Шин Бет: Турција поддржува перење на пари од страна на Хамас


Израелските власти ја обвинија Турција дека поддржува акции поврзани со перење на пари од страна на палестинското движење Хамас. – Турски претставници ги затвораат очите и повремено ги охрабруваат обидите на Хамас за трансфер на пари од Турција за Западен Брег, се посочува во соопштението на израелската служба за внатрешна безбедност Шин Бет. Според Шин […]

Турската армија неутрализирала повеќе од 1.300 терористи во Африн


Турските вооружени сили во операцијата „Маслиново гранче“ во Африн, во северна Сирија, досега неутрализирале 1.369 припадници на силите кои Анкара ги смета за терористички, соопшти денеска Генералштабот на турските вооружени сили. Во соопштението на турскиот Генералштаб се вели дека во синоќешните воздушни напади на турските вооружени сили уништени се 15 позиции на терористите, засолништа и […]

Премиерот Заев во официјална посета на Турција


Премиерот Зоран Заев во рамки на официјалната посета на Република Турција денеска ќе има средба со премиерот Бинали Јилдирим. Турскиот премиер Јилдрим официјално ќе го пречека Заев, а потоа двајцата премиери ќе имаат тет-а-тет средба по што ќе следува и средба на делегациите од Македонија и Турција. Јилдирим и Заев потоа ќе одржат и заедничка […]

Заев со апел до турските бизнисмени за инвестирање во Македонија


Постојат можности за унапредување на економската соработка меѓу Македонија и Турција. Нашата цел е за неколку години трговијата со Турција да биде една милијарда евра. Ова вечерва го истакнал премиерот Зоран Заев пред турските бизнисмени, на вечерата во Анкара, организирана од ТОББ (TOBB) – Сојузот на стопански комори и берзи на Република Турција. Премиерот Заев […]

Заев во Турција – на средби со Јилдирим и Ердоган


Македонскиот премиер Зоран Заев ја почнува од вечерва во официјалната посета на Турција, каде што ќе има средби на највисоко владино и државно ниво, а ќе се сретне и со претставници на бизнис заедницата. Како што соопшти владината прес-служба, Заев ќе биде придружуван од министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Аднан Ќахил, пратениците Енес […]

ОБСЕ ја осуди Турција за притворање на критичари на власта


Претствникот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за слобода на медиумите Арлем Десир ги осуди турсите власти поради затворање на стотина луѓе, кои на социјалните мрежи ја критикуваа турската воена операција во сириската провинција Африн. – Притворање поради изразување на ставови на социјалните мрежи, вклучително и за воените операции, е неприфатливо. Барам […]

Холандија официјално го повлече својот амбасадор од Турција


Холандското Министерство за надворешни работи соопшти дека официјално го повлече својот амбасадор од Турција, кој беше физички спречен да влезе во државата поради спор кој започна во март минатата година. Холандија, исто така, нема да ги признае назначувањето на нов турски амбасадор во земјата. Во соопштението, Министерството наведува дека „ги прекинало“ разговорите со Турција до […]

Ердоган: Сакаме целосен пристап во ЕУ, други опции не прифаќаме


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој утре ќе ја посети Италија, во интервју за италијанскиот весник „Стампа“, ги отфрли сите опции освен пристапот на Турција во ЕУ, отфрлајќи го францускиот предлог за партнерство. – ЕУ треба да ги одржи ветувањата дадени на Турција, рече турскиот претседател, кој вечерва ќе пристигне во Рим во 24-часовна посета, […]

Турција се подготвува за бегалска криза од Африн


Турската Црвена полумесечина соопшти дека е подготвена за можна бегалска криза во областа на сирискиот град Африн, каде Армијата на Турција од саботата спроведува офанзива против Силите за заштита на народот (УПГ) на сириските Курди. Во областа на Африн, во северозападна Сирија, живеат над 300.000 луѓе, од кои една третина се внатрешно раселени лица. Според […]

Турски ѓубреџии од фрлени книги направиле библиотека


Градската комунална хигиена во Анкара има своја библиотека, а сите книги ги собрале вработените во фирмата од контејнери низ градот. – Требало да завршат на отпад, а ние им подаривме нов живот, изјави Емирали Уртекин, управник на библиотеката. Идејата се родила додека со колегите размислувал за тоа што што би можеле да работат покрај редовната […]

Јилдирим: Турските вооружени сили неутрализирале повеќе од 300 терористи во Африн


Турските вооружени сили неутрализирале повеќе од 300 терористи во сириската област Африн, каде продолжива операцијата „Маслиново грaнче“, изјави денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим. Тој додаде дека операцијата во Африн продолжува според планот. Во исто време, турската агенција Анадолија цитира изјава на Јилдирим во која тој вели дека „за САД е крајно самопонижувачко тоа што во […]

Ципрас: ЕУ не знае како е да се има агресивен сосед како Турција


Европските партнери на Грција не можат секогаш да проценат колкави се и какви се предизвиците да се живее со „агресивен сосед“ каква што е Турција, изјави денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас во обраќањето на Светскиот економски форум во Давос. Тој нагласи дека ја презел власта во многу тешко време во Грција, кога требало да се […]

Турската полиција приведе 150 лица поради ширење терористичка пропаганда


Турција има задржано вкупно 150 лица за „ширење терористичка пропаганда” на социјалните медиуми во врска со воената кампања на земјата против курдската милиција во Сирија, јавуваат турски медиуми. Операцијата на Турција е насочена против Силите за заштита на народот, поддржани од САД, кои пак, за Анкара се терористичка организација и гранка на турската Курдската работничка […]

Приведени 24 лица за „терористичка пропаганда“ на социјалните медиуми во Турција


Дваесет и четири лица се приведени во Турција поради „терористичка пропаганда” на социјалните медиуми, насочена против операцијата „Маслиново гранче” на турските вооружени сили во Сирија. Во соопштение на Министерството за внатрешни работи се наведува и дека во периодот меѓу 15 и 22 јануари во рамки на борбата против терористичките организации биле извршени вкупно 1.061 операции […]

Ердоган: Турција гарантира национална безбедност


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Турција ќе ги преземе сите неопходни мерки за да ја гарантира националната безбедност, информираат извори од претседателството. Од своја страна Столтенберг истакнал дека Алијансата ја разбира загриженоста на Турција во врска со одлуката на САД да обучуваат сириски […]

Во Турција вратени на работа 1.800 државни службеници


Турските власти денеска вратија на работа 1.800 државни службеници кои беа отпуштени по неуспешниот обид за воен удар во јули 2016 година. Одлуката беше донесена откако турските власти утврдија дека отпуштените лица немаат никави врски со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, чија организација ФЕТО, Турција ја обвинува за воениот удар. Владата на Турција прецизираше дека 1.823 […]

Новиот канал кај Босфорот ќе чини над 14 милијарди евра


По изградбата на мостот „Султан Селим“ преку Босфорот, Турција подготвува нов мега проект – прокопување на вештачки канал кој ќе ги поврзе Црното и Мраморното Море. Според дневниот весник „Сабах“, претседателот Реџеп Тајип Ердоган ја промовирал изградбата на каналот кој првпат го најави во 2011 година, а за кој се очекува да чини над 14 […]

Турција: Издадени налози за апсење на 70 лица


Турското обвинителство издаде налози за апсење на 70 луѓе, меѓу кои и 58 војници на должност, во рамките на истрагата против приврзаниците на муслиманскиот имам Фетулах Ѓулен кој е обвинет за организирање на воен удар во 2016 година, јавија денеска локалните државни медиуми. Во центарот на операцијта била турската провинција Конија, а полицијата спровела паралелени […]

На Ердоган му треба и македонскиот глас за да стане „султан“


Да ги придобие гласачите во Македонија, бидејќи изборната трка во Турција ќе биде неизвесна, да го спречи влијанието на ѓуленистите во регионот, како и да го засили своето влијание на Балканот. Ова, според познавачите, се трите најважни причини што го натераа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да најави отворање претставништво на неговата Партија на правдата […]

Во Турција уапсени 120 исламисти


Турската полиција попладнево објави дополнителни информации за големата полициска акција што ја спроведе денеска, во рамките на која се уапсени 120 лица поврзани со групата Исламска држава (ИД). Рации беа извршени во 12 градови и области, меѓу кои и Истанбул, Дијарбекир, Ван, Бингол Бурса, Адана и други. За време на полициските рации било запленето оружје, […]