Украина: Русија го затвори за пловидба северозападниот дел на Црното Море


Украинската гранична служба соопшти дека Русија го затворила за ловидба северозападниот дел на Црното Море, јавија некои светски агенции. Присуството на бродови во оваа зона ќе се смета за терористичка закана, стоело во соопштението. Украина вчера соопшти дека Русија удрила два трговски брода во близина на јужното украинско пристаниште Одеса, еден ден откако изврши напад врз Украина. 

Бугарскиот министер за одбрана се повикал на Путин кога рече дека немало војна во Украина


  Ситуацијата на бугарскиот министер за одбрана, Стефан Јанев, станува сѐ понеодржилва откако тој руската инвазија на Украина одби да ја нарече војна. Јанев, како што јавуваат бугарските медиуми, се заплеткал уште повеќе во обид да објасни зошто не се осмелил инвазијата на руската армија во Украина да ја нарече „војна“. Ова стана јасно од […]

Тешки борби во повеќе украински градови, улични битки во Киев


Украинското Министерство за внатрешни работи ги предупреди цивилите во главниот град Киев дека борбите се водат на улиците. „По улиците на нашиот град има активни борби. Ве молиме бидете смирени и бидете исклучително внимателни! Доколку сте во прифатилиште, не го напуштајте сега. Ако сте дома – не приоѓајте до прозорците, не одете на балкони. Скријте […]

Русија стави вето, Кина воздржана, за Резолуцијата на СБ на ОН за инвазијата врз Украина


Русија, како и што се очекуваше, вечерва стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН против нападот на Москва на Украина, јавио ДПА од Њујорк. На гласањето во зградат ан Ист Ривер, Русија го искористи правото на вето за да ја блокира резолуцијата. Кина се воздржа од изјаснување, заедно со уште две земји […]

Што ќе поскапи поради нападот на Русија врз Украина


Одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја нападне Украина би можела уште повеќе да ги зголеми цените во време кога инфлацијата веќе се зголемува најбрзо во последните децении. Економистите се натпреваруваат да го проценат влијанието на нападот, кој може да ја предизвика најголемата војна во Европа од 1945 година. Малку е веројатно дека конфликтот […]

Нов повик за мобилизација на цивили: „Денес на Украина и требаат сите, не постои старосна граница“


Војската на Украина најави општо регрутирање на населението со цел да се спротивстави на руската агресија. Официјалниот „Твитер“ профил на украинската армија објави покана до сите цивили да се приклучат на војската, без разлика на нивната возраст, со цел да се спротивстават на руската инвазија. Командантот на украинските трупи Јуриј Галушкин најави дека им се […]

Украина е бесна што ЕУ не ја исклучи Русија од системот за плаќање Свифт


  ЕУ се соочи со жестоки негодувања од Киев, откако европските лидери се воздржаа од наметнување на потенцијално најштетните санкции за Русија, дури и кога Кремљ врши инвазија на Украина преку копно, воздух и море. Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, го изрази својот гнев непосредно пред шефовите на држави и влади на […]

Украина соопшти за зголемено ниво на радијација од Чернобил


Украина соопшти дека по преземањето на нуклеарната централа во Чернобил од страна на руската војска, во таа област се забележани повисоки нивоа на гама зрачење. Ова се наведува во соопштението на Фејсбук страницата на Државниот инспекторат за нуклеарна регулатива на Украина. – Податоците од автоматизираниот систем за следење на радијацијата на зоната на исклучување, кои […]

Украинците урнаа руски воен авион, делови паднаа врз куќа и предизвикаа пожар


Втор ден од руската инвазија на Украина. Се водат жестоки борби, а досега загинаа најмалку 137 украински војници и цивили јавуваат светските медиуми. Утрово, украинските сили урнаа руски борбен авион „сухој Су-27“ над Киев, потврди заменик-министерот за внатрешни работи на Украина, Евгениј Енин. Київ↘️ О 05:00 по вул. Садова 54 сталось пожежа двоповерхового приватного житлового […]

Руските сили го гранатираат Киев, кон градот се упатуваат и тенкови


Украинските власти јавија дека врз во раните утрински часови во петокот почнале ракетни напади додека руските сили се приближуваат кон главниот град. „Ужасни руски ракетни напади врз Киев“, напиша на Твитер министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, правејќи споредба со Втората светска војна, пренесува Политико. „Последен пат нашиот главен град доживеа вакво нешто […]

Пендаровски на вонредниот виртуелен Самит на НАТО за Украина


Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе учествува на вонредниот виртуелен Самит на НАТО, на ниво на шефови на држави и влади. На Самитот ќе се разговара за безбедносната ситуација во и околу Украина. Се очекува лидерите на земјите членки на НАТО уште еднаш остро да го осудат рускиот напад на Украина и нарушувањето на нејзиниот територијалниот […]

Руските ракети паѓаат како дожд на Украина во првиот ден на инвазијата


  Украинските сили се бореа со руските војски на три страни во четвртокот, откако Москва изврши напад по копно, море и воздух во најголемиот напад на европска држава од Втората светска војна. Откако рускиот претседател Владимир Путин објави војна во телевизиско обраќање пред зори, во текот на утрото се слушаа експлозии и пукотници во Киев, […]

„Ние не го сакаме ова“: Московјани реагираат на инвазијата врз Украина


  Темно, мрачно расположение го исполни московскиот воздух во четвртокот наутро, додека Русите се помируваа со фактот дека нивниот претседател започна широка воена офанзива насочена кон Украина. „Срам ми е за мојата земја. Да бидам искрен со вас, јас сум без зборови. Војната е секогаш страшна. Ние не го сакаме ова“, рече Никита Голубев, 30-годишен […]

Украински воен авион со 14 патници се урна во близина на Киев


Украински воен авион со 14 лица денеска се урна јужно од Киев, соопшти службата за итни случаи. Службата соопшти дека „сѐ уште одредува колку луѓе загинале“. Инцидентот се случил на околу 20 километри јужно од Киев, по извештаите за напад на неколку локации низ градот. Засега не е јасно дали авионот бил погоден од руски […]

Влада: Северна Македонија се придружува на ЕУ со санкциите кон Русија, прифаќаме и бегалци


Владата денеска на седница ја разгледа и усвои Информацијата за новиот пакет рестриктивни мерки на Европската Унија во однос на ситуацијата во Украина, со препорака за придружување на Северна Македонија кон сите одлуки на ЕУ за овој вид рестриктивни мерки. Како што соопшти владината прес-служба, Владата го задолжи Министерството за надворешни работи, преку Постојаната мисија […]

Ковачевски: Го осудувам чинот на отворена воена агресија од Русија врз Украина


 Го осудувам чинот на отворена воена агресија од страна на Русија врз Украина. Војната е најлошиот начин за решавање на недоразбирањата, а агресијата врз Украина е закана и за европскиот и светскиот мир, напиша премиерот Димитар Ковачевски на неговиот фејбук профил. – Владата ја следи многу внимателно состојбата во Украина. Безбедносната состојба во нашата земја […]

Вучиќ свика итна седница на Советот за национална безбедност


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ закажа итна седница на Советот за национална безбедност поради актуелните настани во Украина, јави дописникот на МИА од Белград. Почетокот на седницата е закажан за 13 часот. Потоа во 15 часот ќе се одржи седница на Владата на Србија на која Вучиќ ќе се обрати пред членовите. Тој во средата […]

Пендаровски со силна осуда за инвазијата на Русија на Украина


Изразувам силна осуда за воените дејствија кои Русија ги презема над Украина, што неизбежно ќе водат кон ненадоместлива загуба на човечки животи и материјална штета. Инвазијата на Украина од страна на Русија е напад на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, сериозна повреда на основните принципи на меѓународното право, удар врз демократскиот поредок и закана […]

Tрогателни сцени од Харков: Украинци клекнуваат да се молат на градскиот плоштад


Клариса Вард од Си-Ен-Ен известува од Харков, Украина, каде што сведочи дека група луѓе се собираат за да клекнат и да се молат на градскиот плоштад неколку часа по најавата на рускиот претседател Владимир Путин за воена операција во Украина.   Целото видео на следниов ЛИНК. 

Жителите на Лавов советувани да не паничат, редици пред банките за вадење пари


Жителите на Лавов, западна Украина, беа советувани од локалните власти изутринава, да не паничат. Според локалните извештаи, ова следува по рускиот напад врз земјата. Властите во градот им укажаа на граѓаните да ги исклучат светлата и да најдат засолниште, информираше локална телевизија. Тие, исто така, би требало да ги земат со себе поважните документи. Си-Ен-Ен […]