Продолжува потрагата по возачот и евентуални сопатници од возилото кое излета во реката Вардар кај Желино


Во околината на тетовско Желино и денеска продолжува потрагата по возачот и евентуални сопатници од автомобилот што излета вчера во реката Вардар. Тетовската полиција вчера околу 11 часот и 30 минути доби пријава дека излетало возило марка „фолксваген голф 4“ со кумановски регистерски таблици, кое во текот на денот беше извлечено од речното корито со […]

Невремето во Тетово поплави куќи, подруми, гаражи и ја излеа канализацијата


Тетово и околината вечерва околу 20 часот беа зафатени обилните врнежи дожд, што предизвика поплавување на куќи, подруми и гаражи , како и излевање на канализацијата од неколку шахти. ЦУК информира дека на загрозените места интервенира Територијалната противпожарна единица Тетово. Патот кон село Фалише кај подвозникот е полн со вода, а и останатите подвозници се […]

Беса победи во Тетово, но генерално сите се губитници. Тетовци се разочарани од политиката


  Еден победник и многу губитници на изборите за Советот на Општина Тетово. Без дилеми, Беса може да биде презадоволна од резултатот на гласањето, но генерално сите политички партии треба да се загрижени од апатијата на гласачите, кои со рекордно нискиот одѕив од 35 отсто покажаа дека политичарите и политиката ја загубија пораката до граѓаните, […]

Почина 23 годишната девојка која како пешак тешко беше повредена на 15 август во Тетово


Во Клиничкиот центар во Скопје почина 23 годишната Теодора Р., од тетовско Сараќино која беше тешко повредена како пешак на 15 август околу 22 часот во Тетово.  Таа беше тешко повредена кога во неа удри возило управувано од 49 годишен жител на Голема Речица, а поради сериозноста на повредите беше однесена во Клиничкиот центар „Мајка […]

Петровска: Напредок на европско Тетово преку доверба за советниците на СДСМ и коалицијата


Напредокот на европско Тетово може да биде реалност само доколку советниците на СДСМ и коалицијата ја добијат вашата доверба и можноста да бидат вашиот глас во Советот, порача министерката за одбрана, Славјанка Петровска, воедно и членка на Централниот одбор на СДСМ, која заедно со кандидатите за советници вечерва на средби со граѓаните на Тетово ја […]

Гори во Струмичко и во Тетово, локализирани осум пожари


Во земјава активни се два пожара, меѓу струмичките села Требичино и Василево и во Тетово, каде гори депонијата. На терен се излезени екипи на Територијалната противпожарна единица – Тетово (ТППЕ), кои вршат гаснење. Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека пожарот во Струмичко е на непристапен терен, карпесто-ритчест, а гори нискостеблеста мешана шума и […]

МОН: Одземени ингеренциите на општина Тетово за именување и разрешување директор во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“


Министерството за образование и наука денеска соопшти дека го одзема вршењето на работите на општина Тетово за именување и разрешување на директор на Средното општинско училиште Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ – Општина Тетово затоа што и покрај укажувањата и преземените мерки и активности од Државниот просветен инспекторат не обезбедила извршување на работите кои со закон се […]

Тетовските затвореници добија базен


По реновирањето на различни простори и активности во затворот во Тетово, неодамна беше обезбеден и базен како дел од програмата за ресоцијализација на оваа казнено-поправна установа, јави „Сител“. Директорот Ќефаил Хавзија вели дека затворениците со здравствени проблеми ќе можат да го користат базенот за масажи и вежби за тело. „Со чиста совест ги известуваме членовите […]

Од денеска почнува рокот за пријавување кандидати за советници во Општина Тетово


 Од денеска почнува рокот за пријавување на сите заинтересирани учесници на изборите за Советот на Општина Тетово и согласно роковниот, ќе трае 15 дена, заклучно со 14 јули, во подрачното одделение на ДИК во Општина Тетово. Како што информираше на денешната седница членот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко, значаен рок за учесниците на изборите […]

Вработените во Општина Тетово ќе добијат по 2.806 денари


Синдикатот на УПОЗ и Синдикалната организација при Општина Тетово членка на Синдикатот на УПОЗ, успешно ги завршија преговорите кои се водеа со градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами. -Како резултат на овие преговори е Анексот на Колективниот договор на вработените во Локалната самоуправа Тетово со кој сите административни службеници во општината кои не добија усогласување […]

Хоџа: Почитувани се сите законски рокови за распуштање на Советот на Општина Тетово


Сите законски рокови за распуштање на Советот на Општина Тетово се почитувани. По донесувањето на вчерашната владина одлука за распуштање на Советот на Општина Тетово, натамошната процедура продолжува во Собранието на Република Северна Македонија, по што ќе бидат распишани вонредни избори за избор на нов Совет, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на Владата Муамет Хоџа, […]

Тетово ќе оди на избори за Советот


  Можеби нема да има парламентарно гласање наесен, но Тетово ќе оди на нови избори на крајот од летово, што може да биде еден важен политички лакмус за тоа какво е расположението на гласачите. Владата на денешната седница донела решение за распуштање на Советот на Општина Тетово поради тоа што до 31 март не ја […]

Во гасењето на пожарот во Тетово ангажирани 216 лица, два хеликоптери, 22 цистерни и 21 машина


Во гасењето на пожарот што се случи во поранешниот тутунски комбинат во Тетово, сегашна фабрика за производство на минерални материи биле ангажирани вкупно 216 лица, два хеликоптери, еден армиски и еден полициски, 22 цистерни, 21 машина, како и осум виљушкари, информираше на денешната прес-конференција Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК). Тој […]

Ангелов: Ако пожарот во тетовскиот Монопол ги зафатеше силосите со плин, половина град ќе го немаше


Директорот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, утринава во емисијата „Утрински брифинг“ рече дека големиот пожар во фабриката „Пофикс“ во објектот кој се наоѓа во близина на центарот на Тетово, бил навремено локализиран и била спречена голема трагедија. – Ако не го локализиравме, ќе одеше кон силосите со плин со капацитет од повеќе тони и […]

Ковачевски: Владата ги стави на располагање сите институции за заштита и спасување за справување со пожарот во Тетово


Разговарав телефонски со градоначалникот на Тетово Билал Касами и го информирав дека Владата ги стави на располагање сите институции во системот за заштита и спасување за справување со пожарот во Тетово, напиша попладнево премиерот Димитар Ковачевски на својот фејсбук-профил. Додава дека остануваат во отворена комуникација за сите дополнителни мерки што ќе се укажат како неопходни […]

Прекината наставата во училиштата во Тетово поради загадениот воздух од пожарот


Општина Тетово во соработка со Секторот за образование одлучи денеска и утре да го прекине образовниот процес поради настанатата состојба по пожарот што денеска избувна во магацин во градот.   – Надлежните органи оценија дека квалитетот на воздухот во Тетово е доста влошен и за да го зачуваме здравјето на учениците ја донесовме оваа одлука […]

(Видео) Во пожарот во Тетово ќе учествува хеликотер на МВР, а се носи и пена за гасење од ТАВ


Пожарот во фабриката во Тетово ќе се гасне со помош на хеликоптер од МВР, но се чека и пена за гаснење од ТАВ, а побарана е и од „макпетрол“, а таа е посоодветна во гасењето на вакви типови пожари од гасење со вода.  Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов ги замоли и новинарските екипи и другите […]

Голем пожар во Тетово – гори поранешниот Монопол


Густ црн чад се издигна утрово над Тетово. Според локалните медиуми, станува збор за пожар во кој наводно е зафатен поранешниот Тутунски комбинат познат како Монопол, јавуваат повеќе медиуми. Пожарот веднаш бил пријавен во тетовската противпожарна единица и пожарникарите со неколку возила се веќе излезени на терен. Пожарот утрово изби во магацин за градежен матeријал […]

Во пожар на тетовскиот стадион изгоре дел од трибината


Голем пожар синоќа го зафати подтрибинскиот простор на Градскиот стадион во Тетово, во кој изгореле и дел од столчињата на една од трибините, информираа од тетовската пожарна служба. Пожарот почнал откако се запалил делот со деловните простори под трибината, а потоа се проширил и на трибината на која изгореле дел од столчињата. Пожарот избил во […]

Евроамбасадорот Гир во посета на Тетово


Шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир денеска ќе го посети Тетово, каде ќе одржи неколку средби, од кои првата ќе биде со тетовскиот градоначалник Биљал Касами.  Тој, како што информираат од Делегацијата на ЕУ во земјава, ќе се сретне со претставници на граѓанското општество кои се активни на локално ниво, и тоа: […]