Си-Ен-Ен: САД имаат нови докази за претстојниот руски напад врз Украина


САД располагаат со разузнавачки информации кои укажуваат дека на руските воени команданти им е наредено да извршат напад врз Украина, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на две официјални лица и трет извор со информации од американското разузнавање. Разузнавањето за наредбите на Кремљ до руските тактички команданти и оперативци е еден од показателите што САД ги следат […]

Вонреден состанок на ОБСЕ поради Украина


Полска свикува вонреден состанок на Постојаниот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) поради честите гранатирања во Донбас, објави постојаниот претставник на Полска во ОБСЕ, Адам Халачински. „На барање на претставништвото на Украина во ОБСЕ, ќе свикам вонреден состанок на Постојаниот совет на ОБСЕ“, напиша Халачински на Твитер. Тој ги покани специјалниот […]

Генчовска: Бугарија нема да ја премести својата амбасада од Киев


 Министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска за бТВ изјави дека нејзината земја во оваа фаза нема да ја премести амбасадата од Киев. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Генчовска, на веб-страницата на Министерството се пријавиле 83 бугарски државјани во Украина, а шест од нив изразиле желба да бидат евакуирани надвор […]

Елисејска палата: Макрон и Путин за дипломатско решение


Францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот руски колега Владимир Путин денеска се договорија да дозволат во наредните часови да се одржи состанок на работната група со цел да се постигне примирје во Украина, соопшти Елисејската палата. Путин и Макрон во телефонскиот разговор силно се обврзаа да ги преземат сите корисни активности за, како што наведува […]

Хрватска им препорача на своите граѓани да го напуштат источниот дел на Украина


 Хрватска им препорача на своите државјани во источна Украина да ја напуштат областа, изјави денеска министерот за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман. Тој истакна дека одлуката е донесена во интензивна комуникација со хрватската амбасадорка во Украина и следејќи ги искуствата на другите земји, пренесува агенцијата Хина. – Ситуацијата е загрижувачка, но тоа не […]

Украинскиот претседател Зеленски повика на итен прекин на огнот


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски повика денеска на итен прекин на огнот во источниот дел на земјата, каде во изминатите денови се интензивираа судирите меѓу проруските и украинските сили. Тој, исто така, нагласи дека Украина ги поддржува мировните преговори во рамки на Трилатералната контакт група (ТЦГ), каде Украина учествува заедно со Русија и Организацијата за […]

Полска свикува вонредна седница на Постојаниот совет на ОБСЕ поради Украина


Полска, која моментно претседава со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), денеска најави дека ќе свика вонредна седница на Постојаниот совет на таа организација поради ситуацијата во Украина. Украина побарала седницата да се одржи утре, се наведува во писмото што на Твитер го објави постојаниот претставник на Полска во ОБСЕ, Адам Халачинские. Западните […]

(Видео) Мистериозни ознаки на руските тенкови кај Украина


На руските тенкови на границата со Украина со бела боја испишана е буквата „З“ (Z), забележаа аналитичарите, што доведе до погаѓање што значи тоа и што симболизира. Снимките од пограничните региони прикажуваат мноштво оклопни возила со ознака “Z”, вклучително и конвојот во Шенекин, само осум километри од украинската граница, пренесе Телеграф. „Се чини дека руските […]

Бајден свика Совет за безбедност поради Украина


САД – Американскиот претседател Џо Бајден за денеска свика состанок на Советот за национална безбедност на Белата куќа поради ситуацијата во Украина, стои во соопштение за печат објавено од портпаролката на Белата куќа Џен Псаки. – Утре претседателот ќе свика состанок на Советот за национална безбедност за ситуацијата во Украина, информира таа. – Претседателот Бајден […]

Столтенберг: Сè укажува дека Русија планира целосен напад на Украина


Германија– Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг синоќа во Минхен изјави дека сè укажува дека „Русија планира целосен напад“ на Украина, пренесе Бета. – Сите се согласуваме дека ризикот од напад е многу голем“, изјави Столтенберг за германската телевизија АРД во Минхен, каде што учествува на Минхенската безбедносна конференција. Неименуван претставник на Алијансата претходно изјавил дека НАТО […]

Уште еден апел на МНР за напуштање на Украина


Поради сериозно влошената безбедносна ситуација во и околу Украина, МНР упати посебен апел до нашите државјни кои сѐ уште се наоѓаат во Украина, итно да ја напуштат земјата поради можност од воена ескалација. -Соодветно, ги повикуваме сите државјани на Северна Македонија кои во претстојниот период планирале посета на Украина, да избегнуваат патувања во земјата. Министерството […]

Убиен еден украински војник, тврди армијата


Еден украински војник е убиен во судири со сепаратистичките сили, поддржани од Москва, во источниот дел на Украина, соопшти армијата, во момент кога е се поголема загриженоста дека Русија се подготвува за инвазија. – Како резултат на ракетен напад, еден украински војник доби смртоносна рана од шрапнел, соопшти заедничката воена команда за источна Украина, објавија […]

ОБСЕ регистрира „спектакуларно зголемување“ на прекршувањата на примирјето во Украина


Набљудувачите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) денеска соопштија дека забележале „спектакуларно зголемување“ на прекршувањата на примирјето во источна Украина, каде што проруските сепаратисти и украинските сили се во конфликт од 2014 година. Забележан е огромен пораст на вооружените дејствија долж линијата на фронтот, се вели во соопштението на ОБСЕ, додавајќи дека […]

Украина: Дванаесет прекршувања на прекинот на огнот во источниот дел на земјата


Украинската армија соопшти дека во раните утрински часови забележала 12 прекршувања на примирјето од страна на проруските сили во источна Украина, вкупно 66 пати во изминатите 24 часа. Во соопштението на украинската армија, објавено на официјалниот Фејсбук профил, се наведува дека „сепаратистите отвориле оган врз повеќе од 20 населени места, користејќи тешка артилерија, која е […]

Општа мобилизација во Луганск и Доњецк


Лидерот на самопрогласената „Луганска Народна Република“ (ЛНР) Леонид Пашечник денеска потпиша указ за општа мобилизација, јавуваат руските медиуми. – Донесов одлука да објавам општа мобилизација на територијата на Луганска Народна Република, се наведува во указот на Пашечник. Претходно, општа мобилизација прогласи и лидерот на самопрогласената „Доњецка Народна Република“ (ДНР), Денис Пушилин. Пашечник и Пушилин вчера […]

Русија соопшти за ново повлекување на своите сили околу Украина


Русија денеска соопшти дека почнала да повлекува уште тенкови и други оклопни возила од областите во близина на границата со Украина, по спроведувањето воени вежби кои предизвикаа загриженост кај Западот, пренесе Бгнес. – Нов воен воз кој превезува персонал и воена опрема на тенковските армиски единици на Западниот воен округ се врати во постојаните бази во Нижни […]

Почнаа провокациите на фронтот во Украина – гранатирана градинка, нема повредени


  МОСКВА/КИЕВ – Бунтовниците поддржани од Русија и украинските сили во четвртокот разменија обвинувања за истрелување гранати преку линијата за прекин на огнот во источна Украина, а Киев рече дека инцидентите изгледаат како „провокација“ во време кога Русија има трупи насобрани на границата. Москва ги негира обвиненијата на Западот дека планира да изврши инвазија на […]

Европскиот парламент одобри 1,2 милијарди евра помош за Украина


Европскиот парламент одобри итна програма за макрофинансиска помош од 1,2 милијарди евра за Украина. На пленарната седница одржана вчера во Стразбур, за средствата гласаа 598 од вкупно 694 европратеници, јави Бгнес. Програмата ќе стапи во сила по нејзиното одобрување од Советот на ЕУ. Помошта е наменета за одржување на економската и финансиската стабилност на Украина […]

Алина Паш: Украинката нема да пее на Евросонг по обвинувањата дека нелегално го посетила Крим


Украина– Алина Паш пред неколку дена победи на украинскиот избор Видбир 2022. Требаше да ја претставува Украина на Евровизија со песната „Tini Zabutykh Predkiv“, но не повеќе. Во соопштение објавено на Инстаграм, таа го најави своето повлекување од Евросонг и јасно стави до знаење дека актуелната сага за нејзината посета на Крим во 2015 година […]

Русија објави снимка од повлекување на војници и опрема


Русија – Руското Министерство за одбрана денеска објави видео на кое се гледа како војници и воена опрема на тенковската армија на Западниот воен округ се враќаат во своите бази по завршените воени вежби. Руското Министерство соопшти дека тенковите и оклопните возила ќе поминат околу 1.000 километри со железница. Западните земји вчера предупредија за зголеменото руско воено присуство на границите на Украина, што, како што тврдат, […]