ТИРЗ потпиша договор со турски „Шахтерм“ за инвестиција од 100 милиони евра, ќе вработи 1.000 лица


  Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, и генералниот менаџер на компанијата „Шахтерм“, Фарук Шахин, потпишаа договор за реализација на новата турска инвестиција во Македонија. Со договорот кој го потпишаа во Бурса, се предвидува закуп на земјиште во ТИРЗ Скопје 2 со површина од над 20.000 м2 и изградба на објект со површина од над 13.000 […]

Изградба на две нови фотонапонски централи во ТИРЗ Струмица и Струга


Две фотонапонски централи со вкупна моќност од близу 8MW ќе се градат во ТИРЗ Струмица и ТИРЗ Струга. Двете централи ќе се градат во рамки на јавно-приватно партнерство со турската компанија Фидес Електрик енерџи, избрана на јавен повик. Јавниот повик беше отворен на крајот на ноември 2023 година во постапка согласно Законот за јавни набавки, […]

ТИРЗ го запира Договорот за државна помош за е.Го


Дирекцијата за ТИРЗ како застапник на Владата во Договорот за доделување на државна помош со компанијата е.Го информира дека се запира извршувањето на Договорот и секоја постапка предвидена за доделување на јавни средства. Оваа информација доаѓа откако Независен објави дека компанијата која што стои зад овој проект поднесе барање за постапка за несолвентност пред судот […]

ТИРЗ и ЏЕТРО ќе привлекуваат јапонски инвестиции


Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) и Јапонската организација за надворешна трговија (ЏЕТРО), денеска во Скопје потпишаа Меморандум за соработка чија цел е полесен влез на јапонски компании во земјава како и воспоставување поблиска соработка меѓу македонските и јапонските компании особено во делот на заеднички проекти во градежништвото и иновациите. „Ова е почеток на […]

Дваесет инвестициски проекти на македонски компании се доставени на Јавниот повик за техничка помош на ТИРЗ и ИФЦ


Дваесет инвестициски проекти се доставени на Јавниот повик за техничка помош за развој на добавувачи на ТИРЗ наменет за македонски компании. Апликантите се средни и големи компании од Кавадарци, Скопје, Струмица, Кочани и Битола. Компаниите се доминантно извозни со остварен приход од над 217 милиони евра во последната година. 65% од остварените приходи овие компании ги […]

ТИРЗ го презентираше јавниот повик за поддршка на македонски компании во Битола


Со инфо сесијата во Битола, ТИРЗ започна со серијата презентации низ земјава на јавниот повик за Развој на добавувачи наменет за поддршка на македонски компании. На настанот во Битола присуствуваа претставници од над 30 компании од пелагонискиот регион, како и претставници на регионалните Стопански комори и Универзитетите. Во следните две недели вакви инфо сесии ќе […]

ТИРЗ и ИФЦ ќе им помагаат на домашните компании да станат добавувачи кај странските фирми


Домашни средни и големи компании имаат можност да ги засилат своите извозни капацитети, да станат поконкурентни, но и значително да ги подобрат перформансите за да бидат ангажирани како добавувачи од странските инвеститори во зоните. За тоа ќе добијат помош во вид на советодавни услуги од реномирани експерти, како и од меѓународни и локални консултанти, доколку […]

Во компаниите во ТИРЗ работат над 18.000 лица, бруто-платите зголемени над 20 отсто во однос на лани


Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски ја оцени 2023-та како успешна година. Прв пат, рече, се надмина бројката од 18.000 работни места што е над 11 проценти раст во однос на лани.   ТИРЗ, информира Деспотовски на брифинг со новинарите, во 2023-та регистрира и минимум 20 проценти раст на бруто […]

„Иднината почнува дома“ – проект на ТИРЗ и Стопанската комора за мотивирање на младите да градат кариери во државава


ТИРЗ и Стопанската комора на Северна Македонија вечерва го претставија проектот „Иднината почнува дома“ кој промовира млади визионери, креатори, двигатели на идните промени. Целта на иницијативата е да поддржи и извади на површина индивидуалци кои се истакнуваат во своите области на делување, прават позитивна разлика и работат посветено и во интерес на иднината на државава.  […]

Презентација на нов концепт и соработка на ТИРЗ и Стопанска комора


Презентација на нов концепт и соработка под мотото „Иднината почнува дома“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на ТИРЗ и Стопанска комора на Северна Македонија. На настанот најавено е обраќање на претседателот Стево Пендаровски, директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски и претставници на Стопанската комора. -Претставуваме извонредни личности, млади визионери, креаторите, двигателите на идните […]

Над 4.800 нови работни места во ТИРЗ за три години, во октомври 17 769 вработени


Заклучно со октомври годинава во компаниите во Технолошко индустриските развојни зони бројот на вработени се искачи на 17 769 што е за 10 проценти повеќе од истиот период лани. Најновата анализата на Дирекцијата покажува дека споредено со истиот период во 2021 година имаме раст од 28 проценит, а споредено со 2020 година, има пораст од […]

Нова програма на ТИРЗ за поддршка на средношколци


 Осум ученици од средното стручно училиште „Васил Антевски-Дрен“ ќе имаат можност да стекнат практични вештини и искуства во различни сектори на ТИРЗ. Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски и директорката на училиштето, Тања Јовановска, денеска потпишаа Меморандум за соработка.  -Младите таленти се нашиот најголем капитал и инвестицијата во нивното образование и развој на вештини претставува инвестиција […]

Осум ученици од „Васил Антевски-Дрен“ ќе одат на пракса во ТИРЗ


Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски и директорката на средното стручно училиште „Васил Антевски-Дрен“-Скопје, Тања Јовановска, денеска потпишаа меморандум кој го одбележува почеток на оваа нова соработка. „Младите таленти се нашиот најголем капитал и инвестицијата во нивното образование и развој на вештини претставува инвестиција во подобрa иднина за нив дома. За нас е клучно што можеме […]

Германски БМЗ ќе инвестира 65 милиони евра во ТИРЗ Скопје 2, ќе вработи 775 лица


  Германската компанија за производство на литиум-јонски батерии БМЗ ќе инвестира 65 милиони евра во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 2 и ќе отвори 775 нови работни места.  Договорот за инвестицијата денеска во Франкфурт го потпишаа извршниот директор и основач на БМЗ Свен Бауер и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (ДТИРЗ) Јован […]

Германски БМЗ ќе инвестира 64,9 милиони евра во Скопје


Германската компанија за напредни батериски системи БМЗ ќе инвестира 64,9 милиони евра во Скопје, инфирмираат за МИА од Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (ТИРЗ). Инвестицијата ќе стартува како браунфилд, на постоечки објект во ТИРЗ Скопје 2. Договорот ќе биде потпишан денеска во седиштето на БМЗ во Франкфурт од извршниот директор и основач Свен Бауер […]

ТИРЗ: Договорени три нови иницијативи за економски раст со Јапонската организација за надворешна трговија


Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски и претседателот на Јапонската организација за надворешна трговија JETRO договорија три нови иницијативи за економски раст, базирани на соработка помеѓу македонската и јапонската економија и компании, информираат од ТИРЗ. -JETRO има мрежа која покрива над 2 милиони јапонски мали и средни компании и им нуди различни инструменти за поддршка за […]

Земјава атрактивна за јапонските инвеститори


Северна Македонија нуди атрактивни услови за јапонските инвеститори, особено за компаниите кои работат во делот на ИТ и напредните технологии. Ова го истакна помошникот министер за економија на Јапонија и генерален директор на Директоратот за трговски политики Матсуо Такехико на средбата со директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски во Токио. Деспотовски и Такехико, како што информира […]

Одобрена финансиска поддршка за првите 82 договори, годинава рекорден број апликации од 432 компании


Владата денеска одржа и тематска седница на којашто е одобрена првата група од 82 договора во 2023 година, согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите, а има и други апликации, коишто се во процес на евалуација. Оваа година има поднесено рекорден број апликации од 432 компании за нови инвестициски проекти, според известувањето од Кабинетот на […]

Влезот на првата голема македонска компанија во ТИРЗ е „заглавен“ во Комисијата за заштита на конкуренцијата


Договорот со првата голема македонска компанија која планира инвестиција во една од скопските развојни зони е подготвен и поднесен на разгледување кај надлежните институции пред околу три месеци, изјави денеска директорот на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски. Деспотовски потсети дека според проекциите и најавите, компанијата требаше да стартува со инвестицијата минатиот […]