Четворица републикански сенатори против Трамп. Сакаат да му ги намалат овластувањата за царина


Четири претставници на републиканците во американскиот Сенат вчера, на вториот ден од падот на берзите, изразија поддршка за нацрт-законот според кој воведувањето нови царини треба да го одобри Конгресот. Во Сенатот моментално има 53 републиканци, 45 демократи и двајца независни сенатори. Републиканските сенатори Лиза Мурковски од Алјаска, Мич Меконел од Кентаки, Џери Моран од Канзас […]

Колку царините на Трамп може да го поскапат ајфонот


Ајфонот на Епл (Apple) наскоро би можел да стане значително поскап. Американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи царини, што може драстично да ја промени глобалната трговија, а според аналитичарите, најпогодени би можеле да бидат производите за широка потрошувачка како ајфон (iPhone). Доколку Епл ги пренесе трошоците на клиентите, цените би можеле да се зголемат за […]

Трамп го покажа златниот билет: Оние кои го имаат ќе останат трајно во САД (Видео)


Американскиот претседател Доналд Трамп на јавноста и покажа нова „златна карта“ вредна пет милиони долари со сопствен лик, која ќе им овозможи на побогатите мигранти да добијат зелена карта, односно постојан престој во Соединетите Американски Држави. „За пет милиони долари ова може да биде ваше“, им рече Трамп на новинарите во Ер Форс 1. 🚨Update: […]

Еве кои производи ќе бидат на удар на царините на Трамп, „на мета“ и ајварот


На удар на високите американски царини од 33 отсто ќе се најдат индустриски, но и земјоделски и прехранбени производи кои што од Македонија најмногу се извезуваат во САД. Според податоците од Царинската управа, Македонија во САД извезува тутун во лист, мадраци, ајвар, полнети чоколада, електрични кондензатори, муниција и нејзини делови, други машини и уреди, електрични […]

„Ги фати паника“: Прва реакција на Трамп на контрамерките на Кина


Претседателот Доналд Трамп ги коментираше најновите кинески контрамерки во трговската војна. „Кина направи грешка, ги фати паника – и тоа е една работа што не можам да си ја дозволам!“, објави Трамп на платформата Truth Social. Најавата на Трамп доаѓа неколку часа откако Кина објави тарифи од 34 отсто за сите увозни производи од САД, […]

Трамп: Пазарните потреси поради царините беа неопходни


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека падот на финансиските пазари поради воведените царини бил очекуван и дека оваа мерка е неопходна за зајакнување на економијата на САД, која ја нарече „болен пациент“. Тој истакна дека е подготвен за преговори ако другите земји понудат „нешто феноменално“. Говорејќи пред новинарите на „Ер Форс Уан“, Трамп откри дека […]

Трамп го најави заминувањето на Маск: Може да остане „колку што сака“


Американскиот претседател Доналд Трамп доцна синоќа повторно го поддржа својот советник, милијардерот Илон Маск, поради критиките за неговиот план за намалување на федералната влада, велејќи дека може да остане „колку што сака“, но на крајот ќе се врати на своите бизниси. „Илон е фантастичен“, им рече Трамп на новинарите во Ер Форс 1 додека леташе […]

Трамп го советувале да не разговара со Путин додека не се согласи на целосен прекин на огнот во Украина


Луѓе блиски до американскиот претседател Доналд Трамп го советувале да не му се јавува на Владимир Путин додека рускиот претседател не се обврзе на целосен прекин на огнот во Украина, објави Ен-Би-Си Њуз, цитирајќи претставници на администрацијата. Во извештајот се додава дека официјален претставник предупредил дека Трамп може одеднаш да одлучи дека сака да разговара […]

Еве колку ќе го чинат едно семејство новите царини на Трамп – цените растат од утре


Предложените американски тарифи, објавени на Денот на независноста, би можеле да го чинат секое американско домаќинство илјадници долари годишно, нанесувајќи им значителен финансиски удар на работничките и семејствата од средната класа, изјави еден економист за Си-ен-ен. Тарифите на Трамп би можеле да ги чинат американските домаќинства 5.000 долари годишно, предупредува економистот на Крис Лау од […]

Остар пад на индексите на Волстрит откако Трамп објави царини


 Цените на акциите на Волстрит вчера пораснаа, но откако американскиот претседател Доналд Трамп објави реципрочни царини повисоки од очекуваните, индексите нагло паднаа. Индексот Доу Џоунс (Dow Jones) вчера зајакна 0,56 отсто, на 42.225 поени, додека СиП 500 (S&P 500) порасна за 0,67 отсто, на 5.670 поени, а индексот Насдак (Nasdaq) за 0,87 отсто, на 17.601 […]

Што всушност пишува на плакатот што го држеше Трамп?


Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека ќе воведе царина од 10 отсто за целиот увоз во Соединетите држави, како додаток на повисоки царини за некои од најголемите трговски партнери на земјата, интензивирајќи ја трговската војна што започна откако тој се врати во Белата куќа. Билбордите што Трамп ги покажа, набројувајќи ги тарифите што ги […]

Американскиот Сенат го блокира тарифниот удар на Трамп врз Канада


Американскиот Сенат изгласа закон со кој се укинуваат новите царини наметнати на Канада од страна на претседателот Доналд Трамп. Гласањето се одржа само неколку часа откако Трамп воведе опсежни тарифи за увозните производи од најголемиот дел држави во светот. Законскиот акт беше усвоен со 51 гласа „за“ и 48 „против“, по што беше испратен на […]

Пријателите не прават вака: Светските лидери за царините воведени од Трамп


 Претседателот на САД Доналд Трамп објави серија нови царини, вклучувајќи основна царина од 10 отсто за сите земји и дополнителни, целни царини за одредени земји со изразен трговски суфицит во однос на САД, означувајќи го овој потег како „економска независност“ и историски пресврт во американската трговска политика. Овие мерки, според него, ќе ја зајакнат домашната индустрија […]

Анкета Ројтерс/Ипсос: Рејтингот на Трамп падна на 43 отсто, најниско ниво откако се врати на власт


Рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп падна на 43 проценти, најниско ниво откако тој се врати на власт. Американците се незадоволни од неговата царинска политика и од активностите на владата околу воените напади во Јемен, покажува истражувањето на Ројтерс/Ипсос. Тридневното истражување, кое заврши вчера, покажува пад за четири поени од рејтингот од 47 отсто измерен […]

Ланге: „Денот на ослободувањето“ на Трамп за обичниот граѓанин е „Ден на инфлацијата“


Неоправданите, незаконски и непропорционални мерки можат само да доведат до понатамошна ескалација на царините и надолна економска спирала за САД и светот во целина, оцени претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге во реакција на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување на „реципрочни царини“ на увозот на стоки од […]

Трамп воведува царини од 20 отсто за увоз од ЕУ, 25 отсто за автомобили произведени надвор од САД


Американскиот претседател Доналд Трамп штотуку го изложува неговиот план за воведување царини на сите производи што се увезуваат во САД. Тој држеше голема табела со наслов „Реципрочни тарифи“, на која се прикажани новите царини што САД ги воведуваат против одделни земји, како и оние што тие земји веќе ги наметнуваат на Америка. Како што е […]

Цел свет во очекување на одлуката на Трамп за царините


Доналд Трамп на претставувањето на новите тарифи би можел да најави формирање на сервис кој ќе собира приходи од целиот свет. Американскиот претседател Доналд Трамп размислува да најави формирање на таканаречената „Служба за надворешни приходи“ која треба да ги собира приходите од царина од целиот свет. Трамп, исто така, планира да воведе царини за евтини […]

Политико: Маск наскоро ќе се повлече од челното место во ДОГЕ, се враќа на бизнисот


 Американскиот претседател Доналд Трамп им рекол на членовите на неговиот кабинет и на други блиски соработници дека Илон Маск, шеф на Одделот за ефикасност на владата на Соединетите Американски Држави ДОГЕ (DOGE), наскоро ќе се повлече од позицијата, објави денеска американскиот портал Политико, повикувајќи се на три извори блиски до Трамп. Според Политико, Трамп и […]

Трамп денеска воведува нови царини: Дали „златната ера“ за САД, ќе предизвика глобално затемнување


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе започне, како што ја нарекува, „мајката на сите трговски битки“, со воведување нови царини кои, според него, ќе означат почеток на „златната ера“ за САД, но кои, според аналитичарите, можат да предизвикаат потреси во глобалната економија. Трамп вчера, според неговата портпаролка Каролајн Левит, бил „фокусиран на финализирање“ на планот, […]

Белата куќа потврди дека Трамп утре ќе воведе царини


 Белата куќа денеска потврди дека претседателот Доналд Трамп ќе воведе нови царини, иако не го откри обемот и силата на овие мерки, кои компаниите, потрошувачите и инвеститорите ширум светот нестрпливо ги очекуваат од засилената глобална трговска војна.  Трамп со недели наназад го најавуваше 2 април како „Ден на ослободувањето“, кога ќе се воведат нови царини […]