Лидерите на Германија, Франција и Италија се очекува да го посетат Киев во знак на солидарност со Украина


Лидерите на трите најголеми европски земји, Германија, Франција и Италија, се очекува денеска да пристигнат во Киев за да ја покажат својата поддршка за Украина, која се бори со тековната руска инвазија. Посетата на германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и италијанскиот премиер Марио Драги се подготвува со недели. Тројцата сакаат да ги […]

Медведев: А кој рече дека за две години Украина воопшто ќе постои на мапата на светот?


Заменик претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев изрази сомневање дека Киев во наредниот период ќе може да ги исполнува своите договорни обврски и го доведе во прашање самото постоење на украинската држава во иднина. „А кој рече дека за две години Украина воопшто ќе постои на мапата на светот? Иако на Американците веќе […]

Дали Западен Балкан ќе биде жртва на поделбите во ЕУ околу кандидатскиот статус на Украина?


  Францускиот весник „Монд“ пишува дека 27 членки на ЕУ се поделени околу доделувањето кандидатски статус на Украина, „иако не сакаат да остават впечаток дека Брисел се двоуми дали да ја поддржи земјата да го издржи притисокот од војната“. Досега најчесто се споменуваше можноста ЕУ да ѝ додели на Украина статус на „потенцијален кандидат за […]

Лондон се обидува да ги ослободи заробените Британци, но не преку Москва


Англија– Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас изјави дека ќе стори „се што е можно“ за да бидат ослободени двајцата Британци, кои од страна на руските сепаратисти во Украина се осудени на смрт. Кремљ денеска информира дека Лондон не ја контактирал Москва во врска со ова прашање. – Ги уверувам семејствата дека ќе направам […]

„Политико“: Европската комисија ќе препорача кандидатски статус за Украина


Европската комисија ќе препорача Украина да добие официјален статус на земја-кандидат за членство во ЕУ, објавува бриселскиот портал „Политико“ повикувајќи се на неколку неименувани дипломатски извори. Еврокомесарите разговарале за тоа прашање во текот на вчерашниот ден, по ненадејната посета на шефицата на ЕК, Урсула фон дер Лајен, во саботата на Украина. „Комисијата не заборава дека […]

Голем пад на реколтата во Украина


Жетвата на житото во Украина најверојатно ќе падне на околу 48,5 милиони тони оваа година од 86 милиони тони минатата година, изјави висок владин претставник. Првиот заменик-министер за земјоделство Тарас Висоцки изјави дека вкупната засеана површина е намалена за 25 отсто., пренесуваат британски медиуми. Украина е водечки светски производител на житарки и маслодајни семиња, но […]

Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ испрати 20 тони производи хуманитарна помош во Украина


Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ испрати 20 тони производи македонска хуманитарна помош за војската и за цивилното население во Украина, информираше на својот Фејсбук-профил поранешниот премиер Зоран Заев.     – Помошта ја доставивме во координација со Горениук Олександр, пратеник во Парламентот на Украина. Помошта пристигна во Одеса, стратешка позиција на демократска Украина, […]

Кристофер Хил го зголемува притисокот врз Србија


  Американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил вели дека Србија мора да размисли дали е одржливо да се држи кон „неутралната позиција“ кога станува збор за војната во Украина и односите со Руската Федерација. „Она што се случи со Украина, бруталниот напад врз таа земја и убиствата на цивили, е нешто целосно неприфатливо во овој […]

Украина воспостави два коридори за извоз на житарки преку Полска и Романија


Украина воспостави две рути за извоз на житарки, преку Полска и Романија, со цел да се спречи глобалната криза со храна, изјави денеска помошник-шефот на украинската дипломатија Дмитро Сеник. На безбедносниот форум „Дијалог Шангри-Ла“ во Сингапур, Сеник рече дека глобалната безбедност на храната е загрозена затоа што руската инвазија го запре украинскиот извоз на житарки преку Црното […]

Британско разузнавање: Русија постепено напредува околу Северодонецк


Русија ја користи својата предност во сила и артилерија за „постепено да зазема територијата во и околу Северодонецк“ од украинска контрола, соопшти британското Министерство за одбрана во најновиот разузнавачки извештај. Се вели дека Русија продолжува создава борбени единици за распоредување во Украина. Во последниве недели, Русија веројатно почна да се подготвува за распоредување на третиот […]

Европската комисија можа да препорача кандидатски статус за Украина, со јасни услови


Европската комисија (ЕК) може да препорача на Советот на министри и лидерите на ЕУ да и дадат кандидатски статус на Украина, но со јасни услови дека земјата прво треба значително да го подобри владеењето на правото и системот на борбата против широко распространетата корупција, велат европски дипломатски извори во Брисел, истакнувајќи дека неколку членки на […]

Подољак: На Украина и се потребни 300, а не само три- четири ракетни системи


На украинските власти ќе им требаат околу 300 системи на повеќецевни ракетни фрлачи од западните земји, изјави советникот во кабинетот на украинскиот претседател Зеленски, Михаил Подољак, за британскиот весник „Телеграф“. Подољак додаде дека во моментов околу 90 отсто од загубите во борбите се предизвикани од руската артилерија, која е значително посупериорна во однос на украинската, […]

Руските напади врз фабриките во Северодонецк и Авдиивка се закануваат со еколошка катастрофа


Руското гранатирање на хемиската фабрика Азот во украинскиот град Северодонецк во саботата предизвика голем пожар откако истече еден тон нафта, а во соседната провинција Доњецк е забележан огромен облак од чад кој се издига по експлозија на една хемиска фабрика во градот Авдиивка, објавија руските медиуми. Во неделните борби за Северодонецк, мал град во провинцијата […]

Најмалку 287 деца се убиени во војната во Украина, речиси 500 се ранети


Најмалку 287 деца се убиени во Украина, а 492 се ранети од почетокот на руската инвазија, соопшти синоќа Канцеларијата на јавниот обвинител во Киев. Канцеларијата соопшти дека дознала за смртта на уште 24 деца во уништениот југоисточен пристанишен град Мариупол, а виновникот за тоа е руската армија за случајното бомбардирање. Ова не се конечни бројки, […]

Фон дер Лајен: Сакаме да ја поддржиме Украина на нејзиниот европски пат


Украина – Шефицата на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен денеска во Киев вети дека следната недела ќе пристигне одговорот од Брисел на амбициите на Украина да се кандидира за членство во Европската унија (ЕУ). -Сакаме да ја поддржиме Украина на нејзиниот европски пат, рече Урсула фон дер Лајен на кратката прес-конференција по разговорите со […]

Фон дер Лајен пристигна во Киев на средби со Зеленски и Шмигал


Украина– Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска пристигна во Киев во уште една посета посветена на амбициите на Украина за пристапување во Европската унија и реконструкција. – Се вратив во Киев за да се сретнам со претседателот (Володимир) Зеленски и премиерот (Денис) Шмигал, им рече Фон дер Лајен на новинарите известувајќи за […]

Во Мариупол избувна епидемија на колера и дизентерија


Украина– Во Мариупол избувна епидемија на колера и дизентерија, изјави градоначалникот Вадим Бојченко и предупреди дека илјадници луѓе би можеле да заболат од колера и други смртоносни болести додека има тела на улица, а летото носи потопло време. Бојченко тврди дека бунарите се загадени со телата на загинатите за време на неколкунеделното руско бомбардирање и опсада и […]

Стотици платеници на групата „Вагнер“ убиени во напад во Донбас?


  Се смета дека стотици руски платеници на „Вагер“ се убиени откако украинската артилерија разнесе депонија за муниција во Донбас, оставајќи само еден преживеан. Серхи Хаидаи, гувернер на провинцијата Луганск, денеска изјави дека украинските сили ја уништиле базата – лоцирана на спортски стадион во градот Кадиивка – во напад што се случи во четвртокот. Непотврдени […]

Украина веќе губи од 100 до 200 војници дневно


  Михаил Подољак, советник на шефот на кабинетот на претседателот на Украина, изјави за Би-Би-Си дека од 100 до 200 украински војници умираат секој ден во војната. Според Подољак, една од главните причини за големиот број жртви е недостатокот на паритет меѓу украинските и руските воени капацитети. Претставникот на претседателскиот кабинет смета дека на Украина […]

Пропаднаа разговорите меѓу Русија и Турција за извозот на украинското жито


  Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прес-конференција рече дека не е постигнат договор со Турција за безбеден извоз на украински житарки од пристаништата на Црното Море. Напорите на Анкара да постигне договор меѓу Украина и Русија за ублажување на глобалната криза со храна го погодија ѕидот бидејќи Украина тврди дека Русија наметнува неразумни услови, […]