПроАрс“. На програмата е и симфониската поема „Прелудии“ од […]

„Рапсодија“ – концерт на Македонската филхармонија


 „Рапсодија“ е насловен концертот на Македонската филхармонија кој ќе се одржи вечер, на кој како солистка ќе настапи виолинстиката Ава Бахари од Шведска, а диригентка е Бар Авни од Израел. Како што информираат од Македонската филхармонија, на програмата се Симфониска поема „Златното вретено“, оп. 109 од Антонин Дврожак, Поема за виолина и оркестар, оп. 25 […]

Македонската филхармонија премиерно ја изведува „Вооружениот човек“ од Карл Џенкинс


Оркестарот на Македонската филхармонија вечер со почеток во 20 часот премиерно ќе го изведе вокално-инструменталното дело „Вооружениот човек“ (миса за мир) од британскиот композитор Карл Џенкинс. Диригент е Сашо Татарчевски, настапува и хорот „Про Aрс“, а како солисти ќе настапат Мартина Георгиевска, Ана Ценевска Мучева, Емили Христоска, Исабела Димовска, Дејан Симоски, Мартин Блажевски и Месут […]

Калиопи, една и единствена: Море од емоции на четвртиот распродаден концерт во Филхармонија


Македонската поп дива Калиопи синоќа триумфално ја заврши серијата од четири распродадени концерти во Филхармонија, потврдувајќи го статусот на водечка ѕвезда на македонското естрадно небо. На нешто повеќе од 24 часа пред новогодишната ноќ, Калиопи испорача незаборавен настап, полн со емоции и навраќање на нејзината долгогодишна кариера, но истовремено оддавајќи почит и на македонската музика […]

Без вода Филхармонија, средното музичко училиште, Министерство за транспорт


Поради уличен дефект на ул. „Црвена скопска општина“ 58, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектите на Министерството за транспорт и врски, средното музичко училиште, Филхармонија и Сојуз на сметководители и ревизори.

Концерт „Виртуози на хорна“ во Филхармонија


Во малата сала на Филхармонија вечер со почеток од 19 часот ќе се одржи концерт насловен „Виртуози на хорна“ на кој ќе настапат реномирани хорнисти од земјава и регионот.  Покрај Благоја Василевски, на регионот ќе настапат Михајло Булајиќ (прва хорна во Лондонски Симфониски Оркестар и оркестар на РТВ Словенија), Никола Чириќ (прва хорна Белградска Филхармонија), […]

Филхармонија на концерт со учениците и студентите од музичките училишта и факултети


„Младите доаѓаат и звукот на идната генерација“ е насловен концертот кој ќе се одржи в четврток, со почеток во 20 часот. Ова е традиционален концерт на оркестарот на Македонската филхармонија со учениците и студентите од државните музички училишта и факултети. Диригент е маестро Борјан Цанев, а на програмата се дела од  А.Марчело, Е. Бара. Ф.А. […]

Концерт на „Ченг дуо“ во Филхармонија


Брајан и Силви Ченг, еминентното музичко дуо ќе настапат вечерва во Камерната сала на Филхармонијата, со почеток во 20 часот. На програмата ќе се најдат дела од Дебиси, Равел, Де Фаља, Цинцадзе и Шостакович. Дуото Cheng² Duo, активни на меѓународната сцена, има издадено четири албуми, а нивниот последен проект, Portrait (Centrediscs, 2023), беше номиниран за […]

Велигденски концерт на Македонската филхармонија


Оркестарот на Македонската филхармонија вечер ќе го одржи Велигденскиот концерт насловен „Низ трње до ѕвездите“ на кој првпат ќе биде изведена „Голема миса“ во це-мол, вокално–инструментално ремек-дело на Волфганг Амадеус Моцарт. Диригентка е Ребека Тонг од Индонезија, а како солисти ќе настапат сопранистките Милена Арсовска и Гонца Богоромова Краповски, тенорот Благој Нацоски и басот Игор […]

Лајбах во Филхармонија: Музичко-визуелно сецирање на стварноста


Словенечки бенд Лајбах вчера вечер ги маѓепса присутните фанови во полната сала на Филхармонија во Скопје со повторното преслушување на нивниот култен албум од 1987 година „Опус Деи“, концертно збогатен и со други композиции, што сѐ заедно резултираше со музичко-визуелно сецирање на современите општества, она што се случуваше кон крајот на минатиот век, а кое […]

Вработените во Филхармонија на протест пред Министерството за култура и туризам


Вработените во Македонската филхармонија денеска ќе одржат нов протест пред Министерството за култура и туризам, поради, како што велат, постоење на сомнежи дека конкурсот за избор на нов директор на оваа установа се спроведува незаконски. Протест одржаа и пред една недела, при што добија ветување од министерот за култура и туризам Зоран Љутков дека конкурсот […]

Отворено писмо на вработените во Македонска филхармонија до Мицкоски и Љутков за изборот на нов директор


Отворено писмо испратија денеска вработените во Македонска филхармонија до премиерот Мицкоски и министерот Љутков, по повод конкурсот за избор на директор, во кое предупредуваат  да не се повтори погубната политика на кадровски грешки од минатото. „Ви го пишуваме ова писмо од име на вработените во Македонската филхармонија со надеж дека ќе го имате предвид значењето […]

Концерт на Филхармонијата со виолинистот Марк Бучков „Магична виолина“


 Оркестарот на Националната филхармонија вечер со почеток во 20 часот ќе го одржи концертот насловен „Магична виолина“ на кој како солист ќе настапи врвниот белгиски виолинист Марк Бучков, под диригентство на маестро Сашо Татарчевски. На програмата се: увертира „Оберон“ од К.М. Вебер, Концерт за виолина и оркестар бр. 3 во Ге-дур од В.А.Моцарт и Симфонија […]

Концертот „Филхармонија на кирилица“ без солист


Македонската филхармонија вечер, под диригентство на Борјан Цанев, ќе го одржи концертот „Филхармонија на кирилица“, но без солист. Пијанистката Нина Костова го откажала својот настап од здравствени причини, а поради краткото време за наоѓање друг солист, на овој концерт ќе биде изведена само симфониска музика и ќе оди во еден дел без пауза. На програмата […]

Новогодишен концерт на Филхармонија со најпознатите валцери и полки од Штраус


Традиционалниот новогодишен концерт насловен „Слушни! Доаѓа Новата…“ на македонската филхармонија ќе се одржи вечер со почеток во 20 часот. Оркестарот ќе го води Елена Митревска, македонска диригентка која во моментов работи во Операта во Малме, Шведска. На програмата се најпознатите валцери и полки од Јохан Штраус, како и дела од Бизе, Чајковски и Сен-Санс, информираат […]