Пентагон со нова помош од 600 милиони долари за Украина


Пентагон вчера објави нов долгорочен пакет помош за Украина од 600 милиони долари, со кој ќе се финансира различно оружје и друга опрема. Одлуката за нов помош уследи само еден ден откако државниот секретар Ентони Блинкен ја посети земјата и вети една милијарда долари во нова воена и хуманитарна помош. Американското Министерство за одбрана соопшти […]

Украина може да има поголеми шанси да победи во 2024 година, вели пензиониран американски генерал


  Некои американски воени претставници се чини дека се изненадени што украинската контраофанзива не напредува брзо и, преку анонимни медиумски цитати, вината ја префрлаат на украинската војска. Пензионираниот генерал на американската армија Марк Арнолд вели дека не е ни малку изненаден од бавното темпо на напредок и за тоа ги обвинува Американците, а не Украинците. […]

Украина: На пребегнатиот руски пилот на хеликоптер ќе му биде врачена награда од 500.000 долари


 Руски пилот кој пребегнал на украинската страна и на таа земја и предаде руски хеликоптер Ми-8 ќе добие награда од половина милион долари, изјави украински функционер, пренесува Скај њуз. Портпаролот на украинското воено разузнавање Андриј Јусов синоќа изјави дека парите ќе бидат исплатени во украинска валута. Тој ги повика другите членови на руската армија да […]

Дури и поранешен шпион е загрижен дека одредите за атентат во Украина одат предалеку


Од почетокот на руската целосна инвазија на Украина, десетици руски функционери и заговорници беа убиени и на окупираната украинска територија и на Русија. Но сега, дури и еден украински поранешен шпион е загрижен дека одредите за атентат во земјата одат предалеку. Валентин Наливајченко, поранешен шеф на Службата за безбедност на Украина и актуелен член на […]

Забраната на увоз на украински земјоделски производи ја подели ЕК


Евентуалното продолжување на временото ограничување на увозот на украински земјоделски производи, што истекува на 15 септември, предизвикува поделби во Европската комисија, која е ставена во позиција да бира меѓу изразувањето солидарност со Украина и барањата на членките на ЕУ од Источна Европа, наведува „Еурактив“. Европската комисија во април воведе привремена забрана за увоз на пченица, […]

Русија тешко ги забележува дроновите, а Украина тестира нови – копнени


Британското министерство за одбрана во својот дневен извештај за ситуацијата во Украина соопшти дека руската противвоздушна одбрана се бори да открие и уништи украински беспилотни летала лансирани од Киев кон Русија, судејќи според тоа колку од нив ги погодиле своите цели. Министерството додава дека вчерашните напади со украински беспилотни летала се најголемиот напад врз Русија […]

Голем ноќен напад врз Русија: На аеродромот Псков на границата со ЕУ, уништени 4 авиони


Руските власти соопштија дека бил нападнат аеродромот Псков во близина на границата со Латвија и Естонија. Најголем координиран напад врз Русија од почетокот на војната Украинските беспилотни летала гаѓаа шест руски региони во најголемиот координиран напад со беспилотни летала од почетокот на војната. Во Псков, каде беа оштетени четири воени авиони, регионалниот гувернер Михаил Ведерников […]

Четворица загинати и четворица повредени во напад врз училиште во североисточна Украина


Четворица просветни работници загинаа, а четири лица се повредени во руски напад врз училиште во градот Ромни во североисточна Украина, изјави министерот за внатрешни работи Ихор Клименко. Тој додаде дека спасувачите од урнатините ги извлекле телата на директорот на училиштето, заменик – директорот, секретарот и библиотекарката. „Четворица мештани се повредени додека минувале покрај училиштето, рече […]

Украина ќе може да ги користи авионите Ф-16 ветени од Данска и Холандија само на своја територија


Украина ќе може да ги користи борбените авиони Ф-16 ветени од Данска и Холандија само на своја територија, изјави денеска данскиот министер за одбрана Јакоб Елеман-Јенсен. Данска и Холандија вчера објавија дека ќе и достават борбени авиони Ф-16 на Украина, а првите шест се очекуваат да пристигнат околу Нова година. – Донираме оружје под услов […]

Столтенберг: Украина сама ќе одлучи за условите за мировни преговори


На Украина е да одлучи кога ќе има услови за преговори за завршување на војната со Русија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, нагласувајќи дека Алијансата не го променила ставот. Украинците и само Украинците се тие кои можат да донесат одлука за тоа кога ќе се создадат услови за преговори. Говорејќи на конференција […]

Украина го потврди договорот за слободна трговија со Северна Македонија


Украинската Влада усвои резолуција за спроведување на договорот за слободна трговија со Северна Македонија, усвоен во октомври 2022 година, соопшти РБЦ-Украина повикувајќи се на Министерството за економија. Според трговскиот претставник на Украина, Тарас Качка, оваа резолуција ќе овозможи договорот за слободна трговија меѓу Украина и Северна Македонија, ратификуван пролетта, целосно да биде применет. Тоа ќе […]

Украина нема да може да користи борбени авиони Ф-16 годинава


Украина нема да може да користи американски борбени авиони Ф-16 наесен или в зима оваа година, изјави синоќа портпаролот на украинските воздухопловни сили Јуриј Ихнат. -Веќе е очигледно дека нема да можеме да ја одбраниме Украина со борбени авиони Ф-16 на есен и зима, потенцира Ихнат во програма емитувана на Украинската телевизија. Украина постојано ги […]

(Видео) Моментот кога украинскиот дрон „Морско бебе“ го нападна рускиот мост кон Крим


  Украинските безбедносни служби објавија ексклузивна снимка на Си-Ен-Ен на која се гледа моментот во јули кога тие користеа експериментален морски дрон за да го нападнат рускиот мост кон анектираниот Крим, давајќи нови детали за нападот и предупредувајќи дека ќе следат уште такви напади. Ова е прв пат Службата за безбедност на Украина (СБУ) отворено […]

Масовни руски ракетни напади врз речиси цела Украина


Во текот на изминатата ноќ Русија изврши масовни ракетни напади врз повеќе места во Украина, соопшти Воздухопловството на вооружените сили на Украина. „Опасност од ракетен напад беше прогласена во Суми, Полтава и источните региони поради лансирање на крстосувачки ракети од стратешките бомбардери Ту-95МС од областа на Каспиското Море“, се наведува во извештајот, пренесува Униан. Во […]

Нападнати повеќе украински градови


 Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба изјави дека „салва“ проектили ја погодиле неговата земја откако Русија се закани со брза одмазда за нападите врз бродовите во Црно Море. Тој упати апел до западните земји да ја вооружат Украина со воени авиони Ф-16, за да може да се „затвори небото“. Претходно, украинската армија објави дека руското […]

Саудиска Арабија собра советници од 30 земји во светот, се разговара за мир во Украина


Во градот Џеда денеска почнаа дводневните разговори меѓу советниците за национална безбедност од 30 земји, а главна тема на средбата требаше да биде постигнување мировен договор за Украина. Функционерите во Саудиска Арабија ги пречека престолонаследникот Бин Салман, а како што беше претходно нагласено, на оваа средба нема да присуствуваат руски претставници. Иако нема да присуствува […]

Украина соопшти дека руските сили го гранатирале регионот Херсон 53 пати во изминатите 24 часа


Украина денеска соопшти дека руските сили го гранатирале регионот Херсон 53 пати во изминатите 24 часа, пренесе украинската новинска агенција Укринформ. Информацијата ја соопшти украинскиот регионален гувернер на Херсонската област Олександр Прокудин на „Телеграм“. Во гранатирањето се повредени девет цивили, се наведува во соопштението. Во изјавата на Прокудин се вели дека руските сили на 3 […]

Украина ќе извезува жито преку Дунав во Хрватска, а потоа со бродови од Јадранот


Украинското Министерство за надворешни работи во денеска соопшти дека ќе извезува жито преку хрватските пристаништа на Јадранското Море, а житото ќе биде доставено до Хрватска преку Дунав, а потоа со железница до јадранскиот брег. Министерството наведува дека за ова прашање постигнало договор со Хрватска. Во Киев вчера престојуваше хрватскиот министер за надворешни и европски работи […]

Украина ќе се консултира со САД за безбедносни гаранции


Украина следната недела ќе почне консултации со САД за безбедносните гаранции за Киев до крајот на процесот за пристапување во НАТО, изјави денеска шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак. – Почнуваме преговори со САД следната недела, напиша Јермак на Телеграм. Тој додаде дека безбедносните гаранции за Украина ќе бидат „конкретни и долгорочни обврски […]

Украинците употребиле запленети севернокорејски ракети против Русија


Украинската армија употреби севернокорејски ракети во битките против Русија, кои, како што пишува денеска „Фајненшл тајмс“, „пријателските земји“ ги заплениле од брод пред да ги испорачаат во Украина. Украинското Министерство за одбрана, сепак, сугерираше дека оружјето е запленето од Русија, пишува весникот. Иако севернокорејското оружје не е широко дистрибуирано на украинското бојно поле, САД претходно […]