НАСА: Околу 22 отсто од украинското обработливо земјиште е под окупација на руските сили


НАСА објави дека руските сили имаат окупирано околу 22 проценти од украинската обработлива земјиште. Од руската инвазија врз Украина, НАСА се фокусираше на влијанието на војната врз глобалниот систем за храна. Според НАСА, на  украинските полиња, каде што се сеат 28 отсто од зимските и 18 проценти од пролетните култури се под руска окупација.   

Поранешна бразилска манекенка загина во Харков, беше снајперистка


Поранешната бразилска манекенка, 39-годишната Талита до Вале убиена е во текот на руското ракетирање на Харков во Украина. Како што пишува „Мирор“, Талита била снајперистка која на Јутуб објавувала воени подвизи. Во текот на нападот загина и Даглас Бурига, поранешен војник на бразилската војска, кој се вратил во бункерот за да ја најде Талита. Другите […]

Русија ќе го продава украинското жито на Ирак, Иран и на Саудиска Арабија


Евгениј Балицки, шеф на проруската администрација во окупираниот украински регион Запорожје, рече дека тој регион планира да го продава укрианското жито на Блискиот исток, објави прорежимската агенција Тасс. Главните земји копи би се вклучиле во трговијата се Ирак, Иран и Саудиска Арабија. Украина, во повеќе наврати, ја обвини Русија дека го краде украинското жито, што […]

Украинските сили на нови позиции во Доњецк, се чека помош во оружје за контраофанзива на југот од земјата


По падот на регионот Луганск украинските вооружени сили се распоредени на нови одбранбени позиции во регионот на Доњецк, каде што продолжуваат да ги контролираат големите градови. Истовремено, тие планираат да започнат контраофанзива на југот на земјата. Гувернерот на Луганск, Серхи Хајдај, по повеќенеделната битка за Лисичанск, градот со чие заземање Русија ја презеде контролата врз […]

Трас денеска ќе го објави планот за обнова на Украина


Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас денеска ќе го објави сеопфатниот долгорочен план за помош во обновување на Украина, кога ќе заврши тамошната војна, најавуваат медиуми. Трас на конференција за обновување на Украина во Швајцарија, ќе ги претстави британските проекти за краткорочна поддршка на земјата со испраќање хуманитарна помош, но и долгорочна, со цел […]

Шолц: Германија со своите сојузници разговара за безбедносните гаранции за Украина


 Германија разговара за безбедносните гаранции за Украина со своите сојузници со цел да се подготви за периодот по завршувањето на војната во Украина, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц за ТВ каналот АРД. „Со блиски пријатели разговараме за безбедносните гаранции што можеме да ги обезбедиме. Ова е долг процес. Јасно е дека ситуацијата нема да […]

Русија од Црно Море извлече десантен брод што Украина го погодила со проектил, не се знае дали е „Орск“ или „Саратов“


 Русија соопшти дека го пронашла големиот јуришен десантен брод, што неговиот екипаж самиот го потонал откако бил оштетен од украинска ракета во пристаништето Бердјанск на 24 март. Владимир Рогов, функционер што Русија го назначи за одговорен во јужна Украина, на каналот Телеграм напиша дека тогаш балистички ракети „Точка-У“ го погодиле пристаништето под руска контрола. -Екипажот […]

Норвешка вети една милијарда евра за поддршка на Украина


Украина– Норвешка вети дека ќе обезбеди финансиска поддршка од 1 милијарда евра за Украина за да ја зајакне нејзината одбрана, да им помогне на сиромашните и да помогне во обновата по руската инвазија. Норвешкиот премиер Јонас Гар Стоере вчера во Киев изјави дека Норвешка сака да ја изрази својата солидарност со борбата за опстанок на […]

Кисинџер: Конфликтот во Украина може да заврши на три начини


Украинската криза може да заврши на три начини, истакна поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер за весникот „Спектејтор“. Според него, првото сценарио подразбира руска контрола над поголемиот дел од Донбас, со главниот индустриски и земјоделски регион и појасот долж Црното Море. „Ако застане на сегашните позиции, тоа ќе биде победа за Русија. Во тој случај, […]

Украина почна да извезува струја во ЕУ


  Украина почна да извезува струја во Европската Унија преку Романија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Поминавме важен чекор во нашето приближување кон ЕУ“, рече синоќа Зеленски. Киев „почна значително да извезува струја на територијата на ЕУ, преку Романија“, рече Зеленски и додаде дека се работи само за прв чекор. Како што додаде, Украина е […]

Бајден: Нов американски пакет воена помош за Украина во вредност од околу 800 милиони долари


 Американскиот претседател Џо Бајден на прес-конференција во Мадрид го објави новиот американски пакет воена помош за Украина во вредност од околу 800 милиони долари. Покрај тоа, тој најави дека коалицијата составена од повеќе од 50 земји ширум светот ќе испрати огромни количини оружје во Украина. „Нашиот министер за одбрана собра повеќе од 50 земји, кои […]

Ердоган: Повикуваме на нови напори за ставање крај на војната во Украина


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган повика на интензивирање на напорите за ставање крај на војната во Украина, додавајќи дека „нема губитници“ во праведен мир. Ердоган рече дека Турција се обидува да води „урамнотежена политика“ поради нејзината голема зависност од рускиот увоз на енергија. Турција ја снабдува Украина со вооружени дронови и друго оружје, но Ердоган […]

АИ: Рускиот воздушен напад врз театарот во Мариупол е воено злосторство


Англија– Амнести интернешенал (АИ) заклучи дека рускиот воздушен напад во март, врз театарот во украинскиот град Мариупол, е воено злосторство. Организацијата за човекови права три месеца собираше докази за злосторството и своите наводи ги претстави во извештајот што денеска е објавен. Доказите вклучуваат 52 изјави на сведоци, од кои 28 биле дадени од луѓе кои […]

Руски ракети паѓаат како дожд врз Украина додека трае самитот на НАТО


  КИЕВ – Руските сили нападнаа цели во регионот на Миколаев во јужна Украина во средата и ги интензивираа нападите на фронтови низ целата земја додека членките на НАТО се состанаа во Мадрид за да планираат курс на акција против предизвикот од Москва. Украинскиот претседател Володимир Зеленски им порача на лидерите на НАТО на неговата […]

Што знаеме за ракетниот напад во Кременчук?


  Снимката во текот на ноќта, објавена од претседателот Зеленски, од ракетниот напад врз трговскиот центар во Кременчук, секако укажува на претходните украински проценки дека се работи за оружје „Кх-22“ лансирано од воздух. Клучни карактеристики на „Кх-22“ Ова е крстаречка ракета со среден дострел, развиена во ерата на Студената војна во 1960-тите, првично за да […]

Шолц: НАТО ќе испраќа оружје во Украина сè додека тоа е потребно


Добро е што земјите што се тука, но и многу други, и помагаат на Украина да се одбрани со тоа што и даваат финансиска помош, хуманитарна помош, но и оружје што е итно споредливо, изјави Шолц за новинарите. Тој додаде дека пораката на НАТО е дека ќе продолжи да го прави тоа, и тоа интензивно, […]

Драги од самитот на Г7: Наскоро повторно ќе биде можен извозот на житарици од Украина


Италијанскиот премиер Марио Драги денеска, на последниот ден од самитот на Г7 во германското место Елмау,  изјави  дека наскоро би може да биде обновен извозот на житарици од Украина, со што ќе се ублажи недостигот што првенствено ги погодува сиромашните земји. Британските медиуми го пренесуваат Драги кој на крајот од самитот кажа дека не е […]

Лавров: Колку повеќе оружје Западот и испраќа на Украина, толку подолго конфликтот ќе трае


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска излезе со тврдењето дека оружјето што западните земји и го испраќаат на Украина само ќе ја продолжат војната во оваа земја, пренесуваат британските медиуми. -Колку повеќе оружје Западот ѝ испраќа на Украина, толку подолго конфликтот ќе трае, кажа Лавров за време на посетата на Туркменистан. Тој ги повтори […]

Десетици мртви во рускиот напад на преполн трговски центар


  СЛОВЈАНСК – Се стравува дека голем број цивили се убиени или ранети во руски ракетен напад во понеделникот врз преполн трговски центар во централниот украински град Кременчук, соопштија украинските власти. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во објава на Телеграм рече дека бројот на жртвите е „незамислив“, повикувајќи се на извештаи дека повеќе од 1.000 цивили […]

Десетици руски војници убиени во првиот напад на американските ракети ХИМАРС (Видео)


  Украинската војска почна да ги употребува американските лансери на ракате. Во првиот напад е уништен команден пункт на рсуките сили во Изјум Десетици руски војници се убиени во првиот напад на Украина врз еден од командните пунктови на руските сили користејќи американска ракетна артилерија со долг дострел, соопшти Киев. Најмалку 40 војници на Москва […]