Се евакуираат македонски граѓани од Украина, обезбеден коридор од Одеса, се бараат нови конвои за евакуација


Македонски граѓани кои се уште се наоѓаат во Украина се евакуираат преку безбедни коридори. Од Министерството за надворешни работи апелираат сите македонски државјани кои се уште не оставиле свои податоци, веднаш да се јават на телефонскиот број +389 75 273 732, кој е постојано активен и да остават прецизни податоци за нивната локација и состојба. […]

Турција планира да го ограничи влегувањето на руски воени бродови во Црно Море преку Дарданели и Босфор


Турција– Турција  ја промени својата реторика, нарекувајќи го рускиот напад врз Украина „војна“ и вети дека ќе спроведе делови од меѓународниот поморски договор за ограничување на минувањето на руските воени бродови од Средоземното Море до Црното Море. Украина ја повика Турција да го блокира натамошниот влез на руски бродови во Црното Море, од каде руските […]

На Украина и се заканува најголемата хуманитарна катастрофа во Европа


Белгија– Европската комисија соопшти дека Европа, поради конфликтот во Украина, се соочува со најголемата хуманитарна криза во последно време и процени дека бројот на внатрешно раселените Украинци може да надмине седум милиони. -Сведоци сме на тоа што може да стане најголемата хуманитарна криза на нашиот европски континент по многу, многу години. Потребите на теренот растат […]

Во САД бојкот на водка и други стоки од руски увоз во солидарност со народот на Украина


Во одговор на руската инвазија на Украина во повеќе сојузни држави најавија бојкот на руски производи во солидарност со народот на Украина подложен на воена агресија од страна на Русија, јави дописникот на МИА од Вашингтон.  Гувернерот на Охајо, Мајк Девин, синоќа објави забрана на руски увозни стоки во сојузната држава. Слични чеори се најавени […]

Огромна посетеност на мирниот протест за поддршка на Украина во Берлин


На протестот против војната во Украина денеска во Берлин се собраа неколку пати поголем број лица од очекуваното, наведоа организаторите и полицијата. На протестот, организиран заеднички од организации за човекови права, мировни движења, синдикати и цркви, имаше значително поголем број демонстранти од најавените 20.000. Полицијата споменува „ниска шестцифрена бројка“, додека организаторите говорат за над половина […]

МНР: Сѐ уште има активни коридори за евакуација за нашите државјани во Украина


Две семејства со наши државјани од Одеса, Украина веќе се дел од коридорот обезбеден преку координација со Владата на Република Бугарија и очекуваме во текот на денот да пристигнат во Бугарија, соопшти Министерството за надворешни работи. Во контекст на истата соработка, од МНР упатуваат апел до нашите граѓани кои се наоѓаат на територијата на Украина, […]

ЕУ ќе го финансира купувањето оружје за украинската армија


Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави денеска дека ќе предложи европска финансиска помош за Украина за купување оружје и гориво. „На министрите за надворешни работи на ЕУ ќе им предложам користење на Европскиот мировен фонд за две итни мерки. Целта на овие мерки е да се финансира снабдувањето со […]

Грција испраќа одбранбен материјал и хуманитарна помош во Украина


Во текот на денот, со два воени авиони C-130 Грција ќе испрати одбранбен материјал за Украина, со одлука на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис како одговор на украинското барање, но и во консултација со сојузниците од НАТО и партнерите во ЕУ, информираат од кабинетот на грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис утрово одржал […]

Украина поднесе тужба против Русија во Хаг


Украина поднесе тужба против Русија пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, објави денеска на Твитер претседателот на Украина, Володимир Зеленски. „Русија мора да биде одговорна за манипулирање со приказната за геноцид со цел да се оправда агресијата. Бараме итна одлука на судот, кој и наложува на Русија веднаш да ги прекине воените дејствија и […]

Лукашенко: „Ова што е сега во Украина е ништо. За два-три дена почнува војната, а потоа масакр“


  „Во Украина нема ниту еден белоруски војник, ниту еден куршум“, изјави претседателот на Белорусија Александар Лукашенко по гласањето на референдумот за промена на уставот што денеска се одржува во таа земја. „Таму нема наши војници. Зборував со Макрон за тоа вчера. Му реков дека таму нема војници… нема белоруски куршуми“, рече Лукашенко, објаснувајќи дека […]

ОН: Најмалку 64 цивили убиени во Украина


Најмалку 64 цивили се убиени, а повеќе од 160.000 се во движење откако руските трупи влегоа во Украина оваа недела, соопшти агенцијата за помош на ОН. „Од 17:00 часот на 26 февруари, (Канцеларијата за човекови права на ОН) ОХЦХР известува за најмалку 240 цивилни жртви, вклучително и најмалку 64 загинати“, се вели во статусниот извештај […]

(Видео) Пристигнуваат снимки од Харков: Руски тенкови на улиците, некои запалени


Утрово Русите влегоа во Харков, вториот по големина украински град по Киев. Ова го потврди и локален политичар. Тој исто така рече дека има тешка борба на улиците и дека украинските сили го елиминираат непријателот. Тој ги повика жителите да останат во засолништа. На социјалните мрежи се шират снимки од руски возила во Харков. На […]

Зеленски: Украина формира странска легија за волонтери од странство


Украина формира странска „меѓународна“ легија на волонтери од странство, изјави денеска претседателот Володимир Зеленски. „Ова ќе биде клучниот доказ за вашата поддршка за нашата земја“, нагласи Зеленски во изјавата.

Киев издржа уште една ноќ под силен напад, Русите влегоа во Харков, меѓу жртвите има деца


Инвазијата на Русија врз Украина навлезе во чевртиот ден. Киев ја издржа ноќта под жесток напад на руските сили. Во текот на ноќта градот беше осветлен од две силни експлозии. Во нападите врз украинските градови имаше жртви, меѓу кои и деца. Русија, пак, се соочува со се построги санкции од меѓународната заедница. Во утринските часови […]

Мила Јовович ја поврза војната во Украина со онаа во Југославија: Се сеќавам на траумите


  Актерката и модел Мила Јовович која е по потекло и од Украина и од Русија, а чиј дедо бил од Црна Гора, на Инстаграм ја кометираше актуелната војна во Украина и ја поврза траумата која нејзиното семејство ја доживеало во текот на судирите на подрачјето на поранешна Југославија. Јовивич беше уште една во низата […]

Украинците ги уништија сите железнички пруги што ги спојуваат со Русија


  Украинските железници ги уништиле сите пруги на премините кои ја поврзуваат земјата со Русија како одговор на инвазијата од Москва. „Железниците на Украина ги прекинаа сите односи и интеракции со Железниците на Русија. Понудивме на железниците на Руската Федерација мир и прекин на војната, но тие продолжија да довезуваат тенкови и друга воена опрема […]

ММФ ја увери Украина во својата целосна поддршка и натамошна соработка


Меѓународниот монетарен фонд ја увери Украина во својата поддршка и продолжува тесно да соработува со владата за да и помогне на земјата на сите можни начини, се наведува на официјалната Фејсбук страница на Министерството за финансии на Украина, пренесува Укринформ. „Министерството за финансии продолжува да комуницира со ММФ за инструментите за поддршка на Украина. Сите […]

Украинската Управа за патишта побара да се извадат сите патокази во земјата


Со цел да се попречи руското напредување низ Украина, украинската Управа за патишта повика на демонтирање на сите патокази низ земјата, јави ДПА. Одговорната управа – Укравтодор денеска ги повикаа сите туристички организации и локални администрации веднаш да почнат со демонтирање на таблите со ознаките во нивната непосредна близина. Приоритет треба да имаат имињата на […]

Војната во Украина ќе влијае врз туризмот, хотелите на охридско-струшката ривиера подготвени да прифатат бегалци


Руско-украинската војна ќе влијае негативно врз туризмот во земјава. Хотелските капацитети на охридско-струшката ривиера се подготвени доколку има потреба да прифатат бегалци од Украина. Претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ, Крсте Блажевски смета дека воената состојба во Украина ќе се одрази не само на бројот на туристи од Украина и Русија и од околните […]

УНХЦР: Украина досега ја напуштиле повеќе од 150.000 луѓе


Повеќе од 150.000 луѓе досега ја напуштиле Украина, соопшти денеска високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди. Според него, бегалците главно одат во Полска, Унгарија, Молдавија и Романија. – Повеќе од 150.000 украински бегалци досега ја поминале границата на соседните земји, од кои половина заминале во Полска. Раселувањето во Украина исто така расте, но воената ситуација […]