Во Турција приведен уште еден опозициски градоначалник


Турската полиција денеска го приведе градоначалникот на Манавгат, Анталија, Нијази Нефи Кара во рамките на истрагата за корупција. Покрај градоначалникот приведени се и 33 други осомничени во рамките на истрагата на работата Општината предводена од опозициската Републиканска народна партија (ЦХП). На 1 јули полицијата ги приведе градоначалникот на Измир, Тунџа Сојера, 20 опозициски општински претставници, […]

Турските власти притворија над 120 лица во истрага за корупција против опозицијата


Турските власти денеска приведоа над 120 лица во голема истрага за корупција насочена кон градската администрација на Измир, која е управувана од главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП), објави Анадолија. Меѓу приведените се поранешниот градоначалник на Измир, Тунч Сојер, и покраинскиот претседател на ЦХП, Шенол Асланоглу. Обвинителите издадоа налози за апсење на вкупно 157 осомничени […]

Турција ја зголеми безбедноста по должината на границата со Иран, но не забележа прилив на мигранти


Турција ја зголеми безбедноста по должината на границата со Иран поради конфликтот меѓу Израел и Иран, изјави денеска анонимен извор од турското Министерство за одбрана. Изворот додаде дека Анкара не забележала прилив на нелегални мигранти од Иран. Турција продолжува да развива повеќеслоен и интегриран систем за противвоздушна и противракетна одбрана користејќи радарски и оружени системи […]

Несреќа со воздушни балони во Турција: Еден загинат, 19 повредени


 Два воздушни балони се урнаа во централна Турција, при што загина најмалку едно лице, а 19 се повредени, јави турската државна телевизија ТРТ. Загинатиот бил еден од лицата што управувале со балоните. Несреќата се случила при лет над долината Ихлара, дел од познатата туристичка област Кападокија, која е позната по балонските летови и живописниот пејзаж.

Во Турција 14.372 лица биле повредени при жртвување животни во првиот ден од Курбан Бајрам


Турскиот министер за здравство, Кемал Мемишоглу, објави дека 14.372 лица побарале медицинска помош поради повреди здобиени за време на жртвувањето животни во првиот ден од Курбан Бајрам. Според министерот Мемишоглу, кој ги објави бројките на социјалните мрежи, пријави за повреди се регистрирани во секоја од 81-те покраини во Турција. Најголем број случаи е пријавен во […]

Од први јуни до септември авиолинии до уште три градови во Турција, од Скопје до Анкара, Чукурова и Дијарбакир


Меѓународниот Аеродром Скопје од први јуни се поврза со уште три градови во Турција. Авиокомпанијата АJet изминатиов викенд почна да лета до Анкара, Чукурова, Дијарбакир, три нови дестинации за одмор, соопшти аеродромскиот оператор ТАВ Македонија. Сезонските летови од Скопје до Анкара и до Дијарбакир ќе се одвиваат еднаш неделно, летовите на Ajet до аеродромот Чукурова […]

Во Турција откриени и запленети фалсификувани девизи во вредност од 100 милиони евра


Турската полиција во Истанбул откри и заплени фалсификувани банкноти американски долари, саудиски ријали и египетски фунти во вредност од околу 100 милиони евра. Во полициската акција приведени се пет странци, кои се подготвувале да ги пуштат во оптек фалсификуваните пари. Исто така е одземен и материјал потребен за производство на лажни банкноти. Кон крајот на […]

Турција до април ја посетиле 10,59 милиони странски туристи


Турција во првите четири месеци од годинава ја посетиле 10,59 милиони странски туристи, што е за 0,6 проценти помалку во споредба со истиот период лани, соопшти турското Министерство за култура и туризам. Сепак, раст од осум проценти се бележи во април, кога во земјата дошле 3,9 милиони странски туристи.  Истанбул, најголемиот град во Турција и […]

Грција ја условува Турција: Повлекување на заканата со војна за пристап до одбранбените фондови на ЕУ


Турција мора да ја прекине заканата со 30-годишна војна против Грција ако сака Атина да се согласи на пристап на Анкара до европските одбранбени фондови, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Грција и Турција, сојузници во НАТО, но историски непријатели, со децении се во конфликт околу низа прашања, од воздушниот простор до обемот на нивните поморски […]

Турската полиција приведе 1.005 лица во масовна операција во Истанбул


 Турската полиција приведе вкупно 1.005 лица за разни прекршоци во масовна операција спроведена доцна синоќа во Истанбул.  Како дел од операцијата, полицијата изврши проверка на над 41.000 автомобили и 2.000 мотоцикли на патиштата во Истанбул и се испрашани речиси 330.000 луѓе на јавни места.  Полицијата соопшти дека вкупно 1.005 лица осомничени за разни кривични дела […]

Средба Димитриеска Кочоска – Болат, договорена интензивирана соработка во областа на царината


Македонија  и Турција ќе ја зајакнуваат економската соработка преку обезбедување поповолни услови за соработка. На средба на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со турскиот министер за трговија Омер Болат, соопшти денеска Министерството за финансии, договорена е соработка помеѓу царинските органи на двете земји, како и обновување на меѓусебните договори за заемна соработка, како и потпишување […]

Продолжуваат протестите во Турција поради приведувањето на градоначалникот на Истанбул


 Антивладин протест организиран од најголемата турска опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) за поддршка на уапсениот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, беше одржан денеска во Јозгат, град во централна Турција кој се смета за традиционално упориште на Партијата на правдата и развојот (АКП) на претседателот Реџеп Таип Ердоган. – Јозгат, кој вообичаено ја поддржува АКП на […]

(Видео) Густ снег го прекри главниот град во средината на април: Училиштата се затворени


Образовните институции во турскиот главен град Анкара денеска се затворени поради обилни снежни врнежи и невреме, соопшти гувернерот Васип Сахин. Türkiye Cumhuriyeti’nin başkenti Ankara’dan anlık… Başkent kendini Nisan’da pamuk gibi hissediyor… 📽 Cumhuriyet Gürcan pic.twitter.com/dwyBxuKYBi — Hava Forum (@HavaForum) April 11, 2025 Во изјавата објавена на социјалните мрежи во четвртокот, Сахин рече дека временската прогноза […]

Двајца турски новинари приведени поради критикување на властите


Двајца турски новинари, Тимур Сојкан од весникот „БирГун“ и Мурат Агирел од весникот „Џумхуриет“, се приведени денеска на основа на, како што наведуваат весниците, лажни обвиненија кои произлегуваат од нивното работење. Сојкан, кој е и писател, и Агирел се уапсени во нивните домови под обвинение за закани и уцени во истрагата на главниот јавен обвинител […]

Турција привремено го прекина извозот на лимон


 Турција привремено го прекинува извозот на лимони почнувајќи од денеска поради студеното време што ги зафати регионите во земјата каде што се одгледуваат цитрус, соопшти турското Министерство за земјоделство и шумарство. -Како резултат на студиите спроведени од Министерството во врска со студеното време и смрзнатини на растенијата во градовите Адана, Мерсин и Хатај, беше утврдено […]

Турската полиција приведе 11 лица во врска со повиците за бојкот


Турската полиција приведе 11 лица во рамки на истрагата за повиците за бојкот што се шират на социјалните мрежи, пренесе ДПА. Главниот обвинител на Истанбул започна истрага по обвиненијата за дискриминација и поттикнување општество кон омраза и непријателство, јавува турската приватна телевизија НТВ. Во рамки на истрагата издадени се 16 потерници за апсење. По апсењето […]

ЕУ длабоко загрижена поради ситуацијата во Турција


 Еврокомесарката за проширување Марта Кос синоќа изрази „длабока загриженост“ на Европската Унија поради апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, и соопшти дека ги откажува планираните посети на Турција поради случувањата таму. – Апсењето на избран функционер и водечки претставник на опозицијата веднаш откако ја објави својата кандидатура за претседател на државата отвора фундаментални прашања. […]

Пожар во хотел во ски-центар во Турција, двајца загинати


Две лица загинаа, а две се повредени кога денеска избувна пожар во хотел во ски-центар во северозападна Турција, соопштија локалните власти.     Трагедијата се случила во ски-центарот Улудаг во провинцијата Бурса, изјави градоначалникот на Бурса Мустафа Бозбеј, пренесе телевизијата НТВ. Прелиминарните извештаи покажуваат дека во моментот на пожарот во хотелот имало 12 лица Хотелот […]

Главниот ривал на Ердоган во затвор. Тој денеска доби 15 милиони гласови на примарните избори


  Судот во Истанбул формално го уапси градоначалникот на градот, Екрем Имамоглу, под обвинение за корупција, испраќајќи го во истражен затвор на денот кога се очекува да ја добие номинацијата на неговата партија за претседател. Градоначалникот на најголемиот турски град и ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган, беше затворен под обвинение за водење на криминална […]

Приведени се 343 лица во насилните протести во Турција (видео)


Демонстрации се одржаа во десетина градови во Турција, вклучувајќи ги Истанбул и престолнината Анкара. Турското Министерство за внатрешни работи соопшти дека приведувањата се направени за да се спречат „нарушувања на јавниот ред“ и предупреди дека властите нема да толерираат „хаос и провокации“. Десетици илјади Турци учествуваат во главно мирни протести од средата, кога Имамоглу беше […]