ЕУ предупредува дека руската блокада врз Украина за житото може да изгладне илјадници


 Руската блокада на украинските пристаништа е закана за снабдувањето со жито за десетици илјади луѓе и мора да биде прекината, предупреди денеска шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел. – Тоа е прашање на живот и смрт за многу човечки суштества. И прашањето е дека Русија мора да деблокира и да дозволи извоз на […]

Британско разузнавање: Русија ги зајакнува своите позиции во областите што ги зазема во Украина


Британското Министерство за одбрана денеска соопшти дека Русија ги зајакнува своите одбранбени позиции во областите што ги окупира во јужна Украина. Според разузнавачкиот извештај објавен на Твитер, руските сили преместуваат персонал и опрема и одбранбени залихи меѓу Мариупол и Запорожје, и во Херсон, притоа ги зголемуваат безбедносните мерки во Мелитопол. – Руските одбранбени потези веројатно се одговор […]

Киев: Русија се подготвува за следната фаза од офанзивата во Украина


Русија се подготвува за следната фаза од офанзивата против Украина, изјави денеска украински воен претставник, откако Москва објави дека руските вооружени сили ќе ги интензивираат воените операции во „сите оперативни области“. Киев тврди дека руски ракети и проектили гаѓале украински градови во последните денови, а во нападите се убиени десетици луѓе. – Тоа не беа само ракетни напади од […]

Поранешен шеф на украинското разузнавање уапсен за предавство на Крим


Украинските сили го уапсија поранешниот шеф на Службата за безбедност на Украина (СБУ) Олег Кулинич, кој е обвинет за предавство, пренесува „Украинска правда“. По апсењето, СБУ објави дека една од нејзините главни задачи е да ги спречи обидите на Русија да ја прошири својата мрежа на агенти меѓу украинските државни службеници. – Во вакви случаи […]

Руските сили го гранатираа јужниот украински град Никопол


Руските сили денеска го гранатираа јужниот украински град Никопол, што е последно гранатирање на градски области, при што загинаа најмалку 37 луѓе, а многу беа ранети во последните три дена. Украинските служби за итни случаи соопштија дека две лица се ранети, а две се затрупани под урнатините во Никопол, кој се наоѓа на реката Днепар. […]

Три земји на ЕУ добиваат 433 милиони евра за помош на украинските мигранти


  Белгија– Белгија, Италија и Луксембург ќе добијат 433,79 милиони евра преку РЕакт-ЕУ за да им се помогне на Украинците кои се наоѓаат во овие земји, јави дописничката на МИА од Брисел. Помошта за украинските мигранти во Белгија изнесува 33,4 милиони евра за да им се помогне да се интегрираат на пазарот на трудот и […]

Руски ракети го погодија центарот на украинска Виница, најмалку 20 загинати


  Најмалку 20 лица, меѓу кои три деца, загинаа, а десетици други се повредени во ракетен напад врз градот Виница во централна Украина. Ова го соопшти заменик-шефот на Кабинетот на претседателот на Украина, Кирило Тимошенко. Повеќе од 90 лица побарале лекарска помош. Според украинската полиција, три руски ракети погодиле деловна зграда. Покрај тоа, Офицерскиот дом […]

Киев: Русија врши „екоцид“ во Украина


Војната во Украина уништува шуми, ги загадува ораниците што се полни со мини, а и водата е загадена, предупреди украинскиот министер за животна средина Руслан Стрилец. Тој во обраќањето пред учесниците на неформалниот состанок на ЕУ во Прага, која претседава со Унијата, рече дека руската инвазија уништила три ​​милиони хектари украински шуми. Според него, во Украина […]

Повеќе од 130 бродови со украинско жито се заглавени во Црното Море


  Сообраќаен метеж од повеќе од 130 товарни бродови натоварени со украинско жито чека во Црното Море за да помине во Дунав додека преговарачите од Москва, Киев, ОН и Турција започнаа разговори во Истанбул за олеснување на украинскиот земјоделски извоз. Бродовите чекаат да пристапат до излезните правци преку каналите на устието Сулина и Бистре за […]

Во Истанбул преговори за извоз на жито од Украина


 Руската делегација пристигна во Истанбул, каде денеска треба да се одржи нова рунда преговори меѓу Русија, Украина, Турција и Обединетите нации за извоз на жито од Украина, изјави за руските медиуми неименуван дипломатски извор. Според изворот, големи се шансите да се постигне консензус за извоз на украинско жито на преговорите кои се водат на тајна локација. Украина […]

Украина ги напаѓа руските сили на окупираните делови на јужна Украина


  Украина покрена ракетни напади од долг домет врз руските сили во јужна Украина и уништи магацин со муниција, соопшти некзината војска, додека Русија продолжува да го бомбардира истокот на земјата. Во нападот на Нова Каховка во герионот Херсон загинаа 52 лица, соопшти укрианската војска. Властите на градот кои ги постави Русија велат дека најмалку […]

Најбогатиот Украинец ја предава целата своја медиумска империја на државата


Украина – Најбогатиот Украинец Ринат Ахметов синоќа изјави дека ја предава целата своја медиумска империја на државата, како дел од законот кој има за цел да го намали влијанието на олигарсите врз економијата. – Оваа недела Медиа Груп Украина (Media Group Ukraine) ќе и ги предаде на државата сите украински лиценци за нашите телевизиски канали и печатени медиуми. […]

Руте: Војната во Украина може да трае долго, Западот да продолжи да ја поддржува земјата


Војната во Украина може да трае долго, но Западот треба да продолжи да ја поддржува земјата на сите можни начини, изјави холандскиот премиер Марк Руте за време на посетата на Киев. „Оваа војна може да трае подолго отколку што очекувавме и се надевавме. Но, тоа не значи дека ќе останеме со скрстени раце и ќе […]

Русите под жесток оган кај Керсон, само во еден ракетен напад загинаа 12 офицери


  Се смета дека 12 руски офицери биле убиени само во еден ракетен напад додека вооружените сили на Украина нанесуваат загуби на окупаторските војски со оружје доставено од Америка. Цел на нападот бил команден пункт на аеродромот „Чорнобаивка“, во близина на окупираниот јужен град Керсон, и се шпекулира дека убиле најмалку еден генерал и еден […]

Москва испраќа свои луѓе за врвните функции во окупирана Украина


  Сѐ поголем број руски функционери добија високи работни места во окупираните делови на Украина во, како што велат аналитичарите, обид да се зајакнат врските со Москва пред можниот процес на анексија. Само минатата недела, назначувањето вклучуваше поранешен пратеник од рускиот парламент, претставници на регионалната влада и висок офицер на Федералната служба за безбедност (ФСБ). […]

Украина најави контранапад на југот: „Цивили, итно бегајте“


Вицепремиерката на Украина денеска ги повика цивилите итно да ја напуштат јужната провинција Херсон, која беше окупирана од руските сили, бидејќи украинската армија планира контраофанзива. Украина го загуби најголемиот дел од таа провинција на Црното Море, како и истоимениот град, во првите недели од руската инвазија која започна на 24 февруари. „Јасно е дека ќе […]

„Кориере дела сера“: Гeрманија блокира девет милијарди евра помош за Украина


Италијанскиот весник „Кориере дела сера“ објави дека Германија блокира девет милијарди помош од Европска Унија за Украина. Весникот повикувајќи се на неименувани извори, наведува дека повеќе од еден месец е блокирана исплатата на значителна финансиска помош за Украина. Според Кориере дела сера“, Берлин одобрил исплата само на првата транша од една милијарда евра. Италијанскиот весник тврди дека […]

Русија продолжува со тешки ракетни напади во источна Украина


  Руските ракетни напади предизвикаа голема штета во градовите и местата низ источна и јужна Украина, велат регионалните власти. Четворица цивили загинаа во напад на Сиверск, град во областа Донецк, изјави локалниот гувернер Павло Кириленко. Биле погодени и цивилни области на Дружкивка, во истиот регион. Уништен е супермаркет, а во близина се појавил голем кратер. […]

Русите палат житни полиња во окупираните украински територии


Украински функционер ги обвини руските сили за палење на житните полиња во окупираниот југоисточен регион Запорожје. Олег Николенко, портпарол на украинското министерство за надворешни работи, објави фотографии од големо поле со жито во пламен. Russia’s troops set fire to grain fields in Ukraine’s fertile Zaporizhzhia region. Remember this picture every time Russians say they care […]

Зеленски: Знамето на Змиски Остров е знак дека Украина не е скршена


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во своето синоќешно видеообраќање изјави дека подигнувањето на украинското знаме на Змиски Остров е знак дека неговата земја не е скршена. Секој руски капетан, на брод или авион, нека го види украинското знаме на Змиски Остров и нека знае дека нашата земја нема да биде скршена, истакна Зеленски. Тој додаде […]