Пратеник во украинскиот парламент отиде на Малдиви, Зеленски збесна


Властите во Украина истражуваат дали пратеникот Јуриј Аристов го прекршил законот кога заминал на семеен одмор на Малдивите. На службените лица им е забрането да патуваат во странство на одмор, додека на мажите на старосна граница им е потребна посебна дозвола за да ја напуштат земјата. Службата за безбедност отвори кривична постапка за да процени […]

Бајден и наложи на Владата да ги предаде на МКС податоците за воените злосторства извршени од Русија во Украина


Американскиот претседател Џо Бајден и нареди на американската влада да започне со доставување до Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг податоци за наводните руски воени злосторства во Украина, изјави американски претставник. Пентагон се спротивставува на таквиот потег, а претставници на американското Министерство за одбрана во приватни разговори велат дека секоја отворена соработка со Судот во […]

Во Украина исчезнала хуманитарната помош вредна милион долари


 Во Лавов исчезнала хуманитарната помош вредна околу еден милион долари, јави украинскиот портал NGL.media. – Се работи за случај на исчезнување на околу 10.000 ИФАК тактички комплети за прва помош, со вкупна вредност од 33,6 милиони гривни, кои биле купени и испратени од американски доброволци за вооружените сили на Украина, пишува порталот, повикувајќи се на […]

„Фајнанс тинк“: Повеќе од една третина од компаниите искусиле пораст на трошоците за струја поради конфликтот во Украина


Поради влијанието на кризата предизвикана од конфликтот во Украина компаниите во Северна Македонија искусиле пораст на трошоците за суровини од 20 до 50 проценти, а повеќе од една третина од компаниите искусиле двојно до петкратно зголемување на трошокот за струја во периодот 2021 и 2022 година. За околу третина од фирмите, зголемувањето на минималната плата […]

Бугарскиот парламент одобри испраќање на оклопни транспортери во Украина


Бугарскиот парламент одобри испраќање на оклопни транспортери од советско производство во Украина. Бугарските пратеници со 148 гласови „за“ и 52 „против“ изгласаа стотина оклопни транспортери „БТР“ од советско производство да бидат испратени во Украина. На владината одлука се спротивставија социјалистите, како и проруската ултранационалистичка партија Преродба. Бугарија, поради историски силните врски со Русија, досега избегнуваше […]

Мили: Украина има значителна борбена моќ што се уште не е вклучена во војната


Украинските сили имаат „значително количество борбена моќ“ што сè уште не е вклучено во војната, изјави денеска началникот на американскиот Здружен Генералштаб, генерал Марк Мили, додавајќи дека Киев чува дел од своето тактичко оружје додека војниците полека се пробиваат низ руските мински полиња. Во разговор со новинарите по 14-та видео средба на Контакт групата за […]

Пристигнаа првите два хеликоптера H225M за унгарските вооружени сили


Првите два средно транспортни хеликоптери Х-225М, кои Унгарија ги нарача од Ербас за потребите на своите вооружени сили во 2018 година, и се испорачани на земјата, пишува денеска порталот Балканска безбедносна мрежа. Како што се наведува во текстот, Унгарија нарачала вкупно 16 авиони од овој тип како дел од својата програма за воена модернизација. Со […]

Ова е мозокот кој стои зад новата украинска контраофанзива


Ако пребарате на интернет податоци за генералот Олександр Сирски, ќе најдете дека тој е  опишан како „најуспешниот генерал на 21 век досега“. Тоа е голема одговорност. Генералот Сирски ја предводеше одбраната на Киев на почетокот на целосната руска инвазија на Украина минатата година. Тој беше мозокот зад изненадувачката и успешна контра-офанзива на Украина во Харков […]

Русија ноќеска почна воздушни напади на југот и истокот од Украина


Русија во текот на ноќта почна со воздушни напади врз јужна и источна Украина користејќи беспилотни летала и балистички ракети, соопштија рано утринава украинските воздухопловни сили. Јужното пристаниште Одеса и регионите Миколаив, Доњецк, Херсон, Запорожје и Дњепар се под закана од напад од руски беспилотни летала, јави Военото воздухопловство на апликацијата за пораки Телеграм. Се […]

Стапи во сила Одлуката на ЕУ за макрофинансиска помош за земјава


Одлуката на ЕУ за обезбедување макрофинансиска помош за Северна Македонија во износ до 100 милиони евра за справување со последиците предизвикани од руската агресија врз Украина, стапи во сила, откако денеска официјално е објавена во Службениот весник на Европската Унија. Одлуката што Советот за општи работи (ГАК) на Унијата едногласно ја одобри на минатиот понеделник, […]

Министрите за финансии на Г-7 потврдија дека поддршката на нивните земји за Украина останува непроменета


 Министрите за финансии на земјите од Г-7 денеска изјавија дека поддршката на нивните земји за Украина останува непроменета, јави јапонската новинска агенција Кјодо, повикувајќи се на јапонскиот министер за финансии Шуничи Сузуки. Минатата недела, лидерите на Г7 изјавија дека ќе продолжат да и помагаат на Украина со обезбедување оружје, обука и разузнавачки информации како дел […]

Украина го поместува православниот Божиќ од 7 јануари на 25 декември


 Украинскиот Парламент денеска гласаше за промена на датумот на православниот празник Божиќ од 7 јануари на 25 декември. Целта на предлог-законот поднесен од претседателот Володимир Зеленски е „одвојување од руското наследство“. Две од трите големи цркви со православен статус веќе одлучија да се сменат на Грегоријанскиот календар. Во 2017 година 25 декември е прогласен за […]

Германија најави пакет воена помош од 700 милиони евра за Украина


Германската Влада денеска најави нов пакет воена помош за Украина, кој е вреден 700 милиони евра. Пакетот вклучува два системи „Патриот“ од залихите на Бундесверот, 40 дополнителни пешадиски борбени возила „Мардер“, 25 дополнителни главни борбени тенкови „Леопард 1 А5“, како и пет оклопни транспортери „Бергепанцер“ 2, соопшти германското Министерство за одбрана. Се додава дека помошта […]

Австралиски набљудувачки авион ќе патролира по рутите за испорака на воена и хуманитарна помош за Украина


 Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска изјави дека Австралија во Германија ќе распореди авион за набљудување, како мерка за поддршка на Украина. Авионот ќе патролира по рутите за испорака на воена и хуманитарна помош за Киев. Авионот И-7 A „Вечтеил“ (Wedgetail) во Германија ќе биде шест месеци и ќе вклучува и до 100 членови на екипажот […]

Бајден: Украина не е подготвена за членство во НАТО


 Претседателот на САД, Џо Бајден синоќа за Си-ен-ен изјави дека Украина не е подготвена за членство во НАТО. – Мислам дека (Украина) не е подготвена за членство во НАТО. Не мислам дека има консензус во НАТО за тоа дали Украина треба или не да биде внесена во семејството на НАТО сега, во овој момент, среде […]

Украина сега има 1.500 тенкови, а Русија 1.400


  Помошта на западните сојузници на Украина и катастрофалните загуби на воена опрема што ги претрпе руската армија го менуваат односот на силите на бојното поле. Значителната супериорност во тешкото оружје што ја имаше Русија на почетокот на војната е значително намалена. А во однос на бројот на тенкови, украинската армија, очигледно, дури и ја […]

Украинското раководство ги објасни причините за бавниот напредок на контраофанзивата


Украинското раководство го објасни бавниот напредок на долгонајавуваната контраофанзива со новата цел да ги истроши руските сили. „Во оваа фаза на активни непријателства, украинските одбранбени сили ја исполнуваат задачата број еден: максимално уништување на жива сила, опрема, складишта за гориво, воени возила, командни пунктови, артилериски и противвоздушни сили на руската армија“, напиша секретарот на Советот […]

Русија распореди 180.000 нови војници – меѓу нив група полна со криминалци


Русија распоредила повеќе од 180.000 војници на двата главни источни фронта, според Серхи Червати, портпарол на источната група на вооружените сили на Украина. „Повеќе од 180.000 руски војници се распоредени во областа на одговорност на Источната група сили… Фронтот Лиман-Купјанск е подолг, поради што непријателот ги концентрира силите таму“, рече Червати во интервју за украинските […]

Карасин: Околу 700.000 деца од зоната на судири во Украина сега се во Русија


Русија префрлила околу 700.000 деца од зоните на конфликти во Украина на руска територија, изјави синоќа Григориј Карасин, шеф на меѓународниот комитет во Советот на Федерацијата, Горниот дом на рускиот Парламент. „Во последните години 700.000 деца најдоа засолниште кај нас, бегајќи од бомбардирањето и гранатирањето од зоните на конфликти во Украина“, напиша Карасин на својот […]

САД со нов пакет воена помош од 500 милиони долари за Украина


 САД ќе ѝ дадат на Украина нов пакет воена помош во вредност од 500 милиони долари, соопшти денеска Пентагон. Пентагон ја објави новата помош во знак на поддршка за Киев во време кога Москва сè уште се справува со последиците од бунтот на борците од паравоената група „Вагнер“. Новата помош вклучува борбени возила „Бредли“, оклопни […]