ПС на НАТО: Алијансата треба да остане со Украина до победата


Парламентарното собрание на НАТО ги повика владите и земјите од воената алијанса да продолжат да ја поддржуваат Украина и да стојат покрај земјата се додека не ја постигне победата во војната против Русија. Укринформ пренесува дека овој став произлегува од резолуцијата „Имплементација на одлуките на самитот во Вилнус: забрзување на адаптацијата на НАТО, поддршка на […]

Во руски ракетен напад во продавница и кафуле во украинско село загинаа 49 лица


  Најмалку 49 цивили беа убиени во четвртокот во руски ракетен напад врз селска продавница во источна Украина, еден од најсмртоносните напади во последниве месеци што дојде кога украинскиот претседател Володимир Зеленски присуствуваше на самитот на околу 50 европски лидери во Шпанија за да добие поддршка од сојузниците на земјата. Зеленски го осуди нападот врз […]

Гранада: Сите сакаат проширување, ама без парите и гласовите


  ГРАНАДА, Шпанија – Францускиот претседател Емануел Макрон денес на самитот на Европската политичка заедница во Гранада дојде со цел да ги собере земјите зад историско проширување на Унијата, што би ја интегрирало разурнатата од војна Украина и неколку други земји кандидати. Но, загриженоста меѓу земјите-членки за механиката и одржливоста на толку голема експанзија претставува […]

„Волстрит џорнал“: Прекинот на финансирањето од САД се заканува на економската стабилност на Украина


 САД не плаќаат само за испораките на оружје за Украина, туку и за сметките на владата во Киев и буџетскиот сектор, па поради тоа се очекува следниот месец да престане со работа американскиот систем за финансирање на платите на Украинците и државните трошоци, пред се, поради недостиг на нови парични инјекции од американскиот Конгрес, јави […]

Додека во Македонија се зборува за „бугарски диктат“, Украина ќе ги почне преговорите со ЕУ


  Дали Македонија ја чека уште една депресивна фаза по многуте што ги имаше досега? Според овдешните објави, ветувања и заколнувања Собранието нема да ги усвои уставните измени неопходни за одржување на Втората меѓувладина конференција со ЕУ. Додека противниците на „бугарскиот диктат“ во преговарачката рамка ќе го слават успехот ќе можат да наздрават со чаша […]

Треба да се забрза законската процедура за трансфер на замрзнати руски средства во Украина, вели Кулеба


Украинскиот министер за надворешни работи Дмитри Кулеба денеска изјави дека треба да се забрза правната процедура за трансфер на замрзнати руски средства во Украина. По состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Киев, Кулеба рече дека треба да се разјаснат судските аспекти, така што трансферот на руските средства е од корист и за […]

За 1,5 година во Украина ќе се произведуваат турски дронови „Бајрактар“


Турското беспилотно летало „Бајрактар“ ќе се произведува во Украина во рамки на проект во кој ќе бидат инвестирани околу 100 милиони долари, јавија украинскките медиуми. Компанијата инвеститор „Бајкар“ ќе ја заврши изградбата на првата фабрика во Украина за околу 1,5 година, изјави директорот на компанијата Халук Бајрактар ​​на Форумот за одбранбена индустрија во Киев. „Изградбата […]

Украинската одбрана ноќеска уништила повеќе од 30 дронови во регионите Одеса и Миколајев


Украинската противвоздушна одбрана ноќеска уништила повеќе од 30 беспилотни летала во новиот руски напад врз регионите Одеса и Миколаев, на југот на земјата, соопштија официјални лица, пренесе Бета. -Изминатата ноќ беа ланизрани повеќе групи дронови во масовниот напад врз двата региона, изјави портпаролката на јужната команда на украинската армија. Руските сили редовно го гаѓаат региони […]

Побарана оставка од бугарскиот министер за одбрана поради одлуката за испорака на ракети С-300 на Украина


Бугарските социјалисти побараа оставка од министерот за одбрана Тодор Тагарев поради одлуката за снабдување на Украина со ракети за системот С-300. Откако на вчерашната парламентарна комисија за одбрана со мнозинство гласови беше поддржан предлогот за испраќање „неисправни ракети С-300“ во Киев, Тагарев пред пратениците кажа дека таквата испорака нема да ги ослаби борбените способности на […]

Украина нападната од Русија со 38 беспилотни летала, 26 се соборени


 Русија синоќа ја нападна Украина со 38 беспилотни летала „Шахед“, соопшти денеска украинското воздухопловство, наведувајќи дека биле соборени 26 дронови. „Регистрирано е дека се испратени 38 беспилотни летала „Шахед““, се вели во дневниот извештај на воздухопловните сили на Телеграм. Во соопштението се додава дека се уништени 26 беспилотни летала од иранско производство. Регионот Одеса е […]

Нови напади врз седиштето на руската Црноморска флота


Еден ден по успешниот украински напад врз седиштето на руската црноморска флота, повторно одекнаа експлозии на полуостровот Крим, кој Русија незаконски го анектираше во 2014 година, пренесува Хина повикувајќи се на ДПА. „Според првите информации, во Севастопол работела противвоздушна одбрана“, напиша на Телеграм рускиот шеф на окупираната територија Михаил Развошеев. Делови од проектил паднале во […]

Украински ракети го уништија штабот на руската Црноморска флота на Крим (Видео)


  Украина изврши огнен ракетен напад во петокот врз главниот штаб на руската Црноморска флота, при што загина еден војник, соопшти руското Министерство за одбрана. Фотографиите и видеото покажаа големи облаци чад над зградата во Севастопол во анектираниот Крим. Гувернерот на Севастопол поставен од Русија, Михаил Развозаев, рече дека никој не е повреден надвор од […]

Големиот руски напад на Украина – експлозии во Киев и пет други градови


Руските сили утринава го нападнаа Киев и уште пет украински градови. Две лица загинаа во Херсон, а ранети се вкупно 21 лице, меѓу кои и едно деветгодишно девојче во Киев. Деветгодишно девојче е меѓу седумте повредени откако Русија утринава изврши воздушен напад во Киев, изјави градоначалникот на главниот град. Во објава на Телеграм, градоначалникот Виталиј […]

Најмалку двајца загинаа во руските напади врз Херсон во Украина


Најмалку две лица загинаа, а пет се повредени во руските напади врз градот Херсон во јужна Украина, изјави утринава гувернерот Олександр Прокудин. -Во овој момент имаме информации дека двајца цивили загинале, напиша гувернерот на регионот Херсон на Телеграм. Тој додаде дека четири лица се префрлени во болница, а на еден повреден цивил му била укажана […]

Се разговорува полско-украинскит спор околу забраната за увоз на украинско жито


Полското Министерство за надворешни работи го повика на разговор украинскиот амбасадор поради коментарите на претседателот Володимир Зеленски на Генералното собрание на Обединетите нации, соопшти Министерството. Во своето обраќање во Њујорк, Зеленски рече дека Киев „напорно работи на зачувување на копнените патишта за извоз на жито“ и дека „политичкиот театар“ околу увозот на жито и помага […]

Истрага на „Њујорк тајмс“: Заталкан украински проектил е одговорен за масакрот на 15 цивили на пазарот


  Ракетниот напад врз Костјантиновка во источна Украина беше еден од најсмртоносните во последните месеци. Најмалку 15 цивили загинаа, а повеќе од 30 се ранети. Ракетата го погодила пазарот, а парчињата метал со кои била наполнета боевата глава ги пробиле прозорците и ѕидовите. Некои жртви беа ранети до непрепознатливост. Помалку од два часа подоцна, украинскиот […]

(Видео) Украинците тврдат дека уништиле подморница


По информациите дека големи експлозии се случиле ноќва на Крим и дека по експлозија на гасовод гори рускиот град Саратов, Украинците соопштија и дека уништиле руска подморница. Како што истакна Антон Герашченко, советник во украинското Министерство за внатрешни работи, на масата се појави нова ставка на која се врши проценката на руските загуби – подморница. […]

Данска ќе и даде на Украина дополнителни 777 милиони евра


 Данска ќе и даде на Украина дополнителни 5,8 милијарди круни (777 милиони евра), главно наменети за финансирање на опрема за противвоздушна одбрана, муниција и тенкови, соопшти денеска данското Министерство за одбрана. „Со цел Украина да продолжи да се брани од илегалната инвазија на Русија, од суштинско значење е земјите како Данска да ја задржат својата […]

Шведска разгледува опции за испраќање борбени авиони во Украина


Шведската влада разгледува опции дали да донира борбени авиони Грипен на Украина за да и помогне во борбата против Русија, јави шведското јавно радио Ес-Ер, повикувајќи се на неименувани извори. Владата сака да проучи како можното предавање на авионите би влијаело на одбранбените способности на Шведска и колку брзо земјата би можела да набави нови […]

Стотици парчиња оружје „уништени“ од Русија во Украина биле макети


  Руските власти постојано известуваат за уништување на украинската воена опрема, вклучувајќи ја и онаа што ја обезбеди Западот, во неверојатни размери. Сепак, многу од овие цели се макети специјално поставени на бојното поле. Украина активно ги заменува хаубиците, тенковите, минофрлачите, радарите со макети за да ги принуди руските војници да фрлаат беспилотни летала, проектили […]