САД ќе ѝ испратат на Украина ракетен систем со каков што се брани и Белата куќа


САД планираат да објават уште оваа недела дека купиле напреден ракетен одбранбен систем земја-воздух со среден до долг дострел за Украина, изјави за Си-Ен-Ен извор запознаен со соопштението, пренесува Укринформ. Американскиот претседател Џо Бајден неодамна најави дека САД ќе и дадат на Украина „понапредни ракетни системи и муниција“. Како одговор на барањата на украинските сили, […]

Џонсон стравува дека Украина ќе биде принудена да склучи „лош мир“


Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денеска дека стравува дека Украина може да се соочи со притисок да преговара за мировен договор со Русија што не е во нејзин интерес – поради економските последици од војната во Европа. „Премногу земји велат дека ова е европска војна што е непотребна… и затоа ќе се зголеми притисокот за […]

УНЕСКО: Повеќе од 150 објекти од културата во Украина делумно или целосно уништени


Над 150 објекти од културата се делумно или целосно уништени за време на речиси четиримесечната војна во Украина, соопшти денеска Организацијата за наука, образование и култура на Обединетите нации (УНЕСКО). „Во борбите делумно или целосно се уништени 152 културни објекти, вклучувајќи 70 верски објекти, 30 историски објекти, 18 културни центри, 15 споменици, 12 музеи и […]

УНХЦР: Над осум милиони лица ја напуштија Украина од почетокот на конфликтот


Досега, над осум милиони лица ја напуштија Украина од почетокот на конфликтот на 24 февруари, соопштија од Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите Нации (УНХЦР). Станува збор за најнови податоци, објавени синоќа, јавија британски медиуми. 

На Украина не може да ѝ се помогне, тоа што таа го бара во ЕУ го нема


Австрискиот воен експерт Маркус Рајснер смета дека Европа не може да ги исполни барањата на Киев за вооружување со тешко оружје. Рајснер, за дневниот весник на јавниот сервис ОРФ, го наведе примерот со претседателот на Украина Володимир Зеленски кој од западните сојузници побарал 300 ракетни системи. -Толков висок број ракетни системи во моментов не постои […]

Украинските борбени роботи се приклучуваат на борбата против руската инвазија


Украинските сили добиваат нов помошник, локално направен роботски извидник на бојното поле наречен ГНОМ („Гном“). Малата машина скришум ќе ги извидува руските позиции и ќе обезбеди огнена поддршка со митралез, според нејзиниот производител, компанија наречена „Темерланд“, со седиште во Запорожје. Гномови наспроти „Orcs“ можеби звучи како фантазија, но првите роботи ќе стапат во употреба следната […]

Германија ги испорача ветените хаубици на Украина


Германски самоодни хаубици пристигнаа денеска во Украина, со што Германија за првпат по рускиот напад на 24 февруари испорача тешко оружје. „Благодарам на Германија за испорачаните хаубици“, се заблагодари преку Твитер украинскиот министер за одбрана Олексеј Ресников на германската колешка Кристин Ламбрехт. Станува збор за веќе ветените седум самоодни хаубици од типот 2000, кои Германија […]

Словенија ѝ донира на Украина 35 тенкови произведени во Југославија


  Словенија на Украина ѝ донираше 35 оклопни амфибиски возила BVP M80A, произведени во поранешна Југославија, за што според договорот со САД ќе ѝ бидат компензирани средства за купување опрема за словенечката војска, пренесоа словенечките медиуми. Возилата по железнички пат веќе се упатени кон Полска, а од таму до Украина. Нивата деконзервација траеше повеќе недели, […]

Украинскиот парламент ја ратификуваше Истанбулската конвенција за насилство врз жените и семејно насилство


Украинската Врховна рада (Парламент) денеска ја ратификуваше Истанбулската конвенција за насилство врз жените и семејно насилство, пренесоа светските агенции. „Историска одлука. Истанбулската конвенција е ратификувана“, се вели на официјалниот Твитер профил на украинскиот Парламент. Според официјалното пребројување, 259 пратеници гласале „за“, 8 гласале против, 28 гласале со празни ливчиња и 47 биле воздржани. „Историски настан […]

Министрите за надворешни на ЕУ денес за Украина и прехранбената криза


Министрите за надворешни работи традиционално се состануваат во Луксембург, неколку дена пред јунскиот ЕУ самит, на дневен ред пред сѐ војната во Украина и последиците врз гладот во светот, јави дописничката на МИА од Брисел. Министрите ќе го подготвуваат состанокот на шефовите на држави и влади на ЕУ кој се одржува в четврток и петок […]

Столтенберг: Војната во Украина може да трае со години


  Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, не очекува брзо завршување на војната во Украина. „Мораме да се подготвиме за фактот дека тоа може да потрае со години“, вели тој. Но, не треба да се откажеме од поддршката на Украина. „Дури и ако трошоците се високи, не само за воена поддршка, туку и поради зголемените […]

Русија тврди дека во Украина се убиени 79 македонски државјани


На фронтовите во Украина, од почетокот на руската воена инвазија, загинале 79 македонски државјани, се тврди во списокот на странските платеници кои се борат во Украина, што го објави руското министерство за одбрана. Русите тврдат дека и 19 македонски државјани веќе ја напуштиле Украина , додека на боиштата се активни уште 39 лица. Од европските […]

Меркел: Путин можеби чекаше да заминам за да ја нападне Украина


Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел призна дека при крајот на мандатот ослабела нејзината можност за влијание врз рускиот претседател Владимир Путин, кој можеби чекал таа да замина од функцијата за да ја нападне Украина. Меркеј, која на почетокот на јуни остро ја критукуваше украинскиот амбасадор во Германија, Андриј Мелник, затоа што оцени дека без самокритика […]

Киев: Изгубивме околу половина од нашата воена опрема


Вооружените сили на Украина загубија околу половина од својата воена опрема за време на борбите, изјави заменикот-министер за одбрана Володимир Карпенко. – Зборувам само за тешко вооружување. Денеска имаме околу 30-40 отсто, а понекогаш и до 50 отсто од загубата на опрема како резултат на активни битки. Значи изгубивме околу 50 отсто, беше цитиран Карпенко […]

Зеленски: Украина воведува визи за Русите


Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска соопшти дека неговата земја има намера да воведе визи за Русите од 1 јули. „Украина воведува визен режим за граѓаните на Руската Федерација“, објави Зеленски на својот канал на апликацијата Телеграм. Тој рече дека новото правило ќе стапи во сила следниот месец.

Борис Џонсон ненадејно го посети Киев


Украина- Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ненадејно го посети Киев, каде се сретна со украинскиот претседател, Володимир Зеленски. Ова е втора посета на Џонсон на Киев од почетокот на руската инвазија на Украина кон крајот на февруари. „Велика Британија понуди да започне голема операција за обука на украинските вооружени сили, со потенцијал за обука на […]

Украина од ММФ доби заем од 770 милиони долари


Украина доби заем од 770 милиони американски долари по повластени услови од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). – Благодарен сум на канадската вицепремиерка Кристи Фриланд за нејзината поддршка и сеопфатна помош за Украина во борбата против агресорите, напиша на Твитер украинскиот премиер Денис Шмигал. Тоа се првите средства што Украина ги повлекува од специјалната сметка што […]

ЕК официјално препорача кандидатски статус за ЕУ на Украина и на Молдавија


Европската Комисија предлага на Украина да ѝ биде доделен статус на кандидат за членство во Европската Унија. Претседателката Урсула фон дер Лајен изјави дека Комисијата предлага „на Украина да ѝ се даде кандидатски статус. Ова, секако, се разбира откако земјата ќе спроведе бројни дополнителни реформи“. Today, the @EU_Commission has adopted its Opinions on the membership […]

Бајден најави ново оружје за Украина, вредно милијарда долари


Претседателот на САД, Џо Бајден најави дополнително оружје за Украина, вредно милијарда долари. Помошта вклучува „дополнително артилериско и крајбрежно одбранбено оружје, како и муниција за артилерија и напредни ракетни системи“. Бајден информираше дека за новото оружје го известил украинскиот претседател Володимир Зеленски во нивниот телефонски разговор. Нивниот разговор траел 41 минута, а Бајден најавил и […]

Двајца Американци кои заминале да се борат како доброволци во Украина се исчезнати, тврдат нивни роднини


Двајца американски ветерани, двајцата од државата Алабама, кои беа во Украина за да учествуваат во војната со Русија, се водат за исчезнати неколку дена и можеби се заробени од Русите, јавија американски медиуми. Тие се повикуваат на нивните роднини и членови на американскиот Конгрес, со кои контактирале нивните роднини. Тоа се 27-годишниот Енди Таи Нгок […]