Што бараше Теута Арифи во Њујорк?


На официјалната интернет-страница на Општина Тетово нема никаква вест за посетата на градоначалничката Теута Арифи во Њујорк. Веројатно, никој немаше да дознае за неа доколку не излезеше фотографијата на премиерот Зоран Заев заедно со Срѓан Керим на вечера по покана на тетовската компанија „Еколог“ и претходно таа на виенскиот аеродром. Од Владата потврдија дека станувало […]

Осумдневен притвор за браќата што го претепаа докторот


Судија на претходна постапка одлучи да им определи осум дена притвор на двајцата браќа за вчерашниот напад врз лекарот во кожното одделение во Клиничката болница во Тетово. Претходно тетовската полиција им поднесе кривична пријава за насилство. Според извори во истрагата, двајцата браќа веќе се однесени на издржување на мерката притвор во Казнено-поправната установа Затвор Скопје. […]

Лицата со посебни потреби живеат како во кафез


Тетово – Секојдневно 55-годишната самохрана мајка Маргарита Милошевска од Гостивар мора да ја симнува и качува по скали својата 15-годишна ќерка Мартина, којa боледува од церебрална парализа. Принудена е на вакви маки, затоа што живее на третиот кат од станбена зграда во градот којa нема лифт. Станот го добила од државата како самохрана мајка, додека живеела и со постарата ќерка. Но, […]

Шапка има 2.000 скијачи дневно, а може да има и до 30.000


Ски-центарот „Попова Шапка“, во условите во кои работи, во изминативе години во просек има по 2.000 посетители на ден, а има капацитет да прими и до 30.000. Проблемите со нереализираните ветувања и планови се одразуваат негативно не само на работењето на ски-центарот, но и на севкупната економија на Тетово и на северозападниот регион. Слабите инвестиции […]

Пукање во центарот на Тетово, нема повредени, има приведени


Нема повредени во оружениот инцидент што синоќа нешто по 21 часот се случи на булеварот „Маршал Тито“ во центарот на Тетово, информираа од теовската полиција. Пукањето со огнено оружје било пријавено во полиција околу 21 часот и 10 минути од страна на граѓанин. Полицијата по добиени сознанија дека учествувале во престрелката привела три лица – […]

Запленети 46 килограми марихуана, дилерот приведен


Полицијата во Тетово го приведе  54-годишниот тетовец Н.И  откако вчера во периодот од 12 до 22 часот и 30 минути изврши претрес во неговиот дом  и помошни простории лоцирани на улица „Михајло Рајчевиќ“ во Тетово и на улица „29 Ноември“,  каде е пронајдена марихуана. – При првиот претрес, реализиран со судска наредба, на кој присуствувал и […]

Детали по убиството во Речица: Застрелана 52-годишна жена, убиецот побегнал


Педесет и тригодишен тетовец синоќа околу 22 часот и 30 минути смртно ја застрелал со пиштол својата една година помлада сопруга по што избегал, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Според неговите првични информации, настанот се случил во куќата на двајцата сопружници на улицата „Љуботенска“ во тетовската приградска населба Мала Речица. По застрелувањето на […]

Заев од Тетово: Македонија в недела обединета да гласа за европска иднина


Завршувањето на кампањата За европска Македонија го испланиравме за во Тетово, бидејќи Тетово од секогаш бил Европа во мало и пример за мултиетничноста на Македонија и богатството во различностите. Ова го изјави премиерот Зоран Заев на последната трибина пред молкот за референдумското изјаснување во недела. Тој посочи дека Македонија со векови била мултиетничка и заедно била […]

Четири лица приведени за вчерашното разбојништво во Тетово


Полицијата лиши од слобода четири лица осомничени дека се сторители разбојништвото кое вчера околу 09 часот беше извршено во менувачницата, односно агенцијата за трансфер на пари лоцирана на улица „Илинденска“ во Тетово. Секторот за внатрешни работи Тетово по преземени мерки од слобода ги лиши М.М.(56) и Р.С.(35) двајцата од Италија и Е.В.(32) и Х.Л.(57) од Тетово. […]

Абдулменаф Беџети нов ректор на УЈИЕ во Тетово


Академик Абдулменаф Беџети со свечена церемонија денеска беше назначен за нов, трет по ред, ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа  (УЈИЕ) во Тетово. Тој доаѓа на местото на Замир Дика кој беше ректор во два мандата. На свеченоста присуствуваше и премиерот Зоран Заев кој му посака на новиот ректор одржување и унапредување на мисијата на УЈИЕ […]

Вардар во Тетово како дома


Екипата на „Вардар“ денеска ја оствари првата победа во новото првенство на ПМФЛ откако стигна до трите бода во дуелот со тетовска Ренова. „Црвено-црните“ забележаа победа благодарение на голот на Тигран Барсегјан во 75-тата минута. Вардарци имаа доминација на теренот и сосема заслужено стигнаа до триумф. И покрај иницијативата во финишот од средбата на домашниот […]

Познат идентитетот на тројцата повредени во престрелката во Тетово


Вооружената престрелка во Тетово се случила ноќеска на улицата „29 Ноември“. Случајот во 02:20 часот е пријавен во полициската станица во Тетово. Со прострелни рани од пиштол се здобиле 37-годишниот С.К. и 36-годишниот С.К. а 49-годишниот М.А. има повреди на главата. Тројцата поради сериозноста на повредите се пренесени на комплексот клиники „Мајка Тереза“. Портпаролот на […]

Приведени четворица осомничени за разбојништво во маркет во Тетово


Припадниците  на Секторот за внатрешни работи Тетово вчера и денеска лишиле од слобода четири лица кои се осомничени за разбојништвото извршено на 17 јуни во маркет на улицата „Киро Ристевски-Дрнц“ во Тетово. Како што информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, Б.З.(20), Р.С.(19), А.Б.(20) како и 17 – годишен малолетник, сите од Тетово од тројцата […]

Повреден полицаец додека се обидел да приведе лице барано за убиство


Во Тетово синоќа е полицаец е повреден додека се обидувал да приведе лице барано за убиство. МВР соопшти дека синоќа околу 21:45 часот на улицата „Страшо Пинџур“ во Тетово од страна на полициски службеници на СВР Тетово биле преземени мерки за приведување на лицето Г.Е. (41) од Тетово кој се бара за издржување затворска казна […]

Шест повредени во сообраќајка на четири возила во Тетово


Шест повредени лица и материјална штета од околу 200 илјади денари се последиците од сообраќајната несреќа во која учествувале четири возила што се случила синоќа околу 23 часот и 20 минути на улицата „Илинденска“ во Тетово, информираа од СВР Тетово. Според полициските податоци, две од возилата биле во движење, а две биле паркирани. Се судриле […]

Дваесетгодишна девојка од Тетовско киднапирана и претепана


Дваесетгодишна девојка од Тетовско вчера била киднапирана и претепана од две лица, соопшти МВР. Л.А. од тетовското село Копанце вчера во 16:45 часот пријавила дека околу 10:45 часот во Тетово, додека била во еден трговски маркет од страна на Н.А. од Дреновец и уште едно непознато лице насилно била внесена во возило. Напаѓачите потоа ја […]

Казиното во Тетово пред кое се протестираше нема да се отвори


Објектот во Тетово во кој требаше да се отвори казино за што на 4 мај се протестираше против таа одлука, нема да се отвори, информираа на денешната прес конференција од движењето против обложувањето во Тетово за одлуката на надлежниот Управен суд. Според членот на Здружението Џемал Абдиу кои и го организираа протестот на почетокот од […]

Починат маж најден во стан во Тетово


Починато машко лице било пронајдено вчера во стан во Тетово, откако комшиите во полиција пријавиле дека од станот се ширела непријатна миризба. Како што информираат од МВР, вчера во 10:20 часот во СВР Тетово, С.О. (45) од Тетово пријавил дека во стан на ул. „121“, каде живеел Б.П. (75), во последните неколку дена се чувствувала […]

Во Тетово продолжуваат полициските контроли врз мотоциклистите


 Возачи без соодветна дозвола за управување со мотор, без заштитна кацига, и возачи со нерегистрирани мотори, се најчестите прекршоци на возачите на мотори по тетовските улици. Во контролата на полицијата на тетовско-гостиварското подрачје вкупно откриени се 40 моторцикли со истечена регистрација до 30 и над 30 дена и 14 со непродолжена oсигурителна полиса, прекршок за кој […]

Ограбена црква во Тетово


Околу 2.000 денари се украдени од црквата „Св. Великомеченик Димитрије“ на улицата „Гоце Делчев“ во Тетово. Според полицијата, ноќта помеѓу 10 и 11 мај непознати сторители со употреба на сила ја отвориле влезната врата, влегле внатре и ги одзеле парите по што побегнале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно […]