Во Филхармонија втората сезона на „Денови на македонска музика“


Во Големата сала на Филхармонија од 20 часот вечерва ќе започне втората сезона на манифестацијата „Денови на македонска музика“, соопшти Сојузот на композитори на Македонија. Како што се појаснува во соопштението, под палката на нашата реномирана диригентка Бисера Чадловска, ќе настапат солистите Маја Кастратовиќ на пијано, Златка Митева на флејта и Владимир Лазаревски на обоа, […]

Премиера на „88 димензии“ по повод 30 години од германско-македонските дипломатски односи


Почнува одбележувањето на 30 години од германско-македонските дипломатски односи. По овој повод, пијанистите Арда Мустафаоглу и Леви Шехтман, премиерно во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје, ќе го претстават проектот „88 димензии“. На концертот ќе се презентираат современи музички трендови преку изведба на класични музички дела со посредство на компјутерски генерирани ритми. -Овој проект […]

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата


Вработените во Филхармонија, денеска, на нов протест пред Владата, повторно побараа промена на одлуката во објектот наменет за потребите на симфонискиот оркестар да биде сместена уште една институција. – Првична идеја беше новата институција да биде постојано сместена во објектот на Македонската филхармонија, а дури потоа се додаде референцијата привремено, за да се изманипулира јавноста […]

(Галерија) Филхармонија го направи животот убав со концертот на филмска музика во Градски парк


Филхармоничарите синоќа го направија животот убав за присутните во Градскиот парк во Скопје на традиционалниот концерт на отворено. Прекрасните звуци од познати филмски теми го исполнија паркот, а посетителите за возврат ги наградуваа музичарите со громогласен аплауз.   Годинава концертот на отворено беше насловен „Животот е убав“, како и прекрасниот филм на оскаровецот Роберто Бенини […]

„Звукот на новата генерација“ во Филхармонија


 Оркестарот на Македонската филхармонија вечер од 20 часот ќе го одржи концертот насловен „Звукот на новата генерација“ со студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје. На програмата се дела од Моцарт, Дитерсдорф, Лобос, Шостакович и Сен-Санс и Џејкоб. Диригент е маестро Сашо Татарчевски. Како солисти ќе настапат Кристина Љушкоска – флејта, Ивона Давидовска – […]

Филхармоничарите ќе протестираат пред Владата


Синдикатот на Филхармонија најави нов протест за денеска од 14 часот пред Владата бидејќи се уште не е променета одлуката за просторно сместување на втора институција во објектот кој, како што наведува, е наменски изграден за единствениот симфониски оркестар во земјава. -Пред неколку недели побаравме средба со премиерот, но од Владата ниту одговорија на нашето […]

Концерт на пијанистките Мимоза Ќека и Јована Трајчева во Филхармонија


Во камерната сала на Филхармонија вечер ќе се одржи концертот „Фидан“ на кој ќе настапат пијанистките Мимоза Ќека и Јована Трајчева. На програмата се дела за две пијана и четирирачно пијано од Бах/Куртаг, Сен-Санс, Рахмањинов, Сен-Санс/Дебиси, Пјацола и Мијо. Како што најавија од Филхармонија, рециталот почнува со Кантата бр. 106 на Бах и продолжува со […]

Рецитал на пијанистот Дино Имери во Филхармонија


Во Големата сала на Филхармонија вечерва ќе настапи пијанистот Дино Имери. Концертот е насловен „Ишарет“, а на програмата се дела од Де Фаља, Момпу, Равел и Бизе. Дино Имери (1990) е еден од најреномираните македонски пијанисти. Настапува на престижните сцени низ светот како гостин на врвни оркестри, рецитален уметник и како камерен музичар. Настапувал во […]

„Волшебникот на пијаното“ Дино Имери со рецитал во Филхармонија


  Познатиот македонски пијанист Дино Имери ќе одржи концерт инспириран од шпанската, но и светска класична музичка традиција. Имери пред публиката излегува со атрактивна програма во која ќе бидат интерпретирани дела од Мануел Де Фаља, Фредерико Момпу, Морис Равел. Посетителите ќе можат да уживаат и во особено виртуозните и спектакуларни дела „Кармен“ и „Шпански валцер“ […]

Концерт на ансамблот „Консонанс“ во Филхармонија


 Камерниот ансамбл „Консонанс“ вечер ќе настапи во Камерната сала на Филхармонија. На програмата се дела од Хајдн, Феранте, Барток, Гершвин, Бранѓолица…   Камерниот ансамбл „Консонанс“ е формиран во 2007 година, како една уникатна формација, која ја сочинуваат дрвени дувачки инструменти. Овој ансамбл е посветен на камерното музицирање и истражување на звукот кој овие инструменти го создаваат заедно. […]

Симон Трпчевски:  Салата на Македонската филхармонија треба да остане стожер на врвовите на класичната музика


Создавањето на посебен простор за Националниот џез оркестар е решение и идеја поздравена и од едно од нашите најеминентни музички имиња, како Симон Трпчевски кој во својата поддршка за Македонска филхармонија вели: „Уметноста и културата се сржта на еден народ. Лично, многу ја почитувам џез музиката како и нејзините исполнители. Таа е од огромно значење […]

„Кадифе“ со оркестарот на Филхармонија и Шерон Кам


 Оркестарот на Филхармонија вечер ќе го изведе концертот „Кадифе“, посветен на опусот на американскиот композитор Арон Копланд. На програмата се неговата Трета симфонија и Концертот за кларинет и оркестар, а како солистка ќе настапи една од најдобрите кларинетистки на светската музичка сцена во моментов – Шерон Кам. Диригент е маестро Конрад ван Алфен од Холандија.  Арон […]

Концерт на Мухамед Ибрахими во Филхармонија


Во малата сала на Филхармонија вечер концерт ќе одржи гитаристот Мухамед Ибрахими  Концертот е во организација на „Баги Комуникации“. Мухамед Ибрахими е гитарист кој својата гитара ја третира на многу интуитивен и инспиративен начин, свирејќи го спонтано само она што го чувствува и извира директно од него. Неговите композиции се автентична мешавина од повеќе музички […]

Концерт „Севда“ во Филхармонија


Оркестарот на Филхармонијата денеска ќе го одржи традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените. Концертот е насловен „Севда“, а како солисти ќе настапат Божо Вреќо, босанскиот „принц на севдахот“ како што го нарекува светската критика и српскиот пијанист Васил Хаџиманов, миленик на македонската публика, уметник кој го спојува џезот со традиција на балканското поднебје, соопштија […]

Традиционален новогодишен гала концерт „Исток“ во Филхармонија


  Оркестарот на Македонската филхармонија вечер од 20 часот ќе го одржи традиционалниот новогодишен гала концерт насловен „Исток“. Диригент е Миријан Кукунаишвили од Грузија, а како солисти ќе настапат сопранистката Милена Арсовска и баритонот Иван Наумовски. Како што информираат од Филхармонија, на програмата се дела кои имаат типично „новогодишен“ концепт, а валцерот како музичка форма ќе биде составен […]

(Фото) Чудо се случи во Филхармонија: Незаборавен концерт на Рамбо Амадеус и ЗЏМ


  Вистинска алхемија – вака звучеа композициите на Рамбо Амадеус, еден од најлуцидните музичари од просторите на екс-Југославија во комбинација со биг бендот на Здружението на џез музичари, под диригентската палка на Џијан Емин вчеравечер во преполната сала на Македонската филхармонија. Комбинацијата на класични џез аранжмани со провокативните нумери и текстови на Антоније Пушиќ, како […]

Концерт по повод 78 години од формирањето на Филхармонијата


  Оркестарот на Филхармонијата вечерва ќе одржи концерт насловен „Азно“, со кој ќе одбележи 78 години од формирањето на институцијата. На роденденскиот концерт како солист ќе настапат Кирил Трусов, еден од најдобрите виолинисти на светската музичка сцена во моментов, и македонската обоистка Гордана Јосифова Неделковска. Диригент на концертот е маестро Борјан Цанев, а на програмата […]

„Омаж на маестро Џамбазов“ со оркестарот на Филхармонија


Оркестарот на Филхармонија вечер, во 20 часот,  ќе го одржи концертот насловен „Омаж на маестро Александар Џамбазов“ во рамки на 45. издание на фестивалот „Денови на македонска музика“. Концертот е посветен на големиот македонски композитор, а диригент е Џијан Емин. Концертот е хуманитарен, а парите од билетите ќе бидат донирани на Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија […]

„Банда“ – концерт на оркестарот на Филхармонија со дела од Гинастера, Пјацола, Гершвин


Оркестарот на Филхармонија вечер ќе го одржи концертот „Банда“, на кој ќе бидат изведени дела од Гинастера, Лобос, Пјацола и Гершвин. Диригент е маестро Емил Табаков од Бугарија, а како солистка ќе настапи македонската флејтистка Илинка Велкова. Концертот е поддржан од Културно-информативниот центар на Република Бугарија во Скопје. Алберто Гинастера (1916-1983) е еден од најзначајните […]

Со концерт „Зорина“ на 6 октомври почнува новата концертна сезона на Филхармонија


  Со концерт насловен „Зорина“, на 6 октомври почнува новата концертна сезона на Филхармонија, на кој како солисти ќе настапат пијанистите Алексеј Володин и Едит Пења. На програмата се три клавирски концерти од Моцарт, а ќе биде изведена и увертирата од операта „Свадбата на Фигаро“. Новата концертна сезона годинава има нов слоган насловен „Дамар на слободата“. […]