УЈП: Илјадници граѓани веќе користат нови електронски услуги


Управата за јавни приходи соопшти дека континуирано ја унапредува соработката со даночните обврзници и инвестира во современи услуги што се брзи, сигурни и достапни без физичко присуство. Во февруари годинава, УЈП ја воведе новата дигитална услуга „е-Уверение за остварен доход“, која им овозможува на граѓаните целосно електронски, бесконтактно и преку сигурна постапка да го добијат […]

УЈП: Од 243 контроли за фискализација, кај 37,4 отсто од субјектите имало неправилности


  Во периодот од 11.08.2025 – 17.08.2025 година, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 243 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, шанкови на плажа, хотели, бутици, колонијали, цвеќарници, месарници и други трговски објекти за продажба на мало. Контролите беа реализирани во повеќе градови низ државата, […]

УЈП: Истече рокот за плаќање на месечните обврски за јули – повик за подмирување на долговите


По истекот на законскиот рок за плаќање на месечните аконтации за данок на добивка и исплатата на јулските плати со придонеси, Управата за јавни приходи утврди значителен број на неплатени обврски. Од 2.129 даночни обврзници не е извршено плаќањето на месечната аконтација за данок на добивка за јули 2025 година, а кај 11.555 обврзници не […]

УЈП: Поднесување ДДВ-04 пријави и плаќање даночен долг до 25 август 2025


Управата за јавни приходи (УЈП) апелира сите даночни обврзници на време да ги поднесат ДДВ-04 пријавите и да го платат даночниот долг за изминатиот даночен период. Крајниот рок за поднесување на пријавите и плаќање на данокот е 25 август 2025 година. До денеска, како што наведуваат, само 11 отсто од вкупниот број даночни обврзници ја […]

УЈП спроведе 383 контроли за фискализација – 27 отсто од контролираните субјекти со утврдени неправилности 


Во периодот од 04.08 до 10.08 2025 година, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 383 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, шанкови на плажа, хотели, бутици, колонијали, цвеќарници, месарница, паркинзи и други трговски објекти за продажба на мало. Контролите беа реализирани низ државата во повеќе […]

УЈП со засилени активности за подобрување на даночната усогласеност во градежниот сектор


Управата за јавни приходи (УЈП) денеска соопшти дека во рамки на „Планот за подобрување на усогласеноста во градежниот сектор“ усвоен во јануари 2025 година, започнала со спроведување на засилени активности насочени кон даночните обврзници од градежниот сектор. -Според направените анализи, овој сектор е идентификуван како високоризичен од аспект на даночна дисциплина, особено во контекст на […]

УЈП од електронски аукции во државниот буџет инкасирала 314.230 евра


Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека за период 01.01 до 31.07.2025 година, преку спроведување електронски аукции на движни и недвижни предмети, успешно се наплатија даночни долгови од физички и правни лица. По тој основ, во државниот буџет се инкасирани вкупно 19 419 411 денари (приближно 314 230 евра). Преку е-аукција за период 01.01.2025 година, […]

Контрола на УЈП за фискализацијата, неправилности кај 30 отсто од субјектите, четири затворени


Четири правни субјекти се затворени од кои три во Охрид и еден во Струга поради неиздавање на фискални сметки. Контролата на Управата за јавни приходи, спроведена од 28 јули до 3 август во повеќе градови меѓу кои и туристичките места, покажала дека кај 30 отсто од контролираните објекти утврдени се нерегуларности согласно Законот за регистрирање […]

УЈП минатиот месец наплатила за 37,4 милиони евра повеќе од лани по основ на даноци и социјални придонеси


Управата за јавни приходи соопшти дека во јули е остварен значителен раст на наплатата по основ на даноци и социјални придонеси за речиси 37,4 милиони евра во споредба со истиот период лани.  -Вкупната наплата од даноци (данок на додадена вредност (ДДВ), данок на личен доход (ДЛД) и данок на добивка ДД) изнесува 14.344 милиони денари, […]

УЈП: Една третина од контролираните за фискализација со неправилности – изречени се казни и привремено затворање за пет субјекти


Во периодот од 21 до 27 јули 2025 година, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 154 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, слаткарници, колонијали, продавници за облека и накит, месарници, цвеќарници, рибници туристички агенции, хотел и други трговски објекти за продажба на мало. Контролите беа […]

УЈП повикува да се исполнат ДДВ обврските – загрижувачка состојба по истекот на рокот на 25 јули 2025


Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека заклучно со 25 јули 2025 година евидентирана е загрижувачка состојба во однос на исполнувањето на обврските поврзани со данокот на додадена вредност (ДДВ). Според последните податоци: • Не се поднесени ДДВ-пријави од 142 месечни и 2.134 тримесечни обврзници. • Пријавен, но неплатен ДДВ-долг е евидентиран кај 1.326 […]

УЈП: Поднесени 40 отсто од ДДВ-04 пријавите, рокот истекува на 25 јули


   Даночните обврзници да ги достават потребните документи до своите сметководители и навреме да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за тековниот даночен период. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите е петок (25 јули), соопштија денеска од Управата за јавни приходи. -Досега, од очекуваните 41.171 ДДВ-04 пријави, поднесени се вкупно 16.015, што е близу 40 отсто […]

УЈП: Технички проблеми со апликацијата „МојДДВ“, се работи на отстранување на проблемот


Управата за јавни приходи соопшти дека мобилната апликација „МојДДВ“ во моментов работи со прекини и оти тимот на УЈП интензивно работи на отстранување на проблемот, со цел апликацијата да биде целосно функционална. -Ги информираме корисниците дека, согласно член 6 од Законот за враќање на дел од износот на ДДВ на физичките лица, фискалните сметки можат […]

Од идната година компаниите ќе се простат со хартиените фактури – УЈП започнува трансформација со е-Фактура


Управата за јавни приходи (УЈП) ја претстави националната платформа за електронско фактурирање – е-Фактура, која најавува суштинска трансформација на даночниот систем во нашата земја. Преку овој систем, секоја безготовинска трансакција ќе биде евидентирана и контролирана во реално време, со цел зголемување на транспарентноста, дисциплината и довербата во фискалниот систем. Процесот на имплементација е организиран етапно […]

УЈП избрана во Извршниот одбор на IOTA, признание за експертизата на институцијата на европско ниво


Управата за јавни приходи на 29. Годишно собрание на Интра-европската организација на даночни администрации (IOTA), што се одржа во Баку доби место во Извршниот совет на оваа престижна меѓународна организација. – Ова признание претставува значаен успех за Управата и потврда за долгорочната, професионална и посветена вклученост во иницијативите на IOTA, каде што УЈП е активен […]

УЈП и турските даночни власти потпишаа Меморандуми за разбирање


Во периодот од 2-3 јуни 2025 година, делегација од Управата за јавни приходи, предводена од директорката Елена Петрова, оствари работна посета во Република Турција со цел продлабочување на соработката меѓу двете земји во областа на оданочувањето и надворешната контрола. За време на посетата беа одржани средби со претставници на Турската даночна администрација (Turkish Tax Administration […]

Утре истекува рокот за проверка и потврда на годишната даночна пријава за 2024 година


Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници дека крајниот рок за проверка и потврда на годишната даночна пријава за 2024 година истекува утре 31 мај 2025 година.  Со оглед на тоа што редовниот рок за потврдување или корекција на ГДП пријавата е во неработен ден, краен рок за потврда или корекција на остварените приходи […]

УЈП почна постапка на обнова на јавниот клуч


Управата за јавни приходи започна постапка на обнова на јавниот клуч, кој се користи во постапката на декриптирање на МПИН пресметките поднесени преку клиентскиот софтвер при нивната обработка.  Најавува дека ќе има одреден краток прекин во обработката на МПИН пресметките кои се изготвени преку клиентскиот софтвер, кој ќе трае до завршување на процесот на обнова […]

УЈП: Фискалните каси да имаат точни адресни податоци, локација и редовно да се одржуваат во овластени сервиси


Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници кои вршат промет на добра и услуги со готовински плаќања дека се должни  за секое работно место каде што се врши прометот да воведат и користат фискален систем на опрема, задолжително да издаваат фискална сметка за секој извршен промет и редовно да ги одржуваат и сервисираат фискалните […]

УЈП: Проверете ја вашата годишна даночна пријава за 2024 година


Управата за јавни приходи информира дека во законскиот рок заврши со генерирање на Годишните даночни пријави (ДЛД-ГДП) за 2024 година. Изгенерирани се 841.671 даночна пријава за 2024 година, што претставува раст од 6 отсто, односно 47.947 повеќе генерирани даночни пријави за минатата година споредено со 2023 година, кога беа генерирани 793.724 пријави. „Ги повикуваме граѓаните […]