Mакедонската берза на електрична енергија да биде репер за цените по кои ќе се набавува струјата, вели Божиновска


Институциите и компаниите при јавната набавка на електрична енергија да применуваат стандардни тендерски правила преку кои договорите за снабдување би се индексирале согласно податоците на македонската берза – Индекс на МЕМО-Пазар ден однапред (ПДО), порача денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Како што истакна Божиновска, македонската берза на електрична енергија треба […]

Карпош остана без електрична енергија, екипи на ЕВН работат на поправка на дефектот


Поради испад во трафостаница во општина Карпош, поголем дел од општината е без електрична енергија, соопштија од Општина Карпош. Во известувањето наведуваат дека без електрична енергија е поголем дел од општината, односно населбите Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Карпош 4, Тафталиџе, како и делови од Влае и Злокуќани, додека во моментот веќе се излезени […]

Без струја од село Пакошево, кон Ново Село во општина Зелениково


 Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците од село Пакошево, кон Ново Село (општина Зелениково). Како што информираат од РЦУК, прекинот во снабдувањето со електрична енергија ќе биде во периодот од 10.00 до 15.00 часот. 

Словачка ќе продолжи да испорачува струја во Украина и покрај спорот за гасот


Словачкиот државен електроенергетски оператор СЕПС најави дека ќе продолжи да испорачува електрична енергија во Украина и покрај спорот околу одлуката на Киев да го прекине транзитот на руски природен гас за Словачка. СЕПС за чешката новинска агенција ЧТК изјави дека ќе ги почитува договорите што ги има со украинската компанија Укренерго. Украина користи електрична енергија […]

Турција планира да извезува електрична енергија во Сирија


Турција планира да извезува електрична енергија во Сирија и да работи на обнова на енергетската инфраструктура, изјави турскиот министер за енергетика Алпарслан Бајрактар. Тој најави дека ќе ја предводи турската делегација при утрешната посета на Сирија, каде ќе се разговара за снабдувањето со енергија, инфраструктурата и други прашања. – Треба брзо да обезбедиме електрична енергија […]

Околу 200.000 домови во БиХ останаа без струја поради снежните врнежи


 Околу 200.000 домови во северозападниот дел на Босна и Херцеговина (БиХ) денеска останаа без струја поради дефекти предизвикани од обилните снежни врнежи, соопштија електроенергетските компании од двата ентитета. Електропривреда БиХ од Федерацијата БиХ соопшти дека од 04:00 до 10:30 часот без напојување со електрична енергија останале приближно 180.000 корисници. „Благодарение на брзите интервенции на екипите […]

Еве каде сѐ утре ќе нема струја во Скопје


Од ЕВН Македонија АД изветсуваат дека утре (среда) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 07.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од с.Сопиште, околина кај маркет Давидов, дел од Теферич, према Сопиште (општина Сопиште) – во периодот од 8.50 до 16 часот, корисниците од с.Мирковци, с.Горно Оризари, с.Глуво, с.Бразда (општина Чучер Сандево […]

Делови од Битола без струја – врз електричните жици натежнал снег


Известување од ЕВН дека на подрачјето на општина Битола има прекин со електрична енергија на повеќе локации. Издадени се налози за санирање на дефектите и сите екипи се на терен. МВР СВР Битола во координација со Јавно претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта – подружница Битола работат на отстранување на паднато дрво на […]

Без струја утре делови од општините Ѓорче Петров и Карпош


Без струја утре ќе бидат дел од корисниците од општините Ѓорче Петров и Карпош, соопшти попладнево Регионалниот центар за управување со кризи повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија.  Од 10 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Исаија Мажовски бр.26 во општина Ѓорче Петров, а од 12 до 14 часот дел […]

Колку ќе поскапи струјата за домаќинствата? АД ЕСМ понуди цена повисока за две евра на тендерот на ЕВН Хоум


АД ЕСМ на тендерот на ЕВН ХОУМ понуди цена од 62 евра за мегават часови. Оваа цена е за две евра повисока од досегашната што АД ЕСМ му ја продаваше на универзалниот снабдувач и таа има најголемо влијание врз цената на струјата што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јануари следната година. Новата цена на […]

Стотици илјади без струја во Украина по денешните руски напади


Руските напади во текот на ноќта оставија стотици илјади Украинци без струја, соопштија регионалните власти денеска, откако Киев предупреди за „масовен“ руски напад врз украинската енергетска инфраструктура. „Досега, 523.000 претплатници во регионот Лавов се без струја“, објави регионалниот шеф Максим Козицки на социјалните мрежи. Властите соопштија дека 280.000 луѓе немаат струја во западниот регион Ривне […]

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата – учениците ослободени


Прекината е редовната настава на втората смена во неколку училишта во Штип, поради проблеми со снабдувањето со струјата. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов за МИА вели дека поради тоа што има проблеми со снабдувањето на струјата во градот учениците и наставниците се ослободени од настава, бидејќи нема услови истата да се одржува. Јорданов вели […]

Мицкоски: Во најлош случај струјата ќе поскапи 3 отсто во третиот и четвртиот блок


Ќе се бориме до последно да нема ниту 3-процентно покачување на цената на електричната енергија на регулираниот пазар по 1 јануари. Максимумот што може да се случи е да има покачување на цената од 3 проценти во третиот и четвртиот блок, а во првиот и вториот блок, каде што се најголемиот број од потрошувачите, да […]

Утре без струја дел од викендиците во Говрлево и околината во Општина Сопиште


Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа утре, без напојување со електрична енергија ќе остане дел од корисниците во Општина Сопиште, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН. Како што се наведува во соопштението, во периодот од 09:00 до 13:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од […]

Струјата, сепак, ќе поскапи. Најмногу до три отсто


  На неколку дена пред доставување на понудата на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) за цената на електрична енергија по која ќе ја испорачува до универзалниот снабдувач ЕВН хоум, премиерот Христијан Мицкоски денеска направи чекор назад од неговите поранешни изјави и посредно најави дека струјата ќе поскапи од 1 јануари, но не повеќе од три […]

Вонредно исклучување на струјата во Киев и во други области поради закана од напад


Украина превентивно ја прекина струјата во Киев и во неколку други области поради заканата од руски ракетен напад, соопштија украинската армија и енергетската компанија, цитирани од украинските медиуми. Електричната енергија, освен во главниот град е прекината и во регионите Одеса, Дњепропетровск и Доњецк, прецизираше на Телеграм украинската компанија за електрична енергија ДТЕК. Воздушна тревога е […]

Дел од Аеродром утре без струја


Поради планирани прекини во електроснабдувањето утре, без електрична енергија ќе биде дел од Аеродром. Во период од 9 до 14 часот дел од корисниците во Управа за контраразузнавање, „Тодор Александров“ и „Славејко Арсов“ во општина Аеродром ќе немаат струја.

Делови на Дебар утре пет часа без струја


Утре, во периодот од 10 до 15 часот без напојување со електрична енергија ќе останат дел од потрошувачите на градот Дебар, информираше Регионалниот Центар за управување со кризи-Дебар. Без струја ќе бидат потрошувачите во централното градско подрачје, како и главните улици „8 Септември“ и „Братство Единство“. – Прекинот во напојувањето со електрична енергија, е поради […]

Без струја делови од Кисела Вода и Арачиново


Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Кисела Вода и Арачиново. Во периодот од 08.00 до 15.00 часот, без струја ќе бидат корисниците на дел од ул. „Пандо Кљашев“ и дел од ул. „Стрмешево“, Пржино. Додека во периодот од 09.00 до 11.00 часот, без струја […]