УЈП: Во 2025 година во националниот буџет собрани над четири милијарди евра од даноци и социјални придонеси


 Управата за јавни приходи денеска информира дека во 2025 година во националниот буџет се собрани 4 милијарди и 426 милиони евра од даноци и социјални придонеси, што е 308,3 милиони евра повеќе во споредба со 2024 година. Од вкупниот износ, како што посочуваат од УЈП, даночните приходи изнесуваат 2 милијарди и 334 милиони евра, при […]

Стартува пилот фазата за проектот е-фактура


Од денеска стартува пилот фазата за проектот е-фактура со којшто треба да се минимизира ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури. Како што информира неодамна директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Елена Петрова, избран е модел со модерно решение усогласено со меѓународни стандарди и барања, кое за компаниите ќе биде лесно за примена и интеграција […]

УЈП потпиша договор за стабилен и сигурен систем за пресметка и наплата на даноци и придонеси


На 30 декември 2025 година во просториите на Управата за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје, беше потпишан трипартитен договор за развој и надградба на веб-сервиси и информациски системи, со кој се воспоставува клучната дигитална и институционална инфраструктура за целосна примена на Законот за работно ангажирање на лица („Службен весник на РСМ“ бр. 104/25). Договорот […]

УЈП со прекин на електронските услуги денеска по 16 часот


Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека денеска, 30.12.2025 година, со почеток од 16:00 часот, ќе има привремен прекин во функционирањето на електронските услуги кои Управата (УЈП) ги нуди кон даночните обврзници. Се очекува прекинот да трае до доцните попладневни часови, по што услугите повторно ќе бидат достапни. Управата за јавни приходи ги замолува […]

УЈП за протестот во Куманово: Резидентите кои веќе платиле данок во странство нема да бидат двојно оданочени


Во врска со најавениот протест во Куманово за ретроактивно оданочување на приходи остварени во странство, Управата за јавни приходи известува дека постапувајќи согласно Уставот, законите и меѓународните договори што ја обврзуваат Република Северна Македонија, има обврска да обезбеди еднаква примена на законските правила за сите граѓани. Затоа, пред сè, сакаме јасно и недвосмислено да појасниме […]

Кумановци кои работеа во Ирак и Авганистан на протести поради барањата на УЈП за данок во 2020


  Граѓаните кои со години работеа во американски фирми во Ирак и Авганистан денеска мирно протестираа на малиот градски плоштад во Куманово и побараа Управата за јавни приходи (УЈП)  да ги ревидира известувањата за плаќањата за персонален данок на доход за период од 2020 година, наваму. Граѓаните на почетокот на протестот јасно укажаа дека ниту […]

УЈП досега наплатила 1 милион евра данок од 2.500 лица кои имале приходи во странство пред пет години


  Управата за јавни приходи до сега наплатила речиси еден милион евра даноци од лицата кои што остварувале приходи во странство пред пет години, а кои според евиденцијата на УЈП не ги пријавиле во своите даночни пријави. Ова денес на прес-конференција во Владата го посочи директорката на УЈП, Елена Петрова, која рече дека акцијата за […]

УЈП: Организаторите на зелените пазари до 31 декември да поднесат извештај за тековната состојба на корисниците на тезги за наредната година


Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува организаторите на зелените пазари дека до 31 декември имаат обврска до УЈП да поднесат Извештај за корисниците на продажните места на зелените пазари преку системот https://e-ujp.ujp.gov.mk./ureg/login.seam. – Извештајот ПДД-И/ЗП се поднесува посебно за секој одделен зелен пазар. Доколку во текот на годината настане промена на бројот на корисници на […]

Над 9.000 лица на „списокот“ на УЈП за оданочување на приходите од странство од пред пет години


Над 9.000 лица евидентирала до сега Управата за јавни приходи кои во 2020 година оствариле доход во странство кој подлежи на оданочување. Оваа информација е дел од одговорите на прашањата кои „Независен“ ги упати до УЈП, по реакциите на повеќе граѓани кои добија покана да се јават во УЈП за да ги регулираат своите даночни […]

Реакција на УЈП: Да не се создава погрешна перцепција дека „се оданочува сè“


  Управата за јавни приходи реагира на објавениот текст во „Независен“ со наслов „УЈП ги сардиса граѓаните, бара да платат данок за приливи од странство пред пет години“, со цел, како што се вели во реакцијата, да ја информира јавноста точно и целосно. Реакцијата ја пренесуваме интегрално: „Управата за јавни приходи постапува исклучиво согласно Законот […]

Граѓаните бараат спас во банките за девизните приливи по поканите од УЈП


  Граѓаните кои добија од УЈП информација да платат данок за девизен прилив од странство пред пет години, почнаа да „копаат“ по банкарските сметки за да проверат дали износот кој го презентира УЈП соодветствува на нивните реални приходи од тој период. Проблемот е во тоа што записите кои што банките ги имаат на платформите за […]

УЈП ги сардиса граѓаните, бара да платат данок за приливи од странство пред пет години


  Стотици граѓани деновиве ги „окупираа“ шалтерите и канцелариите на Управата за јавни приходи во Скопје и во подружниците низ целата земја, откако на нивна адреса стигнаа решенија за плаќање данок за приливите што ги имале од странство пред пет години, колку што е и законскиот рок пред да застарат побарувањата. Некои обврската ја прифаќаат […]

Е-фактурата ќе се тестира од 1 јануари, ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури ќе се минимизира


Од 1 јануари стартува пилот фазата за проектот е-фактура со којшто ќе се минимизира ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури, најавува директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Елена Петрова.  Петрова денеска во дискусија на панелот „Дигитална трансформација на јавниот сектор“ на третата годишна конференција за дигитализација на АмЧам,  рече дека е избран модел со […]

УЈП: До крајот на ноември изречени над 2.500 глоби за неиздавање фискални сметки, 113 даночни обврзници со забрана за вршење дејност


 Управата за јавни приходи информира дека до крајот на ноември спроведени се околу 4.000 контроли при што евидентирани се неправилности во делот на неиздавање на фискални сметки при што изречени се над 2.500 глоби, а на 113 даночни обврзници им е изречена забрана за вршење дејност.  – Фактот дека секоја четврта контрола завршува со утврдена […]

Агенцијата за катастар на недвижности и УЈП ќе соработуваат


Зајакнување на меѓусебната координација преку навремена, директна и взаемна комуникација, размена на суштински податоци и информации, како и подготовка и реализација на заеднички проекти со цел унапредување на меѓуинституционалната соработка предвидува Меморандум за соработка  што денеска го потпишаа директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, и директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) […]

(Видео) Приведени десетина вработени во УЈП за примање поткуп поврзан со дискотеката „Пулс“


  Десетина вработени во Управата за јавни приходи, приведени се денеска, а во моментот се вршат претреси на локации поврзани со овие лица, информира обвинителот Љупчо Коцевски. „Се водеше предистражна постапка за лица коишто беа вработени во УЈП, а се водеше истрага за лица коишто беа поврзани со кочанскиот предмет“, рече Коцевски во изјава за […]

УЈП ја проширува базата на знаење


Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира даночните обврзници дека на веб-страницата на институцијата е објавен нов дел со проширена база на знаење – прашања и одговори поврзани со даночните обврски. Целта на оваа алатка е да овозможи едноставен и брз пристап до точни информации за примената на даночните прописи, лесно достапни до секој обврзник […]

УЈП направи техничка надградба на нејзините електронски системи


Управата за јавни приходи (УЈП) направи техничка надградба на своите електронски системи со цел нивното користењето да биде уште полесно и поедноставно. Најавата на почетната страница на системот е-ПДД (https://e-pdd.ujp.gov.mk/) сега е пренасочена преку порталот е-Даночни услуги (https://e-ujp.ujp.gov.mk/), со што, како што велат од УЈП, пристапот станува поедноставен и побрз. -Со едноставно кликање на линкот […]

Управата за јавни приходи и Стопанската комора во заедничка мисија за успешна имплементација на системот е-фактура


 Делегација на Управата за јавни приходи, предводена од директорката Елена Петрова, оствари средба со претседателот Бранко Азески и претставници на Стопанската комора на Северна Македонија на која биле презентирани активностите и динамиката за воведување на системот за е-фактурирање, како една од клучните реформи во процесот на дигитализација на даночниот систем. Како што соопштија од УЈП, […]

Уште два работни дена за поднесување и плаќање ДДВ


Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги достават потребните документи до своите сметководители заради навремено поднесување и плаќање на обврските по основ на данокот на додадена вредност (ДДВ) за даночниот период 01.08 – 31.08.2025. Крајниот рок за поднесување и плаќање на ДДВ-04 пријавите е 25 септември 2025 година (четврток). Бидете одговорни […]