Во компаниите во ТИРЗ надмината бројката од 17 илјади вработени


  Во компаниите во технолошки индустриски развојни зони со средината на ова година „пробиена“ е бројката од 17 илјади вработени, соопшти денес на брифинг со новинарите директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски. „Ја ‘скршивме’, односно ја надминавме бројката од 17 илјади вработени во зоните“, рече Деспотовски. Тој посочи дека на крајот на минатата година […]

Нови 700 работни места во ТИРЗ од почетокот на годинава


Продолжува растот на бројот на работни места и извозот во ТИРЗ. Заклучно со мај 2023, бројот на работни места достигна речиси 16 900. Тоа е за 15 отсто повеќе од мај 2022, односно за 21 отсто и 25 отсто повеќе споредено со мај во 2021, односно 2020 година, покажува редовната месечна анализа на Дирекцијата.  Оттаму […]

Канадска „Магна“ почнува со изградба на фабрика во Штип


Во Штип денеска ќе биде означен почетокот на градежните работи за инвестицискиот проект на компанијата „Магна Мехатроникс“ во Технолошко индустриската развојна зона – Штип. На настанот најавено е обраќање на премиерот Димитар Ковачевски, потпретседателот на компанијата „Магна Интернационал“ Дејвид Креспи, како и на директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски. Инвестицијата е во вредност од 40 милиони […]

Тринаесет проценти раст на нето-платите во ТИРЗ и десет отсто поголема нето-добивка


Динамиката на раст на нето-платата во ТИРЗ ја надминува динамиката на раст на нето-платата во националната економија. Регистрираме близу 13 проценти зголемување на нето-платата во 2022 година во однос на 2021-ва, но тоа не е доволно. Сметам дека ова е поле во кое можеме да вложиме напор за дополнително да го подобриме животниот стандард на […]

Три нови странски инвестиции во ТИРЗ, за едната потпишување договор кон крајот на мај


Трите нови странски инвестиции кои ги најавува ТИРЗ ќе бидат во Скопје, Скопје – Штип и Кичево. Со компаниите се постигнати договори, а со една од нив потпишувањето е закажано за крајот на мај, соопшти денеска директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски. Деспотовски информира и дека првата голема домашна компанија ќе […]

Директорот на ТИРЗ Деспотовски на средби со Зафировски, Мојсовска Блажевски, Мукаетов и Мизо


 Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски денеска оствари средба со еден од основачите на меѓународната невладина организација Македонија 2025, Мајк Зафировски, претседател на Заф групацијата, и членовите на бордот Никица Мојсовска Блажевски, извршен директор на МК2025, Живко Мукаетов извршен директор и претседател на Управниот одбор во Алкалоид и Виктор Мизо, директор на Костал Македонија. – Целта […]

Средба на директорот на ТИРЗ Деспотовски со тимот на Македонија 2025


Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски оствари средба со еден од основачите на меѓународната невладина организација Македонија 2025, Мајк Зафировски, претседател на Заф групацијата, и членовите на бордот Никица Мојсовска Блажевски, извршен директор на МК2025, Живко Мукаетов извршен директор и претседател на Управниот одбор во Алкалоид и Виктор Мизо, директор на Костал Македонија.   – Целта […]

Инвестицијата на „Јагео“ носи строги безбедносни стандарди и современа технологија во ТИРЗ


Производствените гиганти кои го снабдуваат светскиот пазар со клучните компоненти од областа на електрониката не останаа имуни на економската криза, но полека ги надминуваат последиците. Испораката на чипови, според еден од најголемите светски производители „Јагео”, се одвива со засилена динамика. -Испораката кон клиентите се одвива редовно и без застој. Проблемот што го имавме е надминат […]

Потпишан договорот со „Јагео” – ќе инвестира 205 милиони евра и ќе вработи 3.900 лица


  Тајванската компанија „Јагео” и официјално влегува во Македонија. Договорот за инвестицијата вредна 205 милиони евра, која треба да отвори околу 4.000 нови вработувања, денеска во Тајпеј го потпишаа директорот на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) Јован Деспотовски и менаџментот на конзорциумот „Јагео“.  На церемонијата преку видео-конференциска врска се вклучи и премиерот Димитар […]

Се повеќе вработени во ТИРЗ, во моментот има 16.500 работници


Растот на извозот и работните места во ТИРЗ продолжува и во февруари. Редовната месечна анализа покажува дека компаниите во ТИРЗ во февруари реализирале извоз од над 330 милиони евра што е за 20% повеќе од јануари годинава. Споредено со вториот месец во изминатите години, извозот сега е повисок за 26% во однос на 2021, односно […]

Компаниите во ТИРЗ во јануари реализирале извоз од 275,4 милиони евра


  Компаниите во ТИРЗ во јануари реализирале извоз од 275,4 милиони евра што е највисоко ниво во последниве пет години. Споредено со јануари 2022 извозот е зголемен за 11 отсто, односно е за 9 отсто повисок од 2021, и за 45 отсто и 15 отсто повисок споредено со 2020 односно 2019 година. Позитивниот тренд на […]

ТИРЗ лани со раст на извозот од 26 отсто


  Вкупниот обем на извозот на компаниите во технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) во 2022 година е 3,75 милијарди евра или за 26 отсто повеќе отколку во претходната 2021 година кога растот беше 14 отсто. Првпат во третиот квартал од 2022 година беше надминат прагот од една милијарда евра извоз, а во сите четири квартали […]

(Видео) Ковачевски и Деспотовски информираат за првата нова инвестиција во 2023.


Проследете ги изјавите на премиерот Димитар Ковачевски и на директорот на Дирекцијата за Технолошки-индустриски развојни зони Јован Деспотовски за резултатите од годината што измина во ТИРЗ, како и за првата нова инвестиција во 2023 година.

Деспотовски: Наскоро во зоните ќе инвестира и голема македонска компанија


  Над 430 милиони евра нови инвестиции и над 2 000 нови работни места само за една година – со овие бројки ја заокружуваме најдобрата година до сега од постоењето на технолошко-индустриските развојни зони. Веќе во октомври ја надминавме и највисоката граница на извоз од три милијарди евра, што беше претходен највисок резултат постигнат во […]

Деспотовски: Годината ја почнуваме со нова инвестиција во ТИРЗ Штип


 Годинава ја почнуваме со нова инвестиција од Северна Америка, што ќе биде лоцирана во ТИРЗ Штип. Новата инвестиција ќе донесе близу 2 000 нови работни места, а почетокот на производството е планирано за крајот на 2023 година, вели во интервју за МИА директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски. Деспотовски најавува дека […]

ТИРЗ склучи договор со ЕСМ, обезбедено стабилно снабдување со гас во скопската зона


  Дирекцијата на технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ) денеска склучи договор со ЕСМ Продажба, со којшто, како што соопшти директорот Јован Деспотовски, од 1 јануари следната година, корисниците на природен гас во скопската зона имаат обезбедено стабилно снабдување. Цената е некаде околу 40 проценти пониска од износите што се плаќаа во пикот на енергетската криза. – Имаме стабилно снабдување […]

ТИРЗ: Рекорден извоз од 3,5 милијарди евра и нови 2.300 работни места од почетокот на годинава


Над 2.300 нови работни места се отворени во компаниите во ТИРЗ од почетокот на годинава. Бројот на вработени заклучно со ноември се искачи на 16.300 што е зголемување од 17 отсто за само една година. Само во ноември се отворени речиси 300 нови работни места, соопшти Дирекцијата за ТИРЗ. Позитивниот тренд на раст од почетокот […]

Компанијата „Киeл“ ќе гради фабрика и во ТИРЗ Тетово


Претставници на германската компанија „Киeл“ заедно со директорот на Дирекција за Технолошки индустриски развојни зони на Македонија (ДТИРЗ) денеска потпишаа договор чија цел е да почне да се гради нов дополнителен производствен капацитет на нивната фирма во тетовската технолошко-индустриска развојна зона. Потпишувањето се изврши во веќе постоечкиот објект на компанијата во близина на зоната и […]

Деспотовски: До крајот на 2024 година една милијарда евра инвестиции и удвојување на бројот вработени во ТИРЗ


 Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски очекува до крајот на 2024 година да се оствари зацртаната цел од една милијарда евра инвестиции и удвојување на бројот вработени. Деспотовски смета и дека во зоните ќе продолжи трендот на раст на платите, како и растот на приходите во Буџетот. Во вечерашното гостување […]