Од небото над Украина „исчезнаа“ цивилните авиони (фото)


Како изгледа претпладнево небото над Украина, може да се види од апликацијата Флајтрадар, која во реално време ги следи воздухопловите во целиот свет. Фотографијата, направена како скриншот од овој популарен интернет сајт, покажува дека целиот воздушен сообраќај денеска е пренасочен по други рути кои го заобиколуваат воздушниот простор над Украина, но и над делови од […]

Украинскиот министер за одбрана ги повика сите што можат да држат оружје да се приклучат во одбрана на земјата


Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников изјави дека секој кој е подготвен и способен да држи оружје може да се приклучи на редовите на Територијалните одбранбени сили. Украинските гранични сили претходно соопштија дека руски копнени сили утринава од повеќе правци навлегле на украинска територија. – Руски воени возила, вклучително и оклопни возила, навлегоа во регионите […]

Украина побара од Анкара да ги затвори Босфорот и Дарданелите за руските бродови


Украина побара од Анкара да го ограничи минувањето на руските воени бродови низ Босфорот и Дарданелите. „Ги повикуваме турските власти да и помогнат на Украина. Бараме Босфорот и Дарданелите да бидат затворени за руските воени бродови“, изјави украинскиот амбасадор во Анкара Вадили Боднар, пренесува ТАСС. Украинскиот парламент, Врховната рада, денеска го потврди указот на претседателот […]

Украинската амбасада во Македонија: Загинати тројца граничари


Откако рускиот претседател Владимир Путин објави дека почнал „специјална операција“ во Украина, по што настана буквален хаос во земјата, но и во целиот свет, украинската амбасада во Македонија лиферува куси соопштенија, каде објавува за состојбите во Украина. – Граничните единици дејствуваат во согласност со состојбите што се случуваат во областите на одговорност и во соработка […]

Најважни детали од рускиот напад на Украина


Руските сили рано утринава истрелаа проектили врз неколку градови во Украина и се истоварија војници на нејзиниот јужен брег, објавија украинските власти и медиуми, откако претседателот Владимир Путин одобри, како што рече, специјална воена операција на истокот. Набргу откако Путин се обрати на руската државна телевизија, во тишината пред зори можеа да се слушнат експлозии […]

Украина го затвори за цивилни летови воздушниот простор над државата


Украина денеска го затвори својот воздушен простор за цивилни летови, наведувајќи висок ризик за безбедноста, додека европскиот авијациски регулатор, исто така, предупреди на опасностите за летање во граничните области на Русија и Белорусија, поради воени активности. На својата веб-страница, Украинското државна компанија за услуги за воздушен сообраќај соопшти дека воздушниот простор на земјата е затворен […]

Киев тврди дека собориле пет руски авиони и хеликоптер


Украинската војска денеска потврди дека соборила пет руски авиони и хеликоптер на истокот од земјата во близина на енклава под контрола на бунтовниците. „Според командата на Здружените сили, денеска, 24 февруари, во областа на операцијата на Здружените сили, беа соборени пет авиони и еден хеликоптер на агресорите“, соопшти Генералштабот на армијата. Руското Министерство за одбрана […]

Украинска војска: Воздухопловните сили го одбија рускиот воздушен напад


Украинските вооружени сили објавија соопштение во кое се вели дека руската војска започнала „интензивно гранатирање“ кон нивните единици на истокот на земјата, јави Би-Би-Си. Русија, исто така, изврши ракетни напади врз аеродромот Бориспил во близина на Киев и неколку други аеродроми, се вели во соопштението. Во објавата уште се потенцира дека украинските воздухопловни сили го […]

Кулеба: Целта на руските напади е уништување на украинската држава и окупација


Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба денеска оцени дека целта на руските напади е „уништување на украинската држава, окупација на украинска територија и воспоставување окупациска контрола“. „Руската армија врши напади врз мирни украински градови од различни правци, вклучително и привремено окупираниот Донбас и Крим, како и североисточниот регион. Ова е чин на војна, […]

Путин објави војна и Русија изврши инвазија врз Украина


  Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот најави специјална „специјална воена операција“ во Украина, со бомбардирање на украинските градови што се заканува да ја турне Европа во најголемиот конфликт од Втората светска војна. По неговото објавување војна непосредно пред 6 часот по московско време, украинската влада објави ракетни напади врз воени објекти во градовите Киев, […]

Вучиќ на тешки маки – дали Србија да се приклучи на санкциите на ЕУ кон Русија


  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е во комплицирана ситуација – не само поради санкциите на ЕУ за Русија, туку и дали ќе поддржи сецесија на двата региони од Украина. Токму спротивното од она што го тврди српската официјална политика за Косово. Вучиќ изјави дека во следните 48 часа ќе излезе со целосен одговор за […]

Зеленски: Нема општа мобилизација


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека воените резервисти примиле повик, но исклучи генерална мобилизација откако Русија објави дека ќе испрати војска на истокот на Украина. Зеленски синоќа изјави дека ќе продолжи да бара дипломатско решение за кризата и ја поздрави подготвеноста на Турција да учествува во мултилатералните разговори, но нагласи дека Украина нема да […]

Бајден потпиша указ за санкции против Русија по признавањето на Доњецк и Луганск


Американскиот претседател Џозеф Бајден синоќа потпиша извршна уредба со која се забрануваат инвестиции, трговија и финансирање, кои би ги извршувале граѓаните на САД со отцепените региони во источна Украина. – Потпишав извршна уредба за да се спречи Русија да профитира од сериозно кршење на меѓународното право, напиша Бајден на Твитер. Тој изјави дека САД ги […]

Украина: Двајца војници загинаа, а 12 се повредени при гранатирање од страна на сепаратистите


Украинската војска денеска соопшти дека двајца украински војници се убиени, а 12 се повредени при гранатирање од страна на проруските сепаратисти во источна Украина во изминатите 24 часа, што е најмногу жртви оваа година. Украинските сили на својата Фејсбук страница објавија дека пријавиле 84 случаи на гранатирање од непријателски камп. Според украинската војска, со употреба […]

Кина во ОН бара воздржаност од сите страни во Украина


Кина повика на воздржаност од „сите страни“ за да се избегне понатамошна ескалација во украинската криза, повикувајќи на дипломатско решение за време на итниот состанок на Советот за безбедност на ОН. „Сите засегнати страни мора да покажат воздржаност и да избегнуваат каква било акција што може да поттикне тензии. Го поздравуваме и охрабруваме секој напор […]

Вонредно обраќање на Путин до нацијата: Украина е создадена од Русија


Рускиот претседател Владимир Путин во телевизиско обраќање до нацијата ја образложува одлуката според која наскоро има намера да го признае суверентитетот на т.н. Доњецка Народна Република и т.н.Луганска Народна Република во Украина, кои не се признаени од ниту една членка на ОН. Своето обраќање Путин го почна со историјата, тврдејќи дека модерна Украина е создадена […]

Османи: Мапирни се сите наши граѓани во Украина и Амбасадата во Киев ги има контактирано


Можноста за ескалација на состојбата во Украине е се поприсутна. Мапирни се сите наши граѓани во Украина и Амбасадата во Киев ги има контактирано. Семејствата на дипломатите се вратени, а дипломатите остануваат таму и обезбедени се услови за функционирање на амбасадата во наредните три месеци, изјави денеска на прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи, […]

Зошто Минск-2 не може да ја реши украинската криза?


  Стравот од сеопфатна руска инвазија на Украина повторно ги поттикна обидите на западните престолнини да најдат политичко решение за главниот двигател на кризата – конфликтот во Донбас, кој ги поставува властите во Киев против „Донецката  Народна Република“ (ДНР) и „Народна Република Луганск“ (ЛНР), кои се поддржани од Русија. Конструирана од Русија, оваа војна се […]

Состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ за ситуацијата во Украина


 Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска во Брисел треба да разговараат за најновите случувања во украинскиот конфликт, по викендот на зголемени тензии во Донбас, каде имаше жртви, пријавени од двете страни, јави ДПА. Зголемениот број на прекршувања на примирјето во источна Украина е предмет на особена загриженост, поради стравувањата дека рускиот претседател Владимир Путин […]

За Велика Британија ветувањата на Путин кон Макрон се добредојден знак за Украина


Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека ветувањата на рускиот претседател Владимир Путин на неговиот француски колега Емануел Макрон се добредојден знак дека тој сепак е подготвен да се вклучи во изнаоѓање дипломатско решение за украинската криза. Според Даунинг стрит, Џонсон разговарал со Макрон по неговиот вчерашен телефонски разговор со Путин и во соопштение се наведува […]