Сопственикот и архитектот на хотелот во Турција кој се урна во земјотресот осудени на 18 години затвор


Судот во Турција денеска ги осуди на 18 години и пет месеци затвор сопственикот и архитектот на хотелот „Исијас Гранд“, кој се урна во земјотресот во 2023 година, кога загинаа 72 лица. Сопственикот на хотелот Ахмет Бозкурт и неговиот архитект Ердем Јилмаз се осудени, додека синот на Бозкурт, Мехмет Фатих, е осуден на 17 години […]

Ердоган повторно повика на нов устав


Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган уште еднаш повика на усвојување на нов устав, јавуваат турските медиуми. Тој ги повика особено опозициските партии да го поддржат предлогот на неговата Партија на правдата и развојот (АКП) за нов устав. -Иако опозицијата не ги слуша нашите искрени повици, ни треба демократски, инклузивен и либерален устав направен од […]

Реална цел е трговска размена меѓу Македонија и Турција од две милијарди долари, вели Куртулмуш


Претседателот на големото Национално собрание на Турција Нуман Куртулмуш, кој е во прва официјална посета на Северна Македонија, во интервју за МИА вели дека парламентарната соработка ги следи севкупните пријателски и билатерални односи меѓу двете земји, но исто така очекува двојно зголемување на турските инвестиции во земјава. -Како што и Вие истакнавте, помеѓу двете земји […]

Турција ќе добие уште една милијарда евра од Европската унија за сириските бегалци


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во вторникот објави дека Турција ќе добие уште една милијарда евра оваа година за помош на сириските бегалци во Турција. „Оваа сума треба да се додаде на сумата од речиси 10 милијарди евра што Анкара веќе ја има добиено од 2011 година за да им помогне на […]

Се судрија два турски воени хеликоптери – шест загинати, меѓу кои и генерал (видео)


Два турски воени хеликоптери се судрија во воздух, при што загинаа шест воени лица. Еден од хеликоптерите се урнал по судирот, додека другиот безбедно слетал. Петмина жртви починале на местото на несреќата, додека шестиот почина од повредите  во болница, соопшти Министерството за одбрана. Несреќата се случила во југозападната провинција Испарта за време на редовни летови […]

Сибирски студ ја зафати Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата


Сибирски студ ја зафати Централна и Источна Турција, каде температурите се спуштија до минус 20 степени Целзиусови, пренесуваат турските медиуми. Поради ниските температури, обилниот снег и снежните бури, вчера беше неработен ден за училиштата во повеќе окрузи. На многу места, граѓаните се соочуваат со потешкотии во движењето поради замрзнатите патишта, објави „Си-ен-ен турк“. Најниската температура, […]

(Видео) Обилни снежни врнежи во Турција: Затворени училишта и спасени стотици граѓани


Поради обилни снежни врнежи и други неповолни временски услови, наставата во училиштата е прекината во 20 од 81 турска провинција, како и во одредени региони од уште пет провинции, пренесува Си-eн-eн Турк. Училиштата денеска остануваат затворени во Самсун, Кајсери, Нигде, Невшехир, Болу, Гумушане, Бајбурт, Јозгат, Токат, Сивас, Кахраманмараш, Ерзинџан, Киршехир, Кастамону, Караман, Малатија и други […]

(Видео) Руски патнички авион се запали веднаш по слетувањето во Турција


Моторот на патнички авион од руско производство се запалил по слетувањето на аеродромот во Анталија во јужна Турција во неделата, соопшти турското Министерство за транспорт. Министерството соопшти дека слетувањата на аеродромот биле прекинати до три часот по полноќ по локално време, додека авионот не бил отстранет од пистата. Сите 89 патници и шест членови на […]

Централната банка на Турција ја задржа референтната каматна стапка на 50 отсто


 Централната банка на Турција (ТЦМБ) денеска одлучи, осмипат по ред, да ја задржи референтната каматна стапка на 50 проценти. Додека гувернерот на ТЦМБ, Фатих Карахан изјави дека се подобрени инфлаторните очекувања во Турција се подобрени, што во иднина би можело да доведе до намалување на каматата. Годишната стапка на инфлација во Турција во октомври се […]

Лекарите на кои им се суди во Турција обвинети за смртта на 10 бебиња


 Лекарите, медицинските сестри и возачот на брза помош се меѓу 47-те лица на кои им се суди обвинети за предизвикување смрт на 10 бебиња како дел од наводната шема за измама на турскиот систем за социјално осигурување. Обвинетите се теретат дека ги префрлиле бебињата во 19 приватни болници каде наводно бебињата биле подложени на продолжени, […]

Тинејџерка од Велика Британија удрена од параглајдерист во Турција. Има скршеници на ‘рбетот и вилицата


Британската тинејџерка Лили Никол (15) од Дурам, се здобила со сериозни повреди откако била удрена од параглајдерист додека била на одмор со своето семејство во популарното летувалиште Олудениз во Турција. Инцидентот се случил за време на последниот ден од нивниот одмор, додека Лили била на вечера во ресторан со нејзината мајка Линдзи Логан и постарата […]

Експлозија на гас во станбена зграда во Турција: Едно лице загина, 16 повредени


Едно лице загина, а најмалку 16 се повредени во експлозија на гасна инсталација во станбена зграда во градот Чорум, северна Турција, соопшти градоначалникот Али Чалгaн за турската радиотелевизија ТРТ. Градоначалникот посочи дека состојбата на тројца од повредените е критична. Експлозијата се случила на еден од катовите во петкатната зграда на централната улица „Османџик.“ Пожарната служба […]

Театар стар 2.400 години откриен во Турција – можел да прими до 12.000 луѓе


  Археолошкото наследство на Турција доби уште едно извонредно поглавје, имено новооткриениот театар стар 2.400 години, кој можел да прими до 12.000 луѓе. Турски научници открија урнатини на театар во градот Александрија Троад во Чанаккале. Тоа е пристанишен град кој се наоѓа на јужниот брег на Дарданелите покрај Егејското Море во северозападна Турција. Археолозите сметаат […]

Нападот на клучната турска компанија за одбрана остави четворица мртви


  Турскиот министер за внатрешни работи оцени дека „терористичкиот напад“ бил виновен за експлозијата и нападот во седиштето на националната воздухопловна компанија, „Тушаш“, надвор од Анкара, во која загинаа четири лица, а 14 други беа ранети. Големата експлозија се случила пред зградата во средата во 16 часот, а имало информации дека и во околината се […]

Терористички напад во Турција: Нападнат комплексот на воздухопловната индустрија, има и жртви


Експлозии имало во просториите на ТАИ Анкара Кахраманказан. Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја соопшти дека има загинати. Станува збор за комплексот на ТАИ, турската авијациска индустрија, а властите и медиумите во Турција нападот го означија како терористички. Наведено е дека персоналот од безбедносни причини бил испратен во засолништа. На местото на настанот се […]

Обвинител бара повеќе од 500 години затвор за криминалци кои предизвикале смрт на новороденчиња во Турција


Турскиот обвинител побара повеќе од 500 години затвор за наводни водачи на криминална група обвинета за смрт на бебиња, откако ги сместувале новороденчиња на оддели за интензивна нега заради финансиска корист, јави ДПА. Обвинението на 494 страници против 47 осомничени, вклучително и здравствени службеници, откри дека новороденчињата наместо во здравствени установи, во одредени болници во […]

Се преврте автобус во Турција, шест лица загинаа


  Најмалку шест лица загинаа, а 25 се повредени при превртување на туристички автобус во Аксарај, Турција. Туристичкиот автобус од непозната причина се превртел на локацијата Аципинар на автопатот Аксарај – Анкара. На местото на настанот се испратени бројни возила на брза помош, полиција и пожарникари. Во тек е истрага Според првичните податоци, во несреќата […]

Силен земјотрес ја погоди Турција


Разорен земјотрес со јачина од 6,1 степен ја погоди денеска Турција. Земјотресот е регистриран на 46 километри источно од Малатија, која беше разурната од минатогодишниот земјотрес. Земјотресот е регистриран на длабочина од 9 километри. Засега нема информации за жртви и штети. Да потсетиме, во февруари минатата година, низа разорни земјотреси, од кои најсилниот беше 7,8 […]

Турција ќе ѝ подари на Албанија „значителен” број дронови камикази


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе и  подари „значителен“ број беспилотни летала камикази на Албанија, изјави денеска албанскиот премиер Еди Рама, без да прецизира за каков тип на дронови станува збор. -На заедничката прес-конференција со Ердоган, кој е во еднодневна посета на Тирана, Рама рече дека тоа е подарок што доаѓа како силна порака од […]

Турција со бродови ќе ги евакуира своите граѓани од Либан


Турција планира утре со брод да ги евакуира своите граѓани од Либан, кои поднеле барање да ја напуштат земјата, соопшти турското Министерство за надворешни работи. Во соопштението се наведува дека денеска се очекува за Бејрут да заминат два брода на турската морнарица со вкупен капацитет од околу 2.000 патници. Турското министерство додаде дека процесот на […]