ЗОИ: Абраменко го освои првиот медал за Украина, доби честитки од рускиот ривал


Украинската репрезентација го освои првиот медал на Зимските олимписки игри во Пекинг. На денешните натпревари во скијање слободен стил, Александар Абраменко освои сребро во акробации и им ја донесе на Украинците првата награда на Игрите. Абраменко едена од првите честитки ги доби од Русинот Илја Буров кој стигна до бронзениот медал. Претходно, раководството на Министерството […]

И Македонија сака да види вистинска деескалација од Русија


  БРИСЕЛ – Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, која учествува на министерскиот состанок за одбрана на НАТО во Брисел денеска, вели дека Македонија го дели ставот дека Русија треба да покаже вистинско придвижување кон деескалација. Русија вчера најави повлекување на дел од своите трупи околу Украина, за што сведочат и снимки, меѓутоа за земјите членки […]

Раст на индексите на Волстрит, најмногу поради намалените тензии околу Украина


Нагло се зголемија цените на акциите на Волстрит во текот на вчерашниот ден, најмногу во технолошкиот сектор, што се должи на намалените тензии околу Украина, со оглед на тоа што Русија повлече дел од војската од украинската граница. Dow Jones порасна за 422 поени или 1.22 отсто, на 34.988 поени, додека S&P 500 „скокна“ за […]

Руски дипломат: Денеска нема да ја нападнеме Украина


Германија – Рускиот амбасадор во ЕУ, Владимир Чижов, ги отфрли американските предупредувања за можен руски напад врз Украина денеска. – Што се однесува до Русија, можам да ве уверам дека денеска нема да има напад. Нема да има ескалација ниту наредната недела, ниту во неделата потоа, ниту во наредниот месец, рече Чижов во текст објавен во денешното издание […]

Извршени кибер напади врз веб-страниците на украинското Министерство за одбрана, на армијата и две банки


Украинскиот центар за кибер безбедност соопшти дека веб-страниците на украинското Министерство за одбрана, на украинската армија и на банките „Приватбанк“ и „Ошадбанк“ биле мета на кибер напад. Украинскиот центар за кибер безбедност соопшти дека Русија е најверојатно виновна за нападот. Претходно не беше соопштено за извршен хакерски напад врз сајтот на армијата. Двете банки се […]

Светска банка ги пресели своите службеници од Украина


Светската банка соопшти дека внимателно ја следи ситуацијата и дека нејзините операции продолжуваат во Украина. Светска банка привремено ги пресели своите службеници од Украина и ја прекина работата на своите мисии во оваа земја поради тензиите на границата меѓу Русија и Украина, се наведува во интерен документ до кој имал пристап Ројтерс, пишува Срна. Светска […]

По спроведените воени вежби, првите руски трупи се повлекоа од границата со Украина


Русија почна да ги повлекува војниците распоредени на југот и западот на земјата, во близина на границата со Украина, назад во нивните постојани бази, соопшти Министерството за одбрана, без да даде точен број на повлечените сили, јави ДПА. – Додека мерките за борбена обука се при крај, војниците, како и секогаш, ќе спроведат комбинирани маршеви […]

Кризата во Украина ги прави САД господар на пазарот на гас


САД– Американскиот извоз на течен природен гас во Европа се зголеми поради ескалацијата на кризата во Украина, објави Волстрит џурнал. Според авторот на написот Даниел Јергин, растот на производството на нафта и гас во САД се претворил во геополитички и економски актив за земјата, што може да ги измести руските конкуренти од европскиот пазар. – Додека индустријата за нафта […]

Руски дипломат: Нема да ја нападнеме Украина доколку не бидеме испровоцирани


Постојаниот претставник на Русија во Европската унија, Владимир Чижов изјави дека Руската Федерација нема да преземе мерки во однос на Украина доколку, како што наведе, „не биде испровоцирано да го стори тоа“. – Нема да извршиме инвазија врз Украина доколку не бидеме испровоцирани. Ако Украинците ја нападнат Русија, немојте да се чудите ако возвратиме, изјави Чижов во интервју за […]

Берзите реагираат на предупредувањата за можна руска инвазија на Украина 


САД– Акциите на светските берзи продолжуваат со пад и денеска по постојаните предупредувања за можна руска инвазија на Украина, што според официјални извори може наводно да се случи неделава.  Загриженоста од голем конфликт во Европа предизвика и зголемување на цената на нафтата на рекордно ниво во последните седум години. Тоа го потиснаа еврото, и ги натера инвеститорите да се вратат […]

Русија испраќа уште 14 баталјони на граница, но вратата за дипломатијата не е затворена


  Русија испраќа уште илјадници војници на границата со Украина како знак дека Владимир Путин би можел да ја продолжи кризата со недели, а британскиот премиер Борис Џонсон предупреди дека ситуацијата станала „многу, многу опасна“. Британските власти проценуваат дека уште 14 руски баталјони се упатуваат кон Украина, од кои секој брои околу 800 војници, покрај […]

Осигурителните компании го прекинуваат осигурувањето за летови во воздушниот простор над Украина


Украинските меѓународни авиокомпании (UIA), најголемиот авиопревозник во државата, објави официјално известување од осигурителните компании дека го прекинуваат осигурувањето за летови во украинскиот воздушен простор поради ескалацијата на тензиите со Русија. – Во врска со надворешнополитичката ситуација, УИА добија официјално известување од осигурителните компании да го прекинат осигурувањето на авионите за летови во воздушниот простор над […]

Се вмешува и Израел – ќе ги извлекува Евреите од Украина доколку дојде до инвазија


  Израел има таен план да ги спасува Евреите и нивните роднини во случај на руска инвазија на Украина, изјавија во неделата високи владини претставници. Планираната операција вклучува нивно спасување, нивно носење во Израел и привремено сместување, пишува „Ерусалим пост“. Деталите за операцијата се нејасни, планот е таен. Во Укра, но сите релевантни владини министерства […]

Западните лидери уште се прашуваат: А што би направил Кисинџер?


(Колумна за Дојче веле) Големи лидери, мали лидери. Голема криза, уште поголема криза. Војната во Украина еден ден изгледа неизбежна, другиот ден помалку возможна. Во Москва како на филмска лента се менуваат западните гости кои бараат од руските власти да го намалат трупањето на војниците на границите со Украина и да почне деескалација. И дека […]

Украина побара итен безбедносен состанок со Русите


  Украина повика на состанок со Русија и другите членови на клучната безбедносна европска група поради ескалација на тензиите на нејзината граница, пишува Би-би-си. Министерот за надворешени работи на Украина, Дмитро Кулеба рече дека Русија ги игнорирала официјалните барања за објаснување зошто трупа воени сили на границата со украина во последниот период. Рече дека тоа […]

Македонските дипломати засега остануваат во Киев, нивните семејства се враќаат во Скопје


Македонската амбасада во Украина засега продолжува да работи и дипломатите остануваат во Киев, но нивните семејства неделава ќе се вратат во Скопје. Во Украина остануваат и околу 30 набљудувачи од Северна Македонија во рамки на Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ. Во Украина во моментов престојуваат околу сто македонски државјани, а МНР разработи план со активности […]

Српското МНР им препорача на своите граѓани да ја разгледаат можноста за привремено напуштање на Украина


Срспкото Министерство за надворешни работи им препорача на граѓаните на Република Србија кои моментално престојуваат во Украина да ја разгледаат можноста за привремено напуштање на територијата на таа земја, јави дописникот на МИА од Белград. Како што се наведува во соопштението, МНР им препорачува на граѓаните на Република Србија кои планираат да патуваат во Украина […]

Зеленски повикува да се смират заплашувањата од руска инвазија


  Украинскиот претседател повика на смиреност и покрај засилените предупредувања за можна руска инвазија за неколку дена, велејќи дека допрва треба да види убедливи докази за тоа, иако САД во неделата објавија дека Москва позиционирала поголем дел од своите војници поблиску до границите на Украина, а некои авиокомпании ги откажаа летовите до главниот град на […]

Во Украина има стотина македонски државјани, Османи апелира да се вратат дома


Околу сто македонски државјани има во Украина во моментов, а Министерството за надворешни работи има неколку планови за различни активности и за различни сценарија кои би можело да се одвиваат во наредниот период во таа земја, рече министерот Бујар Османи денеска на брифинг за актуелните случувања. Има четири категории наши државјани во Украина – во […]

САД ги повлекуваат речиси сите американски војници од Украина


 Американските власти наредија повлекување на 160 војници од Украина, кои беа задолжени за обука на украинските сили, изјави денеска портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, додавајќи дека војниците ќе бидат прераспоредени некаде во Европа. Војниците кои ќе бидат повлечени се дел од Националната гарда Флорида, а одлуката е донесена како мерка на претпазливост, имајќи ја предвид […]