Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси


Турција годинава ја погодија вкупно 53.262 земјотреси, во просек шест земјотреси на секој час, што е втора година со најмногу регистрирани потреси во земјата, веднаш по 2023 година, изјави денеска професорот на Универзитетот Гази во Анкара, Булент Озмен. Според него, во текот на 2025 година се забележани 437 земјотреси со јачина поголема од 4 степени […]

Во Турција приведени 357 осомничени за поврзаност со Исламска држава


Турската полиција приведе 357 осомничени лица во денешната операција против членови на Исламска држава. Акцијата е спроведена еден ден по престрелката во северозападна Турција, при што загинаа тројца полицајци и шест припадници на ИД. Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека властите спровеле рации во 21 провинции низ целата земја. Турските власти ги […]

Убиени тројца полицајци во Турција и шест члена на ИСИС


Судирот се случил околу 3 часот наутро по локално време, кога полицијата извршила рација во куќа во селото Елмалик, на околу девет километри од центарот на Јалова на северозападниот дел од земјата. Се претпоставувало дека членови на Исламска држава престојуваат во куќата. Осомничените отвориле оган кога полицијата се приближила. Според достапните информации, шест членови на […]

Во Медитеранот се формира нов воен сојуз: Израел ја предводи групата што испраќа јасна порака до Анкара


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделник ги угости грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и кипарскиот претседател Никос Христодулидес во Израел, каде што се одржа трилатерален самит на кој беше најавено дополнително продлабочување на безбедносната, воената и технолошката соработка меѓу трите земји. Во заедничка изјава по состанокот беше наведено дека Израел, Грција и Кипар се согласиле да […]

Турскиот министер откри дека му помогнале на Иран за време на израелскиот напад, а користа била взаемна


Турскиот министер за одбрана Јасар Ѓулер изјави дека Иран им нанел тежок удар на курдската милитантна група Курдистанска работничка партија (ПКК) и нејзиниот огранок ПЈАК за време на 12-дневната американско-израелска воена агресија против Иран во јуни. Министерот на прес-конференцијата изјави дека Турција секојдневно му обезбедува на Техеран разузнавачки информации за ПКК и нејзиниот огранок ПЈАК. […]

Тепачка во турскиот парламент на расправата за буџетот


Пратениците од владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и главната опозициска Републиканска народна партија (КП) доцна синоќа се судрија во турскиот Парламент за време на последниот ден од дебатата за буџетот. Конфликтот траеше околу десетина минути, а пратениците се тепаа на средина од парламентарната сала. Претседателот на парламентот, Нуман Куртулмуш, беше принуден да ја […]

Турската Црвена полумесечина транспортира 1.300 тони хуманитарна помош во Газа


Брод со 1.300 тони хуманитарна помош, која турската Црвена полумесечина ја подготви за испорака во Газа, исплови од турското пристаниште Мерсин. Деветнаесеттиот брод на добродетелството беше натоварен првенствено со храна, хигиенски средства, облека и ќебиња. Се очекува помошта да пристигне во египетското пристаниште Ел Ариш, каде што ќе биде истоварена, а потоа и доставена во […]

Турција ги повика амбасадорот на Украина и рускиот от­пра­вник на работи поради нападите во Црно Море


Турција ги повика амбасадорот на Украина и рускиот отправник на работи во турското Министерство за надворешни работи, за да ја изрази својата загриженост поради серијата напади врз бродови поврзани со Русија во турската ексклузивна економска зона во Црно Море, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Турција, Бериш Екинџи. – Сведоци сме на многу сериозна ескалација […]

Анкара загрижена поради нападот врз двата танкера во Црно Море


Анкара изрази загриженост во врска со нападот врз двата комерцијални брода во Црното Море, што ги загрози човечките животи, безбедноста на пловидбата и животната средина, изјави доцна синоќа портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Ончу Кечели. „Длабоко сме загрижени за нападот во петокот, 28 ноември, врз двата танкера што пловеа под гамбиско знаме: „Каирос“ […]

Пожар во хотел во Турција, повеќе од 150 гости евакуирани


Повеќе од 150 гости на хотел во Ескишехир, западна Турција, беа евакуирани по избувнување на пожар во кујната на хотелскиот ресторан, јави весникот „Сабах“. Чадот од пожарот го зафати хотелот и соседните објекти, предизвикувајќи паника меѓу гостите. Двајца вработени се повредени поради вдишување чад и се пренесени во болница, но според официјалните информации, нивните животи […]

Турција приведе над 400 осомничени во серија големи операции против кибер криминал


Турските власти приведоа вкупно 429 осомничени во серија големи операции за кибер криминал спроведени во текот на изминатите 10 дена, објави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на својот профил на Икс. Во објавата на Јерликаја се вели дека 354 осомничени се приведени во рации спроведени во 35 од провинциите во земјата во текот […]

Ердоган: Турција се соочува со катастрофа


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера изјави дека неговата земја се соочува со катастрофа поради падот на наталитетот, објави Анадолу. Обраќајќи се на Симпозиумот за семејство, култура и уметност во главниот град Анкара, Ердоган зборуваше за она што го нарече растечки предизвици со кои се соочува институцијата семејство. „Преземаме неопходни мерки против наметнатите обиди за […]

Во Турција осуммина уапсени поради обложување, суспендирани над 1.000 фудбалери


Осум лица, вклучувајќи го и претседателот на прволигашот Ејупспор, Мурат Озкај, официјално се уапсени денеска во Турција под сомнение за обложување на резултати на фудбалски натпревари, додека Турската фудбалска федерација (ТФФ) суспендираше 1.024 играчи и почна дисциплински истраги против нив. Овие апсења и суспензии уследија откако минатата недела беа суспендирани 149 турски фудбалски судии кои […]

Турција издаде налог за апсење на израелскиот премиер Нетанјаху и други поради геноцид во Газа


Турција издаде налози за апсење за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и уште 36 други осомничени поради нивната улога во „геноцид“ во палестинската област Газа, јави ТРТ. Главното јавно обвинителство во Истанбул соопшти дека денеска издало налози за апсење за 37 осомничени, вклучувајќи го Нетанјаху, поради обвиненија за „геноцид“ во Газа. Во соопштението се наведува дека […]

Во Турција откриено златно наоѓалиште вредно 1,7 милијарди долари


Турската рударска компанија „Ермаден“ соопшти дека открила наоѓалиште на злато со резерви над 420.000 унции во близина на градот Сивас, во централниот дел на Турција. „Како резултат на интензивните и континуирани истражувања во наоѓалиштето Алаџахан кај Сивас, ‘Ермаден’ откри значителен потенцијален ресурс од 424.000 унции злато. Ова го сметаме за прв и важен плод на […]

Ердоган: Турција од увозник до светски фактор во одбранбената индустрија


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган учествуваше на отворањето на воена фабрика за производство на најнова генерација тенкови и оклопни возила. На церемонијата, која беше пренесувана во живо на социјалните мрежи, беа официјално претставени и првите тенкови „Алтај“ од најновата генерација. За време на тестирањата, подобрениот модел поминал 35 илјади километри, покажал висока издржливост против мини […]

Судот во Турција пресуди, Озгур Озел останува лидер на најголемата опозициска партија


Во петокот, судот во Турција донесе одлука со која ја отфрли тужбата во врска со конгресот на најголемата опозициска партија во оваа земја, каде што Озгур Озел беше избран за лидер на оваа партија. Судот одлучи за процесот од годишниот конгрес на Републиканската народна партија во 2023 година, каде што Озел беше избран за нов […]

Турција ќе се придружи на потрагата по тела под урнатините во Газа


Турција ќе се придружи на потрагата по тела закопани под урнатините во Појасот Газа, испраќајќи тим експерти, соопштија денеска извори од Министерството за одбрана. Пребарувањето го спроведуваат спасувачите на АФАД, турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби. „Тимот на АФАД ќе биде задолжен за потрага по тела“, изјави турски функционер. Тој рече дека […]

Турска одбранбена компанија развива системи за заштита од дронови во урбани средини


Турската одбранбена компанија „Богазичи Савунма“ објави дека развила системи за заштита од дронови во урбани средини, кои веќе се тестираат на неколку аеродроми, објавија денеска турските медиуми. Веста доаѓа во контекст на неодамнешните видувања на дронови на неколку европски аеродроми, кои ја истакнаа заканата што дроновите ја претставуваат за цивилното воздухопловство и предизвикаа одложувања и […]

Турција потврди дека се обновени испораките на сурова нафта преку цефковод од Ирак по двегодишен прекин


Испораките на нафта преку цевковод меѓу Ирак и Турција се обновени изутрината, изјави турскиот министер за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар. Цевководот беше затворен по земјотресите на 6 февруари 2023 година, а турскиот оператор БОТАШ ја обнови својата оперативна подготвеност во октомври истата година, наведе Бајрактар ​​на турската социјална мрежа Ен Соушл. Ирачката официјална […]