Документи се чуваат во руинирани депоа – потребен е нов објект за тетовското одделение на Државен архив


 Архивскиот материјал што се чува во објектот на Државен архив – Одделение Тетово е во опасност од уништување поради несоодветните услови во кои се функционира оваа установата. Директорката Климентина Ивановска ја алармира целокупната јавност од потребата да се најде нов објект за тетовското одделение на Архивот, затоа што зградата во која работат е од 1929 […]

Тетово го реконструира водоводот од Попова Шапка до резервоарот


Општина Тетово започна со имплементација на два значајни инфраструктурни проекти во системот за водоснабдување, целосно финансирани од Владата на Република Северна Македонија, преку унгарскиот кредит во рамките на потпрограмата АА – Инфраструктурни проекти во општините за 2024 година, под надзор на Министерството за животна средина и просторно планирање. Проектите опфаќаат:  Реконструкција на водоводната мрежа во […]

Завршни зборови за случајот модуларна во Тетово


Се читаат завршните зборови за случајот модуларна болница Tетово во Oсновниот суд Tетово. Се очекува повторена судска одлука за обвинитете. Поранешните директори на тетовската болницва Флорим Бесими и Артан Етеми како и за  правното лица Клиничка болница Тетово.  Сите се обвините за кривично дело тешки дела против општата сигурност.  Инаку главната расправа за повторениот судски […]

Краток интензивен дожд причина за делумно поплавување на улици низ Тетово


 Појавата на интензивен дожд во текот на претладневните часови на дел од улиците низ Тетово резултираше со краткотрајно поплавени коловози, а водата навлезе и во дворови од куќи и други објекти.   Екипите на Јавното претпријатие за водовод и канализација – „Шар“ интервенираа со чистење на затнати шахти со цел побрзо одлевање на насобраната вода. […]

Се пресели тетовската пајак служба


Јавното претпријатие „Градски паркинг“ ги информира граѓаните дека од денеска возилата кои ќе бидат подигнати од пајак-службата ќе се пренесуваат на новата локација, односно на просторот спроти Автобуската станица, а не во дворот на Територијалната противпожарна единица. Ова е простор на Општина Тетово, поточно на Претпријатието, кој значително ќе ја олесни работата не само на […]

Во Тетово се врши тестирање на 57 приватни специјализанти кои ќе се вработат во јавни здравствени установи


 Министерот за здравство Арбен Таравари, денеска на Медицинскиот факултет во Тетово го посети тестирањето на лекари кои специјализацијата ја поминале во приватни болници, а се пријавени за вработување во јавните здравствени установи. Според министерот, од 57 пријавени за тестирање, 43 се од Тетово, а 14 за Гостивар. – Да кажам дека со новата систематизација во […]

Тетовското обвинителство вложи жалба на пресудата за сообраќајна несреќа во која беше усмртена Теодора


Тетовското Основно обвинителство вложи жалба на пресудата на Основниот суд во Тетово од 7-ми овој месец со која обвинетиот М.П., кој со возило го усмрти пешакот Тетодора Ристовска, беше осуден на казна затвор во траење од две години, поради тоа што смета дека  е преблага во однос на тежината на стореното кривично дело и степенот […]

Менсур Пајазити осуден на две години затвор за смртта на Теодора Ристовска во сообраќајна несреќа


На повтореното судење за смртта на Теодора Ристовска во сообраќајна несреќа, денеска во Основен суд Тетово, обвинетиот Менсур Пајазити ја призна вината и по изведување на докази и завршни зборови, судијата Елведин Ферати го осуди на казна затвор од две години. Менсур Пајазити, роден 1973 година беше огласен за виновен за кривично делото „Тешки дела […]

Сојузот на борци и граѓани продолжувачи Тетово побара граѓаните да го бојкотираат процесот за менување имиња на улици во градот


Преку соопштение Општинската организација на Сојузот на борци од Народно-ослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи Тетово побара граѓаните да бојкотираат процесот на менување на имиња предложен од општината. Ова нивно барање следи по неодамнешниот повик на Општина Тетово во петок 4 април, граѓаните да учествуваат на првата јавна дебата на која […]

Општина Тетово со помош од  1.200.000 денари за семејствата на жртвите и на повредените во пожарот во Кочани


Во знак на солидарност и хуманост, денеска се одржа 49-тата вонредна седница на Советот на Општина Тетово, на која едногласно беше усвоена Предлог-одлуката за доделување на 1,2 милиони денари како финансиска помош за семејствата на жртвите и на повредените во трагедијата од 16 март 2025 година во Кочани. Оваа одлука не е само материјална поддршка; […]

Тетово со акција за чист и безбеден град – инспекторите на терен


Согласно законските обврски и заложби за подобрување на условите за живот во општина Тетово, градоначалникот Биљал Касами, на 24.03.2025 година донесе решение кое помага за зајакнување на инспекцискиот надзор и одржување на јавната безбедност на територијата на општината. Оваа одлука донесена согласно член 71 став 1 од Законот за инспекциски надзор и член 50 став […]

Во Тетово и во Гостивар затворени два угостителски објекти


Во текот на вчерашниот ден извршени биле контроли на 16 угостителски објекти, од кои 10 во Тетово, а шест во Гостивар. Констатирани биле низа неправилности и од страна на Државен пазарен инспекторат (ДПИ) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, додека од страна на ДПИ биле затворени два угостителски […]

Почна повторното судење за модуларната болница во Тетово, обвинетите истакнаа дека не чувствуваат вина


Почна глава расправа на повторното судење за модуларната болница во Тетово кој досега четири пати беше одложуван. Тогашните директори Флорин Бесими и Артан Етеми кои се обвинети за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, се изјаснија дека не се чувствуваат како виновни.  Исто така и застапник на правно лице ЈЗУ Клиничка болница за делото […]

Утре повторно судење за смртно прегазената Теодора во Тетово во 2022 година


Во Тетово утре повторно ќе има судење за смртта на 23-годишната Теодора Ристовска, која животот го загуби во сообраќајна несреќа во 2022 година. Таа била прегазена од автомобил на пешачки премин и починала по неколку дена поради повредите. Семејството на Теодора информира дека судењето почнало скоро една година подоцна во јули 2023, а во ноември […]

Нов дефект остави друг дел од Тетово без струја после 16 часот


 Од околу 16 часот без снабдување со електрична енергија е нов дел од Тетово на потегот од Дом на АРМ кон пазарот и касарната. Претходно од 9 до 14 часот прекинот беше во централното градско подрачје. -Поради дефект на 20 киловолтен кабел на извод на трафостаницата „Тетово 1” околу 3.800 корисници се соочуваат со прекин […]

Тетовската библиотека со зголемен книжевен фонд иако функционира во помалку од 150 квадрати


Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово во 2024 година го зголеми книжниот фонд со купување на 470 нови наслови, односно 1420 нови книги и 269 нови книги подарени од тетовските роднокрајни автори.  Бројот ќе се зголемува и во текот на оваа календарска година со оглед дека има одобрен буџет од Министерството за култура, но од друга […]

Наскоро возови и до Тетово, Гостивар, Штип и Кочани


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски денеска соопшти дека амбицијата на Владата е во следниот период да пушти возови до Тетово, Гостивар, Штип и Кочани, како и да ја врати целосно линијата до Кичево. Како што изјави Николовски по денешната посета на „Железници Транспорт”, момнентно во земјава се активни пет возови за патнички сообраќај, […]

Тетовските пожарникари лани имале рекордни 984 интервенции, во просек по три дневно


Во текот на 2024 година Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово бележи вкупно 984 интервенции или речиси три интервенциии секојдневно. Според командирот на ТППЕ Тетово, Авни Амети, кој 15 години работи како пожарникар, ова е рекордна бројка на интервенции на оваа служба. -Ако споредуваме со другите години, оваа година што помина, беше со рекордни 984 интервенции, […]

Мицкоски: Промена на имиња на улици во Тетово не може да се случи еднострано


  Премиерот Христијан Мицкоски за најавата на тетовскиот градоначалник и претседател на Движењето Беса, Билал Касами, за промена на имињата на улиците во Тетово и без консензус, нагласи дека тоа не може да се случи и доколку се случи, како што рече, како претседател на Владата нема да разгледува таква точка. „Прво, не може да […]

Касами: Некои имиња на улици ќе останат, но што има Тетово со Кавказ?


Градоначалникот на Тетово Биљал Касами од денешниот брифинг заедно со директорите на претпријатијата и раководителите на сектори одговори на писмото на Сојузот на борци кои му порачаа да не се менуваат имиња од антифашистичкото минато на македонскиот народ и народностите. Касами рече дека тоа е минато време и систем, а имињата на улиците ќе рефлектираат […]