Берзите во неизвесност во пресрет на „Денот на ослободувањето“ на Трамп 


Американските акции денеска поминаа уште еден несигурен ден на тргување, при што неизвесноста е сè уште висока за тоа што претседателот Доналд Трамп ќе објави за царините на неговиот „Ден на ослободувањето“ што доаѓа во среда. S&P 500 порасна за 0,3% во пладневното тргување, откако се врати од раниот пад од 1%. Dow Jones Industrial […]

Трамп ја спореди пресудата на Ле Пен со своите судски процеси


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја спореди пресудата против француската крајнодесничарска лидерка Марин Ле Пен со неговите сопствени судски процеси во САД. Тој изјави дека петгодишната забрана за Ле Пен да се кандидира на избори е „многу сериозно прашање“. – Ова ме потсетува на нашата земја, многу личи на она што се случува кај нас, […]

Администрацијата на Трамп врши ревизија на финансирањето на Харвард


 Администрацијата на Доналд Трамп започна ревизија на мерките за борба против наводниот антисемитизам на Универзитетот Харвард, што може да замрзне до 9 милијарди долари федерално финансирање за институцијата. Одделите за образование, здравство и човечки услуги, како и Управата за општи услуги, во понеделникот соопштија дека започнале „сеопфатен преглед на федералните договори и грантови на Универзитетот […]

Иран се пожали во ОН за „опасната и агресивна реторика“ на Трамп


Иран денеска поднесе официјална жалба до Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) поради „опасните и агресивни“ изјави на американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи ги како „флагрантно прекршување на меѓународното право и Повелбата на ОН“. Трамп вчера се закани со воздушни напади врз Иран и дополнителни царини доколку Техеран не се согласи да потпише нов […]

Трамп: Ако Зеленски не го прифати договорот за ретки минерали може да биде „во голема неволја“


 Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа го предупреди украинскиот претседател Володимир Зеленски да не го отфрла договорот за ретки минерали бидејќи може да биде „во голема неволја“. – Гледам дека тој (Зеленски) се обидува да се повлече од договорот за минерални суровини. И ако го направи тоа, ќе биде во неволја. Ќе има големи, големи […]

Трамп воведува царини за сите земји. Тоа го нарече Ден на ослободувањето


Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека реципрочните царини што ќе ги објави оваа недела ќе ги опфатат сите земји, а не само помала група од 10 до 15 земји со кои САД имаат најголем трговски дисбаланс. Трамп вети дека во среда ќе го претстави сеопфатниот тарифен план, нарекувајќи го „Ден на ослободувањето“. Тој […]

Трамп вели дека „има методи“ за барање трет мандат: Не се шегувам


Претседателот Доналд Трамп не ја отфрли идејата за продолжување на трет мандат во Белата куќа, и покрај тоа што 22-от амандман на Уставот го забранува тоа, тврдејќи во интервју дека „постојат методи“ за да се постигне тоа и нагласи дека „не се шегува“. „Многу луѓе би сакале да го сторам тоа. Но, мислам, во основа […]

Трамп бесен на Путин, се закани со секундарни царини на целата руска нафта


 Претседателот на САД, Доналд Трамп во интервју за Ен-би-си (НБЦ) изјави дека е „многу изнервиран“ и оти е „бесен“ на рускиот претседател Владимир Путин и се закани дека ќе воведе нови царини на руската нафта. – Ако Русија и јас не сме во можност да постигнеме договор за завршување на крвопролевањето во Украина, а верувам […]

Финскиот претседател во ненајавена посета на Трамп на Флорида, познато е за што разговарале


Финскиот претседател Александар Стуб во саботата оствари ненадејна посета на САД каде што имаше средба со американскиот претседател Доналд Трамп на Флорида, при што двајцата лидери разговараа за зајакнување на билатералното партнерство на нивните земји и одиграа голф. „Претседателот Стуб и јас со нетрпение очекуваме да го зајакнеме партнерството меѓу Соединетите Држави и Финска, вклучително […]

Трамп подготвува голем пресврт во трговската војна, размислува за универзална царина


Американскиот претседател Доналд Трамп побара од своите советници да заземат построг став за царините додека администрацијата се подготвува за голем пресврт во глобалната трговска војна, објави во саботата Вашингтон пост, цитирајќи четири извори запознаени со ова прашање. И покрај повиците од сојузниците на Волстрит и на Капитол Хил да му пристапат на прашањето поинаку, Трамп […]

Трамп воведува 25 отсто царини за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела


Американскиот претседател Доналд Трампденеска соопшти дека воведува 25 отсто царини за сите увози од земји што купуваат нафта или гас од Венецуела. Новите, таканаречени секундарни царини против Венецуела, треба да стапат во сила од 2 април, објави Трамп на неговата платформа „Truth Social“, пренесува ДПА. Како една од причините за оваа мерка, Трамп го наведе […]

Трамп им ја укина државната заштита на Камала Харис и на Хилари Клинтон


Американскиот претседател Доналд Трамп ја укина заштитата од државната безбедност на неговите противкандидатки во двете претседателски изборни кампањи што ги доби – поранешната американска потпретседателка Камала Харис и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, која беше и прва дама, пренесуваат медиумите во САД. Трамп претходно го укина пристапот до доверливи информации на поранешниот американски претседател Џо […]

Трамп: Во тек се преговори за „поделба на територијата“


Во Овалната соба, за време на разговор со новинарите, американскиот претседател Доналд Трамп го спомна договорот за целосен прекин на огнот во војната во Украина. Американскиот претседател Доналд Трамп им сугерираше на новинарите во Овалната соба дека САД се блиску до договор за прекин на огнот меѓу Русија и Украина. Тој рече дека бара решение […]

Трамп потпиша извршна наредба за затворање на Министерството за образование


 Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потпиша извршна наредба со цел да се затвори Министерството за образование. „Ќе го отстраниме“, изјави американскиот претседател непосредно пред да го потпише документот во Белата куќа. „Ќе го затвориме што е можно поскоро“, додаде тој. Овој чекор претставува исполнување на неговото предизборно ветување за „елиминирање“ на оваа институција, која долго […]

Трамп: Договорот со Украина за ретки минерали ќе биде потпишан наскоро


 Договорот за ретки минерали со Киев ќе биде потпишан наскоро, а напорите на САД за постигнување мировен договор за ставање крај на војната во Украина одат „прилично добро“, рече американскиот претседател Доналд Трамп по неговите разговори оваа недела со украинскиот и рускиот лидер. Трамп го даде коментарот на настан во Белата куќа откако потпиша извршна […]

Банон: Трамп ќе оди на трет мандат, имаме план за победа


Група луѓе блиски до американскиот претседател Доналд Трамп работи на тоа тој да се кандидира и да биде избран за трет мандат, и покрај уставното ограничување од два мандати, изјави поранешниот главен стратег на Белата куќа Стив Банон за NewsNation. – Работиме на тоа. Мислам дека ќе имаме неколку алтернативи. „Ќе видиме каква е дефиницијата […]

Трамп денеска потпишува уредба за укинување на Министерството за образование


 Американскиот претседател Доналд Трамп денеска планира да потпише извршна наредба со која наредува затворање на Министерството за образование на САД, изјави претставник на Белата куќа. Овој чекор претставува исполнување на неговото предизборно ветување за елиминирање на оваа институција, која долго време беше мета на конзервативците. Трамп често го нарекуваше Министерството за образование расипничко и под […]

Трамп ги бара украинските електроцентрали како гаранција за нивната безбедност


Американскиот претседател Доналд Трамп му предложи на украинскиот претседател Володимир Зеленски, САД да управуваат со украинските електроцентрали како гаранција за нивната безбедност, се наведува во заедничката изјава на американскиот државен секретар Марко Рубио и советникот за национална безбедност на Белата куќа Мајк Волц. – САД би можеле да бидат многу корисни во управувањето со овие […]

Трамп декласифицираше 80.000 страници документи за атентатот на Џон Кенеди


По наредба на американскиот претседател Доналд Трамп беа декласифицирани материјалите поврзани со атентатот на американскиот претседател Џон Кенеди во 1963 година. -Тоа се многу информации, а вие сами ќе донесете одлука, им рече Трамп на новинарите во понеделникот, велејќи дека ќе бидат објавени 80.000 страници. Трамп потпиша наредба непосредно по преземањето на функцијата во јануари […]

Трамп и Путин: Русија паузира 30 дена со напади на инфраструктура во Украина – се огласи Зеленски


Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин и американксиот претседател Доналд Трамп изразиле заеднички интерес за „нормализација на односите“ меѓу САД и Русија, а договорена е и размена на 175 заробеници меѓу Москва и Киев. Москва се согласила и да предаде 23 тешко ранети украински војници. Кремљ напоменува дека „клучен услов“ за спречување понатамошна ескалација […]