Турција ќе побара три милијарди евра за сместување на бегалците


Официјална Анкара ќе побара од Европската унија три милијарди евра за сместување на сириските бегалци кои живеат во Турција, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Тој прецизираше дека барањето ќе биде упатено за време на средбата во бугарскиот град Варна следната недела. Ердоган прецизираше дека Турција досега добила само 850 милиони евра како прва […]

Ердоган: Во училиштата да се учи османлискиот турски јазик


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган одново повика во училиштата во Турција да се изучува турскиот јазик од времето на Османлиската Империја. Како што објави весникот „Хуриет Дејли Њуз“, Ердоган оценил дека „јазичната револуција“ спроведени во првите години на Републиката, му „нанела штети на трскиот јазик“. – Во името на „јазичната револуција“ нашиот турски јазик беше […]

ДПА: Германија и натаму продава оружје на Турција


Дури и по спорната воена интервенција во Северна Сирија за да го исчисти регионот од курдската милиција, Германија продолжува да продава оружје на Турција во вредност од милиони евра, јави ДПА. Во првите речиси 40 дена од почетокот на турската операција „Маслиново гранче“ против курдските Сили за заштита на народот во Африн биле одобрени 20 […]

Ердоган: Турската армија ќе го освои Африн до вечер


Турската армија и нејзините сојузници меѓу сириските бунтовници до вечерва ќе преземат целосна контрола врз градот Африн во северозападна Сирија, изјави денеска претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Ердоган, во обраќање пред членовите на локалната администрација во Анкара, нагласи и дека е воспоставен специјален коридор за евакуација на цивилното население од Африн. Најавата на Ердоган […]

Турски имам: Мажите треба да ги тепаат своите жени


Жените треба да му се благодарни на Алах за тоа што се тепани од страна на мажите, изјави турскиот имам Нусредин Јилдиз, објави турскиот весник „Хуриет“. Муслиманскиот свештеник во телевизиски проповед, емитуван на телевизија блиска до владејачката Партија на правдата и развојот, застана во одбрана на домашното насилство. – Мажите треба да ги тепаат своите […]

Повеќе од 10 лица загинаа во авион што се урна во Иран


Единаесет лица загинаа откако турски авион денеска се урна во југозападниот дел на Иран, јавија иранските медиуми. Портпарол на цивилните воздухопловни власти на Иран потврди дека станува збор за турски приватен авион и за 11 загинати. – Можеме да потврдиме дека турски приватен авион при пролетување на нашиот воздушен простор исчезна од радарот и се […]

Турски приватен авион се урна во Иран


Турски авион денеска се урна во југозападниот дел на Иран, јави иранската државна телевизија. Како што е наведено, авионот летал од Шардж во Обединетите Арапски Емирати до Истанбул. Иранската агенција Тасним јави дека станува збор за приватен авион.

Ердоган бара НАТО да ги поддржи во операцијата во Сирија


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска го обвини НАТО бидејќи, како што вели, не ја поддржува турската воена операција „Маслиново гранче“ насочена против сириските курдски борци во северна Сирија. – НАТО каде си?, праша Ердоган, обраќајќи се пред своите поддржувачи. Притоа тој ја обвини Алијансата за двојни стандарди. Ердоган, исто така, посочи дека Турција ја […]

Чавашоглу најави турско-ирачката операција против Курдите


Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу денеска најави дека Турција и ирачката влада ќе изведат заедничка операција против курдските екстремисти во северниот дел на Ирак. – Трансграничната соработка би можела да почне откако во Ирак ќе бидат одржани парламентарните избори, што се планирани за мај – посочи Чавашоглу. Тој исто така наведе дека турската офанзива […]

За една деценија во Турција се убиени над 2.000 жени


Вкупно 2.337 жени се убиени во Турција во iизминатите десет години од страна на нивните партнери или роднини, јави турската телевизија НТВ. Убиствата главно се случиле кога жените побарале да се разведат или да донесуваат одлуки за себе. Во изминатите десет години е забележано зголемување на бројот на убиени жени во Турција, забележува НТВ. Според […]

Принц Мохамед бин Саламан: Турција е дел од „триаголникот на злото“


Саудискиот престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман изјави дека Турција е дел од „триаголникот на злото“ заедно со Иран и исламските екстемистички милитантни групи. Како што објави денеска египетскиот весник „Ал Шурук“, саудискиот принц, исто така, ја обвини Турција дека се обидува да го возобнови Исламскиот Калифат, кој пропадна пред повеќе од еден век со падот […]

Изгласана Резолуција за „ерменскиот геноцид“, тензии меѓу Хаг и Анкара


Холандскиот Парламент денеска со големо мнозинство усвои Резолуција со кој се признава „ермескиот геноцид“ во Османлиската Империја, постапка која се очекува да предизвика тензиите во односите меѓу Хаг и Анкара. Долниот дом на Парламентот со 142 гласа „за“ и три „против“ го усвои документот во кој масовните убиства на Ерменците во Османлиската Империја за време […]

По притисокот од Турција, Сараево му го одзеде признанието на Орхан Памук


Градската управа на Сараево под притисок од Турција ја повлече одлуката на писателот Орхан Памук да му се додели признание почесен граѓанин на Сараево, пишува британскиот весник „Гардијан“. Признанието почесен граѓанин оваа година требаше да му се врачи на Орхан Памук, но тоа, според зборовите на некои градски советници, нема да се случи. Причината, според […]

Турција размислува за хемиска кастрација на педофилите


Владата на Турција ја разгледува можноста за воведување казна со хемиска кастрација на лица обвинети за педофилија, изјави турскиот министер за правда Абдилхамит Ѓул. Најавата на Ѓул следува по неколкуте обелоденети случаи на сексуални напад врз деца во Турција во изминатиов период, од кои последниот беше на почетокот на месецов кога 20-годишен маж беше уапсен […]

Турција: Шестмина новинари осудени на доживотен затвор


Суд во Истанбул осуди на доживотен затвор шест новинари обвинети за учество во обидот за пуч во 2016 година, јави Анадолија. Меѓу осудените се Ахмет Алтан, поранешен главен уредник на весникот Тараф, неговиот брат, новинарот Мехмет Алтан и познатата новинарка Назал Алаџак. Новинарите беа обвинети за врски со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен кого Турција го […]

Тилерсон во посета на Турција: Критични разговори помеѓу Вашингтон и Анкара


Анкара е последна дестинација од турнејата на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, кој престојуваше во Каиро, Кувајт, Аман и во Бејрут. Посетата на Тилерсон е во време кога односите помеѓу Турција и САД се на критично ниско ниво во последните години. Пораките од Анкара се подиректни, додека од Вашингтон се повоздржани. Претседателот на Турција, Реџеп […]

Турското обвинителство бара доживотен затвор за 330 „ѓуленисти“


Турското Јавно обвинителство побара од Судот изрекување казни доживотен затвор на 330 оосмничени членови на движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека стои зад обидот за воен удар во Турција од јули 2016 година. Дел од обвиненијата се однесуваат за истрагата поврзана со преземањето контрола врз патарина на автопатот Тузла-Орханли за […]

Романија и Турција тестираат 5G мрежи


Корисниците на мобилни телефони од Романија и Турција наскоро ќе имаат можност да тестираат 5G мрежа. Двете држави активно соработуват со јужнокорејскиот гигант Самсунг во областа на напредните технологии. Во Романија корисниците на операторот Оранж ќе можат да користат 5G мрежа, а во Турција тоа ќе го овозможи операторот Туркцел. Самсуг на почетокот од годинава […]

Ердоган: Тие што се закануваат, никогаш не ја почувствувале османлиската шлаканица


Оние кои велат дека ќе одговорат агресивно доколку бидат удрени, веројатно никогаш во животот на го почувствувале ударот на османлиската шлаканица, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Ваквиот став на Ердоган претставува одговор на изјавата на американскиот генерал Пол Фанк, кој се закани со жесток одговор на еветуален напад врз силите на САД во […]

Пангалос: Мртов Турчин е добар Турчин


Поранешниот грчки министер за надворешни работи Теодорос Пангалос во радиоинтервју ја употреби фразата „Единствениот добар Турчин е мртов Турчин“, објави онлајн-изданието „Екатимерини“. Во интервју за радиото Скај, Пангалос нагласи дека Грција се „соочува“ со голем проблем со Турција. – Непријателот е немилосрден и нема да биде надминат, без разлика на тоа колку добра волја ќе […]