Турција, Сирија и Јордан го обновуваат симболот на Отоманската империја: Ќе го поврзат Истанбул со Арапите


Турција, Сирија и Јордан се согласија да ја обноват историската железница Хиџаз, изјави во вторник висок функционер, што претставува важен чекор кон обновување на регионалната поврзаност и зачувување на заедничкото наследство. „Историската железница Хиџаз се обновува“, изјави министерот за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу. Според Уралоглу, договорот е постигнат за време на трипартитен состанок одржан […]

(Фото+видео) Голем пожар во Анталија, евакуирани гости од неколку хотели


Шумскиот пожар во округот Аксу во Анталија (Турција) е ставен под контрола, а поради претпазливост синоќа биле евакуирани гости од неколку хотели. Пожарот избувнал околу 21 часот синоќа. Засега не е утврден причинителот, јавува TRT Haberler. Поради силен ветер, пожарот брзо се проширил и зафатил голема територија. Противпожарни екипи веднаш биле испратени на терен. Belek […]

Германија европски првак во кошарка, во возбудлив натпревар ја победи Турција


Германската репрезентација вечерва во Рига ја победи Турција во финалето на Европското кошаркарско првенство — 88:83 (24:22, 16:24, 26:21, 22:16). Најефикасен играч во германскиот тим беше Исак Бонга, кој постигна 20 поени, имаше пет скока и три асистенции. Најдобар во поразената селекција беше Алперен Шенгун — 28 поени, 3 скока, 3 асистенции. Овој трофеј на […]

Евробаскет 2025: Турција прв полуфиналист


Кошаркарската репрезентација на Турција обезбеди пласман во полуфиналето на Евробаскет 2025 откако попладнево ја совлада Полска со 91:77 (19:19; 27:13, 19:18 и 26:27). Нивни ривал во полуфиналето ќе биде победникот од вечерашниот дуел меѓу Литванија и Грција што почнува во 20 часот. По изедначениот прв период (19:19) решавачката предност Турција ја направи во вториот период, […]

Двајца полицајци убиени во вооружен напад врз полициска станица во Измир


Двајца полицајци се убиени, а еден е ранет во вооружен напад врз полициска станица во западниот турски град Измир, јави Анадолија. Шеснаесетгодишно лице отворило оган од пушка врз станица во населбата Балчова. Ранетиот полицаец е пренесен во болница. Министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерлијака, соопшти на социјалните мрежи дека напаѓачот е уапсен. Министерот […]

Од ЦЕРН до американски притвор: Како светски познат турски научник заврши зад решетки?


Турскиот физичар Фуркан Долек, кој беше исчезнат повеќе од една недела, се наоѓа во притворниот центар на американската имиграциска служба (ICE) во државата Њујорк, потврдија турските дипломатски институции по неколкудневна потрага на неговото семејство. Според медиумите, Долек бил уапсен за време на протестниот марш кон Канада, кој го започнал откако му била отфрлена американската истражувачка […]

Турските власти минатата година блокирале над 311.000 интернет страници


 Властите во Турција во 2024 година блокирале повеќе од 311.000 Интернет страници, со што е достигнат највисокиот број забрани откако се води ваква статистика, стои во извештај на Турската асоцијација за слобода на изразување (İFÖD), цитиран од Туркиш Минут („Turkish Minute“). Според извештајот на организацијата, која се занимава со следење на цензурата во онлајн просторот […]

Уџум: Турција за да постигне мир со Курдите мора да го смени Уставот


 Главниот правен советник на турскиот претседател, Мехмет Уџум изјави дека за Турција да тргне на патот кон мирот со Курдската работничка партија (ПКК) ќе мора да го смени Уставот. Но, тој исклучи каков било посебен статус за Курдите. – Држава на курдскиот народ е Република Турција, Турција е татковина на курдскиот народ … Факт е […]

Турција ги прекинува сите комерцијални и економски врски со Израел


Турција одлучи целосно да ги прекине сите комерцијални и економски врски со Израел и да го затвори својот воздушен простор за израелските авиони, изјави денес турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан. Според „Џерусалем пост“, економските последици од овој потег сè уште не се познати, но заобиколувањата поради затворениот воздушен простор би можеле да го […]

Турција донесе итна одлука за изградба на нуклеарни засолништа, во Анкара веќе се градат


Турската администрација за домување во масовни објекти презеде мерки за изградба на модерни засолништа во сите 81 провинции. Работата на овие модерни засолништа започна за да им се обезбеди засолниште на граѓаните во случај на војна, катастрофа и истекување на нуклеарно оружје. Турската влада разгледа различни сценарија поради војната и тензиите во регионот. Целта е […]

Турција ги затвори пристаништата за израелските бродови


Турција денеска официјално го укина бродскиот сообраќај со Израел. Денеска стапува во сила забраната за влез во турските пристаништа за сите бродови кои пловат под знамето на Израел, како и на бродовите кои се во сопственост на израелски државјани. Во исто време, турските власти им забрануваат на сите бродови што пловат под турско знаме да […]

Во Турција продолжуваат преговорите за зголемување на платите во јавниот сектор


Преговорите меѓу турската Влада и синдикатите за зголемување на платите на вработените во јавниот сектор продолжуваат оваа недела, а нивниот исход ќе одреди дали вчерашниот еднодневен штрајк ќе прерасне во подолготраен протест. Илјадници вработени во јавниот сектор во Турција вчера одржаа штрајк во знак на протест против предлогот на Владата за зголемување на платите во […]

По земјотресот, градат отпорни станови


Речиси 1,3 милиони отпорни живеалишта се изградени во Турција по земјотресот во 1999 година. По катастрофалниот земјотрес што го погоди регионот Мармара на 17 август 1999 година, активностите за намалување на ризикот од катастрофи и обнова на урбаните средини интензивно се спроведуваат во Турција во текот на изминатите 26 години, објави Министерството за животна средина, […]

Десет пожарникари загинаа во шумски пожар во централна Турција кога ветрот го сменил правецот


Десет пожарникари загинаа, а 14 се повредени додека се бореа со шумски пожар во централна Турција „Додека реагиравме на шумски пожар што избувна во Ескишехир и стигна до границата на Афионкарахисар, 24 пожарникари беа заробени во пожарот кога ветерот одеднаш се промени и ги пренасочи пламените јазици кон нив“, изјави Џумакли за новинарите.   Пожарникарите […]

Топлотен бран ги погоди Грција и Турција


Грција и Турција беа погодени од силен топлотен бран со температури над 40 степени Целзиусови во текот на денот. Температурите веќе достигнаа 30 степени наутро, а ноќите не се пријатни. Властите предупредија дека условите ќе се влошат и очекуваат четврток и петок да бидат уште полоши. Грција воведе забрана за секаква работа на отворено во […]

Ердоган подготвува нов „Век на Турција“


  (Од нашиот известувач) ИСТАНБУЛ/АНКАРА – Со помоќен глас од тоа што годините му го дозволуваат, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на денот на одбележувањето на годишнината од обидот за државен удар во 2016 година ја опиша визијата за нова Турција. Според него, тоа ќе биде „Турција ослободена од тероризам, во ист таков регион што […]

Рекорднa запленa од 206 кг кокаин на границата меѓу Бугарија и Турција, приведен дипломат


Бугарските гранични власти запленија речиси 206 килограми кокаин на границата со Турција и уапсија три лица, меѓу кои и дипломат од Демократската Република Конго акредитиран во Белгија, соопштија бугарските истражни органи. Дрогата, со проценета вредност од околу 20 милиони евра, била откриена во комбе со белгиски регистарски таблички, скриена меѓу лични предмети во пет куфери. […]

И Скопје се најде во „големата турска епопеја“ на Ердоган


  (Од нашиот известувач) АНКАРА – „Таа ноќ  ја почувствувавме вистинската смисла на тоа што значи да бидеме една заедница. Славата што се читаше во Истанбул одекна и во Скопје, во Пакистан, во Индонезија… Нашиот народ напиша славна епопеја што  со гордост ќе се памети до Судниот ден“, порача денес во својот говор по повод […]

Турција го казни „Гугл“ со 8,8 милиони долари поради кршење на правилата за конкуренција


Турскиот орган за конкуренција го казни технолошкиот гигант „Гугл“ (Google) со 355,1 милиони турски лири (8,86 милиони долари) за кршење на обврските, поврзани со локалните услуги за пребарување со новиот формат наречен „деловни реклами“. Според турскиот регулатор „Гугл“ е казнет оти не ги исполнил обврските насочени кон обезбедување фер конкуренција и заштита на потрошувачите. Исто […]

Лав избега од зоолошка градина во Турција, па нападна човек


Лав кој избегал од зоолошка градина денеска нападнал и сериозно повредил човек во јужна Турција. Лавот „Зевс“, како што објавуваат турските медиуми, избегал од зоолошката градина „Земја на лавовите“ во Манавгат, на брегот на Средоземното Море, и неколку часа подоцна нападнал 53-годишен маж додека спиел надвор, изморен по наводнување на нива со ф’стаци. – Слушнав […]