Голема антитерористичка акција во Турција: Приведени 324 лица осомничени за врски со Исламска држава


Турските власти приведоа 324 лица осомничени за поврзаност со терористичката организација „Исламска држава“ во голема операција спроведена низ целата земја, соопшти денеска турското Министерство за внатрешни работи. Во соопштението се наведува дека апсењата биле извршени во 47 провинции, а меѓу приведените има лица осомничени за финансирање на ИД, како и поединци за кои се смета […]

(Видео) Двегодишно девојче се качи само во автобус во Турција, возачот ја пронајде и ја врати кај семејството


Двегодишно девојче кое се качи само во јавен автобус во северна Турција е повторно обединето со своето семејство откако возачот ја пронајде во возилото, соопштија локалните власти. Инцидентот се случил во округот Алапли во покраината Зонгулдак во четврток откако возачот на автобусот, Гундуз Чимен, накратко го напуштил возилото за да купи леб додека тоа било […]

Турската воена индустрија го шокираше светот: Претставија домашна интерконтинентална ракета со дострел од 6.000 километри


  Турското Министерство за национална одбрана ја претстави првата домашна интерконтинентална балистичка ракета Yildirimhan на саемот SAHA 2026 во Истанбул. Станува збор за првата интерконтинентална балистичка ракета што беше јавно прикажана во Турција. Системот е развиен од страна на истражувачкиот и развоен центар на Министерството за одбрана, а презентацијата се одржа на Меѓународниот саем за […]

Турција ќе привлекува инвестиции со даночни олеснувања


Турската влада планира сеопфатни даночни олеснувања во обид да ги привлече бизнисите и иселениците назад во земјата, пренесе ДПА. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска соопшти дека секој што не бил даночен резидент во Турција во последните три години, нема да мора да плаќа данок на приходот заработен во странство во период од 20 години […]

Турските власти запленија шверцувано злато и валута во вредност од над 11 милиони евра во близина на турско-сириската граница


Турските власти запленија шверцувано злато и валута во вредност од над 590 милиони турски лири (11,2 милиони евра) во специјализирана операција во областа на турско-сирискиот пограничен град Џизре (покраина Ширнак), објави ТРТ Хабер, повикувајќи се на соопштение од турската Генерална дирекција за безбедност. Во соопштението се наведува дека како дел од операцијата против шверц спроведена […]

Почина уште едно лице од масакрот во училиште во Турција


Уште едно лице почина денеска во болница како последица на ранувањето во вчерашното пукање во училиште во Турција. По пукањето во кое беа убиени девет лица, а 13 беа ранети, шестмина од нив беа во критична состојба. Иса Арас Мерсинли, кој имал 14 години, вчера пукаше во две училници во средно училиште во градот Кахраманмараш […]

Детали за пукањето во училиште во Турција: Осмоодделенец уби деветмина, користел оружје на татко му


Во пукање во училиште во јужна Турција утрово загинаа девет лица, вклучувајќи осум ученици и еден наставник, а 13 беа ранети. Турските медиуми објавија нови детали за пукањето. Министерот за внатрешни работи Мустафа Чифчи изјави дека шест ученици се на интензивна нега, а тројца се во критична состојба. Гувернерот Мукерем Унлуер им изјави на новинарите […]

Хорор во Турција: Четири лица убиени, десетици ранети во нова пукотница во училиште (Видео)


Четири лица се убиени, а околу 20 други се ранети во пукотница во средното училиште „Ајсер Чалик“ во Кахраманмараш, јужна Турција, во среда, соопштија официјални лица. Гувернерот на Кахраманмараш, Мукерем Унлуер, изјави дека еден наставник и вооружениот напаѓач се меѓу загинатите, додека неколку ученици се повредени. Тој рече дека вооружениот напаѓач бил ученик од осмо […]

Драма во Турција: Пукање во училиште, напаѓачот со пушка рани најмалку 18 лица


На југот на Турција, утрово се случи вооружен инцидент во средно стручно училиште во округот Сиверек, кога вооружен маж наводно влегол во училишната зграда и отворил оган со пушка. Според „Дејли меил“, најмалку 18 лица се повредени, вклучувајќи и ученици. #SONDAKİKA | Şanlıurfa’da bir liseye silahlı saldırı düzenlendiği bildirildi. ⚫ Olay sırasında bazı öğrencilerin panik […]

Турција со јасна порака до Трамп: НАТО не е должен да им помогне на САД


Американскиот претседател Доналд Трамп им постави ултиматум на земјите од НАТО да најдат решение за повторно отворање на Ормутскиот теснец во рок од неколку дена. Турција, која има втора најголема армија во алијансата, вели дека НАТО не е должен да интервенира Земјите-членки на НАТО не се „обврзани“ да им помогнат на САД и Израел во […]

Турција станува клучна за снабдувањето со енергија на Европа


Затворањето на Ормутскиот теснец на 28 февруари драматично ги промени глобалните енергетски текови, ставајќи ја Турција во центарот на архитектурата за снабдување со гас на Европа. Со прекинувањето на производството во Рас Лафан и Месаид од страна на Катар на почетокот на март и прогласувањето виша сила за договорите за гас кратко потоа, цените на […]

По повеќекратни напади со беспилотни летала: Турција испраќа Ф-16 во северен Кипар


Турција планира да распореди шест борбени авиони Ф-16 во северен Кипар во понеделник за да ја зајакне одбраната на турската заедница таму, објави телевизијата НТВ. Оваа телевизија се повика на извори во Турската Република Северен Кипар, односно делот од Кипар што е под контрола на оваа земја. Извор од турското Министерство за одбрана во саботата […]

Турција го продолжи периодот на откажување летови до голем број дестинации на Блискиот Исток


Летовите на турските авиокомпании „Туркиш Ерлајнс“, „АЏет“, „Пегасус“ и „СанЕкспрес“ до Ирак, Сирија, Либан и Јордан се откажани до 13 март, објави вчера турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу на платформата „X“. Тој прецизираше дека закажаните летови до Доха, Дубаи, Кувајт, Бахреин, Абу Даби и Дамам се откажани за истиот период. Компанијата „Пегасус“ го отстрани […]

Турција се противи Грција да истражува јаглеводороди во близина на Крит


Турција  се спротивставува на одлуката на Грција да истражува јаглеводороди јужно од Крит, соопшти Министерството за одбрана во четврток, нарекувајќи го потегот на Атина повреда на турско-либискиот договор за поморските граници. Конзорциум предводен од американскиот нафтен гигант „Шеврон“ потпиша договор во понеделник за пребарување на природен гас во длабокото море во четири блока, јужно од […]

Тепачка во парламентот во Турција за време на положување заклетва (видео)


Во турскиот Парламент денес избувна тепачка меѓу претставници на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и опозициската Републиканска народна партија (ЦХП) за време на положувањето заклетва на новиот министер за правда, Акин Гурлек, а седницата беше прекината неколку пати. Инцидентот се случил кога, како што објавува турскиот „Хуриет“, Гурлек отишол до говорницата да положи […]

Турските бањи сè повеќе придонесуваат за економијата на Истанбул


Местата со традиционална турска бања, позната и како „амам“ (hamam), сè повеќе придонесуваат за економијата на Истанбул, особено зиме, благодарение на зголемениот интерес меѓу странските и домашните посетители – според службениците на бањските центри во турскиот град, јави Агенцијата Анадолија. Според Тахсин Каљон, претседател на Трговската комора на турски бањи, спа центри, сауни и сопственици на […]

Директна порака од Анкара до Вашингтон: Не го понижувајте Иран ако сакате мир на Блискиот Исток


Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан предупреди дека нов конфликт со Иран би бил голема грешка, нагласувајќи дека Техеран е подготвен да се врати на преговорите за нуклеарната програма. Во ексклузивно интервју за Ал Џезира, турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан испрати јасна порака до меѓународната заедница, особено до САД, во врска со […]

Грција подготвува потег што Турција го смета за објавување војна од 1995 година


Грција објави планови за проширување на своите територијални води, потенцијално во Егејското Море над шест наутички милји, и покрај предупредувањето на Турција за „casus belli“, потег што има сериозни импликации за сојузникот на НАТО, Турција. Ова соопштение означува намерна потврда на суверенитетот, што повторно отвора една од најчувствителните точки во односите со Турција. Говорејќи во […]

(Вознемирувачко видео) Млада девојка загина во Турција кога врз неа падна снег


Ајше Идер (21) загина во вторникот, 6 јануари, кога куп снег падна врз неа од осумкатница во турскиот град Битлис. Трагедијата се случи додека девојката одеше по тротоарот покриен со дебел слој снег. Врз неа во три наврати падна огромна количина снег. Минувачите веднаш истрчаа да ѝ помогнат. Девојката веднаш е пренесена во државната болница […]

Откажани 61 авионски лет во Турција поради снежната бура


Обилните снежни врнежи што ја зафатија Турција донесоа големи проблеми во сообраќајот и секојдневието. Ниските температури и мразот предизвикаа прекин на наставата во повеќе провинции, а авиосообраќајот е сериозно нарушен. Најголем удар претрпе националната авио-компанија „Туркиш ерлајнс“. Портпаролот Јахја Устун соопшти дека за 31 декември се откажани 61 лет, најмногу на релации кон централните и […]