УЈП: Истече рокот за даноците за 2025 – платете веднаш и избегнете повисок долг и блокади


Управата за јавни приходи потсетува дека на 16 април истекоа законските рокови за плаќање на разликите по годишните даночни биланси за 2025 година и ги повикува обврзниците кои сеуште не извршиле уплата, тоа да го сторат без одлагање. Навременото плаќање на даноците е клучно за стабилни јавни финансии и непречено функционирање на јавните услуги, додека […]

Германија ги ослободила од плаќањето данок, но од УЈП нема бегање


  Македонски студенти кои во текот на минатата година оствариле приход од работа во Германија (преку т.н. можност „ворк енд травел“, односно комбинација на работа и патување), денеска протестираа пред Управата за јавни приходи поради тоа што за парите што ги заработиле во странската држава, ќе треба да платат данок во нашата земја. На протестот […]

УЈП донесе план за подобрување на усогласеноста – неформална економија 2026-2027


Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека донела План за подобрување на усогласеноста – Неформална економија 2026 – 2027, како стратешки документ кој произлегува од современиот концепт на управување со ризиците на усогласеност. Како што информира УЈП, овој концепт претставува модерна филозофија на работењето на даночните администрации, која вклучува препознавање на ризиците за неусогласеност и нивно […]

Обвинение против десет лица, меѓу кои двајца службеници во УЈП за злосторничко здружување и предизвикување буџетска штета од над 6,5 милиони евра


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – ОЈО ГОКК до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против десет лица, меѓу кои еден српски државјанин и двајца службеници од регионална дирекција на УЈП – Скопје и Обвинителен предлог против уште 11 физички и четири правни лица, обвинети за „злосторничко здружување“, „даночно […]

УЈП: Од понеделник обуки за студентите поврзани со работата во странство преку програмата „Work and Travel“


Нашата цел е заеднички да градиме здраво општество преку исполнување на даночните обврски и истовремено нашето општество да има исполнителни млади луѓе кои даваат сопствен придонес во заедничките цели. Ова е заклучокот од денешната средба на директорката на УЈП Елена Петрова со претседателката на Универзитетското собрание на студенти при УКИМ (УСС – УКИМ), Ангела Василевска […]

УЈП: Примена на намалена стапка на ДДВ за горива од 18 на 10 отсто – задолжително усогласување на фискалните системи


Согласно Одлуката на Владата за определување на видот на добрата и временскиот период на примена на повластена даночна стапка донесена на вонредна владина седница одржана вчера во периодот од 24 март (00:01 часот) до 6 април (24:00 часот) 2026 година ќе се применува повластена даночна стапка на прометот на енергенсите (горивата) од 10 отсто, соопшти […]

Мисијата на ММФ во УЈП: Даночната дисциплина и реформите се основа за одржлив раст на приходите


 Растот на даночните приходи во 2025 година и позитивниот тренд во 2026 година не се случајност, туку резултат на системски мерки, истакна раководството на Управата за јавни приходи (УЈП) на средбата со делегацијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводена од Ник Гигинеишвили, во рамки на мисијата за членот 4. Како што информира УЈП, состанокот помина […]

УЈП дел од европската дебата за иднината на оданочувањето


Претставниците на Управата за јавни приходи активно учествуваа во европските дебати за современите даночни системи, стекнувајќи искуства и градејќи партнерства за иднината на оданочувањето. Во изминатите два дена, директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, заедно со помошник директорката Тања Анчевска, учествуваа на Даночниот симпозиум на Европската унија, насловен „Иднината на оданочувањето: нееднаквост и […]

УЈП: Даночната дисциплина и фер конкуренцијата одат заедно


Даночната дисциплина и фер конкуренцијата се неразделни во градењето здрава и одржлива економија. На средба организирана од Управата за јавни приходи преку Советот за даночна усогласеност на тема „Усогласеноста и фер конкуренцијата одат заедно“, државните институции и бизнис заедницата разговараа за конкретни мерки и партнерски пристап во намалувањето на сивата економија. Средбата претставуваше платформа за […]

Заврши процесот на регистрација и доброволна дерегистрација на ДДВ-обврзниците


Управата за јавни приходи ги заврши регистрацијата и доброволна дерегистрацијата на даночните обврзници за данокот на додадена вредност (ДДВ). Од УЈП денеска информираа дека врз основа на поднесените барања во текот на јануари извршена е регистрација на 1.199 даночни обврзници за што се донесени исто толку решенија за задолжителна и доброволна регистрација за ДДВ. Во […]

Почна исплатата на „МојДДВ“: Проверете ги сметките!


Управата за jавни pриходи – УЈП ја информира јавноста дека започна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025 година. За К4 – 2025 година ќе бидат исплатени вкупно 924,5 милиони денари кон 526.123 корисници на апликацијата МојДДВ. До денес, реализирани се 184,5 милиони денари, кон 104.000 корисници на апликацијата МојДДВ. […]

Петрова: Нема ретроактивно оданочување, ќе им се излезе во пресрет на граѓаните од странство


Оданочувањето на доходите на граѓаните кои работеле во странство е законска обврска пропишана во Законот за данок на личен доход и не се работи за ретроактивно оданочување, истакна директорката на УЈП, Елена Петрова, по денешната средба во Сојузот на стопански комори на Македонија. Таа појасни дека обврската важела уште во 2020 година, но многумина денес […]

УЈП со технички проблеми: Пријавите за ДДВ-4 се поднесуваат последниот ден, па системот паѓа


Во врска со реакциите дека заради технички проблеми во функционирањето на системите на Управата за јавни приходи, даночните обврзници биле оневозможени да поднесат ДДВ-04 пријава за последниот даночен период, ве известуваме дека Управата за јавни приходи тековно превзема активности во рамки на своите надлежности, со цел даночните обврзници непречено да ги исполнат законските обврски.  Во […]

ДУИ загрижена за даночните политики на Владата, вели дека се неправедни и репресивни


 Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост поради неправедните и репресивни даночни политики на актуелната влада, кои директно ги погодуваат граѓаните, особено оние кои работеле надвор од државата во тешки и ризични услови, се вели во соопштението од ДУИ.  Во соопштението до медиумите се вели дека протестите пред Управата за јавни приходи се јасен доказ […]

Димитриевски ќе посредува за средби на печалбарите со претставници на УЈП


Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на барање на иницијативниот одбор на граѓаните кои протестираат пред УЈП Куманово за двојно оданочување договорил средба со надлежните од Управата, соопшти Димитриевски на денешната седница на Советот. Претходно, групата кумановци кои протестираа ќе треба да поднесат официјален допис за средба со директорката на институцијата. Прашањето за оданочувањето на приходи […]

УЈП соработува со надлежните за истрагата, бара почитување на презумпцијата на невиност


Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека континуирано соработува со надлежните институции во сите случаи каде што постои сомневање за незаконито постапување во даночната област. Стручните констатации и наодите добиени од спроведените контроли претставуваат основа за постапување на другите надлежни органи. Во врска со актуелниот случај кој се однесува на 11 вработени, УЈП е […]

Дваесет лица под истрага за даночно затајување и измама од 4,8 милиони евра


Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражителите од Истражниот центар при Обвинителството, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, извршија претреси на 16 локации низ државата. Акцијата, како што информираат од Обвинителството, се одвивала вчера до доцните вечерни часови, при што биле пронајдени и […]

УЈП: До 15 јануари регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници


Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува сите правни и физички лица кои заклучно со декември 2025 година оствариле вкупен промет повисок од 2.000.000 денари од вршење на оданочив промет на добра и услуги, дека имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01). Доколку како физичко лице […]

УЈП не попушта за оданочувањето на приходите од странство


  Директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, вели дека на граѓаните кои платиле данок на доход во странство, а на кои сега им е дојдено даночно решение и од УЈП, имаат сѐ уште време да ги приложат доказите до канцелариите на УЈП. Петрова тврди дека не може да се изврши двојно оданочување, а […]