Турција: Од петок масовни демонстрации во 14 градови 


Турската Републиканска народна партија (РНП) објави дека ќе одржи масовни демонстрации во 14 градови и 21 провинција почнувајќи од петок во 20:30 часот, како одговор на приведувањето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу. Во соопштението за печатот, РНП рече дека нагласува дека сите собири имаат за цел да ја заштитат волјата на народот и да […]

Во Турција приведени 27 лица поради објави на социјалните мрежи за апсењето на Имамоглу


 Во Турција притворени се 27 лица под сомнение дека на социјалните мрежи објавиле провокативни коментари за апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја. Тој на платформата Икс објави дека осомничените „објавувале провокативни коментари за апсењето на Имамоглу кои поттикнуваат на злосторства и омраза“. Јерликаја наведе и дека […]

Во Турција протести поради притворањето на градоначалникот на Истанбул


 Илјадници студенти синоќа се собраа во кампусот на Универзитетот во Истанбул поради притворањето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу и покрај четиридневна забрана за јавни собири и протести до 23 март, со цел да се „одржи јавниот ред и да се спречат потенцијални провокации“. Протестите уследија по апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу и […]

Турција по првпат ќе командува со десантните сили на НАТО


Од 1 јули 2025 до 30 јуни 2026 година, Турција по првпат ќе ја преземе командата со десантните сили во рамките на Сојузничките сили за брза реакција на НАТО (ARF), како дел од своите обврски во Алијансата, соопшти турското Министерство за одбрана. Десантните сили на НАТО и нивниот турски еквивалент ќе учествуваат заедно во воената […]

Рекордно високи температури викендот во повеќе делови на Турција, од задутре снег и температури под нулата


Рекордно високи температури се измерени вчера во многу делови на Турција. Во вкупно 49 окрузи температурата изнесуваше над 25 степени Целзиусови, соопшти турската Метеоролошка агенција. Во исто време, температурите од денеска почнуваат да се намалуваат, а задутре се враќа зимата во земјата и се очекуваат снежни врнежи и температури под нулата во повеќе делови од […]

Турција пренесе критично повредени жртви од пожарот во Истанбул


Тројца критично повредени во пожарот што избувна во ноќен клуб во Кочани синоќа беа пренесени во Турција со медицински авион на турското Министерство за здравство. Авионот слета на аеродромот „Сабиха Ѓокчен“ во Истанбул, каде што повредените беа префрлени во центарот за изгореници при болницата „Башакшехир Чам и Сакура“ за понатамошен третман, јави Анадолија. Како одговор […]

Турската централна банка ја намалува основната каматна стапка поради забавувањето на инфлацијата


Турската централна банка денеска ја намали својата каматна стапка за дополнителни 2,5 процентни поени, неколку дена откако официјалните податоци покажаа забавување на инфлацијата на под 40 отсто на годишно ниво за првпат во две години. Ова е трето последователно намалување на каматните стапки. Во соопштението, Банката наведува дека, сепак, ќе ги разгледа трендовите на инфлацијата […]

Турција планира да гради ѕид на границата со Грција


Турција ќе почне да гради ѕид на границата со Грција со цел да спречи илегални влегувања во Европска Унија, изјави гувернерот на турската провинција Едрене, Јунус Сезер. – Планирано е годинава да почне изградба на 8,5 километри, истакна Сезер, чија покраина граничи со Грција и со Бугарија. Тој додаде дека другите делови од ѕидот би […]

Инфлацијата во Турција е под 40 отсто за прв пат од јуни 2023 година


Годишната стапка на инфлација во Турција забави деветти месец по ред во февруари. Достигна 39,05 отсто, паѓајќи под границата од 40 отсто за прв пат од јуни 2023 година, според официјалните податоци објавени денеска. Во јануари стапката на инфлација во Турција изнесуваше 42,1 отсто. Турција од 2019 година доживува двоцифрена инфлација. Годишната стапка на инфлација […]

Зеленски пристигна во Турција, денеска средба со Ердоган


Украинскиот претседател Володимир Зеленски и првата дама Олена Зеленска синоќаа пристигнаа во официјална посета на Турција. „Официјална посета на Турција заедно со првата дама. Средби со претседателот Реџеп Таип Ердоган и првата дама Емине Ердоган. Продолжуваме со сите напори за размена на воените заробеници – нашите луѓе мора да се вратат дома“, објави Зеленски на […]

Турција ги укина ограничувањата за увоз од Сирија


Турција ги укина ограничувањата за увоз на стоки од Сирија, објави портпаролот на Сириската управа за копнени и морски премини, Мазен Алуш. Изјавата е дадена по средбата меѓу Алуш и претставници на турското Министерство за трговија. По падот на режимот на Башар ал Асад во декември минатата година, Турција и Сирија се договорија да ги […]

Во источна Турција измерени минус 34 степени Целзиусови


Минус 34 степени Целзиусови се измерени денеска во областа Ерзурум, источна Турција, јави турската државна телевизија ТРТ-Хабер. Екстремно студен бран зафати многу региони во источна Турција. Најниска температура на воздухот синоќа во Турција е измерена во градот Текман, во Ерзурум, каде беа измерени минус 34 степени. Во центарот на округот Ерзурум температурите се спуштаат до […]

Грешка на кујнскиот персонал го предизвкал пожарот во хотелот „Гранд Картал“ во турскиот ски-центар во Бол


Пожарот во хотелот „Гранд Картал“ во турскиот скијачки центар во Карталкаја, во општина Бол, во кој загинаа 78 лица, е предизвикан од грешка во кујната на хотелот, ги објавија денеска турските медиуми резултатите од истрагата. Додека се подготвувал појадокот во хотелот „Гранд Картал“ се запалило врело масло, а пламенот се проширил по погрешна интервенција на […]

Се урна зграда во Турција: Луѓе заробени во урнатини, снимката е застрашувачка (видео)


Најмалку пет лица останаа затрупани под урнатините кога денеска се урна четирикатница во Турција, соопштија турските власти. Сè уште не е позната причината за уривањето на зградата во градот Коња, кој се наоѓа на околу 260 километри југоисточно од главниот град Анкара, пренесе АП. Две лица се извлечени од урнатините со повреди, јави приватната новинска […]

Бројот на загинати во пожарот во ски-центар во Турција се искачи на 76. Уапсени сопственикот и осум лица


Најмалку 76 лица ги загубија животите во пожар што рано утринава избувна во хотел во ски-центарот Карталкаја, во северна Турција, јавува Анадолу. Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја потврди дека бројот на загинати во пожарот се искачи на 76. Претходно денеска беше соопштено дека во пожарот е повредено 51 лице, од кои еден е […]

Најмалку 76 луѓе загинаа во пожар во скијачки центар во Турција


  Десетици луѓе загинаа откако пожар избувна во хотел во ски-центар во северозападна Турција во вторникот, принудувајќи ги очајните туристи да скокаат од прозорците за да се спасат од пламените јазици и чадот. Најмалку 76 лица загинаа, а педесетина се повредени по пожарот во хотел во одморалиштето Карталкаја во провинцијата Болу, изјави турскиот министер за […]

(Видео) Десет загинати и 32 повредени во пожар во хотел во ски центар во Турција


Пожар избувна денеска во хотел во популарен турски ски-центар во централната провинцијата Болу, при што загинаа 10 лица, а 32 беа повредени, соопшти министерот за внатрешни работи. Пожарот во хотелот во ски-центарот Карталкаја избувна во 3:27 часот (0027 GMT), објави Али Јерликаја на X. Bolu Kartalkaya Kayak Merkezi’ndeki Grand Kartal Oteli’nde çıkan yangında ölü sayısı […]

Турски Бајкар ја купува италијанската авиокомпанија Пјаџо Аероспејс


Турската компанија Бајкар денеска соопшти дека ќе ја купи италијанската авиокомпанија „Пијаџо Аероспејс“, а дека продажбата е одобрена од италијанското Министерство за претприемништво и производниот бренд „Произведено во Италија“. Бајкар, најголемата светска компанија за вооружени беспилотни летала (UAV), ја даде најдобрата понуда на меѓународниот тендер за купување на Piaggio Aerospace. „Piaggio Aerospace“ е познат по […]

Турција планира да извезува електрична енергија во Сирија


Турција планира да извезува електрична енергија во Сирија и да работи на обнова на енергетската инфраструктура, изјави турскиот министер за енергетика Алпарслан Бајрактар. Тој најави дека ќе ја предводи турската делегација при утрешната посета на Сирија, каде ќе се разговара за снабдувањето со енергија, инфраструктурата и други прашања. – Треба брзо да обезбедиме електрична енергија […]

По две години турската централна банка ја намали каматната стапка


Во четвртокот Централната банка на Турција ја намали каматната стапка за 250 базични поени на 47,5 отсто. Тоа беше прво намалување на стапката во период од околу две години, јавува Anadaolu Agency. Од мај 2023 година до овој март, банката ја подигна стапката од 8,5 отсто на 50 отсто, а на последните осум состаноци ја […]