Макрон и Путин разговараа речиси два часа за украинската криза


 Претседателот на Франција, Емануел Макрон, како што соопшти Елисејската палата, денеска телефонски разговараше еден час и 40 минути со неговиот руски колега Владимир Путин за намалување на растечката тензија во руско-украинската криза, јави дописникот на МИА. Макрон го предупреди Путин дека „искрениот дијалог не е компатибилен со воената ескалација“ на украинската граница. Макрон и Путин, […]

Лавров: САД шират пропаганда за наводна руска инвазија


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во денешниот телефонски разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен истакна дека Вашингтон води „пропагандна кампања“ за евентуална руска агресија, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи. – Пропагандната кампања иницирана од САД и нивните сојузници за „руска агресија“ врз Украина има за цел да провоцира, да ги […]

Германската Влада ги повика своите граѓани да ја напуштат Украина


Германија –  Германија е последната земја  која ги повика своите граѓани во Украина да ја напуштат, бидејќи се зголемуваат стравувањата од можна руска инвазија во наредните денови, јави ДПА. „Доколку моментално сте во Украина, проверете дали вашето присуство е строго задолжително. Доколку не е, заминете за кратко време“, препорача Министерството за надворешни работи во Берлин. САД […]

„Независен“ во Украина: Почна одбројувањето, сите се подготвуваат за евакуација или за војна


  (Од нашиот известувач)  КИЕВ – Состојбата околу Украина од вчера почнува драматично да ескалира, со најава утрово дека е прашање на часови кога САД ќе го повикаат својот дипломатски персонал во амбасадата да ја напушти земјата. Најавите за можна руска инвазија „во кој било ден“ сега стигнаа до „кое било време“. Неколку земји, меѓу […]

Кличко: Одобрен е планот за евакуација на украинската престолнина


Украина – Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, денеска изјави дека властите на украинската престолнина го одобрија планот за евакуација во случај на руска инвазија, соопшти прес-службата на градоначалникот. -Градските служби веќе работат на спречување на вонредна ситуација од воена природа. Нашите напори се насочени кон спречување или надминување на можни провокации и на спротивставување на воен […]

И Австралија и Нов Зеланд побараа од своите граѓани да ја напуштат Украина


 Австралија и Нов Зеланд денеска им се придружија на неколкуте западни земји кои ги предупредија своите граѓани веднаш да си заминат од  Украина, бидејќи се зголемени стравувањата од руска инвазија, јави ДПА. Потегот следи по апелите што до своите државјани ги упатија САД, Велика Британија, Летонија и Естонија, како и Данска и Холандија, за што […]

Руските дипломати ја напуштаат Украина


Украина – Вработените во руската дипломатска мисија почнаа да ја напуштаат Украина, пренесуваат руските медиуми, повикувајќи се на неименуван, добро информиран, извор од Киев. Според изјави на украински граѓани, руските дипломати и конзуларни службеници во Украина почнале да заминуваат за Русија, а за тоа сведочеле тешкотиите што настанувале при закажување термини во конзулатите и амбасадата. Според […]

САД испраќаат уште 3.000 војници во Полска поради страв од руска инвазија


САД соопштија дека испраќаат уште 3.000 војници во Полска за да ги обезбедат сојузниците во НАТО поради зголемените стравувања од руска инвазија на Украина. Тие 3.000 војници, стационирани во Форт Брег во Северна Каролина, веќе беа во подготвеност кон крајот на јануари на барање на американскиот претседател Џо Бајден. Тие сега ќе ја напуштат базата […]

Од Белата куќа предупредија на непосредна опасност од руска инвазија на Украина


Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, изјави денеска дека руска воена инвазија може да започне во секое време и ги повика Американците да ја напуштат Украина веднаш. -Не говориме дека има донесено одлука. Но набљудуваме како руските сили пристигаат на границата со Украина, изјави Саливан на брифинг во Белата куќа денеска, откако претседателот Џо […]

Украина побара од Русија во следните 48 часа да ги објасни своите воени активности


Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба денеска изјави дека неговата земја побара од Русија во рок од 48 часа да ги објасни своите воени активности во областите во близина на границата со Украина. Кулеба на Твитер напиша дека Киев официјално почнал механизам за намалување на ризикот во согласност со параграфот III од Виенскиот документ и […]

Германски министер: Дозволата за Северен тек 2 зависи од украинската криза


Украинската криза ќе има улога во процесот на одобрување на гасоводот Северен тек 2, изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек. Хабек, кој е член на германската партија на Зелените, пред новинарите во Варшава изјави дека процесот на одобрување ќе биде строго во согласност со европското право, но оти „од друга страна, геополитичката проценка секогаш […]

„Независен“ на борбената линија: Само седумсто метри ги делат Украина и Русија од војна  


   ЗОЛОТЕ, Источна Украина – Колку сме поблиску до линијата на фронтот, толку е појасна цената на руската воена агресија што ја плаќа Украина, со најавата дека може да биде уште повисока и уште пострашна. Таа е економска, а пред сѐ човечка и еден само поглед на територијата што се граничи со окупираната територија ја […]

„Независен“ во Источна Украина: Напрегнат мир и живот во страв


  КРАМАТОРСК, Источна Украина – Павло Кириленко има 35 години, а одговорен е за двете најтешки функции, гувернер на цивилната и воената регионална администрација на Донецк. Негова задача е да ги задржи луѓето и да го врати моралот во безбедносно најзагрозената област во Украина. Буквално живее и работи на првата линија на фронтот и на […]

Лавров ѝ рекол на Лиз Трас дека „Русија нема планови за инвазија на Украина“


  Британскиот министер за надворешни работи рече дека добила гаранции од нејзиниот руски колега дека Москва „нема планови да ја нападне Украина“. Лиз Трус се состана на разговори со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во четвртокот во Москва, како дел од дипломатската кампања на Западот да ја убеди Русија да не започнува напад […]

Пентагон: Русија продолжува да испраќа војници кон Украина


Во изминатите 24 часа Русија продолжи да испраќа дополнителни војници на украинско-белоруската граница, соопшти Пентагон. – Русија ги зголемува своите опции и потенцијал за акција со секој изминат ден, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби на прес-конференција. Големите руски воени вежби во Белорусија придонесуваат за ескалација на тензиите околу Украина, соопшти вчера Белата куќа. – […]

Косово воведе санкции кон лица и организации од Белорусија


Владата на Косово донесе денеска одлука за спроведување на санкциите кои ги воведе Европската унија кон 183 лица и 26 организации од Белорусија кои се поврзани со режимот на белорускиот претседател, Александр Лукашенко. Како што соопшти службата за информирање на косовската Влада, санкциите подразбираат замрзнување на нивните средства во Република Косово, забрана за патување и […]

„Независен“ во Украина: Во Киев нема паника, ни воена психоза, но луѓето се загрижени


  (Од нашиот известувач)   КИЕВ – Ако ставите полн пиштол на маса, тој најверојатно ќе пукне. Вака Володимир Ариев, пратеник на главната опозициска Партија за европска солидарност, ја оцени ситуацијата во Украина, околу која се трупаат сѐ повеќе воени сили и оружје. „Ова што се случува не е конфликт на националности, туку на вредности. […]

Радев го свикува бугарскиот Совет за национална безбедност поради Русија и состојбата во армијата


Бугарскиот претседател Румен Радев за идната недела свика состанок на Консултативниот совет за национална безбедност поради закани за нацоналната безбедност и состојбата на армијата, објави „24 Часа“. Парламентарните партии веќе добиле покани од него како и во Владата. Седницата е закажана за во вторник 15 февруари на која ќе има и посебен извештај на началникот […]

Анкета: Повеќето Европејци сакаат ЕУ да застане зад Киев против Москва


  Мнозинството ширум Европа мислат дека Русија ќе ја нападне Украина во 2022 година и веруваат дека и НАТО и ЕУ треба да застанат на страна на Киев, според студијата чии автори сугерираат дека кризата може драматично да го промени начинот на кој Европејците гледаат на нивната безбедност. „Податоците сугерираат нешто на геополитичко будење во […]

Во Украина воена вежба од 10 до 20 февруари


Од 10 до 20 февруари на украинските полигони ќе има вежби за напади со беспилотни летала Бајрактар ​​и преносни противтенковски ракетни системи Џавелин, најави украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников. Тој додаде дека Украина сега добива оружје од многу земји „за кое досега само сонувала“. Резников истакна дека Киев добил согласност од Вашингтон да прими […]