Компании од индустриските зони најавуваат преселба на капацитите од Украина во државава


Две компании од индустриските зони побарале да им се овозможи фирмите ќерки од Украина целосно да ги преселат во земјава. Како што информира денеска директорот на Дирекцијата на технолошко индустриските развојни зони Јован Деспотовски, доколку нема промена во ваквото барање за кое е разговарано со компаниите пред околу две недели, трансферот на капацитетите би се […]

Раст на бројот на вработени и на извозот во компаниите од зоните


 Во технолошко-индустриските развојни зони во февруари е забележан раст на бројот на вработени за четири проценти и раст на извозот над 30 проценти, покажува редовната месечна анализа што ја прави Дирекцијата на технолошко-индустриските развојни зони. Според овие податоци, извозот во февруари достигнал 340 милиони евра што е и за 30 проценти повеќе во однос на […]

За 2-3 години просечната бруто-плата во зоните ќе надмине 1.000 евра, вели Деспотовски


Поголема државна помош за компаниите кои ќе придонесуваат повеќе во државниот буџет, ќе отвораат повеќе работни места и ќе обезбедуваат поголеми плати за вработените, најави денеска  Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата на за Технолошко-индустриските развојни зони, на панелот кој се одржа заедно со Советот на странски инвеститори на тема „Иницијатива за изработка на нова методологија […]

(Во живо) Деспотовски: Иницијатива за изработка на нова Методологија за државна поддршка за поттикнување на инвестиции


​​​​​​Дирекцијата за ТИРЗ иницира нови активности за унапредување на деловната клима  заедно со бизнис заедницата со цел проширување на услугите и можностите за инвестирање.

Дебата за новата методологија за државна поддршка за поттикнување инвестиции


 Дирекцијата за Технолошко-индустриските развојни зони во соработка со Советот на странски инвеститори и компаниите денеска во Скопје организира панел на тема „Иницијатива за изработка на нова методологија за државна поддршка за поттикнување на инвестиции“ како дел од активностите за унапредување на деловната клима со цел проширување на услугите и можностите за инвестирање. Целта на новата […]

Почнува со работа новиот погон на „ЛЕАР“ во ТИРЗ Тетово


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Технолошко индустриска развоја зона во Тетово ќе ја врачи употребната дозвола за новиот производствен погон на американската компанија „ЛЕАР“. Станува збор за инвестиција од 15 милиони евра, односно втор производствен објект „ЛЕАР“ во ТИРЗ Тетово изграден на површина од осум илјади метри квадрати. Во постојниот прв погон на […]

„Кондево“ за 50 отсто ќе ги зголеми своите капацитети во ТИРЗ Штип


Преку инсталирање две нови високософистицирани линии за нови производи италијанската фабрика „Кондево“, која е лоцирана во ТИРЗ Штип, планира првичната инвестиција од 35 милиони евра да ја зголеми за 50 отсто и да го зголеми број на вработени од сегашните 107 на 150 вработени до средината на годинава, како и да има дополнително зголемување на […]

(Во живо) Ковачевски во посета на ТИРЗ Штип


Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, ја посетија фабриката „Кондево“ во ТИРЗ Штип. По обиколката на фабриката предвидени се изјави за медиумите во 12:20 часот. Проследете ги во живо:

Компаниите во ТИРЗ во јануари со извоз од 250 милиони евра, раст од 8 проценти во однос на декември


Компаниите активни во Технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) во јануари годинава имаат извоз од речиси 250 милиони евра, што е за осум проценти повеќе споредено со декември 2021, што покажува дека трендот на раст и позитивни економски активности продолжува и годинава. Редовната месечна анализа на ТИРЗ покажува дека извозот во јануари е на исто ниво […]

Се преговара за три големи инвестиции во енергетиката, за едната детали во наредните неколку недели


Во тек се разговори за три големи инвестиции во делот на енергетиката. За едната од нив, се очекуваат детали во текот на наредните неколку недели, обелодени денеска директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриските развојни зони Јован Деспотовски. – Станува збор за доста сериозни инвестиции, детали соопштуваме како и досега откако ќе имаме веќе одредено ниво на постигнат […]

Деспотовски: За еден дел од капацитетите во зоните обезбедивме гас по пониска цена од пазарната


Дирекцијата за технолошко индустриски развојни Зони (ДТИРЗ) склучи договор со добавувачот ПРОМГАС за обезбедување природен гас за компаниите во зоните со кој еден дел од количините се обезбедуваат по доста пониска цена од пазарната, потврди денеска директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски. -Во делот на гасот склучивме договор со ПРОМГАС, бидејќи Дирекцијата обезбедува гас за корисниците […]

Дирекцијата на ТИРЗ ќе ги презентира економските активности во индустриските зони во 2021


Дирекцијата за технолошко-индустриски и развојни зони денеска ќе ја презентира анализата за економските движења во индустриските зони во 2021 година. На прес-конференцијата, што ќе се одржи во медиа центарот во Владата, ќе се обрати директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски, кој ќе се осврне на постигнатите резултати по воведувањето на новиот концепт за привлекување […]

Извозот на компаниите во ТИРЗ лани достигнал рекордни З милијарди евра


Компаниите во ТИРЗ во 2021 достигнаа извоз од 3 милијарди евра за една година што е рекордно ниво досега од постоењето на Зоните. „Првичните анализи покажуваат дека ја достигнавме границата од 3 милијарди евра извоз. Ова е за 15 отсто повеќе споредено со  2020 година и за 6,5 отсто повеќе од 2019 која досега беше […]

Деспотовски: ТИРЗ во целост го реализираше планираниот буџет за компаниите, близу сме до вкупен извоз од три милијарди евра


Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) во целост го реализираше планираниот буџет за поддршка на компаниите што функционираат во рамки на технолошко-индустриските развојни зони. Исто така, бројките покажуваат дека заклучно со месец ноември, близу сме до вкупен извоз од три милијарди евра, а конечните податоци ќе бидат објавени на почетокот на 2022 година, информираше директорот […]

Вицепремиерот Битиќи на средба со компании со технолошко-напредно производство


Владата останува отворена за соработка со сите чинители во општеството за креирање на најдобрите можни решенија кои ќе донесат одржлив и побрз економски развој на земјата, порачал вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи на денешната редовна средба со Асоцијацијата на странски компании со технолошко-напредно производство. На состанокот, како што […]

Продолжува растот во ТИРЗ – плус 17,5 отсто на извозот во однос на 2020


Редовната месечна анализа на ТИРЗ покажува дека трендот на раст и позитивни економски активности во Технолошко индустриските развојни зони продолжува и во последните месеци од годинава, соопштија од дирекцијата на ТИРЗ. Од почетокот на 2021 до крајот на ноември компаниите активни во зоните достигнале извоз од 2 милијарди и 734 милиони евра што е највисоко […]

ТИРЗ: Отворен систем за претставки од граѓани и домашни компании


ТИРЗ за првпат воведува можност граѓаните и домашните субјекти да поднесат претставки и забелешки до Дирекцијата во однос на работните процеси поврзани со функционирањето на ТИРЗ. Поднесените претставки, како што посочуваат од Дирекцијата за ТИРЗ, може да се однесуваат на работата на Дирекцијата, но за првпат претставките може да се однесуваат и на работата на компаниите лоцирани […]

Германската компанија „Герешајмер“ ќе гради фабрика во ТИРЗ Скопје


Германската компанија „Герешајмер“ АГ ќе гради фабрика за медицинска пластика во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) Скопје во која ќе се вработат 400 лица од кои речиси 100 инженери. Изградбата на фабриката ќе се реализира во пет фази и по завршетокот ќе биде најголема директна странска инвестиција во земјава. Градбата ќе почне во првата половина […]

Поради неиспочитуван договор пенали за Продис од над 150 илјади евра


Над 150 илјади евра оштета треба да плати фармацевтската компанија „Продис“ поради неиспочитувани обврски од договорот заинвестирање во ТИРЗ Скопје 1, Бунарџик. Како што појасни портпаролот на Владата Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција, компнијата согласно договорот имала обврска да вработи најмалку 100 лица за една година, но во 2015 и 2016 година не го испочитувала договорот. […]