Иванов е во работна посета на Турција


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, престојува во работна посета на Република Турција. Во рамки на посетата, како што соопшти неговиот Кабинет, Иванов ќе престојува во Сивас, каде на престижниот универзитет „Џумхуријет“ ќе одржи предавање на тема: „Ататурк и Македонија“. Универзитетот „Џумхуријет“, на кој се образуваат над 56.000 студенти годишно, и е составен од 17 […]

Eрдоган: Турција никогаш не се откажа од ЕУ


Турција никогаш не се откажала од својата цел – приклучување кон Европската унија, изјави денеска турскиот претседател Реџеп тајип Ердоган по објавата на манифестот за изборите кои ќе се одржат следниот месец. Обраќајќи се на своите приврзаници во Истанбул, Ердоган истакна дека ЕУ не покажала иста посветеност кон тоа прашање. Ердоган, уште рече, дека новиот […]

Владата одлучи да се отворат почесни конзулати на РМ во Турција


На денешната, 66-та седница Владата одлучи да се отворат почесни конзулати на Република Македонија во Турција, со седиште во Едрене и во Казахстан, со седиште во Алмати. Во исто време, за почесен конзул на Република Македонија во Турција е именуван Есер Џевахир, додека за почесен конзул на РМ во Казахстан е именуван г-дин Султан Мукшаев.

Турција осуди десет новинари за тероризам


Истанбулскиот суд осуди на затворка казна десет вработени во весникот „Заман“, кој е затворен од турските власти. Тие се осудени до девет години затвор под обвинение дека „помагале на вооружена терористичка организација без да членуваат во неа“. Најголеми казни, на девет години затвор се осудени новинарите Хакан Ташделен, Ахмет Секизкардеш и Фарук Акан. Весникот „Заман“ […]

Спасовски: Нема навестувања за нов мигрантски бран


Безбедносните информации и анализи моментално укажуват дека не постојат закани од нов мигрантски бран на т.н. „балканска рута“. Сепак, каква и да е ситуацијата на терен и доколку мигрантската криза добие на интензитет Македонија е подготвена во секој момент соодветно да реагира, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Охрид, каде учествува на […]

Иванов: Македонија и Турција можат повеќе во трговската размена и инвестициите


Македонија и Турција можат многу повеќе да направат и во инвестициите и во трговската размена. Во 2012 година со турскиот државен врв направивме преглед на нашите билатерални односи и заклучивме дека политичките односи се на одлично ниво, но сепак она што недостасуваше беше економската соработка. Затоа, си поставивме една цел, а тоа е годишната трговска […]

Јилдирим: САД и Русија се расправаат како уличари


Турскиот премиер Бинали Јилдирим ги повика САД и Русија да се откажат од „улични расправии“, објави електронското издание на турскиот весник „Акшам“. – Објавуваат твитови, се закануваат еден на друг. Се расправаат како уличари, како да  се во улична расправија, изјави Јилдирим во врска со кризата меѓу Вашингтон и Москва. – Едниот вели: Јас имам […]

Во Македонија нема од небезбедните домати увезувани од Турција


Во Македонија не се увезени небезбедни домати од Турција, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Агенцијата, како контакт точка на Системот за брзо предупредување за небезбедна храна и храна за животни на ЕУ, нема добиено ниту нотификација за увоз на небезбедни домати од Турција на македонскиот пазар. Инспекциските служби вршат континуирани контроли на пратките […]

Русија,Турција и Иран ги повика ОН да ја зголеми помошта за Сирија


Претседателите на Турција, Русија и Иран, Реџеп Тајип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани денеска ја повикаа меѓународната заедница да ја зголеми помошта за Сирија. Во заедничката изјава на Ердоган, Путин и Рохани од тристраната средба во Анкара, се повикува меѓународната заедница и, посебно, ОН да ја зголемат помошта за Сирија, односно да испратат дополнителна хуманитарна […]

Бегалски бран од Авганистан ѝ се заканува на Турција


Турската дирекција за безбедност предупреди дека големи мигрантски групи од Авганистан се движат кон турска територија. Според податоци на миграциските служби, дневно по околу 500 бегалци ја преминуваат турската граница, и покрај зајакнатите безбедносни мерки. За само три месеци во Турција влегле околу 20 илјади лица од Авганистан. Во периодот од 26 март до 1 […]

Путин и Ердоган го обележаа стартот на изградбата на првата нуклеарна централа во Турција


Претседателите на Турција и Русија, Реџеп Тајип Ердоган и Владимир Путин денеска преку видео конференција го означија стартот на изградбата на првата турска нуклеарна централа „Акују“. Во обраќањето до присутните на церемонијата на поставување на камен темелникот на нуклеарката, претседателот на Русија изјави дека би сакал првиот од вкупно четирите енергетски блока да биде пуштен во […]

Харадинај: Депортацијата на турските државјани претставува еден вид „кражба на луѓе од Косово“


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај во интервју за Гласот на Америка вели дека не ги разбира реакциите на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган кон него, повторувајќи го неговиот став дека никој од надвор нема да донесува одлуки за внатрешните работи на Косово. Харадинај посочува дека не сака да преудицира кој би можел да ја нареди акцијата […]

Весели му одговори на Ердоган: Не потклекнуваме на надворешен притисок


Претседателот на косовскиот Парламент, Кадри Весели истакна дека е изненаден од изјавата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за преземените чекори на косовската Влада по депортацијата на шесте турски граѓани. Тој наведе дека дека таквите изјави не придонесуваат за пријателството меѓу двете земји, Косово и Турција и ги оправдува одлуките на премиерот Рамуш Харадинај за […]

„Експрес“: Ердоган му се закани на Харадинај и ги повика жителите на Косово на протест


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган му се закани на косовскиот премиер Рамуш Харадинај дека ќе биде одговорен за менаџирањето на состојбата со депортираните турски државјани, пренесува приштинскиот весник „Експрес“. Тој, го критикува Харадинај за разрешувањето на министерот за внатрешни работи и првиот човек на косовската тајна служба, АКИ, повикувајќи ги граѓаните на Косово да протестираат […]

Харадинај не бил информиран за операцијата во која беа уапсени шест лица поврзани со Ѓулен


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека не бил информиран за полициската операција, во која на Косово беа приведени шест турски државјани, за кои се претпоставува дека се поврзани со движењето на Фетулах Ѓулен, обвинет од Анкара дека стои зад обид за пуч во јули 2016 година. Харадинај посочи дека се обидува да ја разбере „уставната […]

Ердоган: Турција нема да протерува руски дипломати


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека Турција нема да протерува руски дипломати врз основа на „едно тврдење“. Ердоган потенцира дека само затоа што одредени земји преземале чекори врз основа на тврдење, „ние не мораме да преземеме ист чекор“, објави „Хуриет“. Турската влада претходно соопшти дека не планира да ја следи политиката на НАТО […]

Туск: ЕУ е загрижена поради акциите на Турција


Европската унија е загрижена поради начинот на кој турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го почитува владеењето на правото во Турција и поради неговите потези во Сирија и источен Медитеран, изјави синоќа претседателот на Европскиот совет Доналд Туск. – Нашиот денешен состанок покажа дека додека нашите односи минуваат низ тешки времиња, во областите во кои соработуваме, […]

Курц : ЕУ треба да ги прекине преговорите со Турција


Австрискиот канцелар Себастијан Курц го повтори ставот дека Европската унија треба да ги прекине пристапните преговори со Анкара. – Критериумите за пристап повеќе не се исполнети, па затоа пристапните преговори со Турција мора да бидат суспендирани, рече Курц за германскиот весник „Велт“. Тој нагласи дека, од таа причина, треба повторно да се размисли за финансиската […]

Турција меѓу државите со најголем број корисници на социјалните мрежи


Турција е меѓу државите, кои имаат најголем број корисници на социјални мрежи. Во соопштението на турското Министерство за култура и туризам се вели дека Турција е во првите пет држави, кои што имаат најголем број туристички платформи на социјални мрежи. Министерството за култура и туризам посочи дека платформата „Турки хоум“ (Turkey home) веќе има над […]

Турција: Уапсени криумчари на радиоактивен материјал


Турската полиција уапси четири лица во Анкара откако во нивното возило пронајде ретка нуклеарна супстанца калифорниум 252. Материјалот требало да биде продаден за околу 70 милиони долари, а идентитетот на купувачот засега е непознат. Калифорниум, ситетички радиоактивен елемент, се произведува во лаборатории и често се користи за покренување нуклеарен реактор.